1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камен во бубрег

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mac, 4 август 2011.

  1. Mac

    Mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Здраво Феминки

    Подолго време имам проблем со камчиња во бубрезите. Разгледував по темите меѓутоа не наидов на конкретно оваа тема.

    Доколку имате лично или искуство со некој ваш близок Ве молам помогнете. дај те совет како да ги исфрлам
     
  2. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    И јас до неодамна го имав истиот проблем, но стана мн лошо и бев дури да ги снимам бубрезите фала Богу ништо немаше сериозно
    Пиев мн чаеви, од увин, од коњско опавче, сокови, никако минерална вода и апчиња Бактрим, Б-Комплекс
     
  3. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Пред некој ден ми кажаа дека имам малку песок.
    Докторката рече да пијам често увин чај. Или сега како што е лето пиј повеќе течности, можеби преку урината ќе успееш да го исфрлиш. Мене ми рече ако ме боли да пијам Парацетамол апчиња. За кои и малку се почудив :^)
     
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Чајот од магданос се користе при камења, а треба и многу течности и трчање,одење.
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Понекогаш ме боли кога мокрам, значи не ме пече туку ме боли, а урината ми е заматена... Ова ми се појавува само во некои периоди, потоа само од себе си поминува. Кога бев на лекар пред некој месец ништо не ми открија, а страв ми е од камен во бубрезите. Можно ли е кај мене да се работи за такво нешто? :^)
     
  6. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Девојки дали некој има искуство со ласерско кршење на камено во бубрегот?Дали има нешто посследици?
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Јас сум ласерски кршена нема последици, убаво е што после не ти се познава шиено. Ама не е баш така безболно. Самото кршење се издржува некако ама ставањето сонда е најнајнајлошото во целата приказна. А последици нема никакви не е тоа никакво зрачење или нешто штетно.
     
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Мајка ми имаше проблеми со камења во бубрег, беше и на ласерско али ништо, зависи какви се камењата органски или неоргански, органските незнам како се добиваат али она имаше неоргански од отровање кога била мала од сок :|
    дури камењата си растеле и мораше да направи операција да извади бубрег. така да зависи ако е неоргански каменот џабе е ласерот..
     
  9. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    јас сум каменолом кога се прашање камењата во бубрезите :D :rofl: :D
    само едно треба да се почитува од луѓето склони кон оваа појава чAJ чAJ чAJ и само многу чај ( најмалце 2.5 литри во денот течност ) . без разлика каков чај само тоа ке в ги држи бубрезите уредни друго не постои . откако почнав да пијам секој ден чаеви и течности по многу неодам на инфузии и немам камења ни песоци . е сега ке поднамалите троа повеке од телесната тежина но подобро е да си сушка здрава отколку секси болна :rofl: :rofl: :rofl:
    поздравче и за оваа тема можете да ме прашувате се баш се бидејки можам да ви одговарам од искуство за жал
     
    На *Milicka* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Мене одвреме-навреме ме заболува левиот бубрег. Пред 3 месеци ми се појави инфекција на мочните патишта, па со палин капсулите и чајот од брусница ми помина. Ме болеше при мокрење, и мочката беше матна. Сега кога имав секс, пак ми се појави али го спречив на време со апчињата и чајот. И пак некако како мочката да е матна, а боли немам. Планирам наскоро да одам на снимање на бубрегот. Може да имам песок или камче, а? :/
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Мац во врска со исфрлањето камењата во бубрег имаш многу фактори. Најпрвин зависи која е нивната (не дај боже да се преголеми неможе да се исфрлат), зависи од организмот, зависи каков е нивниот состав, зависи нивната поставеност, каде поточно во бубрегот се сместиле. Мајка ми има камења не се големи и не и растатима пиено секакви чаеви и има исфрлено само 2-3 пати во животот а има уште бааги и ништо и нема помогнато се дур сами не си тргнат камчињата. Ги има од 16 години (тогаш имала прв пат болки и напад на бубрезите) а сега е 50години. Додека тетка ми (сестра и) има правено 7 операции за вадење на камења и организамот за година време и создава пак камења и тоа огромни колку целиот бубрег :( . И тетка ми има пиено разни лекови, разни чаеви и ништо ама нејзините не е возможно да се исфрлат преголеми се. И мајка ми и тетка ми имаат но и кај двете камењата се со различен состав кај мајка ми се калциумови, а за кај тетка ми незнам точно. Така да пиј течности, пиј чаеви ама нема гаранција дека ќе ги исфрли организамот, а секој чај различно делува кај различен организам.
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Лакримоса бидејќи сум запознаена со твојот случај ќе си дадам за право да ти дадам дополнителни совети. За каменчиња или песок во бубрег едниствено сигурна дијагноза се дава со ехо. Сепак во твојот случај симптомите ти се од инфекција на долен уринарен тракт. Си имала пак цистит. Како што кажа си превенирала со антибиотик на време, ама можно е да имаш безсимптоматска бактериурија која на секој следен секс или пад на имунитет може да резултира со повторна инфекција. Затоа мора да одиш да направиш испитување на урина, да се види дали има леукоцити и бактерии. Треба да направиш и микробиолошко испитување да се види точно за која бактерија се работи, и да се направи антибиограм - испитување кое покажува кој антибиотик најмногу делува на регистрираната бактерија. Според тоа се дава подолгорочна терапија (1-3 месеци). Терапијата се зема се додека не се направи уринокултура која нема трага од бактеријата.
    Да не бидам сосема офф топик, сепак и во твојот случај и во случај на камења во бубрег, потребен е внес на МНОГУ течности. Увин чај, чај од брусница и чај од магдонос се најдобри во вакви случаи. Увиниот чај и чајот од брусница делуваат и антиинфламаторно, па се погодни за инфекција, а чајот од магдонос е многу јак диуретик т.е забрзува исфрлање на урина. Најчесто каменчињата во бубрези се многу тесно поврзани со рецидивирачки инфекции, поради тоа што тие се места каде бактерии можат да се сокријат и размножуваат. Повеќето камења можат да се растопат сами од себе до големина која може да се изуринира и да се исфрлат. Има и т.н корални камења кои се многу големи и можат да го затворат цел уринарен систем и да предизвикаат тешки компликации. Терапијата за камењата на бубрег е индивидуална и се разликува од случај до случај и зависи од ехото, локализацијата, големината на камењата. Најчесто една од првите терапии се Rowatinex капсули, 3 капсули на ден, со еден литар течност на капсула. Така се зголемува и уринирањето, со што се зголемува и шансата за исфрлање на каменот.
    За Лакримоса добро е да земиш Имунобор-уро капсули една доза, го зголемуваат имунитетот исклучиво на бешика и уретра, со што значително се намалува можноста за инфекции. Најчесто се даваат при рецидивирачки (повторувачки) цистит и навистина се многу ефикасни.
     
  13. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    можноста да имаш песок ил камчиња е 70 % оди провери си на ехо побрзо . не е ништо страшно ни прегледот ни дијагнозата . единствено најдобро и најприродно решение за бубрези и уринарни патишта се чаевите . досега не сум пиела таблети за камењата и нема ни потреба. во случај на напад само примав инекција или апчиња против болки . лошо е тоа што ние лугето не ги слушаме советите - дури не боли нешто правиме се да не не боли но откако ке помине забораваме дека може пак да се појави и си тераме по старо. обично лугето што имаат камења се склони кон нивно правење и мора да пијат над 2 л. чај во денот ( колку повеке толку подобро) и так ке ги одржуваат бубрезите чисти.
    поздравче
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Сваи си чај од корен на магдонос. Испи една шолја и по 2 часа дефинитивно ќе почуствуваш промена. Еве ти кажувам оти татко ми имаше.
     
