Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе реагирате ако не ја прифаќаат вашата врска?

Дискусија во 'Врски' започната од girl8, 28 февруари 2010.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Некогаш родителите во некои случаи навистина имаат право кога не ја одобруваат врската. Секако дека не би биле среќни кога нивното дете е во врска на пример да речеме со коцкар, со зависник од дрога, алкохол, насилник итн. Тука навистина имаат право. И јас понатака кога би видела дека мојата ќерка е во врска со наркоман не би прифатила. Или да ја гледам секој ден во модрици, секако дека би превземала нешто. Би направила се' за да не биде со него. Зашто тоа знаеме сите како ќе заврши, без исклучок.
    А има родители кои не ја прифаќаат врската на детето заради некои нивни глупи сфаќања. Е тоа е најголем грев. Да не дозволуваш детето да биде среќно само зашто ти сметаш дека тој/таа не е доволно добар/добра за него/неа. Гледаат физички изглед, гледаат од материјален аспект, статус, место на живеење, образование итн. Тоа е жалосно, навистина е жалосно.

    Мислам дека најголем грев е без причина да не им дозволуваш на двајца млади, кои искрено се сакаат, да бидат заедно.

    Да сум била во таква ситуација и да не ја прифателе мојата врска само зашто тие сметаат дека можам да најдам побогат дечко (пример), искрено би си заминала од дома. Зборам кога се работи за возрасни луѓе, не за тинејџери. И не би избегала, туку би седнала со нив и би им кажала искрено. Вака веќе не може, јас си одам. Ако сакате да ме гледате, ако сакате да си ги знаете внуците и да се радувате како сите нормални луѓе, прифатете, ако не, нема да ме видите повеќе. Толку. Па потоа оставам на нив. Ако сопствените каприци им се поважни од ќерката, ок.

    Како и да е, знам дека моите би прифатиле се' само за јас да бидам среќна. Немам, а знам дека нема ни да имам проблем со нив. И од страната на дечко ми е исто. И навистина ми е мило што е така, зашто не е лесно постојано да се бориш со сите, можам само да замислам кое измачување е тоа.
     
    На Barby112, Tatjana95 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Чадорче, а зошто мајка му е таа која не ја прифаќа врската?

    Многу пати имаш споменато околу тоа, и колку што знам подолго време сте заедно...би требало да се навикне на вас до сега. :)
     
  3. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Би си го слушала срцето и би правела јас како сакам и чувствувам. Тоа е мој избор, не мора друг да го одобри ниту да му се допаѓа.
     
  4. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Здраво. Нова сум па гледам да се снајдам некако. Читав но никако да најдам нешто слично на мојот проблем. Летото 2013 години се запознав со еден дечко на фб но тој е од Србија вети дека ќе дојде во Македонија така и се случи дојде имал роднини овде во Скопје седеше цела недела излеговме неколку пати на кафе, еднаш со моето друштво да кажам се запознавме само како другари бевме. После еден месец можеби почна да ми пишува, да ми зборува на камера дека ме сакал и така, почнав да чуствувам и јас нешто за него. Ме викаше во Србија на гости но тогаш сеуште немав наполнето 18 години а имам и премногу строги родители ќе објаснам подолу. Дојде пак, тоа време баш другарка ми организираше некоја забава со друштвото нејзините беа заминати во Охрид. Со плачење, молење едвај ги намолив моите да ме пуштат да спијам кај другарка ми. Таму остана и тој но немавме секс не се случи ништо такво до 4 вечерта разговаравме. Инаку е 1 година постар од мене. Си замина 16 август баш на мојот роденден. Започнавме врска која трае и ден денес. Доаѓа тој почесто има кола, некогаш останува на спиење некогаш не. Добар е со мене, ме сака, ме почитува, му кажав дека и по 1 и пол година несакам да имам секс се додека не разговараме за сериозно да се запознае со моите и така. Е сега моите родители се претерано многу строги. Морам да им давам сметка каде сум, со кого сум, зошто сум и слично. Сега имам 19 години, вработена сум но тие пак истата песна. Не дај боже да задоцнам минутка од работа веднаш ме бараат и ми викаат на телефон. А се случува да задоцни автобусот, да влезам со маркет или со колешките. Е сега она најважното. Човекот е исто така вработен, доаѓа секој месец, секој втор месец во Македонија да се гледаме. Додека одев на школо до лани се случуваше и цел ден да не отидам на школо со него да останам па ја лажев матичната за оправданија. Ниту еднаш не отидов во Србија за него, иако толку сакав. Не се проблем финансиите, туку моите родители. Минатата недела разговарав со нив (на дечко ми не му кажав), си добив шамар затоа што е друга националност и тоа од татко ми. Мајка ми сеуште се нервира плаче, зошто да ме дале толку далеку, Несакаат ниту да слушнат за него само затоа што е србин, како човекот да е виновен што се родил во Србија не во Македонија. Сега тој планира да дојде крајот на другата недела. Средината на март. И ми вели дека ако дојде без мене не се враќа. Тој веќе им кажал на неговите за мене, дека сака и да се ожени со мене. Ама моите прават проблеми, не сакаат ниту да слушнат. Знам дека за ваков проблем сериозен не се бара совер на форум ама сепак сакам да слушнам и туѓо мислење. Ако заминам со него ќе ги повредам моите, ако не заминам ќе го разочарам него. Што би направиле на мое место?
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно би заминала да сум на твое место,воопшто не би ни размислувала.
    Тие немаат право да ти кажуваат со кој ќе бидиш ти и каде се ќе одиш.
    Полнолетна си, вработена.
    Ако го сакаш дечкото замини, твоите ќе се лутат ама на крајот ќе попуштат.
     
