Мојата врска не ја прифаќаат моите родители.... и мн ми е тешко поради тоа...од страна на неговите немам никаков проблем но моите не прифаќаат... но јас сум решена до крај да одам со негоо....
Се пронајдов тука, и мене моите родители ми бранеа за мојот дечко со кој сега сме заедно 18 есеци и сее ок , моите дома си легнаа на брашното, по нашки кажано, така и ти, ако вистински се сакате не се откажувај ... по шо ти си со него а не твоите дома и тие незнаат каков всушност е тој , кога ќе го запознаат... тогаш можат да ти кажат дали е тој за тебе или не, и неа потреба да противење освен ако причината нее ногу силна !
Кога од дома дознаа дека имам врска со личност која е 12 години повозрасна од мене најпрво збеснаа а потоа ме удавиа од убедуања дека тоа е мојата најголема грешка у животот зашто како прво тоа не било природно, па дека дека кој знае он што имал и каков бил претходно и блаблабла. Јас ги излажав дека сум му раскинала но продузив со врската. За брзо време сватив дека тој мој „миличок“ не бил баш онаков каков што го замислував и како се претставуваше и на виделина излегоа многу работи за кои не можев ни да претпоставам. Тогаш навистина раскинав, само што сега многу се каам што не ги послушав советите кои на крај испаднаа дека навистина биле ДОБРОНАМЕРНИ.
Точно е дека треба да го почитуваат нашиот избор но кога ќе ни заиграат пеперутките у стомак знај дека не сме доволно свесни да ги процениме некои околности. Затоа тука се они да ни помогнат и посоветуваат, како што претходно има напишано една членка на форумов „тие секогаш ни мислат добро“. Ама понекогаш самите ние сме толку глупави што се доведуваме во состојба прво самите да вкусиме за потоа да научиме каде грешиме.
Ме нервираат коментарите од типот мала си, заслепена си, и јас сум била на твои години и сум била заслепена бла бла бла.... Па секој ли е ист? Ако тебе те зезнал некој не мора да значи дека сите се такви! Он топик- И мене мајка ми ми правеше проблеми на почеток но потоа виде дека дечкото не е таков како што го замислила!
Погрешно си ме сватила, мислев на коментарите што се некаде на почетокот на темата, не мислев на тебе! Секој си има различни проблеми, различни ситуации.
Мора да има силна причина за тоа, мој изговор ми бил-го сакам, и точка. Ако нешто не е во ред со него, или со неговата фамилија, не знам, можеби би требала да се откажам од него. Планиравме да им кажеме на моите летово, ама врската не стигна до сега, па... shnosh!
Да ти кажам искрено и ја сум се нашла во ваква ситуација. И кога после одреден период ја прекинав врската со него, своеволно, сфатив дека моите биле во право. Не беше многу повозрасен од мене, ама сепак сфатив дека тоа што моите ми забранувале да бидам со него било оправдано. Сега, кога ќе го видам се смеам на тоа колку бев спремна да се жртвувам за да бидам со него. Сега имам друг дечко и супер ми е со него, а моите ја профаќаат оваа врска, за среќа, затоа што нај лошо е да не прифаќаат тие, па ти набиваат некои нивни разговори у глава и ти мислиш дека до енгде е правилно
Кога почнавме да одиме со дечкото дома незнаеа.. незнам зошто несакав да им кажам бидејќи и јас не го познавав доволно долго за да знам што можам да очекувам од него .. Сепак, со тек на време се зближивме и после 2 месеци дознаа од дома .. Јас незнаев дека мајка му и мајка ми се колешки ..Имав правено со него муабет за тоа ама заборавив да и кажам на мајка ми која ми предава македонски, а мајка му по право .. Кога мајка ми прв пат го виде воопшто немаше убаво мислење за него , незнам ете така не и оставил убав впечаток .. Стално кога излегував со него ми се јавуваше на пола сат да ме праша што правам , каде сме и со кого Една вечер кога пристигнав дома и кажав како е работава дека и е колешка Татијана (мајка му ) и се изнасмеа..Ми рече дека тој е супер дете и дека незнаела всушност дека за него се работи , нонстоп си правеле муабет со неа и имале супер однос. Сега имаат и додатна тема за разговор ( главна ) па можно е да ме пошти на одмор со него
Кај мене нема да се случи тоа се додека мојата мајка мене ме гледа среќна. Секогаш ме остава сама да изберам. Кога имав врска подолго време и сакав да раскинам таа ми велеше да размислам убаво, за да не се каам после, иако ја не бев среќна. Од друга страна знаела и да каже ако не си среќна остави го. Но да ми забрани НЕ. Секој родител го сака најдоброто за своето дете. Секој родител знае најубаво. Но, знаат да се случат и грешки. Сепак да одлучиш со кој ќе го делиш остатокот од животот е лична работа. а родителите треба да се тука за да ти бидат подршка.
