1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    @Cka се сложувам со се‘ што напиша и се тоа ми е кристално јасно.... ама тие што едвај чекаат да чукне полноќ и да се накркаат нема да чекаат до другиот ден да го гледаат докторов на телевизија, ниту пак ќе застанат да го слушнат што има да каже.

    А и не знам која е поентата да се уништува духот на празникот со извештаи од токсикологија и „Полека со мрсното“.
    Повеќе ефект би имало кога за време на самите пости би имало емисии или што ти јас знам каде доктори ќе кажуваат што и како (не) треба да се консурмира по постот. Боље спречити - него лечити.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.402
    Ехеееее, колку пати е кажано. Може сега си ги фатила вестите. Цело време се зборува за здрава храна, ама се исмејуваме на сите кои зборуваат за здрава храна, скапо било. А ефтино е да јадеш прасе, јагне, теле и куп јајца. Вистински верник кој пости, не прави вакви идиотски работи, оти мора да е умерен во јадењето. Ова го прават торлаци кои не постеле :) само се натовиле ко свињи. И ги чистат со две црева, оти се затнуваат од храна.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Во контекст на темава, баш онаа здрава исхрана е скапа за овдешниов стандард:Телешко месо, риба мед, брусници, аронии, лешници по 600 ден. кило или фстаци и бадеми кило патлиџани и краставици во овој период 100-120 денари, а на поголем дел од населението дневница по 300 денари.
    А традиционалната наша кујна и не е баш здрава.Баба ми не ни пробала чипс, кока кола, хамбургер па шеќер во крв.А не ни има проблем со дебелина, цел живот на нива поминала ама ајвари со 10 кила зејтин, леб со маст, чварки, прженици, мекици, баници кај се знаело тогаш за бадеми.
    А некој со 150 евра плата ќе посегне по макарони, паштети, леб, колбаси за помалку од 100 денари и кило компири со една зелка и леб со кои ќе помине ручек за 200 ден. него телешко месо.
    А тоа со гојазноста кај децата е посебна тема.Сум јадела и јас и смоки и сладолед и виршли и чуда ама цел ден надвор сум била од јутра до сутра.Татко ми секое сабајле сендвич од пола кило леб или бурек, со ручек уште пола кило леб ама не седнува на нозе од 7 до 4 па и покасно некогаш, над 85 кила не качил.
    Ама децава денеска врзани за компјутер, прееска на гости дете 8 години 90 кила одвај низ врата го собира ама таблетот од рака не го пушти.На 8 години ние за ластик се тепавме и немаше никој со проблем со тежината.
     
    На baba Rada, Night Rider, irenna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Иу, не знам кој во оваа деценија уште јаде виршли, паштети, салами... Не станува збор за пари тука за основен сенс. Мене оваа кампања многу ми се допадна и мислам дека е во ред. Жално е во овие простори Бургер Кинг и Мекдоналдс да ти бидат возбудување. Секој што излегол барем на месец од оваа земја сигурно знае колку сме среќници со оваа почва.

    Многумина од нас имаат барем некое мало дворче со нешто засадено. Барем бабите и дедовците и баш фино што има рецепти за тоа како да се искористат овие плодови.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Глупости.
    Ако е за дебелеење, важна е количината и калориите кои ги внесуваш а не дали храната е здрава. И од здрава храна се дебелееш ако јадеш прекумерно. Тоа што некои не знаат кога им е доста, и се лакомат, е друга приказна.
    И друга работа е тоа што и "здравата" храна денес не може да се нарече сосема здрава.
    Клучот за се во животот е умереноста. Да се јаде овошје, риба, јаткасти плодови, ама да не изостане и чоколадото, пицата и брзата храна. Зошто? Затоа што "нездравата" храна е повкусна, животот јас не би можела да си го замислам без добар вкус.