1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Темава... како сакате сфатете ја, ама реалност е.
    Не, видете вака, дури и кога ја отворив ме фати смеа. Сериозна е и постои, а звучи како да е зафрканција.
    Вашиот став околу истово?

    Гледам некои реклами со рецепти, вика - МАЏУН со све оди, и ќе си ставиш 100 грама од сите можни апетисани за три ќофтиња, еден оброк 1000 денари, извини мезе, не е оброк - ЦИРКУЗ.

    Ја кани Мијата во емисија да збори како ослабела, а пустата...не со здрава храна, ами со ПРОТЕКАЛ диета те некои шурупчиња, прашачиња, дрогичиња без декларации на нив и чинат чудо пари... И тоа треба да е за пример и да е здраво. Ало бре... Ако оди се тоа препишано од матичен, па со рецепта и партиципација да пазариме, нема проблем.

    Кој би бил ефектот од ваквата кампања и од-до се испрани пари за спроведување на истата?

    Луѓето се дебелеат од неквалитетна храна, а неквалитетна храна се купува кога се нема пари и претежно е храна која е богата со јагненихидрати. Драго човечанство што би рекол Кили, народот ни живее на сува корка леб во превод, а ти му викаш јади индиски оревчиња. Немаат леб, па колачи и така натака...?
     
    На Abrakadabra, Hipster, SwanMay и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Луѓето се дебелеат, затоа што јадат повеќе отколку што трошат. Многу е логично. Јадеме повеќе отколку што трошиме. Секоја храна има калории во себе, па дури и водата што ја пиеме. Но, не мора да значи дека “здравата“ храна е помалку калорична од нездравата во повеќето случаи. Земи го оризот, компирот, бадемите, лешниците, пилешки стек, мусли и многу други намирници се прилично калорични ако јадеш повеќе, но тоа се здрави калории иако релативно е тоа што е “здрава“ храна. И денес таа “здрава“ храна е полна со пестициди и преработена во фабрика повеќето.

    Јагленохидратите се круцијални за здравјето на еден човек заедно со протеините и мастите. Junk food е таа што дебели поради преголемото количество на неквалитетни масти и шеќер. И, не сум билдер за да серам за здрава храна, а од друга страна да се пукаш со суплементи од типот на креатин, стероиди, лекови и друга хемија.

    И, please, не мора и ти да се приклучуваш на таа патетика „изумираме од глад“ и сличните клише муабет од широката маса која во рака држи нов iphone6plus “! Барем тебе те сметав за попаметен член. Во Македонија гледам се подебели и подебели луѓе, а тоа воопшто не ме асоцира на никаков глад барем не во моја околина каде што живеам јас.

    Кампањата како кампања си е супер, затоа што кај нас повеќето од популацијата после 35 години изгледа како само со чварки да се храни дома.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Оваа Валерија нема кочници, сите форуми ги напнува со тој паралелен универзум кој го живее во главата.
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Никој не може да спори дека здравата храна е поскапа од "таа другата". Салата за појадок ај што нема да те држи сит долго време, туку и дупло повеќе ќе ја платиш од четврт бурек - е сега, со минимална плата од 8000 денари или тука некаде, не знам дали воопшто и ќе ја ставиш во комбинација.
    Треба да расте свеста за здравата исхрана, но начинот и парите(!) со кои оваа кампања се изведени се благо кажано невкусни. Бетер е само изјавата на таа госпожата од Загреб што на коментарот дека здравата храна е скапа, дава препорака: "Црниот леб сечете го на потенки парчиња". Срамота.
     
    На Hipster, Hipica, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Знам дека муабетот ем е поставен политички, ем ќе си продолжи во политички правец, ама вие терајте си го вашето, јас ќе напишам нешто неполитичко...

    Генерално, модерниот свет пати од преголема тежина. Ние сме далеку од Американците, ама далеку од тоа да сме слаби. Погледнете колку од мажите што ви се свиѓаат, имаат меше?! Дури и децата, оние повозрасните ќе се сетат, во наше време во школо имавме еден дебел во класот и тој секогаш се викаше „Буцо“. Сега во секој клас има барем 3-4 деца кои се подебели од нормалното.

