Имам камче од 9мм во бубрегот па ме интересира дали можи само да си излези или мора кршење со ласер ако некој знај би сакала да ми одговори. Паздрав
Татко ми има камен во бубрег. Проба многу природни лекови, ништо не му помогна и на крај отиде да му го кршат ласерски и докторот му рекол дека е скршен каменот, а на следниот преглед видовме дека каменот не е ни намален.
Ista storija duri i so polosa zavrsnica bese kaj mm. Mu go krsea kamenot pa ne uspeaa, pa mu pravea klasicna operacija so rez od sredina na stomak do noga i mu dadoa eden kamen kako od reka doktorov da go sobral. Jas togas se posmeav i rekov "ne ke da e tvojot kamen". Stvarno taka ispadna. Po cetri meseca dobi napad i go pravea laserska operacija vo stranstvo, doktorot rece deka volku kamenja ne e mozno da se sozdadat vo rok od 4 meseca, sigurno ne ni bile izvadeni.
Здраво. Пред месец дена правев ехо бидејќи имав болки од десната страна. Испадна дека имам песок во левиот бубрег, иако мене од десна страна ме боли Докторката рече дека е многу ситно, скоро па да не се рачуна за песок. Ми рече да пијам 3 месеци брусница. Јас секој ден пијам по 2-3 чаши, мајка ми ми вари свежа брусница, не онакви филтери. Е сега последниве 3-4 дена имам гадни болки кога мокрам и печење, како кога ти е преладена бешика. (болките ги чувствувам од стомакот,не од вагината) Сакам да ми каже некој што имал песок дали е нормално ова од песокот или пак се работи за нешто друго. Какво е чувството кога се исфрла песокот? Ќе одам на лекар како и да е, ама чисто сакав совет бидејќи не се трпи ова. И дали постојат некои апчиња за смирување на оваа ситуација. Заборавив да напоменам дека периодов бев на антибиотици, слушнав дека е можно да е и од тоа.
.... интересно коментарот на докторката, демек песок ситен скоро да не се гледа, а „ТАА всушност го гледа“ со ехо со сонда надворешна притискајќи така одозгора?? ауууу кај кој доктори идете ?? да со жалење на пациентот за болка без никакви анализи му даваа чај од брусница да пие? дали може да не го слушаш што зборува докторот, туку да видиме што напишал докторот како резултат на негово ехо ? може тука да го прикачиш НАОДОТ? или воопшто нема таква работа, па од ракав онака коментира? лелее леле -прво правило секогаш да знаете, печењето кога мокрите е од делување на мокрачата „на оштетената слузница“ на различни места, дали бешика, вагинално мокрача кисела на рана пржи,љути, боли... штом пече и пецка боли при мокрење, значи имаме инфекција... инфекција е од бактерија....таа може да биде НАША бактерија која живее во нас па поради неповолни посебни услови толку се размножила што делува во нас како патогена или може да е бактеријата стекната од надвор - патогена, но и во двата случаеви МОРА АНТИБИОТИК или евентуално ако е полесна форма УРОАНТИСЕПТИК, какви чаеви какви глупости...чаевите се даваат за други работи и друга примена како придружна помош во лекувањето, но никако како главно... е сега, да знаеме ДАЛИ ИМАШ БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА, односно дали имаш и некој песок поминато, па некое зрно песок ти го „разрани ептелот“ при неговиот пат на поминување и тука настана жариште на напад на бактерии СЕ ДАВА МОКРАЧА ЗА ЛАБОРАТОРИСКО ИСПИТУВАЊЕ како и друго испитување во смисол на седиментација, деградациони продукти креатин, уреа, урична киселина, ЦРП како фактор за инфекција па леукоцити...а не вака, иди пиј 3 месеца чај од брусница? кога ќе се направат вакви лабораториски а богами и микробиолошки анализи ТАМУ ВРЕДНОСТИТЕ во споредба со рефернтната вредност ќе знаеме на што сме ? ако имаме присутво на протеини во мокрача па и зголемена маса на леукоцити и еритроцити во мокрача ќе знаеме дека тука има инфекција па не само антибиотик туку се комбинира со уроантисептик и дополнително една недела со Увин чај и наместо вода да се практикува пиење ладен чај од брусница... ...што ако болките „од десна страна“ значи воспаление на јајникот? зашто да биде бубрег, по кое правило? јас не читам симптоми на „исфрлување“ на камче ...песок и слично освен што укажуваш на болка и печење при мокрење ама неспецифично значи може да биде и од воспаление на јајници? м? ... или да речеме си имала во моментот болка од воспалено слепо црево ? докажано ли е ? леукоцити резултат, а? што ако ти е слепо црево, а ти пиеш брусница? и болката укажува дека нешто се случува и веднаш лабораториски анализи, а не да се смири болката па ќе го посетиш докторот? па што си посетила пред 3 месеци билкар со чај од брусница да лечи? ле леле ако имаш болки СЕГА - прво ќе пробаш со топлина да ја смириш, дали шише со зовриена вода како термофор ќе ставиш таму на стомакот (внимавај на десна страна да не го ставиш каде е слепо црево) држи така едно 20 мин, ако попушта болката тргни го тоа па потоа пак... ако СЕГА имаш силни болки ќе се напиеш- ќе комбинираш аналгетик Аналгин таблетка и спазмолитик Спазмекс таблета или Бускопан и ништо друго ! ....и утре понеделник ...правец - биохемиска лабораторија !
