Мојата прва брачна ноќ беше кога се вративме во нашиот стан(живееме заедно пред бракот и свадбата) прво отвараме поклони броевме пари се истуширав ме и потоа имавме романтична ноќ со убава опуштена музика кревет полн со црвени и жолти ружи и на крај сексуален однос и по сексуалниот однос спиевме голи.
Дојдовме ,јас немав два дена салам јадено па седнав да си јадам (од ресторан ми ја спакувале порцијата виделе не е чепната). За тоа време мм се истушира ,а имаше еден поклон голем запакуван убаво и ме копкаше што е и така тргнав да го отворам ,па мм вика чим почнавме ајде се ќе отвориме ,така сите поклони ги отворивме. После имаше и грепки ги изгребавме. Па јас се туширав и потоа секс ,па спиење 2 саати хахах толку останаа. Сабајлето ме разбудија рано пошто лесен сон имам .
Толку потеков во нозете што едвај стигнав дома. Маж ми сакаше во раце да ме донесе ама сирот кај ќе кренеш трудница со 80 кила. Не ме интересираше ништо само кревет гледав, а тој поднапиен страв му беше да не ме повреди. Толку слатко спиевме, надвор се истури од врнење, па сабајле така никакви си завршивме работа и под туш. Ни дојдоа другарите и нашите на утринско кафе, си ја прераскажувавме забавата (не правевме голема свадба, само најблиските) се изгазивме од смеење, ептен дешавки имаше со кумот. За ручек отидовме сите заедно надвор од Скопје. Ни остана желба да си направиме свадба само со млади на плажа или покрај базен ама короната ни ги смени плановите. Ама првиот ден во брак ми беше многу убав.
Си дојдовме и маж право си легна и заспа. Јас прво косата ја измив, оти не можев да се трпам со пет кила лак на нејзе, па и јас си ленав и си заспав... односно се онесвестив. Преморена бев.
Само ние ли баталивме поклони и си истеравме прва брачна ноќ? Си изнајмивме викендица предходно за таму да одиме после свадба, пликоата ги стрпавме во некој ќош и право на љувов . Следниот ден си организиравме да ни дојдат домашните, другари, кум, девер и сл, па тогаш афрер парти правевме
Кога си дојдовме дома видовме дека во спалната е пренатрупано од подароци, кој каде стигнал таму ги оставал сите в спална,на креветот имаше еден куп ствари а нас ни беше мака да ги растовараме работите и си легнавме во дневна.Троседот тесен,ние стуткани еден до друг се изнагушкавме и си кажавме дека многу се сакаме. Малку муабет и од умор заспавме. Другиот ден ја расчистивме спалната и се фрливме на работа
Ништо.. Немавме соба во хотелот. Во нашата соба дома спиеше баба му на мм, а ние спиевме на гарнитура на спратот. Само се истуширав и легнав. Се надевав на секс, ама немаше. Преморени бевме а и нервозни.
Читавме честитки, броевме пари и почнавме да гребеме грепки. Тоа го правевме до 4 сабајле и паднавме двајцата, пола грепки беа изгребани, продолживме утредента. Јас бев во пмс и не ми беше до љубов и онака