Како успеавте да се опоравите после разделбата?

Дискусија во 'Разделби' започната од kiki, 29 ноември 2009.

  1. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.745
    Пол:
    Женски
    Си најдов друг :rofl:
     
    На FreeToGo, Tinaaa, Medea. и 3 други им се допаѓа ова.
  2. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Очајна сум и мислам дека нема излез од мојата ситуација само сакам ова некој да го прочита и да ми каже дека се ќе биде во ред. Со мојот дечко бевме во врска 7 месеци, раскинавме. Последниот месец беше само измачување а тој постојано кажуваше дека му треба слобода. Се случи што се случи и раскинати сме веќе месец ипол а јас чувствувам дека секој ден го сакам повеќе и повеќе. Додека бевме раскинати неколку пати дознавав од други дека тој веднаш излегувал со други девојки, потоа и самиот ми кажа. Го сакам премногу и сакам пак да бидам со него, сакам да му напишам порака, да му се јавам но се плашам. Неколку пати пробав да си го земам животот а исто така се повредував и сечев низ целото тело со жилет. Мислам дека никогаш во животот нема да засакам друг како него, мислам дека тој ќе биде моја сенка засекогаш, мислам дека нема да бидам среќна повторно. Тој ми беше првата врска, првиот кој што го сакав искрено и чисто, ве молам помогнете..како да продолжам, како да не мислам на него, какп да го заборавам....
    имајте убав ден:l:
    инаку имам 17години
     
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.325
    Допаѓања:
    19.731
    Пол:
    Женски
    Девојче побарај си стручна помош, разговарај со родителите или некој повозрасен кому му веруваш. Какво убивање, сечење што ти е имаш 17 години, уште колку дечковци ќе имаш ехее. Кога ќе се смириш и ќе размислиш убаво ќе си речеш колку будала бев. Не вреди за никого да се убиваш и самоповредуваш.
     
    На Bubbly-sugar, SummerGirl, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Ако е вистина ова е страшно и жално на 17 години. Зошто сакаш да си пак со него? За да те изневерува повторно? Не те разбирам. Не е тоа љубов. Не се чувствуваш вака затоа што сте раскинале туку затоа што сакаш да му се вратиш. И телото и душата и срцето пробуваат да те освестат ама ти не слушаш. Сечеш вени за каква глупост. За тоа треба на психолог да одиш. Мислиш ли на своите родители, браќа и сестри? Не знам со кои зборови би се известил некој како тебе. Престани да глумиш жртва. Престани да се сожалуваш. Престани да гледаш турски серии. Луда ли си? Да сечеш вени за глупост. Оди на психолог тогаш. Сакаш да останеш трудна и да те остави сама на 17 години со огромен стомак и бебе? Или што сакаш? Стварно не можам да те разберам. Разбуди се под итно!
     
    На SummerGirl, VDT2906, _beautyy_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.619
    Пол:
    Женски
    Прва врска, завршила и мислиш готово, пропаднал светот. Не е така. Ќе имаш и други врски. Млада си, си се приврзала за него ама не трае се' вечно. Ќе го преболиш, почни да мислиш на себе, да се посветиш на себе. Има луѓе кои те сакаат, за кои треба да живееш и на кои им требаш, не вреди за една врска, за еден дечко кој те оставил, да се изгубиш себеси и животот.
     
    На SummerGirl, sj *O*, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. selenophile11

    selenophile11 Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Верувајте ми дека пробав одев секаде и психолог и разговори но ништо не помага тој беше единствената личност што ја имав ми беше и најдобар другар, се што имав. Пробав да излегувам, да се дружам, да не мислам на него но секаде каде што одам ми се причинува како да го гледам него. Синоќа имав паничен напад загубив воздух наеднаш, секое место што го гледам се ме потсетува на него..мислам дека го допирам дното од животот многу лошо се чувствувам...
     
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.679
    Допаѓања:
    25.246
    Пол:
    Женски
    Немала да засака никогаш друг. :rofl:
    Мене првиот дечко ми беше на 15 години онака детска врска ништо повеќе и мислев дека никогаш нема друг да засакам. Не дека било тоа љубов како не. Се газам од смеење сега кога ќе ми текне. Не се глупирај живот ќе си зимала на 17 години ради некој недоделкан сељак што цел му е само што повеќе женски да смени. Млада си кај леташ уште.
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.320
    Допаѓања:
    37.273
    Пол:
    Женски
    Направи крвна слика и оди пак на психолог. Целосна крвна слика. И молим те не се убивај. Да се убивавме така до сега сите мртви ќе бевме. Колку дечковци сум имала ехеее што не е будала тој за тебе вени да сече. Престани да се измачуваш. Пушти весела музика и филм комедија. Не ти треба никој. Еве нас не имаш на фемина.
     
