Здраво Дали некој имал камен во бешика? Се работи за татко ми, има камен 37мм и мора да извади, му рекоа дека ласерски го разбивале и преку катетар излегувал скрос во државна или во воена каде ќе одбере, па да ве замолам доколку некој има искуство да сподели како е, каде да одиме, каде да се обратиме, предлог доктор од кој сте задоволни.. Ви благодарам однапред
Здраво Ве молам дали тие што сте исфрлале песок од бубрег чуството ви било како постојано да имате потреба да мокрите а кога ќе одите се празните многу малце и како струја низ бешика да ви поминува? И дали некој имал крварење при исфрлање на песок?
Направи си уринокултура. Мене вака ми беше кога имав бактерија ешерихија коли во урина. И плус имав камен и песок.
Мнооогу вода,минимум 3л дневно, чаеви плус. Јас пиев пролом вода. Од апчиња роватинекс за топење на камењата и уште едни мислам волурин се викаа за чистење на уринарните патишта. И не знам дали си слушнала за Никола од ѓорче што прави чај за камен и песок, одиш 2 или 3 пати зависи, чајот го пиеш таму на лице место, се плаќа 700 денари.
17 kamena,4 operacii,7 meseci so cevka vo mene za da mozam da idam vo wc...koga isfrlav kamen prepuni mi se treseja od bolka...non stop mi se mockase a samo kapka dve izleguvase... Eden kolega mi rece tamjan vo kapsula i so casa koka kola da ja ispijam...makata me natera da go napravam toa...e posle 4 sata koga me stegna stomah,kako izmocav kamen taka si padnav od solja od bolki... morav i na doktorot dq mu odnesam da vide sto piev poso neznaese so e tamjan ... mnogu pesok isfrliv,3 pati mi ja menuva cefkata... 5 god podocna fala Bogu dobro e... Prolom voda do den den pijam,uvin caj,brusnica,dnevno 3l voda,najmnogu se potresuvam koga proveruvam crp... bidejki toj den koga doznav za ovoj problem imav vospalenie na bubregot 17 kamena,crp 262 a ovde normala e do 88....
Ви благодарам на сите за споделеното. Вајда вчера беше денот кога можебо најмногу исфрлив песок зошто болките беа страшни. Има и денес болки ама не толку јаки. Денес сум со јака болка во стомакот па претпоставувам дека можеби е последица од тоа вчера
Дали со песок/камче болката ви е и накај колк/карлица, особено од десна страна слични болки како слепо црево?
Најверојатно ќе го извадиш. Од мое 100 годишно искуство тргнал да искача. Најдобро е да отидеш на лекар да не направи застој. И кога мокриш проверувај каква ти е мокрачата
Бремена сум трет месец и синоќа имав неможност да се измокрам и имав болки. Во средина на ноќта се разбудив со нагон за уринирање и испиштив поголем млаз урина. Но, сабајлето на другото уринирање забележав многу малку бледа крв. Јас пред да забременам имав камен во мочен меур кој не го исфрлив. Дали тоа што ми се случи со прокрвавувањето е всушност каменот? Дали сум го исфрлила? Многу ми е страв помогнете.
Јас кога исфрлав песок од бубрег на бришење имав крв и многу ама многу болеше мокрењето. Најверојатно да ти е до тоа ама сепак консултирај се со гинеколог бидејќи сепак си бремена и нека те видат и на ехо дали си исфрлила камен
И јас кога исфрлав камен ми беше така а и песок, најверојатно е тоа ама направете си и уринокултура бидејки така се исфрлаат и одредени бактерии па може да се залепат на зидовите на бешиката.
Луѓе и синоќа а и денес ме боли на дипир позади десно одма под реброто и болката ми оди на кај препонот десно, кога ќе ја кренам ногата нагоре мн голем притисок осеќам и исто долу како да ме пецка само од себе а не при мокрење. Имам песок и каменја во десниот бубрег. Болката ми беше силна па ми пушти по некое време ништо не осеќав. Незнсм дали да одам на брза помош? Можно ли е да е до камењата или песокот ?
Можно е, ако немаш денес болки почекај до утре и оди кај матичен, нека ти направат ехо и уринокултура.