Абе, уште верувате во принцови и коњи? Јас повеќе верувам во некој со кого сме негде на иста бранова должина, си се согласуваме, си ги гледаме маните и се прифаќаме, едноставно си одговараме. И тој може да се нарече дека е тој вистинскиот за нас, а не принц на бел коњ... а инаку, уште не дојавал до мене.
Едноставно знам. По начинот на кој ме гледа, гушка, држи за рака и слуша. Нема ништо посилно од тоа што може да ме натера да не верувам дека тоа не е тој - тој... Ме сака повеќе од било кој, ме прифати со сите маани, ме чува како капка на дланка, ми ги исполнува сите желби, ме разгали до бесвест... Што ли уште?? Хаха
Го чуствувам тоа по начинот на кој ме бакнува, гушка, ми ги исполнува сите желби, ме чува. Ме сака повеќе од било кој и тоа го покажува секој ден. Што уште да посакам.
Едноставно 'знаев'. Од кај знаев? Ваљда од интуиција. По 3 месеци врска, веќе бев сигурна дека сакам да биде во мојот живот дури сум жива. п.с. не 'принц на коњ', туку личност која многу ми значи
Мислам дека е малку overrated насловот на темата. Не би го нарекла принц на бел коњ. Би го нарекла човек со кој сакам да го поминам животот, кој ме разбира и почитува, се грижи за мене несебично, односно ме прави среќна. Тоа е и повеќе од доволно за да се долови значењето кое го има во мојот живот. Како ќе сфатите? Би рекла со тек на време. Сметам дека треба добро да го запознаеш човек за да знаеш колку карактерно ти одговара и колку искрени намери и чувства има кон тебе. Кога се се поклопува баш онака како што треба, тогаш знаеш
Тогаш не прашуваш дали е тоа љубов едноставно знаеш Ако веќе почнувам да се сомневам знам дека нешто не е во ред.