Никогаш не чекам да се смири болката сама од себе, но денес е недела и каде да одам? Пишав тука за да можеби некој некако може да ми помогне затоа што идењето на лекар може да потрае во нашава држава со термини итн. За лечењето песок од бубрези со брусница не слушам прв пат од докторката каде што бев јас, многу луѓе што имале песок им било кажано да пијат. Болката од десна страна, а песокот од лева и мене ме чуди. Често имам болки и во јајниците, бев кај повеќе гинеколози-проблем нема, освен прелада. А инаку за шише топла вода имам читано дека никако не е препорачливо при песок во бубрези. Последниве неколку месеци многу здравствени проблеми ми искочија, гастритис, операција на крајници треба да правам, песокот во бубрезите и сега уште ова ми фалеше. Секој втор ден сум по лекари, така да во никој случај не чекам болката сама од себе да помине.
и што ако е недела?зарем пациенти не се лечат во недела? биохемиската лабораторија на клиника зарем нема дежурство 24 ч? зарем нема дежурен лекар кој ќе упати во лабораторија најхитно поради силната болка да дефиренцира што е апендикс или колика? дали си пробала самата тоа да го сториш, па те вратиле ?... „термини“ се за хронична болест демек кога ситуацијата е смирена, а сепак има болест.... кога се има болки велиме акутна состојба тоа е приоритет мора да има предност и тука нема кој да те врати ! на Нет може секој да чита што пишува, но треба да знае да го интерпретира тоа и да острани тоа што е неточно, односно да прифати што е точно... еве објасни ми зошто е штетно при песок од бубрези (кој се уште не ти е докажано) не треба топло?м? јас реков топло каде чуствуваш болка, а не да ставаш на бубрег? има две болки... од орган и од мускул. органот кога боли да се опушти болката се става топло, а на мускул да попушти болката се става ладно и толку ! инаку јас ти кажувам мое мислење, сакаш прифати сакаш не, но не со мене да се расправаш и да се докажуваш, ако го подржуваш начинот како те лечат со чај со брусница „ оти си читала “... продолжи така, не знам зошто воопшто прашуваш на форум ? и секогаш кога се кажува ,,немало проблем“ од гинеколози...или било кој доктор не се прифаќа „усно“ било добро и толку, оти гледам не даваш никакви конкретни податоци... дај написмено НАОДОТ или ИЗВЕШТАЈОТ да го видиме тука па ќе видиме дали толку немало ништо !
Ти ме нападна и мене и докторите, као никој не се разбира, а не гледам ни кој се расправа тука, побарав совет за болка во бешика да ме смири малце и прашав дали е можно да е од песокот оваа болка. И извини многу не сум во можност да одам сама по болници денеска, извини стварно и благодарам на исцрпниот корисен реферат.
... јас не ги напаѓам докторите, јас ја напаѓам само нивната професионална работа чиј начин на работење не е по медицински протокол туку паушал од око и затоа се нервирам, дала докторка чај од брусница да се пие 3 месеци, а ти имаш болка која уште не е дефинирана за овие три месеци? јас затоа реагирам така,не гледаш дека ти посветувам внимание и те советувам за некои работи кои никој нема да ти ги каже?
@Sarahhhhm кај мене болките во бубрег, кои патем беа од песок, исто како кај тебе, скоро секогаш беа придружени со болки во бешиката и инфекција. Ако болките не се јаки продолжи со чај од брусница и многу вода. Мене многу ми помогна чај од кантарион. Во случај на силни болки можеш да земеш спазмекс, а доколку болките не се смируваат ќе мора терапија со антибиотик.
Мене до сега не ми се случило ова, овие два дена ми е вака, сега е се полошо и полошо, ненормално ме пече кога мокрам. Брусница си пијам редовно, а спазмекс пиев прееска,но нема подобрување. Дали вака боли кога го исфрлаш песокот или?
Аман дете, оди на дежурна и не се мачи...ќе мораш и со антибиотик да почнеш...сигурно си закачила и ешерихија. Јас измокрив камче, пропратено со крв и што да ти кажам...господ у гаќи го видов. Најмногу ми помогна увин чај, две литри, само пиев и мочав..и антибиотик одма.
Zdravo i jas imam problemi so kamen vo bubregot pa imam slusnata za lekot so proso 200g proso da kisne vo 2l voda 24h pa da se ispie vodata. Sakam da prasam dali nekoj ima probano i kako deluva pozz
Ми треба мислење, одвреме навреме еднаш во денот неколку секунди ме стегат во бубрегов ко со нож веќе една недела ама немам проблем ни со мокрење со ништо, А ми се јави неколку дена после скијање на кое што многу паѓав, дали е можно од паѓањата или се работи за камче?