1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што ако партнерот почине?

Дискусија во 'Врски' започната од MacaLove, 22 април 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Епа ајде...овде зборуваме за смрт.Не е битно дали ви е дечко,маж,швалер.Го сакате,се согласувате премногу.Но се случува нешто вакво.
    Како би се чувствувале,би преболеле,би биле со друг маж,и колку време после смртта...

    Еве,да тргнам од мене.
    Мала сум,и можеби овој со кого сум,нема да ми остане засекогаш...
    Но ако му се случи нешто,Господ нека ми е напомош,не знам дали би издржала.Некој ќе помисли,ха типично детско размислување,одма да се сече вени.Но,не е тоа.Од него имам најголема поддршка,тој ми е најверен другар,љубовник.Мислам дека без него понатаму,многу многу тешко.
    За друг маж,мислам дека би се чувстувала како да го изневерувам,и тешко дека некој пак така искрено би засакала...

    Тоа е тоа,вие сте на ред... :)

    Ако е темава дупла,клуч.
     
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека загубата ќе боли премногу но животот не завршил за нас. Господ токму него го избрал. Колку време после смртта би била со друг? Кога ќе осетам потреба дека ми е потребен некој во мојот живот повторно. Имаме потреба од тоа да бидеме со некого. Тоа е дел од нас, од нашето функционирање, дејствување, од сите падови и искачувања. За починатиот ќе ги сочувам сите спомени. Ќе ми биде битно дека во неговиот живот ме имало мене.
     
    На sj *O*, Osamena devojka, Shana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    додека не би осетила не ни сакам да размислувам што би направила за оваа тема,малку ми е смешно темава ме тера да размислувам дека текво нешто ќе се случи навистина,а нормално никој додека е со љубениот не размислува како би било кога тој би починал :lol: :tmi:

    искрено,тешко некој дека ќе заборави нешто и се што поминало со саканиот,но од друга страна па и ќе кажам можеби јас би била таа што ќе почине,па ќе се замислам што тој би направил и како би живеел тогаш,не би го осудила ако засака друга!

    затоа се што се случува во животот се случува со причина,ако се случе нешто вакво сигурно така требало да биде и господ тоа го направил со причина,позади се се крие друга причина :!:

    (можеби ако не се случе да почине тогаш кога треба,подоцна кога би се случило тоа би повлекло други ризици,и промени,затоа за мене СЕ Е СО ПРИЧИНА)
     
    На Osamena devojka и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    А што ако јас починам пред него? :lol:
    Смртта секако боли, но поедноставно е ако си во врска, отколку во брак.Ќе бидеш скршена некој извесен период, но си без обврски, излегуваш се дружиш, преболуваш и остваруваш нова врска.Доколку почине брачниот партнер, па уште ако имате деца, траума е за целото семејство.На кого попрво да размислуваш, дали на својата болка или како да ги утешиш малечките и да им го надокнадиш отсуството на едниот родител, обидувајќи се да ги изведеш на прав пат.
    Незнам дали би се премажила некогаш, можеби би имала само некој човек за дружење. Ќе ме наречете „луда“, ама женско дете имам, откај знам каква личност ќе доведам дома, а какви се приказни се изнаслушавме за педофили и по ТВ и по весници, НЕ БЛАГОДАРАМ!!! На никого на чело не му пишува какви микли му се врткаат во главата.
    Никогаш не би сакала да ја изгубам најсаканата личност и би сакала да си дочекаме длабока старост заедно.А кога-тогаш некој мора прв да си замине од овој свет.
     
    На sj *O*, Osamena devojka, Espadrila и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Несакам на такво нешто ни да помислам, неможам да мислам да продолжам да живеам, а да го нема. Многу тешка тема.
     
    На Osamena devojka и Twinkles им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Прво, помалку тркачки серии гледање и ќе ви е подобро :) џаст сеј ноу на сите турчаци, индијци, хрвати и се од слична продукција што ќе се изроди и... ќе ви е подобро.

    Второ, што би било кога би било... оставете за кога ќе биде да го мислите.

    Трето, ако биде.... тоа што сте го имале сигурно е дека нема да го имате, повторно. Но, пак затоа можете да најдете нешто подобро или ПОЛОШО, изборот е ваш! Кога?!? Зависи кога ќе налета оно на вас и вие на него, пошто битно е да се погодат овие две стварчиња!!! Да ве приметат, да го приметите.
    А, дал ќе е време за да продолжите?!? Ќе осетите по пеперудите у стомак, ако не можете да спиете од нив... булзај, терајте!
    Сепак, луѓе сме не сме створени за осаменички живот, али ако се решите бујрум, ај еинт гона стап ју, ју ноу!

    Четврто не ми текнува бидејќи стварно е безвезе да се замарате со ова. УЖИВАЈ ДУР ИМАШ И ДУР ТИ Е УБАВО, САМО КОГА ЌЕ СЕ СМЕНАТ ТИЕ ДВЕ УСЛОВЧИЊА ЗА ДА УЖИВАШ... ТОГАШ МИСЛИ МУ ЈА!