    На angela19 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Umbrella22 во право си, ама на крај сепак јас останав на средина.
    Знам дека немаат право да ми се мешаат и претеруваат, но какви такви родители ми се ме пораснале. Ќе се изнервираат, татко ми ќе качи притисок и триста глупости. Имам и сестра 16 години но спрема неа не се вакви. Несакам и нејзе да ја растажувам. Како малечка ме удри кола едвај жива останав, од тогаш постанаа вакви строги и секогаш ме контролираат. Татко ми едно време и на школо ме испраќаше да не ми се случело нешто. Грижливи се, но од друга страна ми се мешаат и во животот. Не сфаќаат дека пораснав. И несакам да бегам сакам да го прифатат дечкото таков како што е, да дојдат неговите родители да се запознаат. Не е виновен тој што се родил во Србија и е србин. Но, сепак мислам дека ќе постапам како што рече ти. Затоа што ги познавам какви се, и македонец да беше ќе му најдеа нешто и ќе ме бранеа. Фала ти.
     
  7. Девојката

    Девојката Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам нешто да сум на твое место нема да заминам од дома без нивна дозвола , верувај нема да бидеш целосно среќна доколку така направиш секој ден ќе се сеќаваш на твоите и нема да се помириш со тоа ... Ти препорачувам да седнеш со нив да поразговараш да им кажеш дека го сакаш и дека ако ја сакаат твојата среќа мора да го прифатат тоа .. Не е решение бегањето од дома нема да бидеш целосно среќна верувај ми од срце ти кажувам ...
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ангела, однесувањето на твоите ќе го ставам на страна.

    Би те советувала да не се залетуваш, бидејќи сепак дечкото си го запознала на фб, не си била никогаш кај него, само тој доаѓал тука и прашање е колку пати било тоа во оваа година ипол, а веќе зборува дека нема да се врати без тебе и дека кажал на неговите дека ќе се жени. Од каде знаеш дека тоа што ти го кажал за него е вистината, колку си сигурна дека го познаваш вистински?

    Луѓе од исто место, се знаат или биле во врска со години, па понекогаш страшно се изненадуваат од некои особини на партнерот, а не вака како во твојот случај.

    Мое мислење е да не се оди во вакви екстремности, да се спомнува брак и слично.
    Би се обидела да им објаснам на родителите дека можам сама да одлучувам за мојот живот, и би настојувала да го запознаат дечкото, па потоа и јас да појдам таму на некој период, ама само на гости како девојка, а не како што вели тој за брак .
    Имате време, по 20 години сте, зошто да се прават вакви сцени од теленовели?
     
    На galapce и Девојката им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала да му речеш на дечкото да почека уште некоја година, вистина си полнолетна ама за некоја година ќе бидеш и позрела и ќе сфатиш дали стварно го сакаш......а тој ако стварно те сака тогаш, ќе те чека, а не да те брза да бегаш со него.
    Во меѓувреме пробај да зборнеш убаво со твоите, посебно со мајка ти. Кажи и дека го сакаш, дека и тој те сака. Дека мора да прифатат дека си порасната, имаш право да одлучуваш за себе и да продолжиш сама со животот.
    Па може и таа ќе ти даде убав совет.
     
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Доколку јас го прифаќам партнерот онаков каков што е, и имам врска исполнета со љубов, почит, доверба... Би одлучила сама за себе, бидејќи јас сум таа која што ќе треба да живее со одлуката.
    Многу често велам, го почитувам мислењето на другите но не мора да се согласам со него.
    Би ги ислушала причините зошто не е прифатена нашата врска, и би пробала да објаснам зошто е тоа моја одлука.
    Иако знам примери кога родителите на малолетни деца направиле добра работа што забраниле одредени врски.. И можеби и јас кога би била на нивно место би го направила тоа. Не ми сметаат врски со други раси, религии, сиромашни, богати итн. Мене би ми било најстрашно доколку ете хипотетички моите деца се зафатат со алкохоличари и насилници, наркомани итн. Но доколку личноста е возрасна и може разумно да одлучи тогаш одлуката му припаѓа само неа без разлика дали подоцна ќе се кае за донесената одлука или не.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав вашите мислења и ги почитувам. Инаку доаѓа тој доста често затоа што се патува со лична карта, некогаш се случува да дојде два пати или три пати во месецот некогаш еднаш, како кога може да се ослободи. Ми викаше и тој да појдам на гости таму но моите никогаш не би дозволиле. И тогаш морам да ги лажам моите триста приказни за да се видам со него. Проблемот е што тие не прифаќаат ништо. Да прифаќаа немаше да размислувам за бегање. Инаку се гледавме на скајп и сестра ми го има видено, неговите ме видоа ме поздравија и така се по ред, но се џабе кога моите не прифаќааат.
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.602
    Допаѓања:
    79.215
    Пол:
    Женски
    Никако. Ќе ги игнорирам. Моја работа си е тоа, не сум од оние што кога некој ќе им рече дека не им се допаѓа дечкото и тие седнуваат и размислуваат дали да го остават или не. Мој живот, јас си одлучувам што ќе правам и со кого.
     
    На Melani96 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Ми треба помош имам 21 година запишана сум на факултет успешна сум и се ми оди од рака и благодарна сум за тоа, но имам еден голем проблем што најмногу ме мачи и ме кочи во животот. Гледам дека сите што имаат дечковци на моја возраст немаат проблем како мојот или можеби многу полесно поминале. Незнам веќе со кого да разговарам со сите што сум разговарала го добивам истиот одговор како со леснотија сите ми одговараат РАЗГОВАРАЈ СО МАЈКА ТИ И ТАТКО ТИ... Од каде да почнам незнам... Еве вака ... Јас излегувам од многу патријахално семејство моите се домаќини и работливи луѓе се имаме ... секогаш сум ги слушала нивните совети всушност се што ми кажале сум го применувала во животот и сум ги следела нивните совети значи толку имале влијание врз мојот живот што дури сега тоа го сваќам колку ме контролирале и заштитувале прекумерно, сите созреваме во текот на годините ... никогаш не сум ги разочарала не слушнале лошо за мене значи ако сум грешела некаде некоја огромна грешка што би жалела и би ми било криво би им кажала.. секогаш сум била искрена со нив ги сакам и ги почитувам, знам дека се родители и не викам дека не ги разбирам за тоа што се грижат за мене и секогаш се ставам на нивно место и имам ОГРОМНО разбирање за нив. Значи, како и секаде во секое семејство таткото е главен нели? Епа мојот татко е толку заштитно настроен кон мене тоа е нешто невозможно за све се плаши да не ми се случи нешто да не ме излаже некој да не ми направи нешто лошо .. букваллно за све! Еден ден собрав храброст да му кажам дека имам некој и дека го сакам му кажав мислев дека ќе се налути но не се налути ...значи со солзи во очите му кажувам го сакам дај ми и мене и на нему шанса да го запознаеш му кажав каде и што работи колку е чесен и искрен, но тој не сакаше да слушне јас сум за него сеуште малечка и ништо не разбирам јас... Ми кажа дека ако слушне уште еднаш за него да заборавам на него... Се скршив нешто во мене умре! Од тој ден до ден денес сеуште сум со мојот дечко значи 1 ГОДИНA помина од тогаш никој ништо незнае само јас и него a пред да разговарам со татко ми 1 Година му кажував да чека и тој прифаќаше се што ќе кажев веќе 2 години сме заедно и тој ми е се ...значи дечко ми го прифаќа сето тоа, но знам колку му е тешко и тој има срце и душа и најмногу го боли тоа што неможе да ги запознае родителите на таа што ја сака, а јас ги знам и неговите одам кај нив се дружам со нив со неговите внуци ЗНАЧИ ЦЕЛ НЕГОВ СВЕТ ЈАС ГО ЗНАМ, а тој мој никој не знае и можеби и неговите се лутат но не ги осудувам во право се имаат право да се лутат... Се чуствувам УЖАСНО и се плашам, не спијам на совест носам се криво се чуствувам ради тоа што кријам и незнам како да постапам што да направам за татко ми да ме разбере ... Многу му се лутам ако ми е татко ... не заслужувам да не ме поддржи и да види и самиот дека сум СРЕЌНА ... и ова ретко се случува сега во 21 век да најдеш некој што те сака, почитува, што се грижи за тебе ... многу сум благодарна на Бог што ја пратил таа личност кај мене пред се што ме поддржува и не се одкажува од мене... значи живеам во страв МИСЛАМ дека или него ќе го изгубам или моите родители ... Треба да се одкажам од она што го сакам за моите родители бидат среќни... како и секое дете што би сакало да ги види своите родители среќни така сакам и јас, но дали тие сакаат мене да ме видат среќна? Зошто не ми дозволуваат јас да бидам среќна? Зошто се такви? Ве молам, ако некој од вас има поминато низ ваков случај раскажете многу ќе ми помогне..или дајте ми некаков совет... Ви благодарам за времето. <3 :)
     