Со дечко ми сум веќе 1 година,но проблемот е во тоа што тој е дете од Дом и е онака позатворен и секогаш ми се заблагодарува што сум го прифатила како дете од дом и дека не се срамам од тоа да кажам дека имам дечко кој живее во дом ...но се започна со тоа и кажав на мајка ми таа ми рече дека децата од дом се поинакви цел живот се сами без родители со компекси...мене баш тоа ме заинтересира да ја запознаам и таа страна на животот како е да си осамен,како е да незнаш што е мајчина и таткова љубов но тој постојано ми кажува дека се навикал и како така мора да се живее...а јас пак лигла плачам ако не ми купат нешто,а тој само сака да живее..толку многу е амбициозен и упорен што и самиот тој си ветил дека ќе успее во животот и без неговите родители..Толку многу го засакав,го запознав со сите дома но ме здоболе реченицата што ми ја кажа татко ми : "не е тој за тебе,ти си дама не ти треба дете од дом..неможев да се смирам со месеци колку повеќе се заљубував во него толку повеќе ме болеше тоа зошто ние не ги сакаме тие деца и тие се како нас,можеби и подобри од нас научиле многу од животот истрпиле многу болка...а најтрагично е што секогаш кога ке ми каже што мислат моите родители за него јас секогаш викам се најдобро дека си многу добро дете...да па и тоа е до некаде точно мајка ми е среќна што сум јас заљубена бидејки како што кажав одиме 1 година но ме плаши тоа што татко ми е секогаш суров за тие работи...и затоа го мразам...бидејки секогаш имал тоа што го сака..и сигурна сум дека не ги цени работите..незнам се осекам виновна понекогаш што ако оваа врска стане нешто посериозно понатаму и настанат проблеми од типот доста ти е тоа е дете од дом ти си ителегентна личност,паметна не сакаме нашата ќерка да живее со човек кој е од дом...сега ова го кажувам знам дека е рано за тоа но ете така се плашам бидејки многу го сакам....
ако е вистинска и права љубов не се секирај сите ќе го прифатат. тој ќе знае правилно да те цени и ќе жртвува се за тебе, понатака може да ги прифати твојте родители како свои а твојте како нивно дете и да имате прекрасен живот. познавам еден прекрасен дечко кој е доста повозрасен од мене и случајно дознав дека е од дом. Таков речник, таква харизма, успех просто да се гордее човек со таква особа. и пред се тој толку се мачел и верувај со таква особа ќе успееш повеќе во животот, а твоите со тек на време ќе го разберат и сватат. Времето лечи се па и амбициите на родителите а ти уживај во љубовта
Но тој е влав... како да им кажам дека се гледаме... а прекрасен е во секоја смисла и ми го пружа баш она што го барам од една ВРСКА...(рано е за тој термин Врска ама натаму гледа) инаку не мислам на секс туку дека ми го дава потребното внимание.. секогаш е тука за мене едноставно заборавам на се додека сум со него... Многу тешко се заљубувам ама мислам дека овојпат тоа нема да е така и затоа ХЕЛП МИ додека нее касно .. What should I do!?!
A што има врска што е влав, не е црнец (да те насмеам малку) . Ако убаво се чувствуваш покрај него, ако ти е убаво и мислиш дека ќе успееш со него само храбро без предрасуди. Не се плаши да се заљубиш некогаш и тоа мора да се случи, па и да биде грешка -недај боже поубаво се учи на сопствена кожа. Уживај во љубовта, таа е околу тебе
Проблемот се моите... како да им кажам... Нема никако да прифатат.. а и освен ова пред 5месеци излегов од една сериозна врска и тие уште ми зборуваат за тоа дека требало да останеме заедно и што уште не.. и никој друг не прифаќаат освен бившиот... инаку мене не ми смета што дечково што сум сега со него е влав.. Воопшто и не размислувам на тоа и немам никакви предрасуди... Kaко да им кажам на моите???
ако ти го сакаш мила моја и ако тој те исполува и ако вреди да се бориш за него онда продолжи и остани си на своето, сега можеби е малку рано за да и кажеш но како и ти самата што велиш работите одат кон врска ке седниш и ке и објасниш дека тој те прави среќна те исполнува дека го сакаш да те остават да си ја пробаш среќата од таа гледна тоЧка итн итн јас верувам дека ке те сватат. но прво седни и размисли ти самата дали вреди и дали го сакаш и пред се дали тој те заслужува и секако размисли и за последиците што те следуваат па онда бори се за тоа што го сакаш и те исполнува.. ти посакувам мн среќа ова не го бев проЧитала, знаЧи треба дефинитивно да седниш и да и кажиш дека ти повеке бившиот не го сакаш неможат тие да ти наметнуваат некој кој ти не сакаш зошто после ти ке бидиш онаа која ке живее со него а не тие секако, и ке страдаш, дај и го тоа на знаење не е фер тоа жто ти го зборуваат и прават, затоа дај и на знаење како стојат работите и како си ти среќна, зошто твојата среќа е најбитна
не се имам најдено во ваква ситуација никогаш но доколку би ми се случило ова мојата љубов ќе ја бранам со заби ако треба море ако треба и шамари ќе летаат се разбира и ако вреди да се разбериме :geek: