И јас од неодамна сум експерт. Во мај годинава се разбудив со остра болка во пределот на бубрегот. Претходната вечер често мокрев. Буквално се работеше за секунди додека не почнав да повраќам и да се виткам од болки. Итно во брза помош. Ме смирија со морфиум,после 10 минути пак ми се вратија болките. Пак морфиум и ме пуштија дома со сет памет. Немаше ни пола час, пак се вратив зашто веќе почнав да дехидрирам од повраќање. Ме задржаа во болница 5 дена чекајќи да го исфрлам каменот од 3мм по природен пат. Не е голем,но беше заглавен. Без резултати, во текот на тие 5 дена Господ го видов, ме ставија на многу јаки дроги (ова е случај во Чикаго),после тоа ми ставија стент и бидејќи пак не било успешно,го искршиле. Некој месец покасно,4мм во другиот бубрег. Отидов во NY на литотрипсија,метода со шок-бранови, која не секој би му ја препорачала,да си закаже на време,безболно и лесно.Интересно е што тој камен го немаше,ама во другиот имав два нови,еден од 3мм и еден од 4мм.Ги искршив па ќе видиме.Сега мајка ми имаше напад,нејзините се големи и многу се плашам.Беше со Скопје и и' ставија стент но неуспешно. Утре се надевам дека ќе отидат во Систина,зашто во Државна жената се виткала од болки и никој ништо не направил.ОПШТ ХАОС. Закажете си литотрипсија,за да не одите на приватно.Мој најдобар совет.
Da si go kazam mojot problem so bubrezite. Prv napad pred cetiri godini go vidov Gospod nad mene , tie napadi zavrsija za nekolku dena bev na eho vo dvata bubrega i kanalite do beshikata puni so pesok mi prepisha doktorot diazepam od 2 mg i spazmeks .Toa pomina pominaa dali 1 ili 2 godini jas pak bolka custvuvav i veke se znaeshe deka stanuva zbor za bubrezite i si odev na dezuren ili majka mi kako medicinsko lice ke me bocneshe i ke pomineshe . E sega veke 7 dena imam bolka vo dvata bubrega bev samo ednash na dezuren me bocnaa no ne pomina , me pece mi zezi predelot pozadi kaj zeludnikot kaj jajnicite znaci cel stomak mi gori od vnatre , majka mi zbori deka e od bubrezite od vcera ne mokram cesto racete i liceto mi se poduja , liceto ne tolku kolku sto racete . Dali i vas ve pece i zezi od vnatre ?
Болката предизвикана од камчиња не се смирува додека не се исфрлат. Меѓутоа отекувањето и олигуријата се алармантна состојба, не чекај и веднаш кај интернист на ехо, додека не си си направила компликации.
zdravo dali moze da mi kazete dobar doktor za ispituvanje bubrezi za 15 god devojce vcera cel den pominavme na klinika i nisto ne zavrsivme rabota cel den ne matkaa navaka nataka
Луѓе, ова му е маќеата на камењата во бубрезите! Да знајте, со сигурност. Нешто неверојатно шо делува, дури да се чуди човек мм има подолго време, му ги кршеа ласерски и во ск и во бт и пак се прават, едноставно склон му е организмот кон тоа, избегнува храна богата со оксалати (тие најчесто влијаат за формирање на камчињата) и после триста лекарства и чуда, ова само се покажа делотворно. http://apteka.framar.bg/30040443/уралит-у-гранули-280-гр- пред месец дена некаде бевме на контрола и имаше 1.5 цм во едниот а во другиот 0.5 цм. пиеше од ова прашаков неполн месец и вчера ко се снимаше на ехо тоа од 1.5 е намалено на 1.0 цм. (цели 5 милиметри за неполн месец!), а ова помалото, минимално било намалено. Инаку прашаков делува на промена на Ph вредноста на мокрачата, има лакмусова хартија во паковањето и скала и според нејзе се ориентира човек како треба да го пие. Бидејќи мм има калциумови камчиња, требаше да има Ph. на мокрачата над 7.0, за да можат да се стопат, оти иначе по природа му е со пониска ph, па заради тоа му се создаваат нови и нови. Ете на линкот убаво си пишува за лекот што и како, само една мана има - кај нас го нема па мора да се порачува од Бугарија (најблиску) или Германија, ма да мислам дека во Србија и во Грција би требало исто да го има, ќе прашам утре по аптекиве наши дали можи да се порача да ми го донесат некако, па ќе известам ако најдам нешто. Поздрав
Кажете ми дали во Скопје освен на државно има приватни ординации кои вршат ласерско кршење на камен во бубрег? За маж ми прашувам 20мм му е каменот и нема абер да се намали
Јас повеќе од месец дена се мачам со болки, прво почнаа на десната страна сега се префрлија на левата. Два пати ме гледаа на ехо, првиот пат ништо, вториот пат ми видоа песок на двата бубрега ама нешто малку и као не ми биле болките од тоа. Ме лечеа од инфекција 3 недели пиев антибиотик ама болката не помина. Вчера бев на уролог и ми рече дека пред бешиката гледа некое здебелување и се сомнева на заглавено камче. Проблемот е што тоа е на десна страна а мене последните неколку дена ме боли од лева. Болката кога седам ми се во долниот дел на грбот а кога лежам во слабините и се шири накај препоните дури и накај колкот. Ми препорача 10 дена да пијам спасмекс 3 пати дневно и уште едни таблети и многу течности и да направам интравенска урографија. Веќе паранои ме фаќаат што може да биде а и болката е неподнослива. Завчера завршив на ургентен на инфузија од силни болки. Веќе правев обичен ренген кој не покажа ништо. Дали некој правел вакво испитување? Некој совет нешто?
Не паничи. И јас завршив на ургентен со јаки болки и инфузија. Не ми се веруваше дека постои таква болка а уште помалку па дека ќе е од каменчиња. ама на уролог ми кажаа каменчиња и песок. Страшни болки.Такви испитувања не сум правела.
Здраво феминки! Може ли да споделите искуство со оперативно вадење камења од бубрег. Каква е самата операција, колку дена трае опоравувањето и дали има некакви последици?
I jas se soocuvav so ist problem ke zemes caj da pies od mustajkite na pcenkata i brusnica i ako mozis suva brusnica da jadis mene toa mi pomogna za 1 mesec rezultatite mi izlegoja super gabe ti se antibiotici
Имам малце како боцкање повремено на бубрезите, бев кај 2ца уролози, едниот ми рече имаш каменче на десен бубрег, а левиот ти е малце воспален, а другиот ми рече обратно, десниот бубрег ти е супер, немаш ништо, а на левиот малце песок. и сега навистина сум збунета, не знам што да правам. Имам или не камче, некој слично искуство да имал со докториве, иначе на ехо ме гледаа и двајцата. Си купив роватинекс капсули ќе ги пијам, ама стварно докториве имаат ли појма или џабе идеме по доктори.
Мора да ве прегледа уролог што добро знае да го чита ехото.Мене ми рекоа дека имам мало камче и пиев роватинекс и повеќе чај од брусница и убин обавезно,но редовно правев и биотерапија со биоенергија и сам и повремено ми правеше терапија биоенергетичар од Скопје од кого сум учел.По 6 месеци појдов кај истиотн интерниста и баш тогаш местеа нов ехо апарат и докторот што го местеше ми вели немаш камен и интернистот ми вели исто но му беше чудно зошто јас не исфрлив камче.Е сега се советував со биоенергичарот од Скопје кој е доста искусен , вели дека имало но се стопил со помош на терапијата со природна енергија и таблетите , но тоа се исфрало преку мокраќата .Кај мене беше колку зрно од ориз. Моја препорака или да појдете кај трет различен интерниста и да видите со кој од овие двајца ќе се поклопат резултатите или ако сте од Скопје да ви дадам телефон од биоенергичаров од Скопје да појдете и тој ќе ви каже и за другите органи.Знам дека е многу успешен бидеќи незнам како да ви објаснам но тој како да си на ренген гледа енергетски и сам ќе ви каже како работат органите.Мојата мајка имаше големи камења во жолчка и тој со терапији и ги искрши, но бидеќи од жолчка неможе да се исфрлат се направи операција и извадија 130 камчиња ,а и ехото покажа дека веќе се преполнила бидеќи се искршија со терапијата па докторот се чудеше.Размислете ако треба телефон или друго прашање слободно обратетесе .
5 месеци одам по лекари на стомакот се имам направено и ехо и компкутер и ништо освен кристали во бубрег не ми најдоа,а мене ме боли напред како што се мочните канали и од десно и од лево сега почна,докториве викаат не болело толку од кристали,а никој ништо др не ми кажува.Плус бешиката ми е задебелена ептен настината.Можно ли е ова да боли од бубрзите некој што имал искуство? зошто стварно сите испитувања ги направив и ништо друго не најдоа.а умирам од болки константно не можам ни на раб да одам ко што треба
Zdravo kaj mozam da go najdam Urifar Inko, go barav vo zegin mi rekoa go nemalo vo nieden zegin, vo koja apteka moze da se najde nekoj ako moze da mi pomogne, imam problemi so pocnuvanje na mlaz pri uriniranje, nemam pesok, nemam infekcija, nemam bolki, nesto e povrzano so mocniot meur, i problemite mi zapocnaa odkako slucajno se stiskav cel 1 cas odkako mi pocna cuvstvoto za mokrenje bidejki bev vo avtobus i nemozev da mocam, i od togas mi e pekol edvaj zapocnuvam da mocam, moram so ladna voda da si go vlaznam stomakot za da pocnam mlaz, ili so bosi noze na plocki da stojam, a osekjam deka mocniot meur mi e poln, no nemozam da go ispraznam, i nekoj ako imal slicno iskustvo ve zamoluvam da pisete care, ili nekoj lek
Пред една година, ми открија камен во бубрег 8мм, но немав воопшто голема болка беше ситна и непостојана.. Се чудам зошто немам големи болки, вака како што читав за едно мало камче луѓето многу се измачувале од болка Појдов да се проверам пошто сумњав за хронично воспаление на апендиксок, ама не било тоа.. Малку пијам вода, и затоа ми се образовал каменот..Ми дадоа роватинекс, и ми прекина болката и после тоа, будала престанав да пијам вода пак, ама па и кога не те тера..Деновиве повторно чувствувам исти такви ситни болки одвреме навреме како пред една година. Сакав да ми кажете нешто што ќе го намали каменот или стопи каменот и да излезе слободно, многу ми е страв да не се скрши па да ми ствара големи болки поради самиот остар раб како последица од тоа што се искршил..
@Budal4eMace увин чај, чај од брусница, сушена брусница и многу вода. Пиво исто така, по една чаша на ден. Немој да прекинуваш со внесување течности откако болката ќе ти престане. Нека ти стане рутина пиењето течности секој ден.