    Последна измена: 3 јуни 2016
  14. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    A sto vika majka ti za ova?? Si razgovarala li so nea? Ili zakazi sredba so decko ti i majka ti, bar taa za pocetok neka go zapoznae, ako vikas deka e fin moze ke go zasaka i taa pa ke razgovara so tatko ti
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    И мајка ми го поддржува татко ми ... сум пробала и со неа знаеш секоја ќерка пробува прво со мајката, но овие моите се здружени и уплашени и се само на лошо мислат...
     
  16. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Moras da najdes nekakov nacin da gi zapoznaes, nemozat vecno da te cuvaat i pazat, polnoletna si vekje, i sto loso bi mozelo da ti se sluci? Zar tie ne ja sakaat tvojata srekja, kazuvaj im deka si srekjna so nego, da ti dadat sansa da go zapoznaat
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.602
    Допаѓања:
    79.215
    Пол:
    Женски
    Не си мала но ете од патријархално семејство си а згора на тоа и ќерка, родителите секогаш повеќе се грижат и ја заштитуваат ќерката отколку синот.
    Пробај да им објасниш, мора да сфатат. Всушност јас верувам дека ќе омекнат ако им кажеш колку време си со него и дека те сака и дека ти е убаво. Не ја прекинувај врската заради нив. Терај, тие ќе ја прифатат ако не сега тогаш во иднина.
     
    На Mia.MGK, anakonda88 и Barby112 им се допаѓа ова.
  18. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    I moite ne go prifakjaat dechko mi, ama mene toa ne me zasega voopshto. Nie si se sakame najsilno I nikoj ne moze da ni zastane na patot. Jas so nego ke zhiveam vo Zhivotov, ne so roditelite. Moite se prestrogi, ne mi e dozvoleno nishto od NIV. Ako izlezam navecer, tatko mi mi vika vo 11,da si doma. Znaci epten se ..za nikade. Jas so decko mi se gledame vekje 8meseci, moite Nitu znaat ni nishto. Polnoletna sum oddamna, I jas biram kako ke go zhiveam Zhivotov. Ne mozhe roditelite da me rakovodat. A I ke popushtat eden den, koga gledaat deka jas ne se otkazhuvam a I ti. Shto moze da ti napravat? Da te ubijat deka se sakate? Ne.
    Taka da djabe Im e se.
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barby112

    Barby112 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Biter-Sweet ..Така е имам и брат.. во право си... сите што коментиравтег ме охрабривте малку, но всушност јас се плашам моите да не ми свртат грб... Тоа најмногу ме плаши зошто кога ќе го слушнеш тоа од тој што те растел и воспитал многу е тешко да поверуваш во тоа... не ги разбираат моите разбирања и мислења за светот и тоа што сум ''Open Minded" ...За нив тоа е несватливо и не го разбираат 21 век иако јас и не се сметам дека сум дел од ова време еве гледате во која каша сум и со што морам да се справам ...
     
  20. Сунѓерот Боб

    Сунѓерот Боб Активен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека доколку тој те сака, не те повредува, не ти влијае негативно продолжи си со него. И мислам дека не е до толку лоша ситуацијава како што ја опиша и твоите кога тогаш ќе го прифатат него и вашата врска. :)
     
    На Barby112 му/ѝ се допаѓа ова.