1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како ќе сфатите дека ТОЈ е принцот на белиот коњ

Дискусија во 'Врски' започната од Keyt, 5 ноември 2010.

  1. Keyt

    Keyt Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Девојки како ја сваќате врската со вистинскиот?Верувате ли во вистинска љубов?Мене ми се случиле многу не убави работи во мојот живот лоши искуства со бивши бљак :puke: Последната врска ми беше 2 годишна божеее низ шо се не поминав со него....не можев да се одделам од него паднав во депресија...на крај сватив дека е умоболен свашта.Тоа траеше се додека не го најдов ПРИНЦОТ НА БЕЛИОТ КОЊ :D а се појави многу бргу не сакав да влезам повторно во нова врска се плашев :( се плашев да не ме повреди и тој.....но кога видов колку е нежен со мене и колку има љубов во него што ми ја дава,сватив дека можеби нема да биде тој вистинскиот но бидна ете тој е тој :) Пресреќна сум ....Ајде девојки кажујте како ја сваќате вие љубовта????Сакам да слушнам различни мислења ме интересираат вашите одговори само бидете позитивни ќе ве молам :D Оти станува збор за вистинскиот човек во вашиот живот што ке бидете со него до крајот на животот!!!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Како ќе сватите дека ТОЈ е принцот на белиот коњ

    Како ќе сфатам дека тој е вистинскиот?
    Ако е паметен, умствено ме предизвикува, не ми попушта кога знае дека грешам.
    Ме слуша кога зборувам и не се обидува да смени ниту делче од мене.
    Вистинскиот за мене е оној за кој знам дека никогаш нема да го познавам целосно.
    Да не се лигуши и да не ми плаче на лимонатка филмови.
    Оној кој без зборови ќе ме натера да зборуваме и ќе ме научи да уживам во мигот наречен тишина.
    Вистинкиот прави смисла на целиот мој свет, иако светот на моменти е тотално посран.

    И најважно... ТОЈ мора да ми предизвика оргазам од кој ќе го кренам Скопје.
    Така знам дека тој е ТОЈ. :)
     
    На macii7, sj *O*, Umbrella22 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Како ќе сватите дека ТОЈ е принцот на белиот коњ

    Уште првиот момент кога го запознав, осетив дека има нешто чудно со тој човек !
    А кога се запознавме, го почувствував оној друг дел од мене што се одвоил во претходниот живот. Ја видов онаа светла точка над неговото рамо !
    Доста му ги крадев зборовите на Коељо....
    Знаев дека тој е тој бидејќи:
    Секогаш кога му кажував дека го сакам солзи ми навираа во очите, никогаш не ме повреди,ме исполнуваше целосно... Не знам не можам да опишам ! :inlove:
    И да она поважното-во сексот сме исти, совршени сме еден за друг ! :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Umbrella22, WildCherry, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Како ќе сватите дека ТОЈ е принцот на белиот коњ

    Тренде, шкорпиону мој, не рекле за џабе дека сме нај страствени :wasntme: Се согласувам за се што кажа, ама овој дел посебно. Ако сексот не чини, ништо од врската. Барем според мене. Што би правела со човек што не ме задоволува или јас него? А инаку, јас би го дигнала Велес :lol: Така да, дечко ми ми е погоден за тие работи 100%. Со него не се осеќам како секс-машина, соблечи гаќите, заврши работа и сиктер.
     
    На fiesta, icy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Keyt

    Keyt Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    13
    Како ќе сватите дека ТОЈ е принцот на белиот коњ

    аххххххх тие шкорпии :D
     
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Нема да сфатам... Нема да претпоставувам...Ќе чувствувам!

    Инаку не барам никакви посебни особини од него, некоја надчовечка убавина или однесување кое би ме водело мене дека секогаш сум во право, сакам кога некој ќе ми скрени внимание на грешките, за да не ги правам друг пат. И нема да имам време за размислување дали тој е принцот на белиот коњ, затоа што ќе бидам изгубена од моментите во кои ќе се чувствувам како светот да е мој...
     
  7. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Едноставно ќе знам ќе осетам нешто во мене ќе ми каже..и по којзнае кој пат ќе ме излаже :D додека вистината не излезе на виделина!
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Некогаш едноставно знаеш (да не филозофирам) ама некогаш очекуваш принц а добиеш коњ :D
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ќе сфатам дека е вистинскиот кога ќе знае дека ПАПУЧАР ќе биде само кога ќе шетка по дома облечен во папучи.Секое друго значење на тој термин нека го избрише од речникот.Не сакам да се лигави по мене како некое куче и на секое мое "А" он да вика "АХА". :puke:
    Ќе знае да ме ислуша,да ме подржува но и да укажува на моите грешки,да ме почитува мене но сепак и себе.
    Да има свое Јас,свои ставови ,мислења и гледишта на нештата и да стои позади тоа,да не ги променува само заради тоа што му сум се насмеала или сум го фатила за колено :$ ...освен нормално кога навистина греши,тогаш ќе мора да знае да го признае тоа,а не да биде тврдоглав само затоа што он мисли така ;)
    Да биде нежен,да ме осипува со љубов,среќа и многу убави моменти.Нормално да биде духовит и дружељубив а не немтур на кој мора со клешта да му вадам зборови.
    И секако една од примарните работи,да знае дека сексот е ВЗАЕМНО задоволство,а не само негово кое едвај чека да го доживее.Клај го -извај го ситуации во никој случај! :shake: :shake: :shake:
     
