1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камен во бубрег

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mac, 4 август 2011.

  1. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Не знам како никој од вас не знае за ирскиот лек од темјан кој успешно ги топи камењата и песокот во бубрегот каналите и бешиката. ИМЕНО , МОЈАТА СЕСТРА Е ЛЕКАРКА И КОГА НА МАЈКА МИ И СЕ ПОЈАВИ КАМЕН ВО БУБРЕГОТ, ВЕДНАЧ И КУПИ РОВАТИНЕКС.Порано ги имаше само во ЗЕГИН, А СЕГА ГИ ИМА ВО СЕКОЈА АПТЕКА. Мајка ми испи две големи дози и се слуши чудо. На контролното снимање каменот го немаше. Интернистката СЕ ЧУДЕШЕ, но тука не ги препишуваат. НА ЗАПАД И ВО НЕКОИ ДРУГИ ЗЕМЈИ СЕ ВЛЕЗЕНИ ВО ЗВАНИЧНА МЕДИЦИНА И ГИ ПРЕПИШУВААТ ЛЕКАРИТЕ, А КАЈ НАС НЕ. И ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА ПРЕД ЕДНА ГОДИНА И МЕНЕ МИ СЕ ПОЈАВИ КАМЕНЧЕ ВИ КАНАЛОТ НА ЛЕВИОТ БУБРЕГ. Се разбира, пиев РОВАТИНЕКС И СЕГА НЕМА НИТУ ТРАГА ОД КАМЕНОТ. Го пиев после јадење, бидејќи имам осетлив стомак. ЕТЕ ВИ ГО ЛЕКОТ ВЕДНАШ КУПЕТЕ ГО И НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА! :clap:
     
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто лекарот не ти препишал и антибиотик. После секоја колика меѓу другата терапија задолжително се вклучува и антибиотик. Имено, камчето кое се придвижило може да направи ерозија на слузницата што е лесна подлога за инфекција.
    И Лилит веќе спомена, според мене обавезно таблети Цитерал.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  3. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    AБЕ ПИЈТЕ ШТО ЌЕ ПИЕТЕ, ЦИТЕРАЛ ИЛИ СЛИЧНО АМА ЗЕМЕТЕ ХИТНО РОВАТИНЕКС
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Мене роватинексот не ми помогна,не знам колку веќе испив. Три пати по две пред јадење се пијат ако имаш интензивни проблеми,ако не три пати по едно пред јадење,450 денари се. Не се ефикасни кај сите, зависи од составот на каменчето.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Денес ми ја дадоа конечната дијагноза, за коликите ќе пијам спазмекс, кетонал и дијазепам, а за камчето што проаѓа роватинекс и послаб антибиотик зошто не ми е голема инфекцијата. Можно е да е само песок зошто на ехото ништо не се појави, ама како и да е се надевам нема да доживеам уште многу напади пред да си родам камче.
     
    На luvena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Навистина многу ми е жал ако ништо не ти помогнало за каменот. пред да одиш на лекарски третман, ако и тој не ти помогнал тогаш пребарај на гугл,мк со клучни зборови на македонска кирилица:
    бубрежни болести Роза Канина
    Побарај потоа и со други клучни зборови по твое мислење и избор, сакаш од званична медицина, алтернатива или странски научни истражувања и резултати. Лекот мора да го најдеш.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Имал ли некој искуство со хидронефроза предизвикана од камен?
    Јас немав никакви симптоми воопшто се’ до синоќа и не е потребно да ја опишувам болката, сте ја осетиле повеќето од темава. :sweat:

    Е сега, камчето е мало но предизвикало хидронефроза на едниот бубрег, ќе се среди кога ќе го исфрлам, но ме интересира колку време е потребно во просек? Не сум имала никогаш проблем со бубрезите и не знам ничто ич. :worried:

    Гугл веќе ме уплаши, затоа барам некој со директно искуство.
     
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Малку се исплашив бидејќи се почесто слушам како девојчиња на моја возраст имаат камен во бубрег. А мене пошто денес и вчера вечерта ме боли пределот кај бубрегот, не знам дали е од преладеност или од истегнатост, па ме интересираше кои се симптомите на камен во бубрег и како се добива. :?: :worried:
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Тенкаи ако болката е блага и издржлива, сигурно е преладеност, затоа што кога боли од камен е неиздржливо, не би можела ни да станеш од кревет додека е нападот, проследен е со болки во пределот на целата половина и повраќање, не знаеш што точно те боли.

    А како се добива, од остатоци од минерали кои се кристализираат и формираат камења од различен состав. Всушност кога има камен во бубрегот, нема симптоми се’ додека не почне да се придвижува и тогаш предизвикува болка што е... екстремна.
     
