Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе реагирате ако не ја прифаќаат вашата врска?

Дискусија во 'Врски' започната од girl8, 28 февруари 2010.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Ниту еден родител нема да си го избрка чедото од дома само затоа што има дечко, плус и сама кажа колку таткото те чува и пази па нормално дека кога ќе види дека се сакате и те прави среќна ке омекне и ке го прифати. Сега девојкиве од 15 год имаат дечко не на 21. :)
     
    На theowndemon, MilaP, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Мммм, не, не ми е воопшто нормално татко да и забранува на неговата возрасна ќерка да има дечко! Напротив- налудничаво ми е! Ова што го пишуваш нема врска ни со патријахалност ни со конзервативност ни со презаштитничко поставување туку само и единствено има врска со бубачките во главата на татко ти.

    Да има ќерката 13-14 години па да се занесува дека е заљубена ќе го разберев човекот што мрчи ама 21 годишна млада жена? Па на таа возраст колку девојки стануваат сопруги и мајки а таа да не смее ни дечко да фати? Абе ајде... @Barby112, според татко ти на колку години ќе бидеш доволно голема за да имаш дечко? На 25, на 30, на 35? А кога конечно ќе добиеш дозвола, ќе смееш ли сама да си го одбереш момакот или и за тоа твоите ќе го имаат последниот збор? Искрено, кога те читав, се наежив, не ми се верува дека во денешно време има родители на кои им е поважна семејната чест и што ќе кажат комшиите од среќата на нивното родено дете. Срамота и греота, навистина!

    Покажи заби, биди јака, не ја ведни главата, бори се за тоа што го сакаш! Ако ти самата не собереш сила да му покажеш на татко ти дека тој нема повеќе да одлучува место тебе, никој од надвор нема да дојде за да ги бие твоите битки место тебе.
     
    На Economylover998, FVP, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Еее токму така ова се што го напиша е ТОЧНО! Смеам дечко да имам кога ке се осамосталам... ти наjдобро си ме разбрала.
     
    На Nausicaa и elimkd им се допаѓа ова.
  4. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    И да тоа со бубачките во право си и за тоа неможам и јас да разберам и јас незнам во која група да го ставам тоа дека сме патријахално семејство или дека е премногу заштитнички? Неговото мислење е дека треба да си успешен во животот, ок секој родител тоа го сака, да имаш работа и да си самостален ... Незнам зошто толку многу и сурово е да ми го контролира животот дури и на факултет сум запишана тоа што сакаше тој, зошто бев во години кога стварно не знаев што сакам да учам ... ок ајде никогаш не е касно да се предомислиш и тоа кога би го направила лошо е... Имам брат кој е 6 години постар од мене и и никој ништо не му вика што да прави во животот... не сум љубоморна Брат ми е го сакам. Али, дилемата е зошто е таков со мене, незнам дали сум јас единствен ваков случај во 21 век и тоа незнам ... а мислам дека сум реткост во ова време.... и ова што го напиша @Nausicaa Покажи заби, биди јака, не ја ведни главата, бори се за тоа што го сакаш! Ако ти самата не собереш сила да му покажеш на татко ти дека тој нема повеќе да одлучува место тебе, никој од надвор нема да дојде за да ги бие твоите битки место тебе. .... Дефинитивно мора да бите така!!!
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Barby112, ама на колку години ти ќе се осамостоиш? И што е всушност осамостојување, според татко ти? Да се вработиш, да земаш голема плата, да земеш кредит за стан? За мене (финансиско) осамостојување е да можам сама да си ги покријам сите трошоци за живот без да зависам од никого (освен од работодавецот, нели). Да не ти кршам филм ама во Мк такви осамостојувања се ретки (да не речам преретки). Е сега, ако осамостојување за него е да завршиш факс (иако се сомневам дека на тоа мислел), тогаш ете, ајде и ќе издржиш некако уште една година, плус, ова ќе ти биде и дополнителна мотивација за побрзо да дипломираш.