    хи вил шоу ју д веј, ол ју хев то ду ис фолоууууу :rofl: ќе се избудалам покрај вас еј.
     
    На MarchelineAmaru, Magnolija и anastasija85 им се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Значи,темава ја поставив за оние што сакаат да дискутираат на истава,а не за оние што сметаат дека е тапа.Ако ви се пишува,супер,ако не,скролајте ја темава и то је то :D
    Благодарам на оние што се изјаснија.
    И ,не е секогаш лошо да мислиш што би било,кога би било,во предвид треба да се земат сите работи што ги носи животот,без разлика дали се лоши или добри. :)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    ^^малку удара на психа ако размислуваш што би било кога би било,подобро само нека се случе без да размислуваш нели маца лове,сигурно и ти еднаш досега во животот па дали и тогаш си размислила -леле недај боже што ќе биде ако почине мојот сакан-,едноставно сигурно уживаш и не се замараш со тешки мисли.

    можеби подобро би било да прашате дали на некој му починал саканиот па да дознаете ако толку сакате да знаете како тој се чувствувал

    моето мислење веќе го дадов,кога би с епрашала што би било кога би било ;)
     
    На kristince51 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Секако дека сум размислила,ама на психа ептен не ми мавнало :^) Исто и ако јас починам,па и тоа не ми мавнало.
    На крај сепак било,ќе сторам се за да остане вака како што е,и да биде поубаво.
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    За жал познавам два случаи на мои познанички кои се нашле во оваа ситуација. И тоа ме поттикнало да размислам што ако утре се случи мојот дечко или маж да почине.
    На едната и почина вереникот неколку месеци пред свадбата, а на другата и почина мажот и една недела пред таа да се породи. Страшно!
    Првата сеуште го нема преболено вереникот, размислуваше да се замонаши, којзнае што ќе се случи со неа. А втората после 16 години повторно се омажи и роди уште едно дете.

    Од тие причини сум размислувала на оваа тема и сум се ставала во нивна кожа. Јас сум прилично емотивна и не знам како ќе можам да се повратам во живот во тие моменти, затоа што секогаш по смртта на некој мој близок сум била во депресија. Сеуште кога ќе се пресетам на луѓето кои сум ги изгубила ми доаѓа тешко.
    Дечко ми со кој сум заедно 4 години имаше здравствени проблеми со срцето и само јас си знам како сум се чувствувала во тие моменти кога секакви мисли ми се вртеле низ глава.
    Но, животот продолжува понатаму, со или без оние кои ни значат, а наше е да најдеме начин да живееме како што можеме.
     
    На sj *O*, luvena и MacaLove им се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    За овие работи, едноставно нема простор за размислување. Не верувам дека што го снашло ова зло - претходно размислувал или се подготвувал.

    Од една страна, во страв не смее да се живее. Нека ништо убаво да се тресеш што може да биде, па да пропуштиш време кое е наменето за живот, уживање и задоволство. Не е џабе осмислено Carpe diem.
    Од друга страна пак, никој не знае што носи утре. Да проживееме денес како што сакаме. Може мене ке ме нема, може него.

    А како ли е тоа... само тие што доживеале можат да кажат, дали ке продолжат со иста психичка состојба или ке се изменат комплетно.

    Имам блиска другарка на која и почина дечкото пред нецела година. Заедно беа 7 години. Самата таа не можеше никако да претчувствува дека нешто би им се случило баш нив.
    Гром од ведро него.
    Е тоа те погодува најмногу. Кога никогаш не си почувствувал како е да изгубиш некого, и одеднаш го губиш тој што најмногу ти значи и треба. Губиш половина од себе.
    Седиш со него, се смееш, се поткаруваш, водиш љубов... а после 1 час ти се јавуваат да ти соопштат таква вест.
    Другарка ми не знаеше што со себе. Сите планови, желби и замисли, ги имаше со него и за него.
    Сите и зборуваа само за него. Ја гледаа како гревче. Барем еден дел. А поголемиот дел малограѓани, ја осудуваа - како оваа излегла да прошета, дечко и умре.
    |(
    Да седи дома - ке падне во депресија. Покорисно е да се измеша во народ. Ама ајде. Кој да им објасни на злите усти.

    Тогаш мене почнаа да ми се појавуваат такви филмови - што би било, кога би било. Како би ми било мене да сум на нејзино место. Па сонував на сон, па на јаве... па психата ти се разорува.
    Ама тоа ти е.

    Единствен факт е дека не знаеме што не чека утре. Ни денес.

    Што ако партнерот почине?
    - Не би сакала да знам. Ни душманот да не дознае. :|
     
    На sj *O*, Espadrila, Underbelly и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Темаат е премногу морничава |( бррррр...
    нема што ако,зошто така да размислувате??????поубаво размислувајте како квалитетно да си поминете,каде ќе одите и што ќе правите ;)
     
  13. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    што би било кога би било за жал и ова се случува .........мислам дека вака или така човекот ке научи да зивее со болката :( :( :( :( :( јас не си го правам овој филм
     
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Би ми било претешко на еден момент можеби и ќе размислам за сечење вени (џаст кидинг :rofl: ) Секако би била многу тажна ама со тек на време ќе ми помине болката, ќе научам да живеам со фактот дека човекот кој сум го сакала, човекот за кој би го дала и сопствениот живот го нема. Иако би било многу тешко на моменти сигурно би сакала да се откажам од се, имам семејство кое ме подржува. И на крај не рекле за џабе Времето лечи се! :)
     
  15. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    неможам да го замислам животот без него :(( и ако само ми се допаѓа ама толку многу се зближив не би можела да го преболам зашто сум премногу чувствителна.. и знам дека со кого и да сум после него животот нема да ми е ист. иако јас сеуште немам ништо со овој сме се шетале смееле како луди и неможам стварно да го замислам животот без негоо :((
    ова го кажувам зашто сега брзо се скарав со него и ми е толку глупаво што.. не знам стварно!
    и ако уште правам муабет со него не е исто! а да не зборуваме за смрт и после смрт!
    кога плачам си мислам што ке се случи ако јас попрво умрам ?
    дали тој ке тагува како и јас по него ?
    знам дека јас вечно нема да сум со него.. ама ајт
    можеби тоа доколку се случи тој ке ме преболи само на сахрана колку да се каже..
    сепак животот иде понатаму и ке се надоврзам на саншајн555 за тоа што не рекле за џабе
    Времето лечи се!
     
  16. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    368
    Што би било кога би било?!..
    Темава поттикнува размислување за нешто што никој не би посакал да размислува..
    Но сепак живи суштества сме, па ете размислуваме, и ќе ни текне и на ова.
    Немам партнер и за тоа не сум размислувала а сега кога ќе помислам што да мислам.. Тоа не може човек пред време да си планира "ако почние ќе си најдам друг", "ако почине никогаш нема да се предадам на друг човек"... Тоа само времето може да го покаже. Сосема е различно ако тоа е дечко, вереник, маж..
    Имам братучед што почина, имаше девојка, љубов, совршена врска.. но цел живот е пред неа.

    Тие можеби и нема веќе да се заљубат, но тоа не мора да значи и дека треба да се зацрнат и да не бидат среќни во други моменти

    Времето не учи да живееме со тоа, да го прифатиме тоа што ни го нуди.. Ама никако не може да не научи да ги предвидиме работите како ќе се одвиваат
     
    На sj *O* и MacaLove им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ако не ти се размислува,не размислувај едноставно.
    Има некои што размислуваат.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Како прво времето ништо не лечи, само ги избледува раните. Ако лечеше се, тогаш немаше да постои момент кога ти е тешко за личноста, се сеќаваш на убавите моменти, плачеш...
    Секогаш ќе се сеќаваш и ќе ти биде криво зошто морало тоа да се случи, но животот мора да продолжи и не е возможно човек да помине години во една соба плачејќи.
    Самиот организам ти јавува потреба за љубов, среќа, насмевка, дружба, секс...
    Времето ќе помогне да подзаборавиш малку, и секако полесно би ти поминал животот ако сепак на крај најдеш некој со кој ќе го поминеш животот, лесно може да се роди нова љубов. Да имаш деца на кои ќе им се радуваш, внуци, итн, оние кои ќе ти го исполнат животот.
    Ако останеш сам, само ќе патиш цел живот и ќе бидеш во депресии, а вака ќе внесиш повторно радост во животот зошто скоро секој заслужува да биде среќен.
    Јас сум за тоа повторно да се има партнер од горенаведените причини, секако кога човек ќе се почувствува спремен, а и тука треба да имаш помош од блиските да ти помогнат на некој начин повторно да се вратиш во "живот".
     
  19. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Навистина темава малку е морбидна и мислам дека не би требали драги мои феминки да размислувате на тоа ,,што ако партнерот почине,, сметам дека сите сме млади и треба да размислуваме позитивно и конструктивно на пример да се вработиме добро да основаме семејство да го живееме животот најдобро што можеме не сакам да размислувам на загуба и тоа на блиска особа која ми значи, не дека тоа е неминивно туку сите ние сме млади и треба да не размислуваме на вакви теми кои би делувале психички на нас. Јас на сите вас и на себе си пожелувам долг и убав живот и да ја доживееме дабоката старост со оној кој сме го одбрале за партнер или ќе го одбереме.
     
    На georgnicos и Iceberg им се допаѓа ова.
  20. lonely111

    lonely111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    сум размислувала мн често за ова, како би поминала низ сето тоа...и секогаш завршувам со ист заклучок: никогаш нема да можам без него, мислам дека од дома нема да излезам никогаш, мн сум приврзана за него....постојано сум во некој страв да не му се деси нешто....
     
    На sj *O* и Oscar Lady им се допаѓа ова.