Се прибравме доцна, седнавме на тераса да одмориме малку. Тој кафе, јас чашка ракија. Се избањавме и во 4 часот седнавме да каснеме по некоја заостаната, млитава кифличка, затоа што јас бев на една похована зденка и половина коњак цел ден. Правец кревет беше следното, сексот го оставивме за целиот нареден ден.
Се вративме дома со неколку блиски луѓе, прокоментиравме шо беше како беше и си легнавме. Немавме сила за романтики
Дојдовме со гости дома,пиевме кафе во 4 сабајле. Кога се разаминаа в соба се повлековме прво броевме пари па после си се гушкавме.И утредента бевме кома.
Денот на свадбата беше Бела ноќ, па после ресторан, бевме во диско во парк. Да, да јас таква со се фустан се бапнав во диско па и сепаре ни дадоа Џускавме до кај 5ч дома прво мм се изнамачи да ме откопча, пошто фустанот ми беше со 20тина копчиња, па вадевме шноли, се испобањавме и легнавме мокри во главите, ушите ни зуеја, нозете ни беа отечени и бевме прегладнети но во рок од 5мин бевме кома толку од тој ден
@emkaemka И кај нас денот на свадбата беше Бела ноќ но ние не продлживме нигде,немавме сила. Само што заврши свадбата одма сисе качивме во соба со кумовите се посмеавме еден саат и си отидоа,ние се истуширавме и после броевме пари и многу се смеевме на честитките оставени во пликоата.Си поспавме до кај 10 се симнавме на доручек и дојдоа кумовите да не земат
Ја внесов жена ми преку праг во раце ја легнав на спална, пиевме кафица, се пресоблековме и се навртевме на броење парички. А кога завршивме со тоа една партија мал фудбал
Како и секоја друга вечер. Скапани-уморни од кафана, се прибравме дома, право под туш и во пижами. ,,Она,, се деси тек утрото после будење
Сте се наредиле на темава па и јас покусо да не останам. Од свадба со се фустан у онаа кафаната у парк, Опатија ќе да беше. Таму бетер свадбарска атмосвера а ние 30тина души. Дур не не избркаа таму бевме, најупорните отидоа во Балет после ама јас и маж ми фативме патот за дома. Нит пари а за фудбал не се сеќавам...
Прво испивме по едно кафе додека одмараме нозе од играње. Се истуширавме, лапнавме по нешто од нога и броевме пари. Ги одбравме најубавите честитки да стојат за успомен. Малку се погушкавме додека размениме импресии и потоа кома.
Мене мм од најдоле до најгоре на раце ме носеше , хаха па пиевме по едно кафенце , се пресоблековме , и се фрливме на кревет . Броењето пари и поклони остана за другиот ден , бидејки бевме преуморни и со преголема желба за една партија фудбалче
Со кафе пиење. И двајцата сме зависници од кафе па така едвај чекавме да стигнеме дома и да си ја земеме дневната доза Ваљда пошто знаевме дека нема шанси за ,,фудбал,, ради присуство на ,,редовни непожелни гости,, едино што ни остануваше е да си уживаме во ова задоволство.
i mojata prva brcana nok bese poim za romantika...odvitkuvanje pokloni i broenje pari...za seks se nemase sila
Интереснa темa Нa 21 Јули 2011 вечертa oд веселбaтa се врaтивме дoмa се пикнaв сo сестрaми и деугaркa пoд туш се туширaвме трите зaеднo , a мм oд среќa штo се нaчукa тaкa пијaн се oбесил нa врaтa пред wc и викa -"Мoже ли и јaс дa се бaњaм сo вaс " пa кoгa искoчив јaс сo мислa декa ќе биде веселo и интереснo , a oн пoлу легнaт нa кревет крчи ли крчи хaхaх му рекoв дa стaне бaрем дa се пресoблече a тoј не знaе кaј се нaoѓa пa финo еден врел шaмaр дoби и зaспa пoубaвo aмa пa утре денoт нaдoхнaдивме зa прoпуштенaтa нoќ
После ресторанот имавме афтер парти кај нас, дојдоа другари, кумови. Надвор во двор беа, трештеше музика цела ноќ. Сите беа таму освен јас. Поседов со нив 10 мин, и влегов да си го соблечам фустанот. Арно ама од толку што бев уморна, сум легнала и заспала. Ништо не осетив, ни кога си отишле, ни кога мм легнал до мене, тотално ништо, а надвор журката се одвиваше пред прозорецот дека спиев. Пари наредниот ден броевме.