    Во врска со тоа што го пиша зо брат ти, дека него ништо не му било забрането а ти мора да бираш меѓу дечко ти и татко ти, има вообичаено две објаснувања па ти види кое е најблиску до твојата ситуација:

    1. Како помалото дете (нема врска што си девојче), ти ја плаќаш цената за грешките на брат ти. Кога постарото дете ќе тргне по погрешен пат, понекогаш родилитете стануваат параноични, во се гледаат опасност па се поставуваат страшно (пре)заштитнички кон другото дете. Ти знаеш брат ти каков бил како помлад, имале ли твоите некој проблеми со него (лошо друштво, дрога, коцкање итн). Ако е нешто такво во прашање, страв им е да не застраниш и ти и затоа толку ти ја ограничуваат слободата.

    2. Типично затуцано размислување! Машкото е машко, има слобода да прави што сака- да се тркала пијан по улици, да се тепа по кафани, баш супер ако е најголемиот јебо во град (родителите се уште горди што одгледале таков мачо син) додека ќерката има да има поштена и чиста и смерна и понизна, во спротивно го обрукала семејството и не знам што. Тотален двоен аршин.
     
    Последна измена: 6 јуни 2016
    На eloves, kjukli, Barby112 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Незнам.. татко ми е сакам да го сватам зошто така се однесува со мене зошто на некој начин ''Не сака да бидам среќна'' да го бирам она што јас го сакам. Доволно се осеќам возрасна за некои работи и паметна и тој го гледа тоа ама е толку незнам како да објаснам, порано беше многу строг зборам за пред 18 да наполнам тинејџер ако ме погледне некој на улица готово му удира поглед страшен или ќе му каже - Што бе гледаш бе што има за гледање - Ех Брат ми... За брат ми имам да кажам дека многу го сакам и знам дека секогаш сестрите повеќе се поврзани од браќата. Никогаш не бил пијаница, дрогираш,али секогаш се му беше дозволено и му е никој не му може ништо... Порано јас и брат ми бевме многу поврзани секогаш ме бранеше за што и да направам беља ( не е тоа кујзнае колку голема, детска работа) ме заштитуваше, татко ми кога не ме пушташе да останувам до касно кога почнав да излегувам секогаш му се јавуваше на телефон на татко ми да ме остави до кога сакам јас... Е сега кога пораснавме јас имам 21 а брат ми 27 ... Тој стана ист како татко ми... но комент за дечко не ме интерериса ќе ми каже не сакам да ме запознаваш ти треба да учиш... исти мислења, исти одговори, поддршка немам, само ти сестро учи, заврши - дипломирај, па здравје. Ќе си пукнам... Барем брат ми да да излеше поинаков... Ова е само кај нас во моето семејство значи татко ми има и брат и сестра .. кај чичко ми и кај тетка ми ова не е ВАКА! .. Чичко има две ќерки .. двете имаат дечковци.. тетка ми машко и девојче исто така девојчето има дечко.. И јас кога ќе му кажам абе тато гледај сите мои братучетки имаат дечковци зошто јас не смеам по твое? - Е ќе ти скине филм ќе ти рече - Гледај си ти за себе остави другите што прават дипломирај ти па ќе ти дојде времето и за тоа - И ај сега да те видам разбери се... Голем манипулатор е знае како да те пецне во срце, а и јас малечка кога бев многу бев поврзана со татко ми многу го сакав спиев со него, секаде одев со него, секаде ме шеташе, многу многу многу поврзана, а сега ми иде да си пукнам! Незнам ни што чуствувам некогаш... Ми се мешаат чуствата, некогаш ми иде скрос да си заминам и ајде чао. Ама не.. Јас сакам со убаво со човекот.. да е здрав и жив што да кажам друго се надевам ќе се разбереме еден ден ќе види и ќе свати, а ако не биде така мене ќе ме изгуби. Зошто сака да ми стои на среќата за жал.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Barby112, нема да навлегувам во детали, не сум експерт но морам да ти кажам дека ситуацијата која ја опишуваш со татко ти, неговите реакции и ставови, не се баш најнормални... Друга девојка на твое место не само што немаше да му ќути туку ќе лупаше врати и ќе трескаше чаши од зидови но ти си мирна и се потресуваш да не му се случи нешто ако почнеш да се караш па затоа и си зема за слобода да ти забранува работи.

    Како и да е, дома повеќе не збори за дечко ти, преќутувај си но во исто време не дозволувај врската да ти страда. Имаш 21 година, претпоставувам дека веќе и на факулетот му се гледа крајот. Учи, полагај и кога ќе ја имаш дипломата во рака, донеси им го дечко ти дома. Макар татко ти припаднал, како знаеш и умееш, ако треба и со драма ќе им објасниш дека ти твоето си го направила, си завршила факултет и сега ти е време да живееш! Во моментот кога ќе дипломираш досегашниот аргумент дека не може да имаш дечко зошто треба да учиш автоматски му паѓа му вода и ќе нема повеќе причина за да ти ја забранува врската ;) Сем тоа, кога конечно ќе види дека си непоколеблива, верувај, стариот, сакал- нејќел, ќе се помири со тоа дека неговото мало девојче е веќе голема девојка и дека во нејзиниот живот има и друг маж, освен него.
     
    Последна измена: 6 јуни 2016
    На theowndemon и Barby112 им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.517
    Допаѓања:
    166.139
    Пол:
    Женски
    Во поглед на насловот на темата, ова е мојот одговор.
    Во поглед на проблемот на @Barby112 имам да кажам дека ти си возрасна и ти имаш право да постапуваш како што сакаш. Крај краева, едно треба да му е јасно на родителите - ако сакаш ти нешто да направиш и ќе направиш и тие можеби и никогаш да не дознаат. Можеби треба и ти како што рече, малку манипулативно да го фатиш него, од страна, од околу. Кажи му дека ако ти сакаш нешто - ќе направиш и тој нема да знај. Дека ќе ја изгуби контролата врз тебе и дека ти ќе се бориш за твојата среќа. И нагласи дека ја губиш конекцијата со него поради неговите закани.
    Ако пак не попушта терај си ти животот, тешко е да криеш, верувам, ама сигурно нема да прекиниш прекрасна врска зошто татко ми е има некои чудни мислења.
    Биди среќна.
    :hug:
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Барби а зошто мораш да му кажеш на таткоти дека воопшто имаш дечко или дека си се запознала со некого?! Гледаш дека е таков, цврст карактер, строг и премногу осудничко критичен има што за жал не е во ред но ти тука како дете од 20 години не можеш ништо да направиш а поготово да го смениш па колку год сакаш "разбирај се со него". Едноставно помири се со карактерот на татко ти и научи се да не му "уденуваш" се во уши, и да имаш дечко дистанца и сега за сега не мора да знае, па има време ако таа врска опстане ќе го запознаеш, се во свое време.
    Не си ни прва ни последна, знам вакви родители и знам многу добро децата низ се што не преживеале, едноставно тој стрес, страв и младоста ја губиш а тие не се свесни што прават со своето дете и не се свесни дека те повредуваат.
    Затоа можеш и да си поќутуваш, и да имаш имај во тајност сега за сега.. ќе видиш дека ќе се наместат коцките и ќе попушти таткоти, така било секаде па и кај тебе ќе се промени, не се секирај.
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    :l::f:
    Да ти кажам наj искрено @vitamina многу размислував на оваа тема зошто многу ме мачеше ова со ноки немав спиено и одлучив дека тоа би бил наjпаметниот начин да оставам се на времето и полека со господ напред татко ми ке се опамети и прифати еден ден, а jас ке продолжам со тоj што си го сакам и ме поддржува. Сватив дека неможам да го сменам и никогаш тоа нема да се случи и напротив сватив дека jас не го лажам ништо, а кога би ме прашал дали сум повторно со него во очи би му потврдила се, на моjот татко и не чуствувам повеке вина. :sun::) Слободен ми е и умот и срцето и нема ништо поубаво од тоа.
     
