И кај мене е вака..ме сфака ги има поминато тие години и знае како е,знае да ми даде совет за све,да ме насмее,ме поддржува,најважното од све ме сака,а и јас него
ова неможе да се претпоставува ниту да се бара. да се биде ваков или онаков е тој е тој совршениот ... епа драги девојки не е се така во реалниот живот. јас мојот приц го најдов т.е он мене ме најде ама не ни претпоставував дека тој е тој. Не летаа пеперутки а најмалку огномети ,(за мене) но со текот на времето тој заслужи да го добие овој епитет значи да се биде нечиј принц треба да се заслужи тоа. јас тоа го сватив после 3 годишна врска кога бев на дното со себе си кога го повредив најмногу што можев кога немав никој тој беше тука и не се откажуваше од мене ме заврза на својот коњ ме извлече од калта и ме пушти пак сама да одлучам што ќе правам со животот. тој ми дава безизмерна љубов, ме заштитува, ме подржува, мие садови, чисте и ми вари кафе во недела наутро знае да ме изнервира до бескрај и да го "мразам" но знае и да се извини и да ги поправи работите. тој не ме подржува целосно во одлуките кога гледа дека грешам или забегувам од патот тој ми е како патоказец го сака најдоброто за мене и му укажува на лошите одлуки... овака можам цел ден да набројувам сексот е прекрасен ( му благодарам што не е себичен како повеќето ) ете тој е мојот принц иако понекогаш знае да биде вистински коњ но сепак принцот и коњот секогаш доаѓаат заедно нели ?
Во принцип никогаш нема да сфатите дали е тој тој принцот на белиот коњ. Тоа не се сфаќа тоа се чуствува. Првин љубовта започна со познатите пеперутки кој ми правеа раздор во стомак море летаат летаат и јас почнав со нив да летам, па бакнежи меки и сочни, љубов која траееееееее и траееееееееее, долги гушкања во постела и нежности кој само тој може да ми ги даде, разбирање советување и долги часови поминати на телефон и очи во очи за да се разбереме и објасниме, расправања преку кое можев да дознаам колку му значев и колку тоа расправање само го подобрува нашиот статус. Тука веќе ми е последната точка кога осеќам да тој е тој мојот принц кој ќе застане покрај мене и во добро и во лошо кога при првото расправање нема да си отиде, осетот дека засекогаш ќе бидеме заедно. Пред се склопот на една заемна љубов кој ако ја немаш го добиваш коњот кад тад
Принцот на бел коњ ... хмммм.... дефинитивно не постои. Најдоброто што можеме да го добиеме е обичен маж кој знае да сака. Меѓутоа да сака и да не прифати такви какви што сме, со сите маани и доблести. Сама себе некогаш неможам да се поднесам, и со самото тоа што тој ме поднесува во оние моменти кога сум вон себе е доволно да знам дека ме сака. Со секој негов добир, секој негов поглед тој ми кажува колку многу ме сака, па зборовите и не се ни потребни. Меѓутоа кога го имаме тоа и не сме многу свесни, евентално ако го изгубиме, или сме на граница да го изгубиме си велиме, да тој е најдобриот, тој е вистинскиот, со него можам цел живот да бидат среќна. Всушност ринцот е оној вистинскиот кој и покрај многуте лоши страни што ги има, ние ја гледаме само неговата добра стана, а за оние лошите, па .. можеме да живееме со нив. Го сакам и тој ме сака, тоа е верувам доволно, за да кажам ТОЈ Е МОЈОТ ПРИНЦ
По коњот ?!? Инаку не би бил принц, нели доколку ви дојде без коњ . Само, проблемот во денешниве времиња е што, популацијата на човечкиот род, далеку ги надминува нумеричките размери на популацијата: коњСКИ род, па се повеќе се среќаваат принцови на бели магариња, и тоа, ги бојат бели, за да наликуваат на коњите, пошто, пак ќе речам, нели , принц е само ако е на бел коњ. Е сега, проблемот е што, за оваа финта научила и обичната раја, простата маса од машката популација, пак ги користи истите марифети за заведување и замајување женски умни глави. Дури некои од нив успеале да се докопаат до најдобрите примероци од бели, силни пастуви, секогаш на готовс за трка со конкуренцијата им... оние на бели магариња. Па настанала таква бркотицна, што не се знае кој е на коњ, кој е на магаре, кој е принц, кој е принц андер дискајз и се случувало многу често, вистинскиот принц да дојде на бело магаре, или пак пеш (замислете ни кола да му текне да земе за да се довезе себе си до својата принцеза), па женските умни глави, поради тоа и многу често, не умеат да проценат: каде си, што си, со кого, кој си, дали си, зошто си, ти ли си, нели си... Шала на страна, мислам дека работите се приметуваат и не само што се приметуваат а буквално ви ги вадат очите, дали некој е вистина за вас или не е. Го забележувате и самите го знаете тоа, бидејќи дечко кој ве остава премногу често за да излезе сам, дечко кој цел ден нема да се сети да ве побара, дечко кој не му текнува дека одамна не ве гушнал, бакнал или нешто слично, дечко кој повеќе погрдни зборови и забелешки има за вас.... дури и да бил некогаш, вашиот принц на бел коњ, повеќе не е тоа. Но, проблемот е што сакаме да сме си заблудени, да си ставиме превез на очите и да си мижуркаме потсетувајќи се на едни стари времиња или тешејќи се (дури и доколку овој е нов свеж принцов), дека работите ќе се променат, дека не се такви, бидејќи тој ни вели „те сакам“, а на пракса не успеваш да видиш ниту С од сето тоа. Но, прифаќањето на реалноста отсекогаш било прилично болен чин, за секое суштество со чувства.
Како знам ? Епа тој ќе биде принцот ако секогаш е тука за мене , има правилни зборови за мене , не дозволи никој да ме натажи , ме штити , нежен , страствен , да не ме изневери , да не ме ЛАЖЕ , секој момент да го направи убав , да уживам со него , и да ме натера да бидам благодарна на Бога што го имам до мене . Барам и пружам
ЕЕЕхххххх кога само ке се потсетам ова прашање си го поставував се до пред 3 години на мајка ми и другарките постојано и велев е како ке знам кој е вистинскиот, како да знам дека со него ке сакам да бидам цел живот... е сега знам... знам затоа што тој е личноста која ме разбира, пред се ми пружа голема лјубов и нежност, знае да ме утеши и прегрне кога имам најлуди денови во мојот пмс а не да ми каже па иди во пм не се трпиш веке, да ме скара затоа што шетам со голо меше во ладните денови се- грижи за мене, да ми свари чајче кога ме боли стомак, и кога сум најнервозна да разговара и да ме сослуша без да ми каже досадна си, да ги трпи моите панични напади и покрај тоа што и на самата сум си досадна , на секое будење во нокта да ме бакне и ме стутка во него со неговите големи раце, ми се јави и ми каже те сакам, кога се разделиме на 3 дена ме гушне силно и ми каже ке ми фалиш премногу , во деновите кога надвор врне дожд мене да ми направи да ми биде најубаво држејки ме во прегратка и правејки планови за нашата иднина и уште многу многу работи кои до утре би ги набројувала зошто тој е принцот на бел коњ и најважно од се тој е мојот принц затоа што јас сум лудооооо влјубена во него
Уфф темата јас во тој поглед сум најголемиот скептик што постои не верувам во принцови напротив сите ги гледам ко коњи дури и кога сум најзаљубена не влегувам во бајка си останувам со коњот во реалноста ... а можеби па и не сум го пронашла штом уште ништо не осеќам како што ги читам заљубените феминки погоре или едноставно живеам во некој друг свет каде девојките бараат коњи наместо принцови и не не сум кобила треп треп
Е да, инаку мое мислење е дека принц на бел коњ не постои. А спонзорушите би кажале "порано девојките чекале принц на бел коњ, а сега чекаат коњ во бело Ауди" или "порано Јулија го сакала Ромео, а современата Јулија го сака Алфа Ромео"! А како знам дека е вистинскиот? Љубовта неможе да се опише, може само да се почувствува. Вистински сакаш кога не знаеш зошто го сакаш ама едноставно го сакаш! Знам дека е вистинскиот затоа што се разбираме со поглед. Кога ќе ме види, без ништо да ме праша секогаш знае што ми е, секогаш знае како се чувствувам, знае да го каже вистинскиот збор во вистинско време. Знае кога треба да ме прегрне, знае кога треба да замолчи и да ме остави сама. Тој е вистинскиот затоа што секој ден одново се заљубувам во него, секој момент со него се чувствувам како мало дете кое првпат се заљубува. Кога ќе го погледнам во очи неможам да го тргнам погледот. Прави да се чувствувам посебно...Го сакам, бидејќи покрај него сум вистинската јас, без никаква глума, слободна да кажам се без да се плашам да не е тоа погрешно, ме сака и ме прифаќа таква каква што сум, спремен да биде со мене без да ме менува туку да научи да живее со моите мани. Го сакам затоа што е совршено несовршен, затоа што ме исполнува, затоа што во иднина се гледам само со него...
Принц на бел коњ не постои,ниту совршен маж.Вистинска љубов според мене е онаа во која партнерите се сакаат безусловно,си веруваат,се почитуваат и поддржуваат.Исто така,кога си вљубен во некого ,не ги бараш неговите маани ,туку ги истакнуваш неговите квалитети и го прифаќаш целосно каков што си е,без да посакаш да го смениш. Љубовта е прекрасно чувство.Еднаш се вљубив во животот и се уште не сум го заборавила тоа момче,иако не е со мене,бидејќи тој мене не ме сакаше,барем не вистински. Но,за да не се жалам,да си кажам дека имам остено како изгледа вистибнска љубов од едно машко,мој бивши беше заљубен во мене,ме правеше да се чувствувам посебно,ме уважуваше пред другите,стално ме изненадуваше со работи кои мене ми се допаѓаат,се потруди да дознае се за мене,мој вкус за музика,облека,храна .Едноставно ,ме третираше како принцеза.Но,штета што и јас не го чувствував истото,па еве ме сега со човек кој само ме навредува,ме лаже и со сигурност не ме сака
ДА ПОСТОЈ !!! Тоа се чувствува. Не е потребно време да помини за да знам дали е или не е тој. И се разбира да е паметен, да има цврст карактер, да има свој став и да си стои на тоа, да знај да ме ‘‘кара‘‘ кога грешам, да знај кога да ме гушни без да кажам ни збор, да ме слуша, да ме поддржи, да ме сака најмногу, да ми кажи те сакам...кој ке направи да уживам во секој момент, да се грижи за мене и да ми посвети внимание... не можам да ги донабројам
Тој е!!не може да биде никој друг! Денот кога сватив дека не ме интересира ништо освен тој да е среќем,заедно да сме среќни,дека околу мене не постоојат други мажи,не постои лицемерие,не постои себичност.Тој е! И Бред Пит да ми тропне на врата,мојот принц си е мој и така ќе остане.Чувството гушнети,исполнети еден покрај друг со толку сикрена насмевка со толку разиграни очи и после толку години врска ми кажува дека е тој, ми кажува дека сакам да се будам и остарам покрај него.Ме надополнува,ме ежи буквално со муабет,ме растреперува,ме сака,ме тера секој ден да се заљубувам во неговите постапки во неговата мажественост,во неговиот потенцијал и амбиции,во неговите длабоки очи а притоа разиграни како мало дете,ме инспирира да бидам подобра личност покрај него.искрено моиве дома нон стоп ми велат како те сака како си го прелажела,....ха ха ахаххх Само тој ме знае најдобро,ме чита без говор,знае која сум од каде сум и своја сум.Нема лаги овде верувајте,нема материјалност,...толку длабока љубов не се ни осмелував да помислам дека ќе ми се случи пред 4 години.Ама ете со принцот мој воедно и коњот мој си се љубиме до бескрај,до смрт,се надевам до старост. Можеби за некој е клише напишаново но девојки се надевам дека ке пронајдете и доживеете да бидете длабоко,искрено,сакани посакувани и среќни со вашата друга половина.
Како ќе сватам? па по тоа што сум принцеза а не кобила па за д ами дојде коњот. хех се шегувам принц на бел коњ не постои исто така и совршениот маж ни пак совршена жена не постои љубов е кога некого безусловно сакаш некој кој ти значи многу некој без кого неможеш тогаш сваќаш дека тој е оној вистинскиот за тебе.
Зарем е потребно прво коњот да дојде во нашиот живот, за да научиме што е тоа Принц? Може и без него нели? Нема потреба да ни стои како дамка во животот.
Го нејќат многу, а ти го сакаш. И тој те сака тебе, те пушта и ти вика оди си, ама ти остануеш. Те слуша ко ниедна, те сака ко ниедна, те гледа ко ниедна и ти вика - како те заслужив, дома не им е јасно како ме сакаш, а си паметна, а ти му викаш истото и моите се прашуваат. А уствари и двајцата сте глупи, ама од што се сакате мислите дека сте најбоље у свет. Ди енд.
Тоа се сфаќа кога ќе посакаш да живееш во него, да влезеш во неговото тело и да му ги гушнеш органите. Да бидеш дел од него и тој да биде дел од тебе, да бидете ЕДНО. Кога ви фалат дупчиња за да се споите, кога секое наелектризирано влакненце сака да се спои со секое негово влакненце. Кога се љубите со секоја клетка, кога секоја твоја клетка се љуби со секоја негова клетка. Кога и последниот атом енергија го трошите за да го видите среќен. И пливате во вашите очи, може да се гледате со саати и да ви биде малку. Може да ќутите и да ви биде најубаво на свет. Кога мисијата на вашето постоење е да го гледате среќен затоа што тоа и вас ве прави среќни. Ќе сфатите кога животот ќе ви помине пребрзо со него и тогаш ќе видите дека малку ви бил еден живот со вашиот принц.
Не знам дали постои принц на бел коњ, но ТОЈ ме разбира, ме бара постојано, не ми тера инает, ми се извинува, ми угодува, ме гушка и бакнува кога спијам ( јас ќе се подразбудам и се преправам дека спијам и тогаш сум баш изненадена од тоа што го прави ), кога ќе дојде до кавга не држи лутина и веднаш се смируваме, не ми кажува лош збор, пристоен е... Така да е, дали е принц на бел коњ не знам, ама дека е човекот на мојот живот, сигурна сум.
Дaлеку oд тoa декa тoј е сoвршен зaштo сите прaвиме грешки. Амa декa е вистинскиoт и декa декa ме нaучи штo нaвистинa знaчи љубoвтa тoa дa. Секoј ден нaреден сфaќaм декa тoa е тoa oнa вистинскoтo. Имaт ми се слученo некoлку неубaви рaбoти, a тoј секoгaш беше тукa. Ме смееше, ме сaкaше тaквa кaквa сум пoнекoгaш дрдoркa пoнекoгaш ќутливa. Сфaтив декa oние кoлумни и текстoви кoи ги нaпишa се нaјубaвoтo нештo штo некoј некoгaш ми гo пoдaрил.