1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како успеавте да се опоравите после разделбата?

Дискусија во 'Разделби' започната од kiki, 29 ноември 2009.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    И така се родија сапуниците....како и да е,веќе си побарала совет во врска со него,феминкиве ти дале ти кажуваш дека не си го послушала.И оп еве сега пак бараш совет,што ќе се случи изгледа сите си знаеме.Сама си кажуваш дека овој ПРОБЛЕМ те мачи три месеца,не мислиш дека веќе е крајно време да престане?...Или сега стравот е дали си бремена? Тоа ќе мора да ти го каже лекар,јас видовита моќ немам.Искрено ти посакувам среќа што и да се случи,ама едноставно не разбирам како може сама да си ги создаваш проблемите после да кукаш и што е најтрагично да не учиш од грешките.
     
  2. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    И пак ќе почнам со ЗНАЕШ мојот омилен збор
    medce и јас имам ваков сличен проблем незнам што му значи тоа не јавување,посебно ако го познаваш дека е некој тежок карактер...Но,во секој случај верувај голема КУКАВИЦА е...МН.мии се допадна оној дел "ТОЈ ДОАЃАШЕ И СИ ЗАМИНУВАШЕ,А ЈАС ОСТАНУВАВ" Те разбирам како ти било. Но,ниедна жена несака кукавица крај себе,па ни ти верувај ми! Остави го ! Ете ќа заминеш во странство,што тогаш,ОСТАВИ ГО!! ПОЧНИ НОВ ЖИВОТ ТАМУ!!

    А сега да кажам за себе,како успеав да се опоравам поселе разделба. Па,не успеав,ама се трудам да успеам! Ова ми е прва разделба што вака ме погодила.Веќе не сум јас мислам. Толку тага во мене одамна се нема собрано. Уморна сум многу. Посакувам да заспијам и да не се разбудам така едно подолго време.
    Ме исцрпи ме уништи оваа врска! А сега..некаде таму тој..некаде ваму јас... Колку ли го сакам колку ли ја сакав љубовта..се дадов!! За ова ли? За една обична кукавица која незнае да се бори!
    Но времето лекува се.. толку сакав никогаш да не те заборавам ,но времето минува и полека полека те зема од мене! И на овај мој пост не му е местото местото овде знам,ама... да си кажам што ми лежи на душа :)
    И знам дека треба да излегувам со другарки да се трудам на не мислам на него,но и кога ќе излезам сакам да зборувам за него,за тоа колку ми недостига!
    Ај ќе мине уште некој месец! :)
     
  3. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    tocno toa e samo obicen kukavica sto ne znae sto saka i nema da saka vo zivotot uzivaj duso tesko e kuliraj i odmori si go mozokot od nevredno sustestvo pozzzzz bori se sepak nie zenite sme pohrabri
    [mod-kirilica:31vs8an6][/mod-kirilica:31vs8an6]
     
  4. Gab4e22

    Gab4e22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Бевме година и пол во врска, одпочетокот ми значеше мн малку, можеби од страв да не бидам повредена, поради тоа што имав претходна врска од која јас го извлеков подебелиот крај, но тој беше мил, фин, полн со трпение, искрен :D (бар тогаш мислев така), љубоморен, мислев дека со тоа што е љубоморен ме сака, сите мислеа дека јас ќе бидам таа што ќе му раскине, јас се трудев премногу да не биде така, се обидував на различни начини да му докажам дека ми значи,дека сакам да бидеме заедно, можеби тоа и беше мојата најголема грешка, заборавив на се само да бидам со него, излегував со него и неговото друштво, заборавив на се што бев јас претходно, почнав да се приврзувам а тој почнал да се оладува...И после сите оние зборови ,,Јас нема никогаш да ти раскинам, најдолга врска ми е оваа со тебе, никогаш нема да си фатам друга, нема никогаш да те повредам,дрн,мрн :D '' следеа и ,,веќе неможам вака, ме гушиш сакам слобода, сакам да сум сам, да уживам ти ништо ненапраи за мене,што си напраила само ми збориш вака онака'' и што следеше пак јас виновната, ако од претходната врска 50% си ја уништив самодовербата од оваа 100%, цело време си го барам проблемот во мене, јас сум виновната, јас сум таа што незнае да сака...но продолжив со животот. со лажна насмевка на лицето но сепак е насмевка :) Ме боли тоа што после цела година врска на ветувања и љубов го нема, го снема никаде, ни едно извини, ни како си,ништо,но длабоко во себе знам дека најдобро е така,иако се тешам со тоа ќе помине водена од претходната врска на која сега си се смеам, не поминува, понекогаш доаѓам на работ од лудило, се преправам дека се ми е ок,несакам да ме сожалуваат, се обидувам да најдам други работи што ќе ме развеселат до некаде малку по малку ми помага тоа и најважно од се времето е најдобар лек за преболување, затоа сега ми преостанува само да помине време и да си чекам некој друг да ми затропа на вратата на срцето :D
     
  5. sweetybarby

    sweetybarby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    8
    Пред да го раскажам моето ракинување ќе кажам три доборопознати мисли времето лечи се, остави го ако ти се врати значи те сака ако не значи Гопсод чува подобар за тебе, треба да запознаеш многу погрешни луѓе за да можеш да ги препознаеш вистинските...

    По раскинувањето не верував а можеби и не сакав да верувам во тоа што другите ми го зборуваа остави на времето, времето ќе си го направи своето, времето лечи се.... цели шест месеци ги поминав плачејќи бев премногу разочарана, мојот свет беше срушен помислив никогаш повеќе нема да се заљубам... започнав да излегувам но и покрај тоа што бев излезена наместо моите мисли да ги насочам кон нешто друго ,тој беше главната тема на моите разговори, со се го споредував на се се потсеќав, секое место од градот ме потсеќаше на него, моите очи можеа да се насолзат во секоја една секунда. Ми се чини дека сите мои солзи ги потрошив на него. Но сите тие солзи направија од мене една друга личност многу посилна и похрабра, ме поттикнаа поинаку да гледам и да сфаќам на работите, но и за тоа нормално беше потребно време----> се се сведува на времето зарем не ? После шест месеци многу неочекувано една вечер запознав нова личност која ми помогна на некој начин да го оттргнам бившиот од моите мисли, влегов во врска со него. Многу лоша ствар е што повеќето девојки кога ќе влеземе во нова врска често правиме споредби со бившите па таа лоша ствар ја направив и јас и да многу работи ми недостигаа од претходниот но многу негови недостатоци беа дополнети од новиот дечко, пред само неколку дена раскинав и со него, да, не можам да речам дека не ми е тешко но не проронив ниту една солза, болното искуство со претходниот дечко ме направи толку силна и цврста и сега на разделбите гледам како на нешто сосем поинакво, гледам како на ново искуство на крај краева оној кој треба да биде со мене ќе биде, позитивно ги насочувам моите мисли, животот е убав и зар вреди да го трошиме во солзи и болки за одредена личност и за крај ќе кажам дека оној кој нависитна не сака никогаш нема да дозволи на нашето лице да се излее ниту една солза :)
     
    На mims-89, Adi888, ell и 2 други им се допаѓа ова.
  6. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    401
    Здраво на сите
    Бидејќи со никој не можам да зборувам отворено за мојата разделба, а ми е многу тешко, решив да напишам овде. Бев во врска година и пол, во врска во која од почеток влегов без резерви и со мисла дека тоа е тоа. По неколку месеци илузијата се расипа, но не поради проблеми кои се вообичаени- љубомора, неверство, не, се беше супер, но тој ми призна дека има одреден проблем за кој знаат само неговите домашни и сега ми кажува мене бидејќи гледа како јас се однесувам и сака да е фер да ми кажи дека има одредена фобија поради која смета дека не може да има семејство. ШОК! Јас реагирав присебно, имавме краток разговор, но ме замоли да решам што понатаму и да не го прашувам многу за тоа бидејќи му е тешко да зборува. Прв пат слушнав за тоа и одма проверив на интернет. Најдов блогови и форуми на кои пишуваа луѓе со тој проблем и видов дека е тешко за личноста што го има проблемот, но може да се надмине и може да има семејство. Бидејќи бевме на почеток од врската не навлегував во темата семејство. Продолживме и се беше супер, само што некаде во потсвеста постојано ме мачеа неговите зборови. За неговиот проблем не кажав на никој. Кога во одредени моменти бев лошо расположена и размислував што правам јас, вложувам се во врска за која тој од почеток ми вели дека нема да има среќен крај и другарките ќе осетеа дека нешто ме мачи, јас кажував некои глупави причини како проблеми во врската и изгледав смешно. Всушност други проблеми немаше, тој беше се што сум сакала, внимателен, добар, толерантен, искрен, но таа негова искреност ме болеше. Се случуваше додека нешто разговараме да речи кога ќе се омажиш твојот сопруг ќе ми биде благодарен за ова. Тоа ме болеше многу, бидејќи јас го гледав него како мој сопруг. Еден ден му кажав дека тоа ми смета и го прашав која е смислата на нашата врска, што сум јас за него. Почна да ми кажува дека и тој се чувствува супер со мене, но бидејќи ме цени многу ми кажал на почеток кој е неговиот проблем и што можам да очекувам, дека можеме да бидиме во врска долго време и се да е супер, но тој не може да има семејство, а ми посакува јас да имам.Настојував да разговараме за неговиот проблем, но тој избегнуваше, а од форумите каде што читав, прочитав дека кај личноста се создава блокада и стресна состојба и тешко е да разговара за тоа, дека полесно е да прекинат комуникација со некого, отколку да се во позиција да објаснуваат, бидејќи тоа се ирационални стравови за кои личноста е свесна дека немаат никаква смисла, но постои таа фобија и се срами да зборува за тоа. Пробав да му кажам што јас знам за неговиот проблем и дека имам трпение и сум тука да помогнам да го надмине тоа. Изгледаше колку повеќе сакам да му се доближам, повеќе се оддалечувавме. Тој разговор заврши со мое плачење, а негово молчење и насолзени очи. После тоа јас му пишав една долга порака на фејсбук и му реков дека му давам време да си ги среди мислите и потоа да разговараме. Продолживме да комуницираме со смс пораки и фб, но секогаш кога требаше да се видиме, во последен момен наоѓаше причина да се одложи средбата. Пред католичкиот Божиќ (инаку требаше да спомнам дека е странец) кога знаев дека ќе оди дома му реков дека одам кај него да го видам и не мора да разговараме за ништо сериозно, едноставно да се видиме пред да замини. Бев и три часа седевме и пријателски разговаравме, си ветив дека нема да покажам слабост и кога тој проба да ме бакни се тргнав. Кога ме носеше дома ми кажа кога ќе се враќа и тогаш да се видиме, како што беше порано, но јас иронично се насмевнав, велејќи која е смислата на тоа. Во тој момент како да имав некое средство за смирување и јас се изненадив како ладно реагирав. За време на празниците додека беше дома комунициравме со пораки и во пораките ми праќаше бакежи, велеше мисли позитивно и слично. Дојде тука заедно со мајка му. И друг пат кога била таа тука сме се гледале, таа ме знае и е супер со мене. Но сега се немаме видено. Пробав со позитивни пораки, пробав да разговаравме на фб, ако не можи да се сретниме, но постојано ми кажуваше ќе разговаравме стрпи се малку ќе се видиме и ќе разговараме. Јас чекав, но последниве денови пишував пораки, но не добивав одговор. Полудев и почнав д се расправам преку пораки, но сама си пишував, не добивав никаков одговор и тоа уште повеќе ме налути.Тоа се случи вчера вечерта и денес веќе пробувам да се навикнам дека е крај, бидејќи оваа неизвесност почна од ноември и веќе не можам да издржам. Проблемот е што од една страна мислам како е тој онај што го сакам и би сакала да останам со него, а од друга страна мислам можеби има право и тој најдобро си го знае својот проблем, па ми кажува да се тргнам од него бидејќи јас јасно кажав дека не сакам да живеам без семејство – деца.
    Сега видов колку многу сум напишала, ама морав со некој да го споделам ова, бидејќи од денес треба да научам да се справам со депресијата во која полека, но сигурно паѓам :(
    Поздрав.
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    54321
    Го прочитав целиот проблем што си го напишала, но мислам дека кога веќе зборуваш отворено, напиши што го мачи за да можеме да ти помогнеме. Вака незнам што да ти кажам, неможам да се ставам на твое место и како би реагирала.
     