    На theowndemon и vitamina им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Зошто вина?
    Не си крива ти што си заљубена и што на 21 година уживаш во љубовта. Па таа младост на тие години со таква љубов е најинтересното и најневообичаеното чуство.
    Ако не сега кога ќе уживаш во младоста и љубовта на тие посебни години?!
    Немаш никаква вина и грешка, не си 12 туку 21 а ако за татко ти врежето застанало на 12 тоа е друг негов психички ненормален проблем.
    Нормално е да си заљубена и да имаш дечко на 21. Полнолетна си и одиш на факултет, верувам продуктивна и трудољубива.
    Едноставно помири се со човекот, и живеј без нервози, остави на времето а татко ти кога тогаш ќе мора да прифати дека ти не си повеќе мало дете.
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    :l::l::l:
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Би му раскинала ако знам дека грешам
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Се додека јас не си кажам дека треба да излезам од некоја врска нема да излезам. Другите можат само да си коментираат од страна
     
    На Feminka22, Dadusicka и Herrera им се допаѓа ова.
  15. Blondie.18

    Blondie.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Пред 1 месец раскинав долгогодишна(4год.) врска, бидејќи се вљубив во друг. Едноставно во претходната врска се беше од навика, немаше страст, немаше хемија, немаше љубов од моја страна. Моите споулавеа.. само бившиот чини никој друг не чини (стварно беше добар, но кога нема веќе љубов џабе е).. имам 22 год. дома седам нигде не ме пуштаат да излезам дури ни со пријателки, буквално со никој!! Разбрале во кого сум затрескана.. и ми викаат ти со него нема да бидиш па што сака нека е.. ќе одам ова ќе му напрам.. ќе одам она ќе му напрам и слични глупости.
    Со овај во кого се заљубив комуницираме 2-3 недели, и тој е заинтересиран, но јас неможам да излезам никако од дома, постојано ме контролираат, ме пратат, не можам да издишам без да знаат, телефон ми тргаат од рака да виделе со кого пишам, ноќе зошто сум седела до доцна, со кој сум пишувала, ... помош како да се спрацам или некој совет
     
  16. Lostinparadise

    Lostinparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Нека не прифаќа никој ако сака. Ако на нас ни е убаво, ми е гајле што ќе рече народот.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    И самата знаеш дека на 22 години никој (па дури ни твоите родители) нема право да ти забранува излегување. Полнолетна си и во можност самата да одлучуваш за себе.

    Прв мој предлог би бил сепак да седнеш и да разговараш смирено со нив. Да им објасниш дека претходната врска веќе не ти будела убави емоции. Едноставно дека чувствата се изгубиле и доколку сакаат да те видат повторно среќна, треба да ти остават слобода да си ја изградиш истата со некој друг.

    Втор предлог, доколку со првиов не успее е да се обидеш да се тргнеш на страна од твоите.
    Не знам дали студираш/работиш или и двете, но ако сакаш да не зависиш од нивните одобрувања или негодувања треба да се осамостоиш.
    Знам дека не е лесно да се помириш со такви родители и жал ми е што минуваш низ тоа, но за да си го зачуваш своето здравје и да не си правиш стресови расправајќи се со нив, најдоброто решение е ова.
     
    На Alisa22, Blondie.18 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Првп кажу му ја ситуацијата на новиот.После изглумиим дека нема ништо веќе...Почни да работиш собери пари и пут под ноге.
     
  19. Blondie.18

    Blondie.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2016
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Знам дека немаат право да ми забранат да излезам.. ама ептен ми имаат фатено што се вика под нозе.. а и јас сум таква ќути-трпи, ќути-трпи....
    Имам добра финансиска состојба доволна за да се тргнам настрана, бидејќи работам 2 и пол години и имам добра заштеда. Им спомнав дека ќе си одам ако продолжат вака... и кога ми се втурија.. викања, закани... нема фа бидеш со тој поради кој што ја расипа врската и точка.. така викаат
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Девојче те молам ако имаш шанса зза среќа зграпчија.Можеби ти се родители но очигледно им се поважни луѓето од тебе.Ти имаш шанса и мораш да ја искористиш.Мораш да се спасиш од нив.Јас не знам зошто воопшто размислуваш...