Да, работи. Имаат сопствен бизнис и во тој поглед е самостоен. Единствен проблем е тоа што не сака да се запише на факултет. Но мислам дека тоа е право на сопствен избор.
Факултетот не го прави човекот човек, така да ако вистински го сакаш му веруваш и тоа се има докажано и од негова страна тогаш немој да се откажиш од него. Некој одлуки се само твои во животот. Врска се раскинува ако тој не е човек спрема тебе а не ако нема факултет.
Тоа е негово право, замисли како би се чувствувал ако дознае дека разговарате за тоа. Не споредувајте образование со човечност. Плус, денес како се купуваат дипломи, ехее. Факултетот не е репер на тоа колку си прекрасен човек. Сепак, ти си знаеш каков човек е тој. Како и да е, коментарот на твоите е недоличен според мене.
Од страна на татко ми имам многу уцени, вака ќе било, така ќе било, тоа ќе се случело. А не го ни знае дечкото, за да суди. А всушност, тој само за забрани знае да дава и да ме мслтретира, додека јас сум со мајка ми и таа ме чува.
Штом така, не го слушај татко ти. Бори се за љубовта. Една диплома нема да смени ништо. И ќе речам подобро да нема, отколку да му биде купена, штом не му се учи. Од ова сфатив дека твоите се разведени. Ако те малтретира, не се гледај со него. И ништо не споделувај со него. Полнолетна си, штом студираш, па така имаш право да не го гледаш татко ти, никој не може да те присили.
Постојано ми се јавува и ме прашува што одлучив, јас му реков не се откажувам, но тој е упорен. А немам намера да се откажам од некој што го сакам и ме сака. Башка татко ми го гледам двспати во месецот, а тој мисли дека многу работи има направено за мене, а не е баш така.
Кажи му дека не се гледате или игнор двете работи ќе упалат.Ако ти е родител не значи дека треба да ти одредува правила за живот.Оправдано е само ако дечкото не е добар кон тебе ,не те сака или изневерува .
Кога пак ќе ти се јави и праша ова кажи му да си го гледа неговиот живот и во твојот да не се меша ако сака да останете во контакт, во спротивно дека ќе прекинеш контакт со него.
Секој има мислење, и ако сакаш можиш само да разгледаш околу тоа мислење. Крај краева ти го знаеш дечко ти најдобро и не е се во факултет вс не факултет иако то ако е сега проблем за татко ти - најверојатно ќе остани проблем за татко ти и треба да му кажиш на дечко ти за да биди спремен на било каква критика од негова страна кога би се запознале или ако вашата врска зголеми степен. Следно, живееш засебно? Кажи му дека нема да одговараш на повиците негови ако упорно прашва за дечко ти. И спушти штом праша. Граници мора да се постават, а ете не можеше со "добро".
Девојки еве ме и мене... моите родители јасно ми имаат ставено до знаење дека не ја одобруваат врската со дечко ми поради тоа што е разведен. Еден период се разделивме и сега сме пак заедно и планираме да живееме заедно. Проблем е што јас им немам кажано дека сум со него, ми имаа и јасно кажано доколку сум со него ќе ме исфрлат од дома. Но мене проблем ми е да се соочам со моите родители и не знам на кој начин да им соопштам дека сме заедно... Ве молам за помош
колку години имаш ти?и каков е човекот до тебе ,прво гледај со него како ти оди па ако дојде до по озбилно кажи на твоите за вас
Иронијата е што сум возрасна за донесување на сопствени одлуки без да се правдам било комунза истите, но сепак се чувствувам како врзана со папочна врвца и како да треба да се сите среќни освен јас. Партнерот го познавам доволно добро не сме заедно крсток период, но проблемот е што јас не можам да се соочам повторно со нив. Односно не можам да најдам соодветен начин како би разбрале...
не им се плаши кажи им отворено ако не сакаат да прифатат тоа е тоа ти гледај за себе .не е убаво така да не го прифатат само затоа што бил разведен не се мали деца да не разбираат дека се работи за твојата среќа
Моите испадна дека беа во право за сѐ што ми кажаа. Ја би ви кажала учете од туѓите грешки, ниеден родител не му мисли лошо на своето дете, сигурно имаат причина зошто не одобруваат нешто (секако дека има и исклучоци), со тек на времето и самите ќе сфатите.
Искрено многу би ми било тешко доколку не би ја прифатиле мојата врска , за до толку да не прифаќаат тогаш сигурно би имало нешто затоа што не би можело без причина да не го сакаат .
Повеќето родители размислуваат поинаку од нас, но тоа не значи дека не не сакаат. Разликата е во децении и нормално дека така гледаат на работите. Седни разговарај смирено со нив колку и да треба, без кавги и тензии, така да не штетите и на двете страни. Не знам што е причината ама сфати дека постарите генерации се многу поразлични од нас, така и ние ќе бидеме за нашите деца најверојатно.