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    А што е неговиот проблем? :^)
     
  9. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    401
    Се вика Агорафобија - страв од простор со многу луѓе, панични напади, периоди на длабока депресија.Во моментот е добар и во присуство на човек на кој му верува може да оди и во ресторан или низ дуќани, но сам само на места кои му се познати и каде што тој поради одредени причини се чувствува добро. Проблемот е што тој се плаши тоа да не се развие во полоша фаза, а тоа е страв да излези од дома. Тоа е најтежок степен. Мисли дека тоа би можело да се случи и тоа е причина зошто не сака да има семејство. Од она што го читав сметам дека тој е далеку од тоа и според секојдневното фукционирање е се подобар и го надминува проблемот, но тој страв постои кај него. Ова е накратко објаснување на проблем кој стварно е комплексен.
     
  10. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    401
    Кога ова го напишав делува страшно, но да се сретните со него воопшто нема да го забележите неговиот страв, значи тој тоа го потиснува во себе, но и се труди да не оди во гужва, што му претставува оптеретување и придонесува за депресија, бидејќи не може слободно да појди каде што би посакал.
     
  11. icy

    icy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Е ајде и јас малку да се отворам...Со момчето кое што одевме бевме заедно скоро 3 години.Тој имаше проблем т.е порок за кој знаев, а тоа беше коцкањето. Кога тргнавме се беше ок мислев дека на првата грешка која што ја направил се кае и тоа постојано ми го кажуваше и јас секако верував. И вистина одреден период беше сменет тоа може да се осети. Помина година, ние сеуште бевме заедно се беше ок , му се предадов ...Тој полека и полека ја нарушуваше мојата самодоверба, ме оддели од сите пријатели кој ги имав во изобилство :) се затворив во себе не комуницирав дури ни со мојата фамилија ги одбегнував, некако ме вртеше против нив, ете и јас незнам како... :worried: Потоа повторно ми призна дека има нови пари кој ги борчи , јас толку го сакав што му го простив и вториот пат, неговиот татко го реши проблемот и овој пат . Јас уште го сакав , верував во него а тој постојано ме лажел за се . Откако вториот пат излезе проблчемот па се до раскинувањето јас не бев од дома испадната. Никаде не испаѓавме јас постојано одев дома кај него, а тој фактички се криел дома затоа што пак и пак земал пари.Потоа мојте дознаа за неговиот повторен проблем и ми забранија да бидам со него. И нив им се спротивставував и на целиот свет.Но, повеќе и јас не можев да издржам...Решив да му се скарам, тој постојано ме прогонуваше на ден имав по 200 пропуштени повици и 50 пораки :) Многу ми недостасуваше,ни самата не знам колку солзи исплакав , но бев силна и издржав. Почнав да испаѓам, да се дружам и да ги враќам мојте пријатели и почнав да стекнувам нови. Видов колку светот е прекрасен , а него почнував да го мразам од дното на душата...Се извелков од церлата ситуација за многу краток период и сега сум добро. Потоа сретнав човек кој ми покажа дека сум посакувана и дека не е крај на светот . Ова е искуство кое ме направи да бидам многу силна и да гледам на светот со други очи, бидејќи не е се во љубовта која ја имаш во себе. Кога некој направи грешка и вистински се кае -простено му е, ја повтори ли истата грешка втор пат , ќе има и трет пат и уште многу ...
     
    На sweetybarby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски

    Па ова со голема веројатност може да се лекува, барем во денешно време. Добар психијатар чуда може да направи тука. И не би требало да има пречки за нормален живот.
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Издржлива сум,иако многу емоционална така да тој ден по раскинувањето сум депресивна но НИКАКО не седам дома или сама излегувам или со другарките кои и тоа како знаат да ме расположат,па одиме на кафе..така ми мине депресијата,навечер си размислувам што-како и наредниот ден сум :D :) :clap:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Анксиозен е и денес скоро секој втор или трет човек е таков.Плус фобијата, ете пречка за нормален живот.За да го надмине ова треба време,сила и волја,а и поддршка од блиските.Точно дека нема да приметиш кога некој страда од анксиозност...затоа секој гледа тоа да го потисне за да не излезе на виделина.И да не предизвика страв и одбивност кај другите.Искрен бил ти кажал...не е сигурен во себе и во тебе,дека ќе го надмине ова ,а пак за тебе дека ќе можеш да го прифатиш таков и да се бориш заедно со него.Не е лесно и само времето помага во надминување на оваа состојба иако не целосно.Нападите во секој момент можат да се повторат.Која страдал од ова знае дека не е ни најмалку лесно.Би требало една убава врска и љубов да помогне најмногу за да се ублажи неговата состојба...ама тој како да го пропушта тоа...Ништо, остави сега...Си направила што е во твоја можност,ако навистина му значиш и има желба да биде со тебе тогаш сам ќе те побара.Ако се случи ова,а верувам дека ќе се случи...ќе му кажеш дека си спремна заедно со него да се борите за да ја надмине анксиозноста и да почне еден нормален живот исполнет со љубов и позитивна енергија. :) Останува на тебе...
     
