моите родители не ја прифаќаат мојата врска цели 7 месеци..се трудев,но џабе..не сакаат никако да прифатат..незнам појќе што да правам..
Јас имам исто така неприфаќање на дечкото од страна на моите родители.Во врска сум година ипол и имам 17 години,но моите родители тоа неможат да го прифатат.Тие постојано вршат притисок врз мене,од кога дознаа за мојата врска до ден денес.. дека сум си живеела во некојси свој свет,дека тој дечко не е за мене,дека сеуште сум мала за толкава врска...постојано трпам навреди од страна на татко ми у смисол дека бил сељак,дека бил ниско буџетен,дека немал ни моторче за да ме врател до дома..покрај тоа тие не ни го знаат доволно него за да коментираат така бидејки никогаш не ми дозволиле да го повикам дома.Секогаш биле против идењето и доаѓањето дома.Велат дека сакаат да сум риба ипол во градот,сите да ме знаеле,сите да ги знам и дека не ми доликувало таков дечко.Помошш...
Родителите секогаш го сакале само најдоброто за своите деца,се случува и да претераат во тоа. Фини се моиве,не ми се случило вакво нешто и многу сум им благодарна за тоа. Да се најдам во таква ситуација,убаво ќе размислам дали се тоа ќе вреди,самостојна сум и доволно зрела,самата знам што е добро за мене а што не е,иако ја ценам грижата.
Со дечко ми сум веќе 3 год. и неговите пријатели на некој начин сеуште ме немаат прифатено.Не се заморувам премногу со тоа,но мразам кога прават се,за да ме изнервираат.Пробав на многу начини да се зближам,ама не и не...кретени се и секако дека тоа ме повредува малку ,а дечко ми зборел со нив им кажал дека тоа што го прават не е во ред ... разочарана сум,не сакам така да биде,бидејќи ништо не сум им направила и како негови другари,ако го сакаат и почитуваат него,треба и мене .
Кај мене мајками знае за дечкоми мислам дека татко ми не знае но ја не се кријам но му немам кажано, ке си дознае тој сам кога тогаш и фала богу немам никаков проблем во врска со тоа, мајками ја прифака мојата врска и си го сака него истото ке биде и со таткоми знам дека ке прифати никогаш не би ми се буниле во врска со љубовниот живот без разлика со кој и да сум но ако не е така никогаш не би се одкажала од тој шо го сакам само затоа што некој не го прифака па баш мие гајле ако мене мие добар немора на никој друг да биде и кога би дошол некогаш ден да бирам би оставила се за него но фала богу тоа нема да се случи
Досега само еднаш се случило моите да не ми прифатат врска,иако тогаш ги мразев и муабетот беше тој тој и само тој,во право беа 100% сега дури и благодарна му сум на мајками што ме отргна од тој лешинар имав 18 год и летав со паметот морам да признам но незначи дека секогаш се во право иако најдоброто го мислат за нас...
абе ја се мачев 9 месеци, еве 10тиов веќе се осеќат олабавеност упорни луѓиња, упорни да бидите и ништо друго
Го запознаа моите дома, но како другар мој и мајка ми имаше добро мислење за него се додека не и кажав дека ми е дечко.. Јас не пробував да ја убедувам, само плачев, но подоцна виде дека стварно ме сака, иако е подалеку од мене исто како да е тука,но еве што се случи.. Дозна дека има брат кој што е инвалид плус има даунов синдром и почна дека ако продолжам јас понатаму со него тој ќе ни е товар, дека ќе ни го остават неговите на нам да се грижиме за него а јас кога бев кај нив гледав дека не се замара мајка му со него, го остава на баба му..таа го храни, облекува, носи на спиење и навистина ќе е така, но мислам дека ќе издржам и со тоа. Како да ја убедам мајка ми?! Плус се плаши да не легнам со него уште сеа на овие години, за ова пробував да ја убедам некако ама незнам, мислам дека не беше доволно
Не сум била во ваква ситуација,ама да бидам прво би размислувала добро,не се заслепувам лесно,за дечко ќе се најде,ама домашните ни го мислат најдоброто и секако виделе повеќе работи пред нас, треба да ги сватиме и нив а не веднаш да ги мразиме или да му се лутиме,времето ќе покаже кој бил во право и дали вредело
мене на почетокот многу ми беше страв од тоа како ќе реагираат дали ќе го прифатат и сл...ама мајками ништо не рече пошто го има речиси истиот пат поминато како што има и тој поминато а таткоми кога дозна не ми велеше ништо се додека мајкаму не му кажала дека имам дечко и рекол знаев добро дете и мирно е ама ум во глата ако не го прифатеја тогаш мислев дека ќе бидам подготвена на се за него и сеуште го мислам тоа ама фала богу во ред беше се..
