1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камен во бубрег

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Mac, 4 август 2011.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Има еден домашен лек за исфрлање песок и помали камчиња од бубрези кој се покажал досега во многу случаи како успешен. Рецептот за чајот го имам од баба ми која веќе не е жива, ама еве со генерации се користи и дома секогаш гледаме да складраме од состојкиве кога ќе им е сезона за да имаме ако некој некогаш има потреба во иднина. Може и во билна аптека или на пазар да се најдат.

    Ќе го оставам тука рецептот, ако некому затреба:

    1 шака семки од диња (претходно измиени и исушени)
    1 шака јачмен
    Коса од пченка (претходно исушена)- количински едно клопче, раката да е преполна со неа
    1 цела китка магдонос (сосе гранчињата, а ако е можно и со корените-уште подобро)

    Се ставаат да се варат во 2л. вода и се вари со вриење, додека не се редуцира до 1 л. водата.
    Потоа се процедува и се додава сок од еден лимон (за да стои) и се чува во фрижидер.
    Од тој литар се пие трипати на ден по 100-120 мл., значи 1 л. е доволно за отприлика 3 дена.
    Се препорачува да се направи пауза после 15 дена пиење.

    На вкус не е лош, освежителен е, најмногу се осеќа лимонот.
     
    На Sunshine*☆* и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    4.251
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Веќе 15 години имам камчиња во бубрег. За среќа пред години ги исфрлив од левиот, но во десниот сеуште имам.
    Што значи сум пробала све и свашта, секој е различен организам за некого нешто делува за некого не.
    Од пиење темјан, петролеј до лекови од Италјански универзитет кој се занимава и проучува камчиња во бубрези. Не ми помогна ништо.

    Најбитно е да пиете мн вода ( посебно летно време кога е мн топло се случуваат напади на бубрег )

    Пред 5-6 год бев на консултација кај д-р Дохчев пошто завршив во болница поради исфрлање на камче, бев спремна во истиот момент да ми праат операција. Не се согласи докоторт.
    Сакам да ви кажам од разговорот со него дека доколку камчињата не ви сметат во секојдневниот живот немојте да се оперирате. ( доколку убаво не ја исчистат ,,прашината ,, од камчето кога ке го искршат со тек на време на тоа место ке ви се направи ново камче итн...

    да не должам мн доколку имате било какво прашање слободно прашајте ме пошто мислам дека имам докторирано на таа тема :) све и свашта имам поминато и пробано.

    инаку пред еден месец валјда сум исфрлила уште еден и сега имам само 4 што е среќна вест за мене досега најмалку камчиња од кога си ги добив :)
     
    На buba4e89 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Мајками има камења во бубрези, незнам дали се 2-3, меѓутоа едниот е доста голем 1цм и е шилест, еднаш годишно ја фаќаат напади, а ова лето помина со многу јако воспаление.. пиеше се и свашта и досега не помогнало ништо, па размислуваме за ласерско кршење на камења, што мислиш за тоа ?
     
  4. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    1.963
    Пол:
    Женски
    Јас имам со ласер кршено камен од 1 цм во бубрег, самото кршење со ласерот се издржуваше беше подносливо болно, е сега потоа ко ќе се исфрлуваат делчината е поболно кај мене траеше 2-3 дена и одев на инфузии од болки, се на се мислам подобро отколку операција. Мегутоа секој различно поминува.
     
    На sagittarius57 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Каде ја имаш правено интервенцијата и како си задоволна ?
     
  6. lale22

    lale22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    1.963
    Пол:
    Женски
    Во болницата во Битола и сум задоволна, нивното си го направија, можи и каменот беше лесно кршлив добро се иситни е сега за исфрлањето видов малку мака ама и тоа помина.
     
