Vo pravo e Ivah samo sedni i razgovaraj so roditelite deka megu tebe i bivsiot nema poveke nisto ne si zainteresirana za nego i bidi iskrena so niv..Sto se odnesuva do novoto momce gledaj rascisti si gi rabotite prvo so bivsiot. 5 meseci spored mene e kratok period za da vlezis vo nova vrska uzivaj vo slobodata malku ima vreme za se..Ako mislis deka nema da go prifatat tvoite roditeli zosto bi bila vo vrska so nego?pred se toj e samo eden decko i ne znaes ni kako ke ti bidi so nego ponatamu.Ne si pravi problemi so roditelite zaradi nego..Vidi kako ke se odvivaat rabotite druzi se so nego zapoznaj go so mama tateako ima nekakvi sansi pa mozi i ke bidite zaedno.. [mod-kirilica:23msv2df][/mod-kirilica:23msv2df]
Зависи кој не ја прифаќа, ако е мислење на другарки не почитувам затоа што 90% се љубоморни па дури и најдобри другарки да се. Ако ми сугерира некој другар ќе размислам, ако се родители т.е. мајка ми би ја послушала. Едноставно за тие работи мислам дека знае стварно што е во ред, а што не.
тоЧно се согласувам со клосерр, и најосновно правило: прво запрашај се себеси дали навистина вреди за нешто да се бориш па потоа борисе
Не сум се нашла во ваква ситуација, но ако некогаш се случи да не ми ја прифакаат врската мислам дека не би ги регистрирала туку би направила онака како што јас мислам дека е најдобро. Секако, зборувам за сериозна врска а не некое обично мување со некој несериозен.
Кога би имала некоја сериозна врска не би слушала никој значи немора да значи дека ако така некој ми каже јас така ќе направам. Ќе правам така како што ми кажува интуицијата а бидејќи она никад не ме лаже...
Ми се има случено тоа. Моите не прифаќаа една моја врска. Не бил за мене. Сепак родители се, се грижат за тебе, ти мислат најдобро. Но јас се изборив за таа врска, и продолжив со него. Моите сфатија дека не го напуштам, и попуштија. Го прифатија. Ме оставија сама да си правам што сакам, да одлучувам сама за себе. На крајот сфатив дека беа во право. Јас упорно, со главата в зид. Го сакам и точка. Мислев дека е за мене. Но, на крајот се скаравме. Тоа е тоа
Не сум се нашла во таа ситуација но, мислам дека ако јас сум сигурна во него родителите треба да го прифатат заради мене и да ме подржуваат во се, нема да го оставам заради нив. Не би сакала тоа да ми се случи ама ако веќе се случи ако се со мене арно ако решат да ме осатават ќе си терам по мое.
и јас сум во слицна ситуација со децко ми сме на поцеток 3 месеци ама го засакав и убаво ми е со него .поголема сум имам 24 тој 26 и мајка ми ми зборува дека тој не е за мене бил невработен немал факултет .дека од добро сум паднала на полосо претходниот децко бесе асистент на фак одевме 2 ипол години.јас мислам дека секој заслузува санса да му дадам време да си најди работа зосто ми е убаво со него и се сакаме некое советце однапред фала
Мерило за добра и кавалитетна врска не е тоа дали дечко ти моментално ќе има вработување или не или ќе има или не факултетско образование.Се што треба да поседува е виоки и квалитетни карактерни особини и тебе како негова девојка да те прави среќна и исполнета.Ако го има ова имаш добитна комбинација.Тој утре или други ден секако дека ќе се вработи но ако кон тебе не се однесува како што треба тоа тешко се менува и е проблем.Така да,ја сваќам твојата мајка,загрижена е,но не може такви поделби да прави и да кажува дека си паднала на полошо.Зошто не е репер за убав и среќен живот факултетската диплома и моментално убавото работно место.