И јас имам сличен проблем.Мене моите не ми дозволуваат да бидам со тој што го сакам. Јас имам 15 години а он 22 ... незнам зошто..Мислат дека ќе ме искористи и така натаму. Не сум будала јас. Едвај седам дома од страв да не ме прашаат нешто,сеуште ништо не знаат ама ми го спомнаа неколку пати и кажаа да пазам што правам. е сеа јас го знам него подобро од нив. неможат да го знаат подобро од мене. за него нема никакви озборувања кај нас ниту пак пуши или да пие да се дрогира..Скроз на место си е. Мислам дека поради годините..Но воопшто не е проблем за мене бидејќи знам дека нема да ме повреди и да ме натера на нешто што не сакам или пак не сум спремна..може совет од некого ?
Бараш совет, еве ти совет. Во нашиот град пред еден месец силуваа 14 годишно девојче и тоа нејзиниот дечко. Девојчето и тој дечко и биле во врска една ипол година, а дечко и 16/17 години. За година две тој ќе скапува во затвор, а на девојката и е уништен животот. Родителите секако дека не ти мислат лошо. Секој родител го сака најдоброто за своето дете, па така и твоите. А единствено нешто што можам да кажам е дека си премногу разгалена. И освен дечко ти никој друг не знае дали пуши, пие или се дрогира. И единствено што чека од тебе е секс. Тоа да ти влезе во црпката. Сигурно не е у врска со тебе од што те сака многу. И кога влегуваш во врска со по стар мисли на последиците.
Ако не се лажам и на друго место имаш пишувно само нешто за разлика од 7 години па како твоите не ти даваат да бидеш со него. Зарем не ти беа доволни коментарите таму или сеуште очекуваш некој да те поддржи. Не очекувај . Имам ќерка на твои години и колку да сум либерална ова нема да го поддржам никако. Момче зрело од 22 години што бара со незрело дете. Вие мислите дека веќе сте големи, ама не сте само сте радознали ништо повеќе.
Не сум била во таква ситуација никгаш... Јас сум прифатена од негова страна и тој од моја и се е ок. Понекогаш размислете зошто некои родители не ја прифаќаат врската, можеби и има причина а тие најдобро ви мислат. Но ако мислите дека го сакате дека тој ве сака , дека вреди да се борите за него само напред. Јас да би била на такво место би се борела против се и против сите.
Нана дали прочита дека девојчто има 15 години , а тој 22. Не е работата за прифакање или не. Да е толкава разлика да ,ама над 20 години , а вака. Стави се на местото на родител на тоа девојче што ќе и кажеш. Браво ќерко само продолжи. А дали го сака не знам баш на 15 год.
И јас бев во слична ситуација јас 17 а он 25 и не те подржувам зашто неможам да сватам покрај толку мн врснички он да се заљуби во дете јас мислам дека само сака забава и да те искористи исто како и во мојот случај само што и јас сакав забава и тоа траеше 15 дена и на крај јас го зезнав
Toa si bea vashite mislenja blagodaram na grizhata stv..ama ne znam dali mi promenivte neshto. Jas go poznavam nemora da raskinuvam za gluposti Fala mn
Те имам приметено дека во неколку теми имаш пишувано за врската и демек бараш совет ама кога ќе ти кажат дека се против врската со многу постар дечко, не ти се свиѓаат одговорите. Епа да те прашам јас сега нешто, ти навистина бараш совет или сакаш некоја да те потапша по рамо и да ти каже дека е во ред да бидеш во врска со, да не речам- педофил? А што се однесува до болдираното, ти до вчера со кукли што си се играла, верувај дека немаш доволно животно искуство да за препознаеш некого со лошо намери - опкружени сме со слаткоречиви луѓе кои симнуваат ѕвезди а во душата носат темница. Само се надевам дека ова твоето нема да заврши со солзи и доживотни трауми за тебе...