    Секаде во модерниот свет има кампањи за здрава исхрана и апсолутно ја оправдувам инцијативата, кампањата, акцијата, како сакате наречете ја, на македонските власти. Можеби за вас умните и паметните не значи ништо, ама верувале или не, во земјава постојат луѓе кои мислат дека треба да споделиш икона на Фејсбук за да имаш среќа (fingers) па една ваква „наредба“ од некој авторитет како премиерот, за некого ќе значи живот, зашто нема да умре од срцев удар од прејадување хамбургери. Да, за вас премиерот не е авторитет, не е ни за мене, ама факт е дека за голем број луѓе е и ако тој авторитет го користи за подобрување на здравјето на луѓето, а не за поведување војна со имагинарни непријатели, како што тоа го прават дебелите Амриканци на пример, тогаш тоа го сметам за супер потег.

    Муабетите дека здравата храна е скапа, а фаст-фудот евтин, се чисто мрчење. Како што напиша Др.Стренџлав, дневниот внес на калории на еден здрав возрасен маж треба да изнесува околу 2500, а еден хамбургер од Седмица или Вили, сам со себе носи околу 1200 калории. Два такви во денот и си здебелен за тој ден. Ако имаш 250 денари за два сендвичи во денот, сигурно имаш 250 денари за кило патлиџан (120 денари у зима, насјкапа цена), две кила краставици (80 денари кило) и млад кромид или што ти е мерак. И тоа во Скопје, во маркет, не на пазар, каде уште поевтино е. Е сега, ако е за бадеми и Џек, тогаш друг муабет треба да правиме. :beer::cash::pizza:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    ^ Треба да вадам сега цитати и факти како социо-економскиот момент влијае на изборот на храна? И тоа историски?
    Да, понездравата храна (и при тоа не зборувам за фаст фуд седмица бидејќи луѓето кои јадат таму не е дека немаат пари, а од друга страна има сендвичари кои продаваат хамбургер од по 50 денари и сиромашниот ќе си купи и таму) е поевтина.
    Подебели и подебели луѓе во земји како Македонија да, значи погладни луѓе. Затоа што не гледам редици по сендвичари, ама затоа секој се тепа леб да си купи. Да, лебот е евтин, брзо ќе те најаде (а и брзо ќе те огладни, но тој нутриционистички факт не му значи ништо на гладниот стомак и блиткиот џеб), но и брзо ќе те здебели бидејќи ќе гладуваш до следниот кој знае кога оброк.
    И да, постојат еден куп и емотивни јадачи. Не можеш ти да освестуваш луѓе на ниво на однесување, кога не се чувствува како да му е дојдено до тоа однесување. И не бате, не си ти тој што ќе каже - хе, слабаци.

    Во Македонија доминира сиромашната класа и не зборуваме тука за нездрава храна од типот - 7ца, туку векна леб и паштета, векна леб и ајвар, леб и маргарин. Не знам со кои очи ја гледате оваа држава, ама да, тоа е реалноста. И да, не мора да проповедате зеленчучето кое е релативно евтино по пазарите, а бога ми и тој што нема пари во џеб и ќе си насади и во дворче (може некој и од мерак) или во саксија на балкон и ќе си јаде.

    Ајде ќе ја опростиш кампањата, ќе речеш со добра немера е, ама кога вака лошо се заклучува од луѓе во однос на исхраната, глупо е. Дали со годините ми дојде и тоа, ама мене ми стана еднакво непристојно да зборувам за тоа како некој треба да се храни, а е како да прашувам некого колку заработуваш. Прво, не знаеш која му е финансиската состојба, второ, не знаеш која му е емотивната што е клучен фактор за одлука и нема врска со глупото толку повторувано - ЦВРСТ КАРАКТЕР, трето се запрашуваш - која ми е пак мене потребата некому да попувам и што точно сакам да постигнам, сигурно не е од што некому мислите добро, колку што е експонирање на моќ на тоа поле?
    Да бидат посмешни работите, дали ова ова се проповеда во држава каде што се одобри увоз на ГМО семиња? Да видиме и тоа здраво колку е здраво.

    А последно, ако веќе ја почитуваме традицијата и македонштината ме интересира како традиционално луѓето се хранеле тука со индиски оревчиња.

    Во секој случај ред беше. Прво за нашето ментално и емотивно здравје се погрижија, сега за исхраната.
    За првото, реално ја поздравувам идејата, со што многу попотребна беше таква кампања да се изгубат предрасудите од одење на психолог, психијатар и согледување дека дефинитивно сме нација со такви проблеми. Дали е анксиозности, депресии, фобии, стравови, стрес, сеедно... Отколку за здравата храна која искрено, јас лично не ја разбирам бидејќи е последното нешто за кое што треба да се грижат.

