штом има љубов има и решение борете се до крај мој советникому не му е лесно но може да најдете решение ако сакате и поработите прво на себеси потоа на вашиот однос во врската
Очигледно различни гледишта имаме кон љубовта. Јас сум спремна светот да го превртам и да се борам до последен здив за љубов. И се борам и правам се' што можам да направам, иако упорно ме одбутнува од себе и цврсто е решен дека вака е најдобро за двајцата, колку и да боли. Знам дека се сакаме и двајцата премногу, знам дека му е и него претешко, вели болката и физички ја чувствува, а тоа може да го каже само некој што го доживува тоа. Знам дека ме сака исто колку и јас него. Никогаш не сум можела да ги разберам луѓето што и покрај толкава љубов, одлучуваат да се разделат, и ги боли и после 20 години кога ќе се сретнат. И затоа ми е претешко да се соочам со се' ова и да се помирам со фактот дека ќе бидам една од нив...
@Dahliaa како да пишеш за мене. Во слична ситуација бев пред 1г. И колку и да сакав не можев сам. Со сила не бидува. И после година дена болката е иста, нема ден да не сум помислил на неа, и без разлика на тоа што ме убива тоа, ниту и пишувам, ниту и се јавувам, а сакам, уф колку проклето сакам да и го слушнам гласот, мислам дека да имам шанса да ја гушнам нема никогаш да ја пуштам, и ако во иднина бидам сам и да ми се јави макар била и во Зимбабве ќе идам. Ништо друго не ми треба. Не можам да ти речам дека ќе ти помине за некое време, ама ќе се научиш да живееш со болката. Биди силна.
Љубовта кај секого и секогаш останува по некоја лузна и е длабоко скриена болка во нас... Пред 7 години бев во врска со човек кој го сакав повеќе од себе подготвена се да направам за таја врска да опстане не можам да кажам дека и тој не се трудеше за нас.. едноставно двајца се сакавме заедно бевме 4 години и на крај.. тие беа години поминати во пропаст порафи неговата љубомора ме гушеше со неговата љубомора иако беше таков јас сепак го сакав и мислев дека еден ден ќе се промени но нее... Не се промени љубомората стануваше секој ден поголема и поголема... И такжја проклета љубомора не раздели еве поминаја 7 години од нашата разделба омажена сум имам две дечиња но кога и да го спомнам или го видаѓ гласот ми треперит и во себе чуствувам огромна болка и тагаа..
Ваљда јас го идеализирав бившиот, по година и пол почна да ме избегнува и прекинав. Уште пишиме, ама јасно знам дека не ме сакал никогаш. Тое, ќе преболам. Уште е рано...
Здраво женски! Јас прекинав 6 годишна врска. Рака ставав во оган дека е најдобриот човек на светов, планиравме заедничка иднина, му верував како на свој најблизок. Ме изневери пред да направиме 6 години од врска, и тоа паралелна некој период. Потоа дознав толку многу гадости од неговиот бивш најдобар другар. А толку мислев дека врската ни е совршена. Како да ја повратам довербата во љубовта повторно, како?? Како може тоолку човек да се промени за месец дена не разбирам се уште...
Особено е тешко да се разделиш по долга врска и кога си мислел дека е идеална. Нема некој посебен совет што можи да те утеши, а да не звучи клише. Во однос на довербата, води се по тоа дека наредниот партнер не е виновен за глупостите на претходниот, секоја врска е различна, остави се' во минатото и влези во нова врска без багаж од претходната. И дај си време, опоравувањето нема да се случи преку ноќ.
