Тоа ми е муабетот,мора да преовладува почитта,пожртвуваноста пред се.Зошто каква е таа љубов на збор само,а на дела ја нема....зборам и за најминималните работи во една врска.И преку тоа се гледа големината на љубовта.
Ако немаш вина за раскинувањето, колку и да го сакаш ова не смее да постои во една врска. Ако ти му згреши или го повреди, извини се, но ако ти рече крај почитувај го зборот негов и дај му простор. Ако со сила го тераш и не му даваш време, и да се смирите ништо нема да биде исто како што било. А доколку го решите проблемот, работете на тоа да не се повтори, бидејќи со секој нареден пат желбата да останеш во таква врска ,,раскини-смири се" се губи, безразлика колку ја сакаш личноста. Претпоставувам и тоа е причината зошто ти рекол овој пат е конечно.
Се извинив за тоа што сметав дека сум виновна, и ми рече во ред е тоа што имаше да кажиш кажа, ама толку е.Не сакам са се караме, ама готово е сега. Од тогаш ништо немаме пишано.Последно што пишав ме остави на сеен, од тогаш ни трага ни глас.Давам простор.Ама не знам дали вреди ова моето плачење.Не можам да издржам .. И од друга страна си викам, ако сака да ме има ќе се потруди а не да се понаша ккако да му сум најголем непријател. И последната реченица ти е скроз точна.Баш така.Од премногу муабети преку глава и решил да биди крај.
Тогаш и ти направи го истото. Со сила не може. Штом не сака да е повеќе во врска почитувај го тоа, колку и да е тешко сега да го прифатиш истото. Ако те побара тогаш заедно одлучете дали можете да ги решите проблемите, се со цел да не се случат повторно во иднина. Сега најди ново хоби, излегувај, читај книга, гледај филмови и дај си време. Исплачи се кога ти се плачи. Тешко е на почеток, но со тек на време се навикнуваш. Ако тој може да продолжи напред, можеш и ти. Ти посакувам се најдобро.
Фала ти на советот. Кога веќе одлучил , јас неможам со сила да го терам некој да биди со мене, колку и да го сакам. Јас веќе си го направив своето.Он е на ред.
@lilly57 биди силна и доволно си направила досега ако си му кажала дека сепак сметаш дека има простор за поправање во врската. Сеа на него останува како ќе реагира, ама од моја гледна точка мислам дека веќе е move on... што значи и ти треба да бидиш така. Веројатно ќе патиш и ќе се сеќаваш на добрите моменти (а мислам дека имало многу повеќе расправии кавги и негативни т.е тажни моменит) но сепак мозокот така ни работи и едноставно ти недостига. Времето лечи се, се најдобро.
Па пред 10 месеци беше само кавги, а сега не.Уживавме.Ова ви кажувам како гром од ведро небо. Не сакам да биди вака.Се сеќавам на сите спомени.Имам и храбрсот и гордост газам за да го побарам, ама не сметам дека ќе дојди да збприме, а и не вреди после оние муабети дека јас ќе сум молела.
Не те следев целосно, но ако си дала до знаење и си му кажала директно дека си за разбирачка и поправање на работите, а тој не сака, џабе е. Ако него го храни тоа што ти ќе си молела, тогаш станува збор за никаква личност, барем од моја гледна точка, кога и да сум бил во врска сум ги оставал настрана гордоста и егото. Ако ептен му значат тие 3 години како што кажуваш и е од гром од ведро небо, можеби по некое време ќе се премисли и ќе разговарате за вашата врска.
Не се опоравувам иако помина време. Не знам што да направам и како да продолжам. Пробав да стекнам нови пријатели и да се дружам, не ми успеа. Се залажувам со филмови, серии и книги, ама на крајот на денот кога ќе си легнам пак почнувам да се оптеретувам и да размислувам за тоа. Како понатаму?