    На Tenkai му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    105.993
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам во темава :(
    Денес ми најдоа камен во левиот бубрег , по што влера имав напад и цела нок ме бодеше , неможев да спијам
    За болките ми даоа да пијам едни апчиња , а за каменот ми рекоа дека е доле и готов да излезе , па би требало да го измочам. Дај Боже!!! :( За 15 дена сум пак на ехо , па да видиме
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    105.993
    Пол:
    Женски
    А да прашам нешто , мене овие во болницата не ми рекоа нешто во в рска со исхраната,секако освен многу солено, што друго несмеам да јадам/пијам, кафе, алкохол..?
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Газирано и благо знам сигурно НЕ, ептен зачинета храна исто не.....
     
  13. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Скопскава вода е ужасна, стара водоводна инсталација, бикарбонати еден куп...многу луѓе што ги знам почнаа да имаат проблеми со бубрези.

    Јас го закачив уште пред 5-6 години и еве уште се дружиме повремено. Првиот напад ми беше најужасен и болката не ми престана цел месец. Спиев по 20 саати на ден, другите 4 ги поминував у агонија. Најклета болка што сум ја осетила некогаш! А имам прилично болни менструации, проблеми со заби и сл.
    За болката како и повеќето од тука се клукав со спазмекс форте апчиња и инекции, а роватинекс пиев за топење на каменот. Мене лично многу ми помогна, ваљда таков ми е составот на каменот. Исто пиев и многу течности, увин чај, чај од смиљ и магдонос, сушена брусница и тн. Најтежок дел ми беше кратење на сол и зачини, ама тоа е и те како битно. Исто и газирано не смее да се пие,а марулите треба да се избегнуваат поради оксалатите што ги содржат.

    Како и да е треба детална проверка за да се дознае причината за создавање на каменот. Можно е да имате неправилна апсорбција на калциум и натриум, па да треба да намалите и на некои други работи во исхраната. За тоа се собира урина во текот на 24 часа и се носи на испитување, нормално со упат од нефролог или уролог.
    Мене обавезно ми се создава кога сум под стрес одреден период, не знам искрено како може така, ама ете кај секој е различно. Како и да е, ако еднаш си се закачил со тоа, за жал голема е веројатноста повторно да се појави.

    Туку мене ми е страв да не си имам проблеми за време на бременост. Сепак тогаш не може да се труеш со секакви апчиња и количината е строго контролирана, а па со такви болки со сигурност ќе се пореметиш. Некој искуство со тоа да не има?
     
  14. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^Затоа јас купив Пролом вода,малку е поскапа,ама ете таа ја пијам.
    И се мислам дали да го купам Роватинексот,ми го препорача докторката на маж ми.Изгледа навистина вреди.Со спазмекс не поминуваше.
    Инаку болката ми е постојана,ме тишти нонстоп :sweat: Зар песок и ситни каменчиња даваат ваква болка? :doh:
     
  15. Maeeeee

    Maeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    104
    Девојки таткоми собира еден чај за камен во бубрегот..Баш би сакала да помогнамама незнам како се вика..Утре ке го прашамм..Навистина помага..Испробано..Камен во бубрегот имаше моја наставничка по англиски и никако и со операции не поминуваше но откако почна со чајов се стабилизира..Исто така и мојата мајка имаше и незе и помина..Сигурно ке прашам и ке ви пишам..Иии заборавив додека го пиеш чајот нетреба да пиеш вода..Си правиш во големо шише и тоа го пиеш цел ден..Баш би сакала да помогнам..Кiiсчиња девојкii... :*
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    105.993
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за одговорите :*
    маца , јас пијам Buscorpan заедно со Парацетамол кога имам болка , звчера и вчера умрев од болки , а денес да не се подречам , не ме болеше :sweat: а болките се..остај... не му посакувам ни на непријателот да осети :(
    мајка ми ми кажа дека овие Бускорпанот ги има и во МК па ако не ти помагаат тие апчиња што ги пиеш , пробај со овие мене барем ми помогнаа
    јас веке крај со водата од чешма , сега по цел ден пијам само вода од шише , само да го исфрлам каменов
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.505
    Допаѓања:
    105.993
    Пол:
    Женски
    да ви се пофалам денес бев на лекар и веке го нема камчето :clap: :rofl: сум го измочала :) фала му на Бога..
    сега без вода 8 чаши минимум дневно , не се оставам :) :)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Јас бев вчера на ехо и докторката ми најде песок во двата бубрези.
    Е сега, таа ми рече повеќе течности да пијам и тоа.
    Ако сте во можност дајте некој совет што смеам а што не смеам и отприлика за колку време ќе го снема песокот :angel:
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Увин чај насабајле, избегнувај вода од чешма, пиј Пролом, исфрли сол од исхрана и тоа е тоа. Со лесно. :)
     
    На theAristoCat му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Имав и јас камче, но фала му на Бога ми излезе без операција. Ме излечи една баба од Прилепско, поточно од Пашино Рувци (мислам дека така се викаше селото). Мене навистина ми помогна, па кој сака број нека ми пише во порака.