Едно е да не знаеш да се изразиш, друго е да не знаеш да склопиш проста реченица. А не е случајно оти се повторува истото два пати. И кога ќе сумираш тоа со содржината на темава... Башка јас не ја нападнав, ако на тоа мислиш, само реков дека не го разбирам прашањето и ми нема смисла темата.
Зошто немам дете затоа? И да имам не ми е нешто трагично ова кога ќе видиш што све има на форумов та за една обична тема @zuto Што се повторува не разбрав? Лошо е поставено прашањето ама мислам дека има некоја причина не е ради реда отворена... Don't shoot the messenger
Затоа што е најужасната помисла која на родител може да му пројде низ глава.. и со сета сила се обидуваш да не помислуваш на такво нешто, дури и кога 'не е уште дојдено дома, а пред 2 саати завршија со школото'. Не е природно да размислуваш намерно: Што би правел ... неќам ни да ко пишам тоа следното.. Неќам да знам шо би праела! Да не дај Бог некој да треба да 'дознава'!
@John Snow се повторува неправилно составената реченица, ја имам цитирано поназад. На две места истиот склоп на прашална реченица, која јас еве, не можам да ја разберам членката што сака да праша. А ако подобро размислам, ниту официјалното прашање погоре (кое веќе е корегирано) е правилно поставено, ама тоа барем е граматички точно.
Епа не можеш да кажеш кога би имал. Пошо немаш. И вујна ми изгуби ќерка. Ама не е исто сега и тогаш. Не се феномени дека секое чуство пред време ви е развиено. Чуството за родителство целосно се буди само кога ќе станеш родител. Па ти ако сакаш на глава стои. Тоа е така.
Ве разбирам,јасно ми е. Реков и погоре дека е малку морбидно прашањето ама не е за осуда и напад,барем за мене...
Не глеј само од тој аспект. Глеј и од овој. Млада персона од нигде никаде се замара со шта би било кад би било и отвара тема дури да разврзе дискусија. Очигледно хипоталамусот и се задоволува со морбидни дискусии и теми ама во живо не би прошло па ај на форум Амбиции у минус? Ај за тоа нема да зборам.
Ама од кај знаеме дека е од нигде никаде,тоа ми е муабетот цело време. Можеби не е од нигде никаде. А ако е ондак се слагам
Многу сте заникаде! Ако ви се одговара - одговорете. Ако не скокнете на темата.. Не сум мајка (да, извинете мами4ки), и не сум закопала свое дете (пу пу скраја да е) ама и јас гуглав совети на психолози и психијатри кога блиска особа го загуби детето за да знам како да и пристапам на девојката.. Пишала девојката.. На форумов има и жени кои навистина закопале свои деца, јбг нема веќе ред во одењето.. Никаде не пиша дека размислува како да преболи ако го изгуби детето, туку како се справиле тие што го изгубиле.. Не е толку морбидна темата колку што вие ја гледате. Околу нас многу често сме сведоци на несреќи во кои децата умираат.. животот не е за да се гледа со розеви очила..
Ужасна е темава. Темава прави да ти се проповраќа од што е морбидно. Само некој што нема дете може да помисли на нешто вакво. Канта ставајте, нема што да се дискутира, оти нема начин да се помогне.
* Па и кога се појавува во најактивни теми, колку и да не сакаш ќе ја приметиш. Оној што доживеал такво нешто сигурно не би зборувал овде. А темава само боде очи и сигурно никако нема да му ја намали и олесни болката некому. Не гледам никаква логика зошто би опстанала ваква тема.
Не е морбидна темава, реална е. Кој се тригерира, нека не пишува, до толку е едноставно. Форум е, го затвораш табот и готова работа. Умираат деца. Екстремно е суров животот. Никого не го штеди. Додека бевме основно, ни почина соученичка. На другарка братучед и има починато. На дечко ми двајца другари му имаат починато уште пред да станат полнолетни. Знам пар на кои им почина бебето. Околу нас има толку родители кои оплакуваат прерано заминато дете. Ама не, ајде темава во канта зошто полесно е да се затвараат очи пред суровоста на животот. Се додека на нас не ни се случи, добро е. Ќе бидеме увреѓени на форум зошто немајка отворила ваква тема. А да ја отвореше жена што загубила дете, и тогаш ќе мрчевте дека е морбидна и дека ве потресува? А ако во реален живот родител кој го поминал ова сака да поразговара за својата болка, тогаш што? Ќе сменевте тема, пошто ви го расипува денот? А конкретно, немам што да кажам. Дај боже никогаш да не дознаам.
Ако поентата на темата беше да се јават мајки што изгубиле дете и да споделат како се справиле со болката,тогаш е на погрешно место во општи муабети. Ако поентата беше за стравот од смрт за сопствени деца,тогаш треба да се премести на психологија. Темава е будалштина, затоа и нема никаков одговор на неа,освен кој кого познавал што умрел како дете.
Глупава е оти не двелува никој родител на оваа мисла. Ја негираме реалноста, точно е.. оти не е наша реалност и оти е болна мисла. Исто како да има тема: Што ќе правите ако умри мајка ви/татко ви/маж ви/дечко ви/додај по желба? Нема нешто што може да те спреми за да се соочиш со тоа.
@WildMk, мене воопшто не ми смета темава да оди во канта. Не сум ја отворила јас па да осеќам нешто лично ако некој ми ја хејта темата. Коментарите се тие што ми привлекоа внимание, божем ако се избрише темава, трагедии повеќе нема да се случуваат. Не ми се свиѓа воопшто воведниот дел каде ги прашува мајките како би реагирале. Еве, јас не сум мајка ама знам дека нема да сакам да живеам повеќе. Екстремно глупаво прашање. Ама затоа сметам дека е во ред да има општа тема „Загуба на дете“. Зошто се случува, зошто е дел од реалност. Како што има секакви теми, нека има и една ваква. Може родител ќе сака да пише, да си ја отвори душата. Може блиска личност до семејството ќе има дилема како да се постави кон родител кој има загубено дете па ќе побара совет, па некој кој имал вакво тажно искуство ќе и даде насока. Не стриктно родител, туку тетка, другарка, колешка, некој кој веќе го поминал тој ужасен пат и кој ќе даде зрел совет. Погоре пиша @Dust, гуглала како да пристапи, ама не сите знаат англиски. Исто, Повели https://forum.femina.mk/threads/Што-ако-партнерот-почине.5983/
Така е друго... може и некој што го имал тоа искуство ќе сподели мислење. Вака, што би правеле за во иднина?.. ни план за дете, уште помалку дете.