Тешко ми е повремено и сфатив дека зљздравувањето не е линеарно.Има денови кога сум океј и после од никаде пак ќе се сетам. Туку прва сериозна врска ми беше.Он многу брзо си најде друга.Јас се форсирам со друг да излезам од таа причина,а нема ни месец поминато.А не можам со друг да се замислам.Џабе само се договарам,испаѓа дека си играм и со овој "новиов потенцијален".Нормално е?
Девојче, не знаеш уште колку убавини ти носи животот, тек прва врска ти е... уживај во младоста, нормално е да ти е тешко и да тагуваш, штотуку поминал еден месец, не мора одма да се форсираш со некого да излезеш, дај си време, посвети се на себеси, прави работи што ги сакаш, вежбај, учи, шетај, читај книги, посвети се максимално на себеси, дури и некогаш да му текне да те побара, да не помислиш да му се враќаш, се во животот доаѓа и си оди со некаква причина, остануваат само оние кои вредат и кои те сакале и почитувале, а верувај се малку, и се бројат на една рака, затоа најважна си ти во животот, посвети се на себеси прво, се останато ќе си дојде спонтано и тогаш кога треба.
Девојки ние бевме во сериозна врска 2 год. и веќе 2 год како што прекинавме ради далечината, и јас еве сеуште се навраќам, прашува за мене иако е на друг континент а неможе да си дојде во мк сега,се имаме на блок, ноо го немам преболено,а не поштувам да одам со деуги само да го преболам него, затворена сум во тој поглед мноогу , и се друго ми оди добро осим љубави хаха..
Јас си дозволив да сум тажна дур ми помини. Недела и пол, две недели. После некако ми ... Стивна. Ама скроз можам да се поврзам на она шо @Bunny2 го пиша, не е линеарно. Иако не ни мислам на него, некогаш едноставно осеќам товар. Али океј, скоро 5 години беа и е разбирливо. Поентата на ова ми е, земете си време да сте тажни и во тој период да разработите шо ве мачи од ситуацијата и како да си поможите за постојано да не тагувате по нешто завршено.
Зошто не можам да го прифатам тоа што не сме заедно? Зошто длабоко во мене ме боли? Причината зошто не сме заедно повеќе јас не ја знам, знам само дека ете не сакаше повеќе да е со мене и стави крај... Тешко ми е да го прифатам ова..
Сеуште имаш чувства за него. Причината вака површно би рекол дека му е здосадено. Како завршивте, што ти рече ?
Зависи од врска до врска, и емоциите кои владееле во нив. После којзнае колку години, еден се' уште немам целосно преболено.
Една разделба сум имала што ме погодила силно, ако не броиме разделби со блиски другарки. Поштено си одболував баеѓи време...и бол и бес што викаат. Времето лечи скоро се, а нови луге се како нов свеж воздух во животот.
И после шест години поминати од разделбата сеуште мислам на него а знам дека во овој живот веќе никогаш нема да сме заедно, можеби само на сон понекогаш.
Ах кога ќе ми текне колку сум била смешна. Кога раскинав со бившиот мислев крај на свет е мислев века толку многу го сакам што никогаш повеќе нем ада се заљубам,асвесна бев свесна бев дека не си одговараат нашите карактери,дека никогаш нема да успееме да бидеме среќни и задоволни и двајцата зошто тоа што нему му беше нормално мене ми беше несфатливо во врска како треба да изгледа една врска и така си бевме заедно две години и на крај нашите разлики победија и среќна сум што сум одлучила да се разделам зошто ако не ќе се нервирав сеуште и ќе си плачев на почетокот само што отворев очи плачев и се шетав сама во природа кај што нема луѓе, се криев дома да не ме видат и бев патетична недела две потоа сфатив дека животот продолжува и почнав да излегувам да се дружам да уживам во животот и така го запознав сопругот и сум најсреќна досега во животот. Затоа колку и да ви е тешко и да мислите дека е крај на свет помислете на тоа дека вистинската среќа допрва ве очеккува и дека штом сте се разделиле таа личност не е вистинската за вас главата горе и се ќе биде добро
Прилично брзо успевам да се опоравам благодарение на тоа што сум екстроверт и празнината од една личност знам да ја надополнам со редовна дружба со повеќе личности. Честото дружење со пријателите и секако запознавањето на нови помага во полесно и побрзо преболување на бифшите.
