1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камен во бубрег

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mac, 4 август 2011.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.437
    :) Фала богу вчера и денеска не ме боли, одвреме на време само малце и толку.
     
  2. tweety93

    tweety93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    8
    Ајде и јас да го споделам моето искуство. Вчера попладнето добив силни болки на левата страна, на местото кај бубрезите. Мислев ништо не е веројатно дека треба да добијам, ама не ова беше како напади, не можам да опишам низ каква агонија минував, не бев способна ли да лежам ни да седам, почна да ми се гаде и повратив. Отидов кај матичен добив 2 инекции, ама за еден час пак истото.
    Се мачев така до вечер и накај 23 часот пак бев приморана да одам на брза помош, пак добив 2 инекции, ама кај мене не делуваа.
    Цела ноќ око не склопив од болки, само чекав да се раздени и да ги направам анализите и ехото. Денес ме изнашетаа низ мал милион одделенија за на крај да ми кажат на ехото дека се работи за обична прелада, каква прелада со вакви болки до онесвестување, се вратив кај матичниот со резултатите и според анализата на мокрача виде дека се работи за инфекција на мочниот меур и песок на левиот бубрег.
    Си добив пак 2 инекции и терапија со лекови, антибиотици и чај. Сега еве поминаа 4 часа добро сум немам такви напади, треба да продолжам 5 дена со ваквата терапија па ќе видиме што ќе биде. И сакам да кажам дека човек сам себе си е најдобар лекар, да го послушав оној од ехото уште ќе се влечев од болки или хирургот кој ме праќаше на гинеколошки преглед, а јас си имам проблем со бубрезите.
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    уште во бременоста имав песок во двата бубрега
    сега што ми се случува
    добивам болки како контракции пред пораѓај траат до кај 30 секунди или 1 минута и се појавуваат некогаш повеке пати во денот некогаш ни еднаш
    болките се од десна страна позади кај половината и у тој момент незнам дали ме боли позади бубрег или цел стомак у тој момент неможам ни да одам ни да зборувам веднаш ме тера да се исповратам срека не сум повратила
    можно ли е да се работи за камен во бубрег
    скоро снимав со ехо се и добро беше не ми кажа дека имам камен само песокот од пред 6 години
    ај некој што поминал низ ова нека каже дали можеби се работи за камен во бубрег или само прелада
     
  4. vesnaplazma

    vesnaplazma Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    110
    Sakam da spodelam so site sto imaat kamen vo bubreg:edna casa uvin caj,vo nea dodadete edna supena lazica jabolkova kiselina i na vrv od kafeno lazice soda bikarbona,pite sekoj den,kamenot ke go snema.
     
  5. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Камен во бубрегот може да се извади,ама по природен пат,со пиење течност од некои билки...Мајка ми го има каменов во бубрег,се сеќавам еднаш кога и се покрена..ја одведоа во болница,а и таа ми има кажано дека многу јаки се болките... :!:
     
  6. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Н ИКАКО НЕ СМЕЕ ДАСЕ ДОЗВОЛИ КАМЕНОТ ВО БУБРЕГОТ ДА РАСТЕ. ИМА ПРИРОДНИ И ДРУГИ ЛЕКОВИ ЗА ТОПЕЊЕ КАМЕН. Еден од нив е РОВАТИНЕКС, ако не помага тогаш во Зегин има РЕНАЛОФ кој ги топи камењата во бубрег од калциум оксалат. Во странство има лек URAL за чиј состав можете да прочитате на Gооgle со клучни зборови ural tableti, за чиј состав ќесеизненадите и можеби ќе ви биде од корист затоа што тие состојки ви се достапни и тука. Народен лек за топењеи исфрлање камен се семките од диња. Може свежи да се варат половина час, а потоа водата да се пие цел ден наместо обична, или суви да се сомелат и три пати на ден да се вари по една шоља и дасе испие. За поточно упатство исто така послужете се со клучни зборови на Gоогле, но сега пишувајте на кирилица, истражувајте. И што е најважно требада се биде подвижен да се скока по скали,увин чај брусница, пролом вода, сода бикарбона, лимун,маслинов зејтин -сто пати ми рече интернистката. Ако евентуално ништо од ова не помага, тогаш под итно на кршење камен, да не се дозволи да порасне, веќе ни до 8 цм. Се надевам дека барем малку ви помогнав затоа што и јас се борам со овие проблеми.
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на другарка ми татко и има камења во бубрезите-ги исфрла и нови се создаваат
    таков му е организмот
    а мајка ми како помлада имала инфекција на бубрезите ама за срека се излечило-но оставило последица-едниот бубрег и е помал и малку подоле од другиот-10 цм
     
