Ноќеска исфрлив камен од бубрегот, ама јаки болки имам сеуште.Пијам цел ден течности, ама кога мокрам ме пече многу.Некоја алтернатива има или да одам пак на лекар?
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Имам камен на бубрегот,како може да се исфрли освен со пиенје на увин чај?
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори И јас исто така имав камен и песок во бубрег пробај да пиеш скоро по 1 литро увин чај на ден и се сложувам со Маја да пиеш брусница исто така по 1 или 1.5 литри на ден.Скоро 3 литра течности на ден ако можеш и повеќе.Ако имаш болки напиј се кетонал и мирувај.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Ако почни и да те боли неиздржливо право на болница,ќе ти дадат и терапија со инфузии за полесно да го исфрлиш,ако не, многу течности како што кажала Маја. Можиш да земиш и едни капсулки Rovatinex, тие се убави при камен во бубрегот.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Ви благодарам на одговорите но јас сум бремена и мислам дека не смеам никакви апцинја да земам за болки а за чаевите се надевам дека не се штетни
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Добро,иако си бремена,чајчињата ќе ти помогнат,тие не се штетни,ете наблегни на нив повеќе,брусницата особено помага,а и увиниот што го кажа,а овие Роватинекс се на природна база,а ја ублажуваат болката и помагаат за исфрлање (и секако во аптеката ако прашаш можат да те посоветуваат дали можиш да ги примаш,иначе не се скапи).Ама како сакаш,оставам на тебе Сепак,ако имаш проблеми и понатаму,подобро ќе е да одиш на лекар.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори Дрим Грл, побарај на интернет за Натуроплекс или прашај го гинекологот, против болки се одлични а се на природна база, види само дали можеш да ги пиеш бидејќи си бремена и веднаш потруди се да ги најдеш. Малку се поскапи, но мене многу ми помагаа. А за увиниот и брусницата, една феминка имаше пишано дека не смеат да се мешаат, и морам да се сложам со неа. Батали го увиниот и пиј брусница, подобар е и побогат со останати витамини, пиј колку што можеш и многу движи, се разбира ако тоа не ти прави проблем на бременоста. За се препрашувај кај гинекологот бидејќи сепак не е едноставна ситуација.
Jaс сум уште една трудница со камче во бубрегот! Пред година дена од прилика при рутинска контрола ми беше дијагностициран камен од 6мм мислам, во левиот бубрег. До тогаш немав никакви симптоми и бајаги се зачудив. Ми сугерираше докторот само многу течности. Проблемите почнаа сега кога рано наутро почнаа да ме будат јаки болки во левата страна и јајниците (долниот дел од стомакот). Траат некогаш и по неколку часа но потоа прекинуваат. Бидејќи сум бремена лекарства не пијам, само си офкам по дома ... Сакав да прашам дали има некаква поврзаност со уреаплазмата и каменот во бубрег, бидејќи некој во предходните постови спомна, а мене пред некоја недела уреаплазмата ми беше пронајдена при микробиолошките испитувања.
Јас сум нова на форумов и би сакала да ми дадете совет , некој лек против камен на бубрези. Татко ми правеше двапати операција и пак се поновија,му кажаа повторно да направи операција ама тоа е веќе страшно, на исто место. Ве молам за некој природен лек, чаеви и слично.....
Ти препорачувам чај од брусница ама не од филтер кесичка. Исто така постои еден прашок не сум сигурна дали го има во Македонија ама можеш да прашаш. Една лажица од прашокот се раствора во чаша вода, а смесата се пие 2 пати дневно. Вкусот е ужасен ама делува. Исто така треба да намали со газирани сокови, брза храна и тестенини. Многу течности треба да се пијат во текот на денот, а исто така заборавив да напоменам дека доста добар за камења во бубрези е УВИНиот чај.
Помагајте како знаете и умеете. Имам страшен проблем. Вчера ме фати бубрегот, болка неподнослива, за секунда не се онесвестив. Ми ставија инфузија, спазмекс, кетонал инекција во државна. Крвта ми е во ред. Ми стивна болката, после тоа цел ден не ми се појави. Сабајлево станав пак со болки, не се до толку неподносливи ко вчера, ама далеку од пријатни. Не ми проверија мокрача вчера, ни ехо, дека на дежурен, ми дадоа упат да идам од понеделник. Болкава не можам да ја поднесам, не можам да размислувам од болка. Се напив смазмекс, диазепам, пијам увин чај, ама ништо не ми помогна, со тек на време поголема ми станува. Чаре за да не завршам пак на инфузија и денес, има, нема?
Каснам малце ама да кажам,некогаш инфузија даваат и за повеќе дена,ама и да пиете чај не е лошо,за побрзо прочистување и намалување на болките,ама за болката треба и некој посилен аналгетик или спазмолитик.А има и едни капсули на природна база кои помагаат за камчиња во бубрезите,се викаат Rowatinex,убави се,мене ми помогнаа колку толку.
Jas mozam da kazam deka pred 15g imav kamen17 mm.za vreme na bremenost dobiv bolki.to pomina so infuz.pred 10g go krsev so laser ,se skrsi pola,potoa piev rovatineks,na slednata kontrola nemav nikakov kamen,a sega pred 6 mes,bev na kon.pak si imam kamce12 mm
Може да е знак на камен во бубрег, ама најчесто се работи за инфекција, или си настината малце па мочниот меур не може да се испразни доволно,а исто така ако често трпиш и ја задржуваш мочката,мочниот меур неможе доволно да се испразни и затоа често мокриш,мала количина на урина. Да се вратиме на темата...неколку години веќе си имав голема мака со бубрезите,песок-камен...преголеми болки и еднаш неделно на инфузија. Чаевите,од брусница,увин- помагаат ама не доволно. Студирам медицина и многу не верував во надри лекари, ама кога си имаш мака,се ке пробаш . Бев кај баба Ратка во село Пашино Рувци,во близина на Кривогаштани,помеѓу Прилеп и Битола (да пообјаснам)...слушав многу муабети за некаков си лек...па ајде Ми даде едно филџанче со ...незнам..нешто со одвратен вкус, пари се оставаат колку сакаш-од благодарност Господ здравје и долг живот на баба Ратка, мене од тогаш бубрег не ме заболе,за чудо ја поминав и зимата без едно апче спазмекс Навистина не знам што беше тоа, ама заборајв и на болка и на инфузии и на се...
Деновиве ме боли бубрегот, т.е. веќе 3 дена. Кога бев дома спиев без покривка и следниот ден почна да ме боли и мн често ми се одеше во вц. Незнам дали е тоа од прелада или можеби имам некое камче. Има ли некоја разлика во болката? Да поминат овие денови кога ќе си појдам дома ќе одам на лекар ќе се снимам.
Можно е да е прелада. Кога има камче болката не престанува,туку само се засилува,се јавува и гадење,повраќање,крв можи да има во урината,нема да можиш да издржиш долго таква болка. Ти пробај со повеќе чајчиња,убаво облекувај се,ставај топло на местото на бубрезите,можиш парацетамол или аналгин да се напиеш ако те боли пак така. Ако продолжи така,тогаш можи да одиш на лекар,ако сеуште е така можи и антибиотик да ти дадат.