Потполно се согласувам јас никогас не сум се врзувала емотивно до тој степен да немозам да продолзам напред,едноставно се помирувам и иако страдам теско ми е нормално но си најдам некоја светла точка,јас сум мозеби и единствениот случај сто првиот дечко со кој имав односи го оставив после една година и ич око не ми трепна а нему му требаа три години да ме преболи некако како сменети да ни беа улогите ем тој постар зрел а ја брливо дете,па мене никој не ме учел дека морам да умрам со тој сто ке ми биде прв дури тој ептен забега чинес тој е тој со скинат химен не јас,после него ми следувасе најдолгата врска и таа трагично заврси повторно избегав ама од оправдани според мене причини.Денес помислувам одвреме на време но не пагам во депресии напротив се смеам на убавите моменти и од една страна си помислувам : па стом страдат и немозат брзо да ме преболат значи оставам траг-вредам,епа според мене не биле вистинските за кои вреде да се борам
ххх како ли? јас многу тешко едноставно незнам ете посебен беше и тој беше тој ! но со тек на времето .. знаете... се онака ко во магла... нов дечко до тебе.. некој што знае да те цени и почитува.. не дека сеуште не ми е мил... но.... ете... тој беше и помина... сега е овој и останува !
Кај мене пак тоа клин со клин се избива не важи. Имав еден дечко сред пубертет и откако раскинав со него имав неколку кратки врски/мувања... и трите завршија неславно поради овој бившиот. Единствено времето ми помогна да заборавам. Времето и + секојдневното повторување на работи кои не ми се допаѓале кај него.
Веќе втор ден се опоравувам... Како? Прекинав секаков контакт, и да сакам неможам од никаде да видам што прави... ако можам од некаде ќе ѕиркам... ќе ме копка. Не се депримирам и баш заради тоа брзо оди кај мене. Искрено навикнав на неговите вакви периоди на ставање крај па повторно смирување, се уморив од тоа да го чекам за пак да ме побара... секогаш завршуваше исто. Ова е последен пат, дефинитивно се стави крај. Го затварам тоа поглавје од мојот живот. 3ипол години не се малку, но со волја и труд се ќе биде ок. Свесна сум само дека времето може да помогне, ништо друго. Гледам да си олеснам самата на себе, да заборавам на таа навика и рутина што ја имав со него. Не мислам на него, вложувам во себе. Спорт, разубавување, шопинг, неизбежното ФРИЗУРА О да, проводи со другарките. Абе женско си е женско, минич и штикла, погледи вперени во мене во дискотека, билдање самодоверба, коктелче .... тој... кој беше тој? Можам само да му се заблагодарам затоа што од него научив многу, а и меѓудругото никогаш да не дозволам некој друг да се однесува спрема мене ко тој што се однесуваше
Знаев дека наскоро треба да се разделиме но сакав да направам нешто како тест за да бидам сигурна дека нема да ми недостига. Многу сум сентиментална и ако ми недостиганекој ќе го превртам светот за да стигнам до него . Една недела пред да се скараме занимав на едно место надвор од градот и една недела не му се јавив , му пишував по некоја порака и се правдав дека на местото нема мрежа . Искрено , и тие пораките што му ги напишав ме мрзеше да му ги пишувам што значи дека воопшто не ми недостасуваше. Кога се вратив му кажав како е и што е работата , јасно беше како ден .
Се е навика. Се навикнуваш да бидеш со него... Се навикнуваш и без него. Велат времето лечи се, но јас мислам дека не е така, дека луѓето се менат
Оставам на времето, па што ке биде нека биде не се оптеретувам многу, најубаво е она само по себе што си оди
Уфффффф, кога ми заврши последната врска се осеќав како да ми се срушил светот, сите сништа ми пукнаа како меури од сапуница. Лошо беше, драги мои феминки, многу лошо... Плачев една ноќ, две ноќи, три ноќи...Изгледав илјадници романтични филмови, се отепав од слушање депресивна музика, изедов тони чоколада, постојано се анализирав и преиспитував, ја барав кривицата кај себе, па кај него, па кај сосема трети луѓе... осеќав болка, па тага, па бес...Но веќе по една недела, решив дека тоа мора да престане, гордо ја кренав главата и продолжив како тој никогаш и да не постоел во мојот живот. Се дружев со луѓе, се забавував, се смеев... само јас си знаев како ми е одвнатре, но морав да бидам силна пред другите. Секое утро ставав насмевка на лицето и излегував од дома... Со текот на времето таа насмевка стана вистинска... Денес сум среќно вљубена во друг, а од бившиот ми останаа само убави спомени (никад не сум била злопамтило).
alohohol,droga,unistuvanje na drugi maski,skitanje.Ednostavno mene bivsiot me uporopasi ama ke mu vratam jas nego ne go ostavam taka samo precka mie sto e vo drug grad i treba da pocekam da odam na fax uste ovaa god pa imam dobar plan za nego Bidete jaki devojki ne se nadevajte premnogu na nikoj taka nema da doziveete razocaruvanje.Ednostavno bidete spremni na se taka nema da vi se srusi svetot vrz glava
Ми дојде паметчето дека моите сакани не смеат да ме гледаат нервозна ни да им викам на нив ... Се освестив , ја извадив најубавата насмевка од дланка , ја закачив под носот . Многу е тешко знам , но морав . За мене !
Си наоѓаш дупло повеќе обврски од тоа што си ги имал или си сакал да ги имаш а не си можел затоа што не си сакал или си немал време. А после дожд секогаш доаѓа сонце, кога тогаш.
јас бев во врска 5 но ете решив да ставам крај засекогаш. за да го преболам секогаш пред мене ги ставав лосите слики од него и секој ден тие слики ме одалечуваа од него за на крај да сватам дека конечно е време и јас да бидам малце срекна... со него секој ден бесе пекол карајне за ситница и мн други раб и на секое трпение има крај па ете дојде и на моето и го сутнав. ЗА АВТОБУС И ДЕЧКО НЕ СЕ ПЛАЧИ...... СЕКОГАШ ИМА СЛЕДЕН ХАХАХХХАХХА
После раскинувањето со дечко ми во кој бев во врска околу половина година, мислев дека ќе паднам во депресија. Мислам дека дури и ослабев неколку килограми Кога решив да ставам крај на врската и тоа поради една бизарна причина (дека од септември заминува во Скопје на факс и неможам да му верувам дека ќе ми биде верен), не знаев дека после тоа толку ќе ми фали. Првите неколку месеци се каев, но сега сфатив кој кретен бил и пресреќна сум што ставив крај на ова пред да ме направи будала Сеуште ми доаѓаат понекогаш на памет некои сеќавања со него, но не е ништо во споредба со првите 2-3 месеци после раскинувањето. Сега сфаќам дека сум заљубена во друг тип и тоа ми помогна да го преболам
Мислев дека нема толку лесно да го преболам. Сепак имаше моменти кои се паметат, и една ипол годишна врска. На почетокот секако дека ми беше тешко. Одеднаш престанаа навиките кои ми беа како рутина секој ден. Но си реков вреди ли да се нервирам за некој кој не ме заслужува повеќе. Вреди ли да се оптеретувам со нервози и по раскинувањето. Дека ги имав и во врската де. И така почна дружењето со другарки, алкохолот стапи на сцена, престав да слушам музика која ме депримира, се што имав негово исчистив, ми звонеше но прекинав контакт со него. И така. Дури и на почетокот по раскинувањето не помислував на него толку често. Бев преокупирана со ствари побитни од него. А мислев дека нема да биде ништо така, како што на крај испадна. И по месец дена го видов. Можам слободно да му кажам дечко заврши ти кај мене. Штикла на нога, црвен кармин на уста, минич и ајт во диско на добра музика и мартини
На мене дечкото ми раскина пред неколку дена :'( ич не ми е добро и мислам дека ќе се опоравам после еден век :'(
Прочитај назад во темата кој што напишал, и пробај да примениш нешто. Верувај нема да ти биде толку тешко. Не е крај света. Имаш целосна поддршка.
Ако животот ти го земе она што го сакаш..ако е твое ке ти се врати а ако не ти се врати животот чува нешто подобро за тебее! Не е крај на свет убаво рече caroline.costa :Штикла на нога, црвен кармин на уста, минич и ајт во диско ако навистина те заслужува ке те побара Ти посакувам се најдобро
Клинот со клин се избива, под хитно си ја јакнам самодовербата со некој екстра јак тип, не мора да е нова врска може и само заводливо фллертување. Првото љубовно разочарување ми беше страшно два дена плачев ај што раскинавме ама и со мојата другарка се фати, во исто друштво излегуваме, кај и да одиме луѓето по нас се вртеа. Не знам каде прочитав глупи едни совети (одамна беше тоа) ама ги применив. Одма после некое време ми се смени сликата за идеалниот дечко. - Напишете листа на работи што не ви се допаѓаат кај него -Напишете проштално писмо (кое нема да го пратите секако) ама напишете ги работите кои во моментот сакате да му ги кажете - Сменете го стајлингот, фризура нова, нов начин на шминкање, сега е совршено време за диета и онака немате апетит заради ситуацијата -Купете си нова облека или нешто ново што одекогаш сте сакале -Насмевката на лицето е задолжителна, мора да покажете дека сте хепи-сингл -Направете ги работите што не сте можеле да ги направите додека сте биле во врска -Бидете успешни на друго поле (најголемото достигнување сум го имала после раскинувањето) -Нацртете го на слика и скинете го притоа пцуејки го -Сетете се на моментите кога се испонашал како сељак, ма моментите кога сте се усрамиле од неговото однесување, на неговото незнаење и слабо образование -И секаде раскажете како ве заебал, како сте вие поштена девојка, колку сте го сакале (не секогаш е пожелно ова ама мене ми помогна) -Време е за флерт, флертување на сите страни, ненападно заведување на сите убави и слободни дечки , запознавање убаво со нив (и на нив да се испоалите обавезно за бившиот шо ве зае*ал) и по некое време ете ти нова врска. Досега секој нареден што сум го имала бил подобар од предходниот.