Точно така никогаш не треба да се раководите од тоа дали ќе има диплома или работа се во свое време. Јас со дечкото сум веќе 4 и пол години моите се скрос против нашата врска зашто немал факултет немал работа родителите му биле разведени бла бла бла али мене ми е супер никогаш не сме се карале се решаваме со муабет, ме прашува за совети што како да направи значи функционираме супер и покрај тоа што ги имам моиве над глава веќе 4 години....
Го имав овој проблем,моите не го прифаќаа мојот нов дечко,иако не го знаеа и не знаеа ништо за него,само поради фактот што не живееме во иста држава.Се плашеа дека ќе живеам далеку од нив веројатно.Се се случуваше брзо,се поврзавме премногу,баталив 3годишна врска поради него,сфатив дека 3 години сум живеела само од навика..Значи моите не можеа да се помират со фактот дека сум со нов дечко,кој нема сериозна работа,не е богат,културен и совршен како претходниот, но тоа траеше недела-две..тој период не ми збореа,имав среќа што сето тоа се случуваше во странство и мораа на крај да ми прозборат и да се помират откако им објаснив се,и откако им кажав дека едноставно ме прави среќна како што никогаш не сум била.Го прежалија и бившиот откако им објаснив дека неговите пари,јаката работа или изглед никогаш не ме правеле среќна и исполнета како што сум сега.Ете тоа е тоа.Одете до крај ако тоа ве прави среќни.
Нормално дека нема да ја прифатат, нашата врска не може ни да биде... ќе се помирам со фактот дека нема да бидам со тој што го сакам.... ќе си седам без дечко се додека не се појави некој што ќе ме освои
Ако знам каква личност е ке се обидам да ги убедам и да ги уверам, да му докажам дека е така, а ако ни тогаш не го прифатат сепак ке продолжам понатаму без разлика далу нив му одговара или не тој е мој живод.
Моите не го прифаќаа мојот дечко на почетокот бидејќи е од друг град и не го знаеа кој е и што е и на секое ми префрлаа околу него,а јас со секоја моја намсевка од среќе што сум со него им докажував дека мислат лошо за него без причина,а откако го запознаа се сврте тркалото и сосема ок е сега
Нема што да прифаќаат и да одбиваат, глупаво е тоа. Ако си се сакаме стварно сакале неќеле ќе прифатат. А да ми бираат и да ми преговараат, па едно па друго без никаква причина, значи зборам да нема никаква причина која лошо би влијаела на мене, е тоа не го оправдувам и ич не ми чуе.
Нашата беше неприфатена , ама јас го ставив его на 1 место и тој мене и никој не ни може ништо , повеќе пати се обидоа да не разделат ама не им успеа и сега се како муви без глави , си траат ништо не коментираат
Имам врска 10 месеци, но во тие 10 месеци моите родители никако неможат да го прифатат мојот дечко. Ништо не им згрешил ништо мене не ми згрешил ... Како да ги разубедам ? Многу пати правев муабет со нив но ништо :/
Па неможеш да ги разубедиш ако им е тоа во глава. Разговарај со нив и прашај ги што точно им смета.Викни го дечко ти кај тебе дома,за да можат поубаво да го запознаат и да сфатат дека грешат.Тешко е да се смени нивното мислење,ама биди упорна.Битно е тебе да ти е убаво.Би требало и на нив тоа да им биде најбитно.
Не ме интерсира дали ќе ја прифатат или не... На крајот на краиштата јас со во врска со него,а не тие ! А ако веќе ситуацијата е сериозна и ми/ни забрануваат да се гледаме... Ќе го правиме тоа тајно ! Пффф... Све за љубав бре !
фала богу го немам тој проблем со моите дома , а со луѓето наоколу не се замарам кој што сака нека си збори и кучињата лајат на непознати така да мене да ми е арно да си бидам со тој шо сакам а кој е против или за баш ми е гајле и мојте кога би биле против не би се секирала мој живот мое право така да гледај си на вас да ви е арно а кој лае нека лае... Kучињата си лајат караванот си врви