  8. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Mене интернистката ми рече дека најдобра работа е да се знае составот на каменот/песокот и кога тој ќе се даде на анализа ќе се знае од која храна односно течност се ствара, бидејќи има различни состави на камења во бубрег. Zатоа требада се преземат дома соодветни мерки.Tогаш работата е многу лесна, ќе се избегнуватој вид храна или течност и ќе знаеме што го топи.Jас сум стопила песок или сум го исфрлила, а пиев ROWATINEX, исфрлив едно сосем мало камче , но ми падна во умивалникот додека го миев и така незнам од што е составот. пред еден месец бев на снимање и пак ми најдоа по едно мало камче во двата бубрега, но сега не оставам ништо на случајот и ќе се борам со начин на живот-повеќе движење, природни лекови и оние од аптека, всушност ви пишав вчера. и се разбира секој месец ќе одам на контрола за да видам каква е состојбата и што ми делува. и лекарите велат дека и самите ние треба да си помогнеме и нив да им помогнеме.
     
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци ми најдоа камчиња и песок во бубрезите и од тогаш често имам болки.Деновиве ме фати вирусот и се ме болеше, а посебно местото кај десниот бубрег и половината, докторот ми рече дека најверојатно ми е од вирусот, ама вчера и денес неколку пати прокрварев(веројатно не е добиено, веќе имав месецов), а сега ме фати и страшна болка во пределот на десниот бубрег и многу ми се гади.Не знам што да правам зошто сум сама дома, се напив спазмекс за болките, се завиткав и си сварив увин чај, ама страв ми е ептен, не знам дали се ова симптоми дека ќе исфрлам нешто...
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Во врска со камчињата т.е калкулоза во бубрезите е важна нивната местоположба во самиот бубрег. Некои си најдат свое место и не прават проблеми, некои, помалите се исфрлаат, а за други поголеми е потребна операција. Можно е да исфрлиш нешто (камче или песок), штом имало крварење, бидејќи крварењето настанува како резултат на оштетена слузокожа на уретра или на погорните партии на уринарниот тракт. Сето тоа може да се забележи со ехо, при што ќе се види местоположбата на камчињата, и врз основа на тоа ќе се заклучи дали некое камче е близу до исфрлање и дали постои некое камче и во мочниот меур. Самото исфрлање не може да се спречи. Ако сеуште имаш неподнослива болка посети интернист, барем ќе бидеш психички поспремна доколку некое камче е на пат за исфрлање.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.555
    Пол:
    Женски
    Пред некој месец кога бев на ехо имав само песок, за кратко време се формирале и каменчиња :@ . Болки имав и кога имав само песок. А болката е со еден збор ужасна :sweat: . Мене не ми помагаат апчиња освен инекции. Ми се укочува цела нога и боли до бесвест. Пиев таблети на природна база, течности, ама искрена да бидам течности доволно не пиев, до 1, 1,5 л максимум. Има некој искуство како да се исфрлат ? Докторот ми вели оваа болка е скоро иста како порагај, сум била спремна :lol: . Кога дојдат болки нема спремна, не спремна , си трпиш и си офкаш, трето нема :doh: .
     