    На Umbrella22, Hopefully, Justinna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Незнам другарка ми вели дека е среќна за мене сум го пронашла принцот на бел коњ , а кај неа секогаш само коњот доаѓал :D
     
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Ако ти ја возвраќа љубовта, те почитува и се разбирате значи тој е вистинскиот (барем за некое време) е сега дали ќе биде тоа месеци години или цел живот никој не може да предвиди или да каже, можеби тој е твој принц ама ти не си негова принцеза :^) Сакам да кажам лугето се менуваат па така се менуваат и критериумите за партнер а се менуваме и ние па затоа принцот потоа станува коњ. И не е добро да се живее постојано во бајка, бидејќи кога ке се вратите во реалноста нема да може да се приспособите
     
    На Justinna и lebarka им се допаѓа ова.
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас мислам дека кога ќе го запознаеш вистинскиот ПРИНЦОТ на белиот коњ во твојот живот, нешто ќе почувствуваш. Барем тоа е мое мислење. Се чувствува дали имаш иднина со некој и каква. По самото негово однесување, внимание, почит, доверба, разбирање.........и љубов во големи дози :D . Се чувствуваш посреќно, поисполнето, посигурно со него. :inlove:
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Љубов ,внимание,почит,доверба,преданост,искреност добивам од мојот принц на бел коњ
    (се надевам дека е тој)
    и да имаше нешто поразлично некое претчуство при нашата средба
    јас си го покажав своето јас 100% во целост како на никој друг дотогаш
    чудна бев и смешна :D
    како да знаев дека е тој :)
    како и да е се надевам дека ќе остане мојот принц засекогаш :* :inlove:
     
  14. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    ПРИНЦ НА БЕЛ КОЊ НЕ ПОСТОИ ЗА МЕНЕ!! Постои особа со која што можам да поминам дел од мојот живот со него,но далеку од тоа дека очекувам да биде ПРИНЦ НА БЕЛ КОЊ,пошто секој човек си има свои мани и свој компјутер во главата :)
     
    На icy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Од сите мои обиди (барем до сега) не сум успеала да го најдам принцот на белиот коњ, и што е нај трагично принцот се претвараше во коњ на крајот на секоја приказна :rofl: за жал.

    Сегашново момче (заедно сме само неколку дена) нешто ми изгледа поинаков, ама ке видиме дали ке си остане принц , или и тој ке се претвори во коњ , како и претходните-пред него, оти ако се претвори, ке мора некако да ја разбиеме магијата што лошата вештерка ми ја фрлила врз мене :lol:
     
  16. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Навистина добра тема но прашањето е дали некаде на планетава таков човек постои? Тоа е исто како да бараш игла во голем сноп со сено прашање е дали ќе ја најдеш воопшто. Значи човек без маани не постои, а за да биде совршен треба да го прифатиш со сите негови маани и доблести, па така тој да биде принцот на белиот коњ. Ние луѓето никогаш не знаеме за доста. И колку да ти угодува некој пак ќе најдеш нешто за што ќе му замериш. Јас лично би сфатила дека ТОЈ е принцот на белиот коњ кога тој потполно ми ги пружа љубовта, почитот и разбирањето. Другото е се на втор па и последен план. За да биде принцот не барам да е богат затоа што тоа е минливо денес имаш утре не, не барам да е премногу убав итн. но барам бескрајно да ме сака, цени, почитува и да има разбирање и целосно да ме поддржува во одлуките. Моментално дечкото што го имам е блиску до тоа но се разбира има и пропусти неможи се да е иделно :)
     
  17. icy

    icy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    Jas iskreno ne veruvam vo princot na bel konj,no imam nekja zamisla za nego - bisakala da bide kon mene najnezniot covek , onoj koj najmnogu ke me saka, ke mi veruva , ke me razbira i pododrzuva ...
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Епа краток и јасен одговор...
    Никако нема да сфатите однапред дали е ТОЈ принцот.
    Според мене, кога ќе остариш покрај човекот со кој си поминал најголем дел од животот и кога ќе погледнеш наназад низ животот е тогаш ќе сфатиш дали е тој - тој ПРИНЦ.
     
    На Dashing:) и joelle им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    хммм, ваљда првин време ќе ми треба да сконтам :D ако со него сум јас, природна и искрена, можам целосно да се отворам и ако имаме заеднички соништа (малце патетика) :D
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Доколку некаде и постои мојот принц, сигурно му се паднал некој мнооооооогу бавен коњ, па никако да стигне :rofl: .
    Сега сериозно, како ќе знам? Ок, не мора веднаш да се случат „огномети„ ама верувам дека со време ќе се показе и доказе дека тој е оној правиот, ако пак не ќе се водам по онаа „ако целите кон Месечината и да промашите, не очајувајте, сепак ќе завршите меѓу ѕвездите„ т.е. ќе го прифатам најдобриот (за мене) „обичен граѓанин„, па нема принцеви за сите :D .