По природен пат Малку тажење, малку излегување до сабајле со најдобрите другарки, малку убедување дека мора да се продолжи. Ми беше прва врска и бев убедена дека никогаш нема да најдам подобар. И нормално, не бев во право Клин со клин
Раскинавме пред 10дена причината беше што не можевме да бидеме заедно ради одредени причини. И двајцата се сакавме бевме лудо вљубени еден во друг што се вели Ноо.... Моравме да се разделиме по точно 1година врска. Не знам како но јас немам плачено толку ногу ама душата ми гори, ретко ми пишува но кога ке ми пише "Како си?" Исто како срцето да ми се кине на парчиња и не можам да се воздржам а да не пролеам куп солзи. За да го преболам ова одлучив да бидам со некој друг(веќе го најдов) но не знам дали е нормално да бидам со друг а да мислам на Него. Кај мене нема многу да трае болката зошто по природа сум личност која многу лесно ја прифаќа реалноста и брзо преболуба но не заборава, Но што ке биде со него? Како ке си дозволам да го погледнам во очи а за рака да држам друга личност. Понекогаш се сметам за толку лоша личност што никој не би посакал да ме има во својот живот....
Не му го прави тоа на другиот. Прво преболи го бившиот, па после почнувај нешто ново. Не рипај од врска во врска.
Jas imav edna vrska od 6 godini.Posle toa imav i drugi vrski nego ovoj surtukov jas sto go vikam nikako da go zaboravam
Ne mi e jasno vo vrska si so nekogo a posle se povreduvas.Pa sto e ljubovta togas. So toj sto idev sest godini i me ubi na nekoj naci i posle tolku godini nemozam da zaboravam.Vikase ljubovta e preceneta rabota.Kopuk Sega koga ke se vidime nekogas ke se nasmee nekos te ismejava idiot
Сум била повеќепати скршена и добро знам како тоа боли. За сите што во моментов се во иста ситуација - ВЕРУВАЈТЕ, ќе биде подобро. Еве како јас успевав да се соочам со разделбите (мои мали, но моќни трикови): Гледав што е можно повеќе да бидам опкружена со луѓе што ги сакам. Гледав да имам најширока насмевка кога имав најголема потреба од плачење. Пуштав музика со весел ритам. Гледав слики од времиња кога сум била среќна и покрај тоа што него не сум го познавала. Разговарав со мајка ми, сестра ми, тетка ми, со најдобрата другарка - во разговорите со нив наоѓав утеха и потврда дека разделбата била најдоброто можно решение, дека јас вредам и заслужувам многу подобро. Морам да признаам читав искуства и од овде, од форумов, кои ми помогнаа да сфатам дека не сум единствена и дека секој во одреден момент се чувствувал така.
Пред 5 дена прекина мојата 3 годишна врска. Бевме неразделни, почнавме и заедно да живееме последните месеци. Но, бевме несвесни дека многу нерешени грешки и работи тлееја помеѓу нас, очигледно никој од нас не се освести колку проблеми ни прават и колку не уништуваат. Никој немаше храброст да седне и да ги отвори картите. Јас, тек сега се освестив каде е суштината на се' тоа. Но, тој е решен дека овој пат е навистина крај, колку и да сме како живи мртовци еден без друг. Решен е да не спаси двајцата од ова. А јас сум убедена дека доколку би добиле повторно шанса, овој пат нештата можат да бидат многу поинакви. Огромна љубов има меѓу нас, свесни сме и двајцата колку лузни ќе ни останат. Сам ми кажа дека ќе биде среќен ако некогаш успее повторно да засака барем упола од ова. Скршена сум, ништо ми нема смисла повеќе...