Ние не сакавме подароци може затоа легнавме одма да имаше може ќе отворавме. Љубопитна сум. Еден другар рече дека вадел шноли цела ноќ.
Не бе блесаво дете од косата на жена му Се умориле раце ги болело и она не успеала фустан да соблече оти бил од врат до газ копче до копче. И другаров рекол кој те облече нека те соблече страшно е ова. Кршшш. А крупна онака тесен фустан вика пола ноќ не дишела
Еее искрено ние вадевме шнолифризерката се заборавила од ставање шноли .Јас почнав ,маж ми доврши и се утепавме од смеење броејки ги 68 имаше.Коса до половина едвај ја отплеткав
Преспавме во мотелот кај што правевме свадба, наводно брачниот апартман ни го дале, сите соби реновирани само тој не! Влага на сите страни имаше, дотраен мебел, издупчена гарнитура и никаков душек за спиење.. Топла вода мисловна именка, згора на тоа немаше никакво греење, а сред зима правевме свадба.. Што е најтрагично, од брзање сме земале еден пар долни пижами, еден пар шорцеви, и една маичка на куси ракави.. Спиев со бундичето што ми беше за врз невестинскиот фустан од пуст студ.. Нит до поклони ми беше дојдено, ни до пари броење, мада си прибравме се' со нас, пошто уште на свадбата свекрва ми коментирала дека кофчежето со пликоа треба да седи пред нејзе, пошто "некој" (татко ми) можело слободно да се послужи.. Будала жена.. Како и да е, лепота од искуство , барем ќе има што да се раскажува..
Брачна ноќ немавме, бевме излезени до сабајле Кога се прибравме не броевме пари, ниту пак заспавме одма
Кога си дојдовме полна куќа луѓе од страна, вујна му на мм ми се пикна во вц, се тушираше, маживе цвеќиња носеа, малце поклони имавме. Никој не помисли дали сакам ја да се соблечам, немочана цел ден. После само ѕирнав поклони и пари, мм беше он утепан замислете, а јас можев уште еднаш се од почеток. Абе цела вечер скокав таму, станата од 6 он ем у 10 станал, ем не игра, па и уморен бил. Си легнав и јас шо да праам. Следната. Вечер пак имавме гости на спиење, никој усул за младите...па отидовме на меден месец ....раат 7 дена е таму имав 3 та брачна ноќ.
Прва Брачна ноќ е една и треба да се памети цел живот Првата брачна ноќ беше онака како што ја замислував, партнерката ми беше невина Како повеќето брачни другари, за првата брачна нормално после веселбата , одиш во спалната соба, ги отвараш пликоата со поклони, правиш есап колку што како, и после тоа малку каснуваш нешто, сокче ова она малку муабет и нормално на крај сексот доаѓа како јагода на шлагот на тортата, сех, милувања се разбира легнуваш заспиваш гушнат со саканата... Не ја личи прва брачна ноќ без секс, барем јас така мислам, тоа му иде како грав без запршка , а како што читам погоре многу први брачни ноќи поминале без она како викаше една форумџика играње фудбал
Хахах интересна тема ..Ние праевме се заедно венчавка,крштевка за малото и прв роденден,веселбата си беше од весела повесела,ко си дојдовме дома прекапани мажето мое ми рече вие со малиов спијте си во детсково,а јас вспална ке си легнам да не ви грчам и си легнавме кој кај најде кревет и си се наспавме
Ние останавме во хотелот, си се истуширавме заедно, гушкање едно друго и заспавме. Па шо ќе правевме кога и парите и поклоните ни ги зедоа