    На SummerGirl и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    27.305
    Првата љубов секогаш е најболна. НО, верувај животот е пред тебе и ќе запознаеш многу други. Сеуште си дете и детската љубов е ништо во споредба со тоа кога ќе си возрасна.
    Жилет и самоубивање не е решение во никој случај. На крај на денот вреди ли да си го уништуваш ради некој што одма ти нашол замена? Не.
    Излези со другарки, прошетај, фокусирај се на школо.
     
  10. mukusjowk

    mukusjowk Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    веќе неколку дена сум во огромна дилема што да правам после оваа болна разделба со сега бившиот партнер,сакам да бидам физички активна,да најдам ново хоби,да почнам да заборавам дека ме има повредено и затоа ве молам за совет
     
    На Ivicka_1993 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Само не му се враќај те молам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mukusjowk

    mukusjowk Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    секако нема да му се вратам но проблемот му бил што ја имам 17 он 25..
     
    На Ivicka_1993 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Зошто проблем???
     
  14. mukusjowk

    mukusjowk Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2024
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    можеш да дојдеш во приватна порака?
     
  15. Ivicka_1993

    Ivicka_1993 Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2024
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Да
     
  16. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека него го преболував во тек на целата врска. Варања, лажења и слично. Кога дојде моментот јас конечно да ставам крај, па се свртеа коцките, он мене ме мољакаше, цимолеше и све остало што јас всушност праевев додека сме заедно. Така да мислам дека дури баш супер поминав.
     
    На Cutiepie1, L.i.n.a.a, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. pance24

    pance24 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Долго време брак односно повеќе од 8 години.
    Болна разделба и бурна (све тоа во еден ден).

    После 1 месец мирување стапивме во контакт обајцата и решивме да се гледаме се додека не стане помалце болно и да почнеме да се одвикнуваме еден со друг...

    Но лошото е тоа што јас овојпат го доживувам како втора шанса а се плашам дека не е од нејзина страна.
    И јас и она сакаме да се гледаме и бидеме секојдневно заедно ама она не сака пак да живее со мене...

    Ваше мислење?
    Како да гледам на овоа? Дали како на втора шанса или само како оладување на односите со тек на време со цел да биде помалце болен разводот?

    Искрено сеуште ја сакам премногу.
    Али она ми има кажано во лице дека нема веќе чувства за мене и дека тоа го праве за да не ми биде тешко...
     
  18. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    12.262
    Пол:
    Женски
    Чим ти кажала отворено подобро е да си се помириш и да одиш напред, вака цело време ќе се вртиш во круг и ќе страдаш
     
    На pance24 и Puellapulchra им се допаѓа ова.
  19. W@nda

    W@nda Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2024
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    813
    Пол:
    Женски
    Мене ми личи дека си и пријател со одредени поволности.:angel:

    Како да гледаш на ова не би можела да ти одг. најточно, но можам да те посоветувам како јас би изграла на твое место.
    Ако се уште имам емоции и се надевам на нешто озбилно и го доживувам како можна втора шанса а другава страна мртво пувало, јас лично ради себе и заштита на моите емоции кои веројатно би биле уште полоши по финалниот прекин би прекинала мн. пред тоа.
    Како ќе постапиш ти и што би се случило најточно помеѓу вас двајцата во иднина ќе сфатиш со тек на време.
     
    На pance24 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  20. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Јас раскинав врска од 8+ години, многу ми е тешко искрено но мислам дека е правилна одлука.
    Потешко е дека раскинав во период кога сите во моето опкружување (друштво) се бараат, прават свадби имаат деца односно си го средуваат жиботот, еве и на работното место е истото...
    Многу се радувам за сите и знам секој во свое време но, кога го гледам сето тоа имам некој страв во мене дека можеби нема да најдам некој веќе, од друга страна сум исплашена од тоа да бидам во врска а и не ми пишува никој. Никогаш порано не сум искачала по журки и слично но сега кога и сите околу мене се фамилијарни не ни сакаат еднаотавно така да го поминуваат времето за викенди (кога имаме единствено тогаш послободни време) од таа причина не знам каде би можела да запознаам некој ако одговор е искачај…
    Како вие што сте поминале низ ваков период се помиривте, од каде почнавте? Секој совет е добредојден, благодарам.
     
    На eliesaab и Stark им се допаѓа ова.