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И јас си родив камче пред неколку месеци. :rock:

    Шала на страна, на никого не му посакувам да ја доживее таа болка. :worried: Ужасно нешто. Мислев дека цела десна страна ќе ми испадне. Мислев телото ќе ми се преполови од болка. Две инфузии, две инекции примив дента, ме испобоцкаа, де крв ми земаа, де мокрача испитуваа, ама не, не поминува и не поминува. Десет саати бев во воена болница и десет саати бев со ист интензитет на болка. Не се издржуваше веќе. Не можев да зборам од болка. Почна да ме тресе цело тело. Плус триста доктори ме прегледаа и не знаеа што ми е. Јас им зборам цело време дека е камен (знаев зашто и татко ми имаше), тие не. Мислеа да не ми е слепо црево, па после јајниците нешто да не прават проблем. И на крај фала Богу им текна да ме пратат на ехо, па си го видов камчето на екран. Да не стапнеш по болнициве, докториве се... :x На крај чекам резултати во чекална со мајка ми и дечко ми, болката почна да ја снемува и сум заспала. Буквално во сред чекална на столилца сум заспала. Тие чекале резултати на шалтер, јас спијам. Поголемо олеснување никогаш во животот не сум почувствувала. Како сто кила да паднаа од мене, толку бев истоштена, толку бев изморена од болка.

    Докторот ми кажа дека каменот е најверојатно од водата или од поголемо количество на сол, а јас сол си јадам повеќе. Иако некогаш не мора да значи. Некои бубрези биле повеќе склони кон создавање на камења, а можело да биде и наследно, што кај мене е многу веројатно зашто и татко ми имаше камења. Скопската вода е катастрофа. Пробајте да зовриете вода од чешма и видете што ќе остане во тенџерчето на дното. Од тогаш вода од чешма никако. Си пијам само купечка и фала Богу до сега не сум имала проблем. Страв во коски имам. Превентивно увин чај и чај од брусница си пијам и добро е.
     
  13. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Здраво и јас имам проблеми со каменчиња во бубрезите е сега имав силен напад кога дознав дека имам и оттогаш немам болки. Пијам само вода пролом, увин чај и пиво. Е сега сакам да знам како ќе знам дека ги исфрлам каменчињата ,мора ли да има болка ако е така јас не сум исфрлила ниту едно. Да не има нешто во урината по што се познава незнам некој со некоја информација
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Штом немаш болка, веројатно камчето си е нашло свое место во бубрегот, кога ќе крене да излегува ќе чувствуваш болка (во зависност од неговата големина). А во мокрачата можно е да имаш крв.
     
  15. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    И јас го имав тој проблем. Се снимав ми најдоа камен на бубрег и ситен песок. Пиев чај од увин и од брусница во големи количини. Болките престанаа. По некое време кога отидов на сминање бубрегот беше чист.
    Значи јас ништо не почуствував при мокрењето и не сум забележала ништо во урината. Единствено имав печење во каналите еден перииод. Докторот рече дека веројатно при излегување се разраниле каналите.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Ако си ти во право тогаш тешко мене веке 6 месеци сум со многу течностри и слично и да не исфрлам ниту едно тешко мене оти имам повеќе камечиња на двата бубрзи
     
  17. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Е ова твоево ми дава надеж само мене не ми се оди толку редовно на ехо да видам што како е па затоа и прашав тука сепак фала. А чајот го правеше со вода од чешма или бидејќи јас пијам само пролом. И за колку време ти се исчисти бубрегот ?
     
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Пиев флаширана вода, а чајот го правев со вода од чешма зошто сепак е превриена. Земи си обавезно чај од брусница од онаа како зрнца не во кесички и пиј колку што е можно повеќе.
    Од едното до другото снимање имаше околу 2 месеци, значи за толку се исчистил.
    Па побрзо да се спасиш и ти :*
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  19. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Фала најмногу
     
  20. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски