Фала многу Фросин4е на советот и што го сподели твоето искуство со нас. Јас решив кога наредниот пат ќе почнат да ми зборуваат да ги прашам што навистина е работата зошто сама не сакам баш да ја започнувам темата. Еве веќе подолг период не ми зборувале ништо за него .. се надевам дека почнале да се помируваат со реалноста и дек Рботите ќе почнат да се подобруваат.. ви благодарам на сите на советите
морам да ти кажам блазеси ти јас сега мислам дека ако прифатат ке умрам од срека а сунсхине нп и кажи што ке се случи
Уф, веќе го имав тој проблем бидејки тој беше од друг град и не ми даваа да одам да се видам со него. Ама после кога виде дека навистина го сакам дојде со мене да се запознам бидејки немав со кој да одам. После кога почна тој да доаѓа во мојот град на 1 недела, на мајка ми и сметаше и само велеше ПА ЛИ КЕ ДОВАЃА Ама еве сега го сака многу, а и целото семејство го сакаат. Татко ми го чека на автобуска, го води дома, мама му ги прави омилените јадења и само велат КОГА ЌЕ ДОЈДЕ?
Јас не би знаела како да реагирам доколку не ја прифатат мојата врска..Со дечко ми сме во роднинска врска..трето колено..но нашите родители не се блиски..во минатото се дружеле, додека биле деца, но сега имаат изгубено секаков контакт..јас врскава ја започнав незнајќи дека сме роднини и не би сакала да ја завршам затоа што го сакам и ни трае 3 години Знам дека мојата мајка ќе е таа што највеќе ке биде против но..нема да ја послушам..можеби не сум во право..незнам
Потполно се согласувам со ова напишаново погоре... имам и јас таков проблем сега моментално со моиве дома... се сакаме со дечко ми.. а неможеме заедно да бидеме поради тоа што моите имаат глупо мислење занего, го прават најлош од сите.. поради тоа што дечко ми несакаше да продолжи на факс, после средна, и шо сеа?? треба ли да не бидам сонего затоа што други сакаат така? јас сваќам дека родители како родители секакако дека ќе се грижат за своите чеда, и дека ќе гледаат да им биде убаво за во иднина, али сепак јас мислам дека не не сваќаат они нас доволно добро за да знаат дека ние сега сме во луди години и дека сакаме да си го живееме животот по наша воља а не да им бидеме марионетки па како ќе ни викаат така да правиме... сеуште сум сонего и останувам до KRAJ!
Мене искуството ме научи дека треба да го слушам нивното мислење али чисто ради ориентација колку тоа се совпаѓа со моето, зашто не биле секогаш во право. Сепак јас сум таа што поминува со него најмногу време и јас сум таа што најдобро го познава, а не тие. Голема грешка ми беше што не ја послушав мајка ми, а ни другарките кога ми збореа за мојот прв дечко, ама пуста љубов, слепа, ке се заљубиш, памет ќе изгубиш и не гледаш објективно како стојат работите. А јас кутрата мислев дека лошо ми мислат, дека им е криво што сум со него, ама на крајот испадна дека сите освен јас имале право во врска со него. Искуство повеќе во животот и памет за друг пат Не дека сега немаат никакви замерки и коментари за сегашниов, ама јеби га никој не е совршен, па дури и ќерка им Е сега зашто толку го влечел факултетот, зашто не нашол работа у меѓувреме, еве ти заврши и се вработи, а он не, па до кога....бла, бла, бла.....абе секој со своја среќа, не можат сите на време да завршат и да се вработат, некој ќе го послужи среќа, некој не, па животот е пред нас, ќе биде се у свое време, важно е да се слагаме, да се сакаме и подржуваме и се ќе си дојде на свое место, се надевам
Не е ич убаво,родителите да се мешаат во врска,поготово да забрануваат. Така сега една моја другарка се заљуби во дечко и,почнаа врска но нејзините и бранеле да се гледа со него.И сега она ни навака-ни натака.Си го сака дечкото,ама па си ги сака и родителите. Решија некое време да се гледаат тајно,ама не потраја долго и пак се разделија.. Навстина жално.Се надевам пак ќе се смират,зошто се прекрасен пар.. Јас да се најдам во таква ситуација не знам како би постапила,зависи од дечкото со кој сум во врска.Но,ако некого силно го засакам,почнеме врска и планираме заедничка иднина,подготвена сум на се. Ќе се гледам тајно,ќе се спротиставам на моите и ќе ја бранам врската,не попуштам додека не ги убедам и крај.Се разбира истото го очекувам и од него.
Тоа со кој ќе бидам у врска јас бирам и јас си ги сносам последиците од мојот избор. Ако мене ми е убаво со некој за другите баш ми е гајле. Не дозволувам мешање од никој, ни од друштво ни од родители.
Мене ми се има случено моите родители не ми дозволуваат да се гледам со сегашниот дечко затоа што бил постар од мене 6 год. но јас премногу го сакав а и тој мене па му се спротиставив на моите и му објаснив како стојат работите и дека што и да направат нема шанси да не разделат по еден ден од кога размислиле ми дозволија и не ми правеја повеќе проблеми па на ова прашање би одговориле дека се би направила за онај што го сакам макар и со цел свет да се борам секако ако и тој го чуствува истото за мене
Уфф за среќа не сум била во ваква ситуација и се надевам дека нема ни да бидам . Претпоставувам многу е тешко да се издржи прво нормално би го слушнала мислењето на најблиските ако ми кажат дека се против ќе барам објаснување доколку оценам дека држи вода ќе подразмислам па ќе донесам одлука ама ако е само немој од онака тогаш нема шанси да се откажам од нас ....
леле слично со моето и немој да ги слушаш малце можеби касно напишав но немој и јас не попуштив еве веке 3 години сме заедно .. со прекини но сепак сме
blagica-sweet гледаше Руби порано на А1? Фино си велеше она љубовта не те храни. Слушај ги родителите, повеќе знаат од тебе, имаат искуство, минале низ што се не. Ти си заслепена од љубовта, мајка ти само гледа за твое добро и не ти мисли ништо лошо.
Мајка ми кога ќе ми каже облечи се повеќе надвор е ладно,а јас не ја послушам,секогаш ме фаќа настинка Така да слушајте ги родителите ,за 2 врски ја послушав и мн сум благодарна Не ми забрани она строго да раскинам веднаш или да ми забранува да излегувам,едноставно ми кажуваше што чини а што не , и ми дојде паметот
Јас немам предрасуди према луѓето. Иако сум од христијанско семејство, јас сум деист (што значи дека верувам во Бог, но не и во религии) па според тоа би можела утре да бидам и со муслиман, католик, будист, евреин итн. Можеби ќе бидам и со друга националност (јас сум Македонка) --- со албанец, турчин, србин, хрват, американец... Животот е непредвидлив и јас немам намера да се занимавам со тоа што тој е по националност или верска припадност. Нешто друго ми е поважно - неговиот карактер. Ако јас и тој можеме да имаме хармоничен и добар однос, другите нека се гонат кај што не треба. На моја среќа, моите родители исто така, немаат предрасуди, а и се свесни дека кај мене не функционираат ничии забрани, па да дојдам и да им речам - јас се мажам утре со албанец, нема да бидат нешто пресреќни, но нема ни да се обидат да ми забранат. Јас мојот живот го живеам за себе, ако можат да ме прифатат моите блиски таква каква што сум - добро, ако не можат тоа е веќе нивен проблем. Јас нема секој ден да се будам до мајка ми и татко ми, ниту ќе имам деца со нив, ниту ќе го поминам целиот живот само со нив, ќе го поминам со мажот, кој треба да биде некој кој потполно ми одговара, потполно ме разбира, почитува и сака. А родителите, роднините посебно, да не зборувам комшиите - нивен живот, нивен проблем. Ако можат да ме прифатат, ќе бидам тука за нив, ако не можат, минус нека ми напишат и решен проблем.
Од медицински аспект, речиси е невозможно да има оваа роднинска релација последици врз потомството. Од морален аспект... што е тоа? Секој има свој морал и секој треба да си гради свој систем на морал. Бидете со тие што ги сакате, во овој случај, вашите родители се загрижени дека ,,ќе пукне срам,, а не дека е нешто сериозна работава.
Сум сретнала ваква ситуација кога мојата најдобра другарка беше со дечко кој повеќето не го прифаќаа.Проблемот беше во разликата со годините.Заради противењето на луѓето што ја опкружуваа мојата другарка раскина.По една година повторно и покрај сите што се противат мојата другарка и нејзиниот дечко се повторно заедно.Љубовта победи! Зборот ми беше дека сега се запознавме со момчето и свативме дека е сосема ок.Не треба да се суди уште првиот пат кога станува збор за голема љубов..
Мене ми се страшно интересни тие кои упорно ја напаѓаат другата страна, а не се гледаат самите во огледало. Никој не е безгрешен и сите имаат мал милион маани. За сите оние кои имаат "убави и пофални зборови" за дечкото на својата ќеркичка, нека се стават во мисла како би било во истиот момент неговите родители да ја напаѓаат нивната принцеза. Не е баш забавно, нели?
Фросинче и Очајна, ако ова не е дел од некоја шпанска серија, не гледате ли дека е повеќе од очигледна причината зошто вашите врски не се прифатени? Роднини еј , имате ли малце акал?
Јас лично сум била во ситуација да не ја прифаќаат мојата врска. Не треба да се оди со глава во sид затоа што од таквото однесување им нанесов многу болка и себеси и на моите најблиски, помина многу време но сеуште ми е тешко кога ќе помислам на тоа дека сум си терала по свое, а самата не сум била свесна какво зло е тоа и за мене и за останатите. Среќна сум што се оттргнав од него затоа што можеа да настанат и посеризони проблеми, а од друга страна се каам што не го направив тоа порано. Оние што ме советуваа беа во право затоа што ми мислеа добро. Кога човек е заслепен од љубов не размислува трезвено, а од љубов не се живее. Понекогаш треба да го слушаме разумот, а не срцето.
Не сум била во ситуација моите да не ја прифаќаат мојата врска.Но ако тоа се случи би разговарала со нив за тоа како стојат работите.Сепак се зависи од причината.Може да се работи за верска разлика,разлика во години или незнам ист пол.Таквите причини најчесто тешко се објаснуваат пошто ние сме сепак Македонија и не сме баш либерални.Сеуште кај нас тоа е накако не возмножно.Но во секој случај би им објаснила дека ми значи и дека сепак сакам да се обидам да видам како ќе функционира.Нема јас да се мажам за него