Избришани се сите оф-топици. Ве замолувам да се држите до темата. Buba4e е банирана од цел форум на три дена бидејќи во вакво време не се потребни желби некој на респиратор да заврши. Продолжете на темата.
Скромно, дома со фамилијата како и последните години. Ништо посебно не ми е нова година, обична вечер.
Дома, со блиските. Тв, муабет, нешто лесно за мезе.. Има убави филмови по каналите. Следниот ден да поспиеме малку повеќе и после може да се прошетаме малку на воздух, природа.. да смениме секојдневие
И јас првпат во живот направив план за најлудата... Првин ќе ги најдам свилените пижами што еднаш одамна му ги купив на маж ми, ги пробал тогаш и ми рече дека тоа е прв и последен пат што ги облекол, е нив ќе ги натнам за вечерта за да дадам свечен акцент на моментот на дочекот. После ќе фатам позиција пред тв, ќе му го фрлам далечинското на маж ми за да бара некое добро филмче, секако Чак Норис, Брус Вилис и Нико не доаѓаат во предвид, сакам тој да го начекам со бившиот маж на Анџелина Џоли кај што глуми поочаен и поскапан Дедо Мраз дури и од годинава што одмина, зошто сигурно него му се паднало да дели подароци оваа новогодишна ноќ. Ама веројатно нема да го начекаме, па ќе си вртиме до бесконечност по програмите, ќе си мумламе дека ништо асално нема на програма, дека требаше барем снег да падне да не израдува. Ете вака отприлика. Туку не знам дали ќе има Виенска филхармонија на први, па да чекам моментот кога ќе плескаат со раце од публика, па да се синхронизирам и јас. И тоа балерините и балетаните што убави им беа...
Леле, скроз заборавив на Виенската филхармонија, а последните години тоа ми е најубавиот дел од новогодишното лудило. Мамурна со кафенце, со остатоци од храна и кока кола ги гледаш и не можеш насмевката од лице да ја тргнеш. Еххх, којзнае дали ќе има. Едит: Сега проверив, ќе има само без публика
Имам пишано во другата тема дека ќе седам дома, но ми се отвори можност да славам со другарка кај неа, најверојатно сами ќе бидеме. Искрено "среќна" сум што ситуацијава годинава е ваква, зошто веќе се изморив од одење на журки за Нова или вечниот проблем каде ќе се слави, со кого ќе се слави, па планирања, закажувања, напнувања... А денот како ден ми е толку небитен. И јас последниве 3 години барем мислам дека бев најсреќна дома да си седам само.
Expectation: Дома, со јадење, пиење и можеби со некоја виртуелна забава. Reality: Ќе се обидувам да не заспијам пред полноќ.
Не знаев каде да прашам. Пошто ќе има нели контрола, такви работи...Дали смееш да бидеш во дом која не е твоја адреса, со уште едно лице? Пример да си кај некој дома и да сте вие двајца?
Сами дома. И мислам дека прв пат во толку години ќе си славиме сами. Ќе правиме Star Wars маратон и ќе ждереме како да нема утре. Менито ми е испланирано, алкохолот купен, ќе се нашминкам и ќе си се дотерам во фустан со светки.
Дома со внуците, пуканки и филм. Впрочем се обидувам да се сетам кога последен пат сум славела нешто вакво и меморијава ми регистрира еден настан пред речиси десет години собрани дома пет пара, руска и полна трпеза. А јас, јас легната во спална комирана во 21 часот. И као иде ми се кара и лути колку сум несоцијализирана и не дремам на маса со девојките на другарите кои се помали од мене околу 10 години и раскажуваат за секојдневието во средна школа. Нова Година ми е асоцијација на виенскиот новогодишен концерт кој годинава ќе биде онлајн. Во надеж дека некогаш и лично ќе го слушам во Виена. Друго значење нема никакво. Освен глупердите со мали куриња кои пукаат петарди како врвно достигнување. А нивните женички се радуваат стискајќи ги децата до себе како не се плаши тато ќе ги пукне сите, не се плаши. Сакам само да ви кажам дека сте многу глупи. Многу. Жалосно многу сте застанати во развојот.
Можеш. Ќе се контролира ако има гужви во станови, журки итн.. Двајца па и тројца да сте не е страшно. Инаку на темава, јас дома, како и секој ден.
Во стан во Аеродром кај дечко ми со многу јадење и музика... Јас сакав да славиме само јас и он, поточно јас сакав или само јас и он или ич да не славам ама он сакаше да си слави со другарите секоја година славел со нив, така си бил навикнат и така.
Дома. И тоа најверојатно сама Маж ќе е дежурен на работа, цел ден и цела ноќ. Бар да можеше да се пријавам волонтерски како мед сестра да работам, ама цврц-не можело. Ќе си ја преспијам вечерта. Белким тоа е знак дека следната година ќе биди најубава за нас УбилоМеСуеверие
Идеално би било дома, под јорган со мачката, ќе си лапнеме некоја кифличка, нешто блашко, еден филм и кома. Ама најверојатно ќе одам кај дм, да не бидам антисоцијална, и се надевам дека и кај него ќе има некое слично сценарио како замисленото погоре.