Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ја поминавте првата брачна ноќ?

Дискусија во 'Брак' започната од femina90, 5 април 2011.

  1. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Bevme mnogu umorni, a bashka i prepolna kujka so gosti, duri i na prespivanje, taka da :$ vadevme snoli od kosa i broevme pari, pa gusnati si razmenuvavme impresii i zaspavme so vpecatoci od svadba :)
     
  2. gavolica4

    gavolica4 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    22
    znaci jas go smetam prva bracna nok koga otidov kaj nego doma,jas imav dobieno i me cekase 6dena seto toa da se iscisti pa togas da legneme kako luge :rofl: :rofl: :rofl: ,a za toa na svadbata bev 8mesec bremena i samo legnavme da spieme ni pari broevme ni nisto
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    интересно бесе :D :D наедна оЧи во ОЧи си се гледаме и гледаме и он вика лелеееее ма конеЧно те земав :o па после тоа се смеевме и смеевме па така и малце дремнавме ;) :D :D :D
     
    На Dust, SV1911 и AloneM им се допаѓа ова.
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    најчесто изговараниот збор таа вечер беше - ова е прв и последен пат :lol: бев нај нај нај изморената личност во светот со плускавици по стапалата, и раце нозе стомак грб абе се се ме болеше, оти 72 часа играевме, пеевме, се веселевме, (како ивкова слава 3 дена) и на крајот кога легнав дури плачев (навистина плачев) оти се ме болеше и едвај заспав во 10часот сабајле оти претоа не можев се ме болеше, а што беше нај трагично неможев да се напијам ни едно апче против болка оти бев трудна :x :D и уште со мм се зезаме тоа беше прв и последен пат.
     
    На P.SIloveyou му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MAYAG

    MAYAG Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    62
    Првата брачна ноќ отваравме поклони и броевме пари, после како сум легнала сум спиела ко слон |-) , додека мм имаше страшна забоболка а беше недела навечер, и немавме апче никакво, и мм ја помина под чешма цела ноќ. :rock:
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.896
    Иако бев изморена многу првата брачна ноќ, ја поминавме во броење пари, оти поклони многу малку имавме, се знае после тоа секс и он како топ легна да спие околу 4 и пол, а јас од возбуда нели млада невеста сум останав будна уште саат, два па заспав.Во 10 саатот сабајле се ококорив и прво на јадење ми текна оти цела вечер од играње порциите недопрени беа имав само време да испијам 2 чаши сок во цела вечер.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Ние броевме пари и потоа заспавме. Јас бев преморена, бидејќи бев бремена.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Уморно :D Со денови пред свадбата бевме под стрес, па како ќе биде, па што ќе биде, живи ненаспани, едвај чекавме да дојдеме дома и да одмориме :rofl: Се разбира, сексот беше неизбежен а наредниот ден пола во спиење ни помина :)
     
    На P.SIloveyou му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Бевме преморени, претепани....едвај чекавме до кревет да се докопаме. Како заклани спиевме. Ни пари броевме...ниту секс...ништо.
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    За прва брачна ноќ ќе ја сметам оваа што помина.
    Ме побараа, татко ми ме даде и еве ме денеска кај него. :wasntme:
    Вчера бев под ОГРОМЕН стрес, многу бев растрчана наваму - натаму со гости, вечери, кафиња, благо и сл. а да не зборам колку бев збунета, леле мори мајко. :wasntme:
    Кога конечно си легнавме бев мртва уморна, а сон не ме фаќаше, како заспав не знам.
    Си се гушнавме со мажето мое, се смеевме, се галкавме и си заспавме!
    Во 7 саат, без аларм очите ококорени! :rofl: Не сум дома, морам да оставам добар впечаток!
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.407
    Допаѓања:
    33.804
    Пол:
    Женски
    Прва брачна ноќ.... Мене ми беше поромантична ноќта кога се свршивме... ММ ми направил најпрекрасно изненадување, со тоа што направил срце на нашиот кревет од ружи, патека и свеќи... Може не е ништо ново, но според тоа дека имам најантиромантичен сопруг, за мене тоа беше гром од ведро небо...Потоа се знае што следуваше, дооолга ноќ(т.е. веќе беше утро кога си легнавме) исполнета со мноооогу емоции.
    А онаа законската брачна ноќ, за разлика од некои од вас, ние имавме време и парите да ги изброиме и да се милуваме и да спиеме.
    Кога се сака се може :)
     
    На Spidy и nene88 им се допаѓа ова.
  12. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    имавме гратис соба од хотелот ние, и таму ја поминавме првата брачна ноќ, туширајќи се и броејќи пари, може и нешто повеќе ќе имаше, ама тетката во црвено дојде на гости :$
     
  13. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Баш како што треба :lol: без броење пари и вадење шноли :D Едвај чекавме да стигнеме дома и да се фрлиме еден на друг. Шнолите ги вадевме после, а парите ги броевме дури утредента :inlove:
     
    На Macorot vo Cizmi, P.SIloveyou, Slad0k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Бидејќи бев бремена 3 месец броевме пари и запишувавме кој како донел бидејќи правиме куќа тоа сега ние потребно.
     
  15. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Бидејќи од хотелот имавме соба, си останавме на спиење.Си се гушнавме и се изнаспавме.Утрото си нарачавме кафе и доручек во соба и си поминавме супер.Одморени си заминавме дома.Поклоните ги отворивме дури вечерта, и не запишувавме кој колку донел.Свадбата ја правевме бидејќи се сакаме и друго не ми беше важно.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Јас бев толку многу уморна бидејќи патувавме од друг град во Скопје, играње и скокање цела вечер, толку не сум играла и не сум се радувала никогаш, не знаев како се викам кога дојдов дома, си легнавме и мм почна да брои да се зафркава да ме гушка (уште го држеше енергија), само ја потпрев главата на перница и заспав :)
     
  17. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    првата брачна ноќ бевме толку уморни што едвај чекавме да дојдеме до спална и да спиеме, се истуширавме заедно и си легнавме, се гушнавме и сме заспале одма автоматски :) добро е и што издржавме цела ден велес-скопје, црква па матично па ресторант свадбата траеше од 10ч сабајле до 1:30 после полноќ што не помислувавме на никакви романтики само на спиење, ама затоа пак утревечерта надокнадивме :D
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Имавме гости после свадбата, ама не се задржаа многу. Се согласивме дека свечената прва вечер во брак ќе ја одложиме заради истоштеност. Се истуширавме, и поголем дел од времето го поминав во кубење надградби и вадење шноли од косата. Мртви уморни си легнавме и заспавме. Имавме секс тек недела дена после тоа, и џаба сите планови и замисли, кога сепак имав секс со бабски гаќи и подраснати влакна на нозете :| Криво ми е, ама неможев да го одбијам, во моментот.

    После толку долг ден играње и трчање наваму натаму, целата возбуда ретко кој има воља да води љубов вечерта. Не ги разбирам паровите кои ја поминале првата брачна вечер во броење пари.
     
  19. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Мојата прва брачна нок никогаш нема да ја заборавам,имав температура и ме тресеше грозница цел ден ми беше лошо.
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    сите да се вака :) браво храбар,упорен, абе љубов си е љубов кој што сака да каже....има случаеви каде мајкарите ќе остават и женска и дете и се... Браво за вас :clap: :angel:
     
    На Golden Rose му/ѝ се допаѓа ова.