    И да, ако сакаш веќе да освестуваш, вклучи го министерството за здравство и поврзи го со болестите кои ги предизвикува дебелината и направи кампања која е финансиски свесна за џебот на овој народ и прилагодија според можностите.
    Не можеа глумецон да го натераат да натопи брк во течен грав без запршка ограничен на едно тенко исечено парче леб? Мораше баш да се фати за бадеми и лешници?
    Значи ајде како што реков, опростена кампања, ами концепциски утната до толку? Ц ц ц ц ц ц!!!!


    Повелете и пријатно

    http://frac.org/initiatives/hunger-...le-at-greater-risk-for-overweight-or-obesity/
    http://frac.org/initiatives/hunger-...d-food-insecure-people-vulnerable-to-obesity/
    http://institutefornaturalhealing.com/2011/04/the-economics-of-obesity-why-are-poor-people-fat/
    http://www.dailymail.co.uk/health/a...Study-finds-weight-creating-class-divide.html
     
    Последна измена: 30 октомври 2014
    На Hipster, Hipica, MacenceEna и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Секако дека за здрава прехрана треба финансии. Ако кампањата е јадете помалку калории тогаш можеш да кажеш дека можеш евтино да си поминеш. Овошје, зеленчук, јаткасто овошје, треба редовно да се конзумира, но не како оброк туку како ужина, па кога ќе дојде ред за редовен оброк нема да си толку гладен и да изедеш половина векна леб туку ќе се заситиш со кришка или две. Во лебот има многу калории, во тестенините исто а тие се најевтини па затоа кај нас тоа најмногу се јади. Виршли, паштети, мајонез, грицки, салами, тоа е најчесто на трпезата и не треба да си гениј да сфатиш зошто.
     
  8. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    47
    искрено сум за здравата храна меѓутоа за кампањава не ја разбирам како би се спроведила
    не му е јасно на владата и останатите светители дека луѓето немаат леб да јадат а не да размислуваат зашто е здрава а што не? мислат дека народот е толку глуп па незнае што е здрава е а што е нездрава? не се толку тупи колку што владата мисле, само секој си ја пушта чергата колку што му е долга....
    ако толку сакаат здрава храна зошто не воведат некои ваучери за поефитна храна, бесплатен здрав оброк некои промотивни бенефити? за филозофирање пред камера секој го бива али за реалност.....
     
    На Divinebutterfly и kolovoz им се допаѓа ова.
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу ја поддржувам здравата и правилната исхрана,но кампањата е многу лошо направена и може да се сфати на сосема различен начин.
    Најпрво,не се хранат сите исто,за некој е едно здрава храна,за друг сосема трето,што зависи и од социоекономски фактори и од здравствени.
    Овошјето и зеленчукот не се скапи,ама реалноста е дека тие се конзумираат како ужина,не можат да те најадат,па не може секој да си приушти да има се и сешто во фрижидер.
    Друга работа,општо е познато дека белиот леб и белото рафинирано брашно се големи причинители на дебелината.Ама,еден бел леб е 25 денари (1кг отприлика) додека интегралниот леб кој е значително поздрав е 35 денари (400грама).И сега за парите што ќе купам 4 бели леба за петчлено семејство би купила само 2 интегрални и сите ќе останат гладни.
    Да не спомнувам колку е скапа рибата и месото,кои сепак се потребни.1кг телешко-600 и кусур денари.
    Сите намирници се потребни,а како што рече Лилит има еден куп луѓе,што живеат на леб и ајвар или леб и паштета,леб и маргарин односно се што не се препорачува.
    И кога ти се избројани парите,сеедно ти е,гледаш да не си со празен стомак.
    Се согласувам дека треба промени,но во склоп со нашата финансиска ситуација,односно режими за секој поединец и неговото место во општеството.
    Затоа се изучува и нутриционизмот,да се состави план на исхрана,ама земени во обзир сите фактори.
    Никој не може да живее на јаболки и краставици.
     
    На Hipster, Hipica, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  10. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Лилит, значи и јас кога сум немала пари (студент-кога има кога нема) сум јадела леб и ајвар по цела недела, или паштета купував од оние по 10ден и леб....Тоа сум јадела, а сеа овие као нешто сакаат на здрава исхрана да не воведат....Демек ние не знаеме дека поздраво е да се јаде овошје и зеленчук, и црн леб и други здрави намирници да не набројувам сега, ние глупи сме па овие требаше да не подучат. Јас точно знам што е здрава исхрана, ама стварно некој неможе да си ја приушти.
     
    На Hipster, Mishela, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Се е средено во државава и дојдовме до тоа да ни ја средат исхраната. Супер, одиме само напред!
     
    На Hipster, Hipica, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Па и црниот леб не е црн.
    Туку обичен па боен, како и кафеавиот шеќер.
    Истото се случува и со пченкарниот, мешан е со пченично брашно.
    Тоа што немаат институција која ја проверува храната и нејзината вистинска нутритивна вредност и состав друга работа е.
    Виталија се растурија од терање бизнис со здрава храна која под еден, главно е увезена и е со сомнително потекло, виталија само ја пакува, под два, е богата со шеќери и конзерванси и сепак, тера како фирма за ЗДРАВА храна затоа што нема кој да го испита тоа здравото во неа.

    Мижи асан да ти баам. Ќе почнуваме куќа од кров.
     
    На Hipster, MacenceEna, SV1911 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Дневниот калориски внес зависи од многу работи, а пред се од полот, возраста, висината, тежината, активноста. Не може човек кој е висок 195 цм, кој вежба 4-5 пати неделно по 1 час да има ист калориски внес со некој кој е 175-180 цм висок и кој не вежба и слабо се движи, па дури и да вежба како исто споменатиот пак му се потребни помалку калории за одржување на тежина, затоа што првоспоменатиот е помасовен и неговото тело бара повеќе за одржување.

    Многу луѓе ги мешаат брзините. Исхрана со здрава храна не ве спасува од дебелеење. Многу погрешно ги толкуваат тие работи. Тоа е точно дека здравата храна која е полна со витамини е помалку калорична од нездравата индустриска храна, но и таа витаминска хране ќе те дебелее ако ја јадеш повеќе отколку што треба, а не ја трошиш.

    Тоа дека здравата храна е поскапа од нездравата храна е фатаморгана или тотална глупост. На кратки стази нездравата храна е каде-каде поевтина, но на подолги стази кога ќе се разболиш со тоа нездраво хранење има на нос да ти излезе се, затоа што исхраната е една од трите главни прични за секоја болест покрај генетската и стресот.

    Значи да напоменам дека јас не сум никаков нутриционист, никаков професионален фитнес тренер или бодибилдер, а ниту знам премногу околу нутриционизмот, но треба да сфатите дека храната кај секој човек различно се рефлектира пред се поради генетската разлика и конструкција, но треба да се потрудите да си го најдете идеалното решение каква храна и кога да јадете. Нутриционизмот и фитнесот се цела наука, но вие не треба да знаете цела наука ни приближно за да ја постигнете посакуваната цел.

    Јас кога почнав првпат да вежбам и да се хранам “здраво“( ова здраво го ставив во наводници, затоа што јас не сум сигурен дека денешната здрава храна е баш здрава во буквална смисла на зборот) јадев по 4.500 калории дневно и се прашував зошто немам резултати баш какви што посакувам. Искрено воопшто не ги разбирав нутритивните вредности на храната, колку да внесувам, што да внесувам и кога да внесувам. Сето тоа ми изгледаше како бог знае што, но верувајте многу е лесно кога ќе ја научите шемата. Не е ништо комплицирано иако тие нутриционисте сакаат да изгледаат заебано со стручни изрази и да си даваат на значење, но поентата е дека всушност многу е едноставно.

    Не ја споредувајте исхраната во другите земји со нашата, затоа што тоа се други производи коишто ги нема на наше поднебје.

    Ќе си направите листа од 15-20 производи коишто се релативно евтини кај нас, ќе им ги научите нутритивните вредности, а после само ќе ги комбинирате во текот на денот.

    Еве како кај мене изгледа еден доручек:
    - 5 јајца само белки
    - 200 грама урда
    - 1 чаша нискомаслен јогурт
    - 2 домати и 1 лута пиперка
    - 2 парчиња црн леб

    Ова отприлика се околу 300-500 калории грубо кажано ( мислам дека се и помалку)

    Бадемите, оревите, лешници се многу здрави, но и многу калорични. Не е препорачливо да се јаде повеќе од 50 грама дневно, затоа што здрави масти имате во сите производи.