Не следам ни јас, но не вреди да форсираш нешто со сила. Колку што следев гледам си се трудела у врската, но која е поентата ако само еден инвестира у врска? На крај краева ако сакал да биде сам и ако сака простор нека го добие, и биди сигурна дека ќе те бара за некое време, но во повеќето случаеви се враќаат пошто го немаат вниманието кое го добивале од нас. Секогаш ќе боли, ама ако ти е подобро без него, батали.. Нема да бидеш ни прва ни последна, и ти си човек од крв и месо и заслужуваш внимание и љубов.
Со филмовите, сериите и книгите човек само бега од реалноста. Не треба да бегаме од реалноста, туку да се соочиме со неа, да ја промениме, да ја создаваме, да одиме напред, да ги правиме работите. Како тоа не ти успеало нови пријатели да стекнеш? Ок, точно е дека некогаш луѓето прават затворени социјални кругови, ама труди се да бидеш дружељубива, позитивна, мешај се со луѓе и одбери си соодветни пријатели што ќе те мотивираат во прогресивна насока. Не знам која возраст си, ама ако си студентка, земи фокусирај се на испитите. Ако не си физички активна, запиши се на некој спорт, фитнес, пливање, почни нешто физички да правиш. Ако ова ти трае повеќе од 6 месеци, ти предлагам разговор со психолог. Позз
Сакам да кажам дека не треба никого да форсираме да остане во нашиот живот.Вие неможете да натерате некого да ве засака или да си даде шанса да ве сака.Неможете некого да го натерате да ве стави вас пред сите други.Како да се справите со разделбата?Прво морате да ја прифатите.Прифаќањето дека е крај е најтешкиот дел.Но вие морате да знаете дека не е до вас ниту пак е до нив.Едноставно не оди.Едноставно е готово.Неможете да ги вратите старите моменти но можете да направите нешто друго.Можете да направите нови моменти за вас самите.Можете да зачекорите напред и да продолжите со животот.Како ќе знаете кога е време за разделба?Оставете ја вратата отворена,дозволете има на тие луѓе да си одат и тогаш ќе знаете кои луѓе ќе си одат а кои ќе останат.
Kako se spravuvate posle razdelbata ,dokolku treba da se soocite i so naoganje na rabota ,drustvo i semejni kavgi? So luge koi ve pravat da se cuvstvuvate uste poloso,manipuliraat i ve pritiskaat da ste vo kontakt so niv ili vi se zakanuvaat deka nesto ke vi napravat so cel da ve zaplasat?
Mislam deka ne mozam da ja izdrzam seta ovaa bolka . Znam kakvo e cuvstvoto i koga ke pocini blizok ,ama ovoj pat najmnogu me boli vo dusata i ne se izdrzuva.
Штом дошло до разделба нешто тука не штимало,така да не треба ни да се пати,ниту тагува по нешто кое не заслужува внимание,ниту губење време за некоја личност што не вреди. Све што е добро нема временски рок,тоа трае вечно....
Имав долга врска и се разделивме поради неверство од негова страна, бев уништена не знаев кај сум и што сум буквално. Кај мене успеа клин со клин излегував на дејт но не сакав врска, бев лута, бесна и сакав само одмазда (да напоменам не го искористив детето туку ни тој не сакаше врска). Во ист период кога раскинавме ние раскина и другарка со дечкото, па може да замислите што се се случуваше.. мислам дека толку алкохол за еден месец колку што пиевме, цел живот да пијам и пак нема да испијам... Болеше секоја помината минута, се те потсеќа на него и мислиш нема да можеш да бидеш среќна повеќе но со тек на време се поминува верувајте. Си најдов нови занимации и открив ново хоби кое ме прави пресреќна, работев на себе и се што остана од таа врска беше само бледа сенка и неколку убави сеќавања од кои сум научила лекција (ми беа потребни година дена да дојдам до таа фаза). Научив дека се се случува со причина и дека сум благодарна што повеќе не бев со него. Откако бившиот виде колку ми е забавно е тогаш повторно се сети да ме побара ама си доби блок од душа.