  15. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    И од мене дополнителен совет!
    Потребно е не само да го испиташ бубрегот, туку испитај и дали имаш бактерија од видот уреоплазма! Тоа се прави преку микробиолошки тест од примерок од вагината, или пак примерок од урина!
    Увин чај, и чај од брусница ти е најдобар лек, се разбира заедно со препишаната терапија! Според мое мислење ако мокрачата ти е матна се работи за инфекција на урогениталниот тракт, преку која доаѓа до проширување на инфекцијата наоколу! Исто така ти порачувам ако примаш терапија, антибиотици никако не земај витамин Ц, затоа што мокрачата не смее да биде ацидна додека примаш терапија! Што е можно повеќе избегнувај да земаш антибиотици заедно со храна! Затоа што го намалува нивното дејство!
    Поздрав , се надевам дека помогнав некако, ако има некое девојче со вакви и слични проблеми слободно нека ме праша, имам големо познавање на ваквиве теми!
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    А јас ќе ви препорачам домашен лек. Чај од темјан (она што користат поповите во кандило кога го палат, да бидам појасна). Од искуство на пријателка која ги решила со пиење на 2-3 чаши чај.
    Општопознат народски лек
     
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Јас утринава во 6 имав напад, огромна болка од левата страна на торзото, не можев да дишам од што ми се грчеше цел тој дел. Дојде брза помош, конкретна дијагноза не ми дадоа, ми рекоа само да одам да ги снимам бубрезите и пројдов со инекција.

    Ако недај Боже имам камен во бубрег, колку често се појавуваат тие напади? Се преплашив до смрт, а не е дека не трпам болка, имам премногу болни менструации, но ова беше чиста агонија од 45 минути.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Зависи, ако појде каменот да излегува богами боли до бесвест и тоа трае или со денови или со часови. Зависи и каде е, каков е - дали е од оние со мазни страни или оние кои имаат како боцки...(ова од искуство на други)
    Сепак направи си испитувања, можеби е само песок, инфекција, прелада...
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Случајност. И јас имав утрово напад,ама не ми е прв пат,така што си знам што треба да правам. Спазмекс,увин и цитерал,на половината топло,мирување,офкање и минува за кусо. Болката е...страшна. Цел ден ме боде,ама обврски и нема да си мислиш,што да му правиш.Те оросува ладна пот,а потоа како нешто да ти ги стега бубрезите,чиниш со рака ги цеди. Но не мора да значи дека е камен,може и да е посилна настинка. Мене на пролет задолжително ме држи еден таков период,па затоа носам боди и хулахопки до крај на мај.Тоа се топам,не дека не,ама јбг,ете ме пронижа вчера ветер и ете. Лани ова време исфрлив едно камче 5 мм и после летото исто толкаво и е...како да те сече со жилет и има малце крв.
    Најубаво за да знаеш,урина на тест и ехо на бубрези. Ако е голем го кршат,ако е заглавен пак го кршат,во краен случај оперираат,ама тоа ретко. Сега има и некои нови начини,ама не сум запознаена, се некако немам време,ќе прашам и ќе пишам тука. Кршењето на камен е исто така болно,ама во друга прилика ќе ви раскажам.
    А колку често има напади,никој не може да ти каже. Може и никогаш повеќе да не ти се случи,може и да немаш камен. Другарка ми еднаш така ме извади од памет,од чиста мира,се шетавме и почна да ја вие и и помина за кусо,потоа испита,ништо не и најдоа и не и се повтори. Ама еве ако имаш,фаќа на периоди,некогаш и не е страшно,боде,глоѓа,поминува.
    Како и да е,еднаш ако ги закачиш,значи дека си склон и ќе ги имаш за цел живот.
    Породување,вадење живец на заб и бубрег најмногу болат,така викаат лекарите.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Само што се вратив од ехо, имам мало камче 4 мм на десниот бубрег. Докторот рече дека не било опасно затоа што било многу горе, ама за секој случај ќе пијам увин чај и сите остали народски лекови. А моментално сум на терапија со спазмекс, во случај да се повтори, а се надевам дека нема.

    Фала ви за коментарите!