  15. 54321

    54321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    401
    Благодарам за одговорите.
    Аnnath мислам дека не емногу едноставно иако и јас верувам дека со помош од психијатар може да има резултати.
    julie77 - изгледа како да имаш познавања од проблемот. Свесна сум дека нападите најчесто се повторуваат, но читајќи низ форуми мислам дека кога личноста се бори со поддршка може да постигни резултати, но точно е дека никогаш не можиш да бидеш сигурен како се ке се развива и тој страв е присутен кај него, а искрено и кај мене, но како јас повеќе да верувам во него од тој самиот во себе. за жал сега не можам сето тоа да му го кажам.Се надевам дека ќе има можност да разговараме.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Јас имав долга врска (што пред некој месец дефинитивно заврши) се на се повеке од 3 и пол години
    момчето со кое бев имаше навистина сериозен порок-алкохолот, и неговите најблиски(сејство соседи, роднини, пријатели) го гледаа тоа и се правеа на будали
    што ти не имам преживеано од него од штипење до секс во пијана состојба-изгледаше повеке на силување, до тепање, и болна љубомора
    карање смирување, молење , плачење раскинување беа нормална појава додека бевме заедно како и навреди и понижување до бескрај
    кога мајка ми дозна за тоа ми забрани да се гледам со него, а јас веке немав сила да се борам со сите за да продолжиме да бидеме заедно, оти секој пат истото, па истото, и мене веке ми се смачи, и решив конечно да пресечам.После таа врска следеше уште 1на, ама таа заврши помирно, а по неа е оваа во која што сум сега, нема зависност од алкохол туку има други проблеми, од кои знам дека на мој начин да се извлечам без да бидам толку многу повредена, но што е најважно мислам со разумот не со срцето, значи има подобрување, и сватив дека љубовта не е единственото нешто во животот кое може да те направи срекна.
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ufff...Ne e lesno, definitivno ne e lesno da se prifati razdelbata, posebno ako pominalo dolgo vreme, vo mojot slucaj skoro 7 god. Prvo ne bev svesna, naviki, negovoto sekojdnevno prisustvo vo mojot zivot ke go nema, potoa me fati bes i gnev zaradi pricinata, sega mi naletuvaat sekakvi varijacii na cuvstva ama gledam da gi izziveam do kraj :) , ako mi se place - placam i sl. ne gi potisnuvam emociite, im davam zamav naprotiv ;) . Znam deka eden den se ke e samo spomen, dotogas ke gledam da mu se raduvam na zivotot preku malite nesta, nepovrzani so ljubovta od partnerot...
    [mod-kirilica:1jctgknh][/mod-kirilica:1jctgknh]
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Мислам дека после тешка разделба секој мора да помине одреден период во самотија и блага депресија. Од јачината на личноста зависи колку време ќе трае тој период.
    И секако после дождот иде сонце, доаѓа и светол период кога сеуште живеете во спомените и со надеж да се смирите со бившиот, но контактирате со луѓе и запознавате нови фаци.
    И тука од некаде ќе се појави нова добра прилика за нешто ново, или пак ќе уживате во лудите сингл ноќи со другарките.
    Кај мене вака функционираат работите :)
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Разделба, што потоаа?
    Кога имав 17 год. ја доживеав мојата средношколска-студентска љубов, траеше три години, заљубена до небо, летав во облаци. Но, заврши. Тешко ми беше и тоа многу, мислев дека светот пропаднал, што ќе правам без него, каде и да излезев го барав него. Со оглед на тоа дека студирав решив да се сконцентрирам на учењето и да го завршам факултетот.Сепак често излегував, имав една откачена другарка, луди бевме...знаевме да излеземе во диско, кафич а да завршиме во кафана и тоа без денар ...Што се однесува до дечковци не сретнав некој да ме трогне за да бидам со него, а искрено не ни барав, флертувавме, се забавувавме...не частеа пијачки и ние нив...доволна ми беше љубовта од пријателите и семејството.
    Но, дури после 3 год. го запознав мојот сегашен сопруг, кој тотално ми го смени мислењето за целиот машки род..мислев дека такви дечки не постојат..дека сите се идиоти, глупави, сељаци и дека само сакаат да те легнат. Значи сосема неочекувано се појави мојот принц на бел коњ. Се уште е прекрасен и знам дека вистински и искрено ме сака.
    Сакам да кажам дека за секое грнче постои капаче, кога тогаш ќе се случи ВИСТИНСКАТА љубов.
    Не за џабе се вика младост-лудост, уживајте во младоста, забавувајте се, зошто за една секунда животот летнал. Обидете се да имате убава младост, исполнета убави со спомени, смешки и забава,а не со плачење и кубење коси.Младоста не се враќа, не се потресувајте за некој си дечко, секогаш има подобар.
     
    На DELFIN-15, Mermaid, vesni4kaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    21
    Навистина овој совет влева сила кај мене, а верувам и кај многу останати феминки :)
    Инаку мене пред две години ми се случи крај со една личност без која мислев дека неможам да си го замислам животот, но ете сега гледам дека можело без него. Потоа со текот на времето, заборавајќи го него, се заљубив во личноста која пред тоа беше спремна да направи се за мене, а јас не го приметував тоа.. Сега со него ми се оладени односите, и некако во мене е најтешкото чувство.. она кога си ја пропуштил својата шанса...Од ден на ден се повеќе мислам на него, а од друга страна го чувствувам спротивното, како од ден на ден тој повеќе да заборава на мене.. И знам дека имам 17 ( иако името ми е малечка 16, старо е хаха ) сепак на моменти се чувствувам како да само тој е за мене и нема да најдам подобар... излегувам, пробувам сега со друг нешто, ама не е тоа тоа...
    Но се трудам многу да не мислам на него и кога ќе си легнам се трудам да мислам на непто друго, да бидам среќна со овој, а за жал секој ден ми се навраќа се, бидејќи тој сеуште ми пишува, зборува за мојот дечко со другите, колку и да се оддалечувам јас, тој ми се враќа... :(