    П.С. Здравата исхрана не може да ве спаси од некои болести да не се залажуваме, туку може да го намали ризикот за 4-5 пати да заболите од истата болест. Сепак генетиката е пресудна во многу работи.
     
  14. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Извини ама мене твојот доручек воопшто не ми изгледа ЗДРАВ. А и фактот да купам 5 јајца и да им ги фрлам жолчките (facepalm) па не е баш нешто ефтино за што треба да се фалиш. А и не ќе ти биде лошо прво да провериш што се има во нискомаслениот јогрут и во урдата;) па после да делиш совети.
    Воедно за да не бидам оф топик сум за здрава храна ама мислам дека немаше потреба владата да влегува во ваква кампања. Сепак ова е Македонија..
     
    На Doozy, Elennaa и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Девојче, ти ептен сериозно си ја сфатила работата со здрава исхрана. Заеби ти ленени семиња, интегрални крекери, соини производи, растителни млека и останато. Ќе си купиш девојче пиперка, домат, марула, зелка, кромид, лук, ориз, компир, јајца, млеко, јогурт, урда, ќе си јадеш тестенини 2-3 пати неделно без проблем, ќе си лупнеш 4-5 лажици мед, овесни снегулки ќе си кркаш, црн леб без разлика дали има шеќер или не.



    Ќе си јадеш пилешко, телешко, мисиркино, па и свинско некогаш, туна, лосос и останати видови на риби. Најбитно нешто ти е да си купиш една квалитетна вага и да си мериш што внесуваш за да имаш претстава колку внесуваш, а колку трошиш..

    Сега зависи каква цел имаш во животот и што сакаш да постигнеш. Ако вежбаш редовно не е никаков проблем еднаш во месец да изедеш пица со пилешко месо, т.е. пастрмајлија, да јадеш пилешки прсти и слично. Не е тоа страшно, затоа што лесно ќе ги истрошиш.
     
  16. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Што не е здраво во мојот доручек? Жолчките во јајцата се чист холестерол, а белката е чист извор на протеин. Со белките, урдата, јогуртот јас внесувам околу 40 грама чист протеин наутро, а вториот оброк јадам овесни снегулки со мед, банана и слично. Затоа ручекот, петтиот и шестиот оброк ми се доста обилни со здрави калории. Денес за ручек 100 грама ориз, 300 грама пилешки стек на тефлонско, цела чинија салата. Крвна слика топ, чисто лице, спијам како бајче навечер.
     
  17. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Знаете кога ќе сте сигурни дека јадете, вистински здрава храна? Кога ќе заминете да живеете во село или во некоја пригратска населба со плац од над 500m2 и сами да си произведувате, е тогаш ќе знаете што јадете. Се дотогаш само се лажете дека јадете здрава храна, се она што се произведува на големо и за пазар е полно со хемикалии за да порасне, да узрее, да го има квантитативно повеќе....
    Да не зборувам за увезената храна од Турција и останати држави, која има само облик на патлиџан, краставица.......
    Секој трговец ќе ти рече дека тоа тој што го продава е природно и здраво, ама однесете го во лабораторија и ќе видите дали е така.
    Затоа трудете се да ги избегнуате оние работи кои апла не се здрави, инаку за вистински здрава храна требаат многу пари, или треба да се потрудиш сам да ја произведеш.
    Она што го одржува човекот здрав е физичката активност, џабе ни е здрава храна ако цел ден дремеме пред компјутер.
    Да не го спомнувам тука зрачењето кое доага од разните електрични уреди кои треба да ги фрлиме ако сакаме здраво да живееме, затоа неможе да имате само една компонента а да кажете дека живеете здраво. За здрав живот треба да се вратите да живеете како што некогаш жиееле нашите пра баби и дедовци..
    Кампања ко кампања, мора да се дадат пари за нешто, инаку кој е глуп и незнае дека треба да јаде овошје, зеленчук.... Ама цела година лугево неможеа турско патиџани да си купат ги држеа се по цена од 80 ден а камо ли за органска храна да праиме муабет.
     
    На Hipster, SV1911, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Фино си напишал, само уште да пресметаше дека твојот појадок и ручек изнесува околу 300 или 350 ден (колку што паметам цени во Мк, сега може и поскапо да е), и ако една 4 члена фамилија вака се храни + вечера, повеќе од 25 евра на ден за храна ќе оди. Месечно колку е? И после велиш финансиите врска немале со исхраната?
     
    На Hipica, SV1911, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Што мислите вие? Шти би купил попрво во маркет човек кој добива минимална плата?
    Мислите дека му е битно да се храни здраво, мислите дека воопшто размислува за тоа? Размислува само колку поголема количина на храна која ќе го држи сит може да купи со парите кои ги одвоил за прехрана. И да, наместо да купи зеленчук или мешунки ќе купи неколку леба, паштети, ефтина салама, јајца, маргарин, макарони и тоа е тоа, толку може да одвои. И тој човек сака да може да си дозволи да јаде лосос, јогурти со ниска масленост, незнам какви житарки и интегрален леб ама воопшто не размислува за тоа кога ќе ја види платата. Е сето тоа е нездраво и сето тоа дебелее, дебелее и тоа многу.
    Незнам еве прееска гледав една од рекламите и се чудев, изведува некои специјалитети, париса грав со блендер па додава милион мирудии, маслиново ладно цедено масло итн... а луѓено немаат пари ни обичен Брилијант зејтин да купат.
    Која здрава храна им е тоа? Секој рецепт им е со нешто пржено, со некои зеленчуци за кои некои луѓе првпат слушаат. Ако го прават веќе нека го направат на прост начин за да разбере секој, а не изведуваат некои глупости со вода со бобинки, малини, капини па знаат ли колку е нивната цена на пазарите? На корисникот на социјална помош и минимална плата ни на крај памет нема да му текне да купува нешто такво туку ќе си купи леб за цела недела со тие пари наместо да ги даде за некои 100 грама здрави бобинки.
    Друг фактор кој влијае на дебелината на децата е недостатокот ан физичка активност. Колку од децата што ги познавате се физички активни? Океј може нивните родители немаат пари да им овозможат да ги запишат на некој спорт и слично, но секој ја има моќта да му го исклучи компјутерот или телевизорот и да го однесе на прошетка, да го искачи пешки до врв на Водно или да игра фудбал, кошарка со нега на маалоското игралиште. Храната на страна тука, секој сака своето дете да си го храни здраво ама сепак неможе едно дете да одолее на тие слатки и грицки и секако ќе му ги дозволуваш, па дете е.
    За промена место финансирање на вакви рекламни спотови кои се тотална утка можеа да направат некој проект и да инвестираат во училишни кујни каде ќе биде задолжително децата да се прехрануваат додека се во училиште. Па таму нуди им здрава храна, а не пред секое школо сендвичара и бурекџилница, па што да јадат децата?

    Со рекламиве тешко дека ќе се постигне нешто, сите ние многу добро знаеме што е здраво, а што не, и сите сакаме да најдеме убаво и здраво, само нека се запрашаат прво дали сиромавиот покрај сите проблеми може да мисли на здрава исхрана...
    Имам примери околу мене еден куп, оние што имаат пари знаат и убаво да се хранат и да одржуваат убаво и здраво тело, оние што немаат им преостанува само лебот и маргаринот и вишокот килограми.
     
    На НаталиЛили, Hipster, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Кампањата ми се допаѓа. Убаво е да се има свест за она што се смета за здраво а што не, онака отприлика, овошје, наспроти брза храна на пример. Колку и да ни` се чини едноставно, јас дури на факултет за првпат видов дека луѓе за промена си носат/купуваат и овошје за време на паузите, не само пици и тостови. Е таа навика е пожелно да се развие од што помала возраст.

    Инаку, сметам дека премногу процеси се случуваат со храната во нашиот организам така што не е возможно единствено да е важно ШТО се внесува, туку и КАКО. Јас, иако тотален лаик на темава, можеби ќе згрешам, но сметам дека и односот кон храната е многу важен. Доколку храната си ја направиме уживање, а не потреба набрзина се` да се набута колку да не` држи до крајот на денот, сигурно ќе извлечеме од истата повеќе корист. Имам една роднина, прва седнува последна станува од маса. Како јаде, да ти е мерак да ја гледаш. Си јаде баеги и не пребира здраво-нездраво. Изгледот и здравјето супер ја служат.

    Значи, основно ниво на свесност сметам дека е задолжително. Но, како и од многу други работи и од штетните супстанци тешко може да се заштитиме во целост. Невозможно.