Штом веќе нештата излегле од контрола, сметам дека само заминувањето ти е опција за да се чувствуваш слободно и среќно. Штом имаш заштеда е супер почеток за осамостојување. А и не мораш да престојуваш сама, можеш да си најдеш цимерка и трошокот да ти биде помал а и друштвото ќе ти биде од помош за да го надминеш тешкиот период. Жал ми е што имаш токму вакви родители, но ништо не е полошо од останување во таква токсична средина. Ти посакувам се' да испадне како што треба и да си ја вратиш среќата која ја заслужуваш.
И така ќе менуваш партнери додека мајка ти не ти одобри некој? Божем она ќе живее и легнува со него..
Нема зошто да ги водам, не ги носам на избор за мистер .. Ако ми одговара партнерот нема зошто да потклекнам и да го оставам само затоа што на мамичка не и се свиѓа. Ако веќе однесам дома некого тоа не е за да ми го критикуваат или фалат изборот
Што мислите, дали е во ред да ми бранат да одам со дечкото, заради тоа што неговиот татко го бие лош глас? Многу се сакаме, тој е прекрасен, на татко ми му спомнав од околу, збореше како не ми одговарал таков тип, крушата под круша паѓала... А дечкото е спротивно од татко му. Грижлив, добар, паметен. Татко ми многу ме нервира заради тие негови предрасуди. Ќе направи се да раскинеме. Не знам што да правам.
Кажи му на татко ти да престане да се меша во твојот живот и во твоите одлуки ако не сака се да заврши лошо.
Не е во ред ама има родители кои се такви. Мислат дека ќе ги заштитат децата од нешто лошо со тоа што ќе ги ограничуваат. На твое место нема да го слушам ама ич. Секој си знае што сака и што е најдобро за него.
Не се нервирај и не реагирај на муабетите од дома. Гледај дечкото да е добар и грижлив кон тебе и врската да ви е добра, убаво да ви е заедничкото поминато време, другото се е неважно.
Татко ми за се мисли дека е во право. Ми вели еден ден ќе видиш ќе прифатам некој. Многу се изнервирав. Го сакам овој. Имам 17 години за некој месец 18. Може сум уште млада, но не може некој што го сакам заради татко ми да се откажам од него. А од друга страна се плашам, што ако не раздели... Тој знаел најдобро за мене.
Ти ќе спиеш со тој што ќе си го одбереш, а не мајка ти. Еден ден нив ќе ги нема, ти ќе треба да живееш со некој што ТЕБЕ ти одговара.
НИКОЈ не знае подобро од тебе што е најдоброто нешто за тебе и не дозволувајте родителите да ви ја полнат главата дека секогаш ви мислат добро и затоа ве советуваат. Мене знам дека ми мислат добро ама секој пат кога ќе сум послушала нивен совет, секој ебан пат ќе се искомплицираше нешто и уште полош резултат излегуваше на крај. Слушајте совети, не одете со глава во ѕид ама крајната одлука е ваша и ничија друга. А конкретно за темава мој став, искрено ниеден од дечковците не ги одобрувале. Не дека многу сум ги носела дома, туку од тоа што сум раскажувала, секогаш наоѓале маана некоја. Сепак сум едно дете па и женско, па на принцезата никој не и рамен нели, мора да се бара принцот Порано ме погодуваше тоа искрено зашто сепак родители се - ми значи нивното мислење и кога ќе ми кажеле нешто негативно, сум се подзамислувала дека можеби се во право. Покасно сфатив дека ќе наоѓаат маани на секој иден и престанав да се замарам. Убаво кажа членката погоре - утре нив ќе ги нема, важно е да си одбереме партнер што нас ни одговара зашто утре тој ќе биде до нас, тие нема да бидат тука засекогаш.
Моите се против и многу ми падна тешко кога дознав, ама ќе си останам на своето и има да се навикнат. Сигурно нема да си растурам врска само затоа што нив не им се свиѓале некои работи коишто не зависат од него или пак коишто можат многу лесно да се променат. Иако денес ми рекоа да бирам, или него или нив и им реков дека нема да изберам никого, се надевам дека ќе се вразумат и нема да ми го постават ова како ултиматум, затоа што на крај краева најверојатно би ја избрала љубовта.
После половина година од моето мислење тука, се реализираше она на моите: "Или ќе го оставиш (и ќе абортираш) или веќе не постоиш за нас". Си ги собрав парталите и чао пријатно.
треба да се разгледа и туѓо мислење секако но да се мисли со своја глава и само памет во глава и премислување да нема после каење или ти реков она што го кажуваат родителите најчесто демек се тие знаат а не е така ,секој човек е приказна за себе посебна индивидуа и треба да се перцепира како таква.
Ќе го игнорирам туѓото мислење. Мислам дека уште повеќе би ме фатило ,,инает'' за врската да успее. Врската е помеѓу две личности, а не помеѓу две личности плус родители, пријатели, роднини, комшии...
Ќе ве замолам за совет. Татко ми како што очекував, откако дозна дека имам дечко ми рече, или ќе го оставиш или јас ќе направам да го оставиш. Се караме три дена, јас си стојам на својот став дека немам намера да се откажам од дечкото, но и тој не попушта. А причината е тоа што дечкото не запишал факултет, не одговарал за мене. А тој е мноогу добар со мене, ме сака, го сакам, не можам да прифатам да го оставам само затоа што татко ми така сака. Не знам како да постапам понатаму. Три дена само плачам, немам сила веќе.
Работи ли дечкото? Има ли амбиции да напредува во животот? Или чека џепарац од мама и тато за да излезе со девојката и со друштвото? Заемна љубов е многу важно да има, да, ама размисли малку дека само од љубов не се живее.