Твојата ситуација ни малку не е лесна, но си размислила што ако тој е под некаков притисок ? Те прашувам затоа што викаш дека има љубов сеуште. А притисокот може да биде од родителите, сестра..тогаш он мора да заземе една страна, а ако е така тогаш се знае чива страна заземал. Можеби се оладил и му станало веќе монотоно па сака да проба нешто ново. Или се запознал со некоја девојка. Ова се се само некои претпоставки...а, времето ќе покаже што му било и зошто решил крај да стави. Биди силна
Порано кога ке се сетам на секоја разделба ми било превише тешко, и сум запагала превише за било кој дечко, чак сум се уништувала, а сега да имам и кога би имала да знам дека ке ми раскине, не би патела како порано толку многу, затоа што научив дека животот дава секогаш нова шанса, зависи ете ако даде. А дај боже да даде највеке сакам. Искрено научив дека не треба да се уништувам и пагам во депресија за дечко. Да тешко е не викам не, али нема да дозволам више за ниеден да се уништам, бидејки јас самата знам како ми било, и како и колку многу ми било тешко и колку многу сум се уништувала
Здраво дечки...Се надевам сум на право место....Само што излегов од 2 годишна врска...Се беше убаво стварно , супер ни беше заедно правевме планови заедно се и наеднаш ко гром од ведро небо ми вика не го осеќам Веќе истото према тебе....Е како е тоа ебано бе могуче а пред 2 дена ми кажа дека многу ме сакаш? ...Ништо јас реков дека ќе ја прифатам секоја одлука без да прашам сцени нормално...Е сега не сум некој факбој (емоционален сум , се посветувам на партнерот и многу се поврзувам)одма да си признаам , ова ми беше 2 подолга врска за која жртвував многу , страшно многу за на крајот вака да заврши и стварно мислам дека некој ми го извадил срцето низ уста...Е сега моментално сум fucked up пошто никогаш во животот не сум се поврзал вака со некого...Зошто ние добрите момци секогаш вака завршуваме (повредени) ....Зборот ми беше како да се вратам сега во игра ... Самодовербата ми е страшно долу и мислам дека кога оваа врска ме ми успеа нема шо да барам повеке , но од една страна па сакам и да пробам одма со друга онака од инает ама незнам како (ваљда сум го изгубил скилот )....Ајде девојчиња некој совет...Не сум некој модел но сепак на скала од 1-10 би се оценил 7 (хехе)...Ко што реков не сум некој факбој али не ни сакам да бидам пошто за мене партнерот е на прво место , ни па сум некој по гледа да искористи некоја само за секс (ако нема емоции и сексот не е секс). Благодарам
Мислам дека не е добра идеја да пробаш одма со друга само од инает. Посвети се на себе, прави работи што те исполнуваат, најди хоби, излегувај со другари и сл. Нека помине време, па кога ќе се чувствуваш спремен за нова врска тогаш оди на дејтови. Вака ако пробаш само за инает со друга ништо нема да постигнеш. Ќе се повредиш себе си и ќе и го скршиш срцето на девојката ако се приврзе за тебе, а ти тазе излезен од врска нема да можеш целосно да и се посветиш и сакаш ако ја немаш преболено бившата.
Немој уште нерасчистен со чувства кон бившата да влегуваш во нова. Тоа е најголемата грешка што можеш воопшто да ја направиш. Греота е девојчето да го повредуваш ни криво ни должно, само бидејќи тебе те повредиле. А и ти ако си добар човек со срце, ќе се чувствуваш како ѓубре бидејќи си ја повредил а не заслужила. Посвети си време на себе и само на себе, не е ништо страшно да бидеш слободен некое време.
Нема да ти биде лошо некој период да бидеш сам, да сфатиш што сакаш и што ти е потребно. Влегување од врска во врска не е решение. Посебно ако не си подготвен. Не брзај. Инаетот може да ти се одбие од глава. А таа доколку не чувствува повеќе ништо за тебе, што и да направиш, нема да допре до неа.
И јас ќе ти кажам, одма излегување со друга не. Оти нема ништо да постигнеш со тоа. Тешко е, треба време да помине да се соземеш, да прифатиш, да се помириш. Најдобро е да се посветиш на физичка активност. Ќе ти помогне да го насочиш вниманието на нешто друго, да подзаборавиш, а и да подигнеш самодоверба, што напиша дека веќе ја немаш.
Znam i vo pravo si ...No tolku mnogu sum si lut na sebe so dozvoliv na 24 godini tolku da se zacepam(povrzam) so nekoj za da sea se osekam kako gjubre...Sweat and blood so vikaat englezive ostaiv vo vrskata...Ali toa e jbg
Скоро секој од нас барем еднаш се има изгорено така. Лошо е чувството ама со тек на време ќе помине. Не губи надеж и не го замразувај сега цел женски род.
E taja samodoverba mi e problemot...Nz kako bidejki jas sum coek so ednostavno pred da naprai nesto misli na 100 scenarija ..A site znaeme ako mislis mnogu i se zamaras kako zavrsuva... Blagodaram za sovetot , se uspokoiv malce izgleda mi trebalo da se ispovedam nekade ..xexe Znam jasno mi e toa....No kako na nekoj moze da mu se smenat custvata za 24 casa ne mi e jasno...Se osakam ko gjubre izmanipulirano ...