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали некој има правено интравенска урографија? За утре ми закажаа, па сакав да знам колку време трае прегледот и што точно се гледа од него. Имам напади на бубрег повеќе од две недели, завршив и на ургентен со инфузии. Ми најдоа две камчиња, едното 6 мм а другото 16 мм. Пред неколку години исто имав напад, тогаш ми кажаа дека имам камче од 4 мм, ама за неколку дена се смирија болките и мислам дека не го исфрлив, па од тогаш еве сега пак, ама сега е многу пострашно, до онесвестување ме боли.
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Интравенска урографија е снимање на уринарниот систем со контраст. Се гледаат сите оние работи кои не може да се видат на обично ехо, вклучително и како/дали филтрираат бубрезите. Лично не сум правела ама теоретски го знам.
    Зарем не може да одиш на ласерско кршење?
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Па урологот рече прво да го направиме прегледов, па после тоа да се одлучи што понатаму.
    Ама одма ми рекоа дека со поголемиот тешко ќе оди :|
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.201
    Допаѓања:
    111.840
    Пол:
    Женски
    Земаш суплементи нешто? :(
     
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа само спазмекс редовно, кетонал ако не се издржува и многу течности. По 5 литри пијам дневно, се подув. Друго ништо, све останато после прегледот.
    Само да не ме фати напад ко ќе дојде саатот за прегледот, нема да можат да го направат :|
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    И маж ми има огромен камен и докторот му рече да направи компјутерска томографија и со резултатот да оди на консултација за операција. Првпат слушам за интервенција како твојата, не ми е јасно зошто мм би правел кт, а не такво нешто. Болна е процедурата? Ако не ти е проблем сподели утре што ќе те советуваат.
     
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Нека побара уште едно мислење од уролог. Мене на ургентен кога отидов со напад, прво ми направија рентген и комплет крвна слика па ме пратија на ехо на абдомен и на крај на уролог за да даде мислење. Од таму ме испрати на прегледов.
    Ми рекоа дека не е болна процедурата, само може да трае многу долго. Ова се прави само ако во моментот нема болки (јас ќе пијам спазмекс и кетонал да не ме фати таму зашто ќе ме вратат).
    Ќе споделам утре искуство обавезно.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Јана, го направив прегледот. Не е болна процедурата, само е непријатно чувството кога ќе ја вбризгаат течноста во вена и еден саат вкупно траеше снимањето. После процедурата е малку мачно, имам гадење и изнемоштеност, резултати добив за неколку саати. Тек утре ќе дознаам на што сум, треба да види уролог.
    Инаку ако го праќаат да го направи ова ќе треба од претходен ден да биде гладен и со прочистени црева (ќе мора лаксативно средство да пие и плус два литра течност).
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    И мм денеска правеше кт и исто бараа да биде исчистен еден ден претходно. Исто утре ќе оди на уролог да види каква операција ќе му предложат. А знаеш ласерски каде отстрануваат? Мислам во некоја од државните имаше.
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Ми спомнаа дека на клиника кршат камчиња ласерски, блиски имаат таму исто кршено, сигурно уште функционира тоа.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Пак јас :)
    Каменот не е 3цм како што му виде една докторка на ехо, после кт искочи дека е 2цм и неколку помали. Вториов доктор не му препорачува кршење туку со некоја понова метода (го заборавил мм името) ама операцијата на приватно е прескапа, па правиме напори за во државна. Тебе каква операција ти предложија?
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Мене на контрола уролог ми рече дека снимката од интравенската не чини, ништо не се гледа на неа (како осветлена е цела, не ја направиле ко што треба) па да си барам чаре на ортопед, не ми било бубрег туку кичма (facepalm)
    И сега чекам на 25 октомври да одам на уште едно ехо на абдомен, имам закажано, па да видам каде ќе ме упатат. Битно на клиника веќе нема да стапнам. Толку незаинтересирани доктори не сум видела.
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Оф леле (facepalm) Да пробаш со компјутерска томографија и ти? Исто му ставиле таква течност како тебе и сликите се многу јасни, видеото не сум го гледала. Секако се прави на цел абдомен.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.703
    Пол:
    Женски
    Ќе видам со ехото што ќе испадне, па ќе прашам дали може и за компјутер да ми закажат.
    Битно ме треснаа од земја, не очекував такво однесување :x
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.