1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Кампањата како таква не ми се допаѓа.

    Малку ми е глупаво на народ како нас, кој според мене се храни здраво, и каде секогаш преовладувала исхрана богата со овошје и зеленчук (пиперче, домат, грав, боранија, спанаќ, јаболко, грозје и сл.) да му пушташ реклама и да му кажуваш да се храни онака како што тој веќе се храни.
    Нашата традиционална кујна е составена од здрава храна која бабите ја пренесуваат на мајките, мајките на ќерките итн., е сега се појавуваат глумци кои се прават на триипол и не советуваат што да јадеме, ко божем македончето секој ден е на "печење" и на нездрави специјалитети.

    Само малку ми е чудна работава, во споредба со кампањата "Запознај ја Македонија" каде ни се сервираше богата трпеза со месни, млечни и рибини специјалитети, сега гледам дека за да ја избркаме смртта требало да јадеме мешункасти, лиснати и сл. економични јадења. Нејсе, како друга порака да ми има целава работа.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Традиционалната македонска храна не е многу многу здрава. Скоро се приготвуваме, вариме, печеме, пржиме, ретко што јадеме сирово. Во манџите обавезно ставаме запршки. Јадеме многу месо, џварки, пачи, сарми такви работи. Киселата зелка е ок ама кога плус ќе ја скуваш немаш ништо од витамините. Туршија, зошто побогу ова, незнаеме ли свежи да го изедеме тоа? Мусака, многу здраво компир+месо.
    Ајвар, малиџано, многу сирење незнам што е здравото во ова. Термички обработен цел тој зеленчук губи многу. Спанаќот сите го приготвуваат со мелено месо, а никој не го јаде како салата, што е тука здраво?
    Се приготвуваме со сончогледово масло кое на висока температура е штетно.
    Од овошјето правиле слатка и мармалади на кои додаваме тони шеќер.
    Леб, леб и насекаде леб и пити, сето тоа од бело брашно, баш се прашувам зашто сме дебела нација...
     
    На sparklie, Elennaa, danichap и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Абе види, испадна дека животинските масти се поздрави отколку рафинираните масла и запршките.
    Секција - чварче и мевце и не е така лоша категорија ако е урамнотежено и пред се од здраво хрането прасе и ако се испуштат белите пецива во комбинација.
    Проблемот не е толку во нездравите комбинации, колку што е во пикањето леб. Од немаштија од памтивек приоритет е лебот, па после главното јадење.

    Ден денес баба ми ќе ми дојде и ќе ми рече - јадеше ли? Јадев. Што? Па еве овошје доручкував и почнува тука добро познатата лекција - е да, тоа било јадење, леб треба да се стави во уста, а не овошје, тоа ти е стрвулина... Жената никогаш не била дебела, ама леб за неа од најрано детство е основа на храната, што да, во тоа време не било страшно прво затоа што биле физички поактивни со работење, а второ немале друг ресурс на исхрана сем леб, тоа малкуто месо било поделено на 12 члено семејство и така натака. Потекнуваат од намачено семејство кое е пребегувано и селено и што подразбирало и трпење и борење за горко преживување од најрано детство, навиката е стекната, кога станала возрасен човек и останало тоа верување и не може да го искорени ни кога го растела татко ми, ни пак на старост.
    Може да и понудиш и кавијар и еден куп овошја и зеленчуци она ќе ти рече - ЛЕБ НЕМА НИШТО НЕ СТАВИЛЕ НА ТРПЕЗАВА.

    И ова е пример кој потекнува од далечно всадено верување поттикнато од некогашна немаштија, а замислете дека денес во ова време постојат луѓе чија основна храна се уште е лебот, а помалку се физички активни и се дебелат. Порано оделе со векна леб во рака на нива... нормално дека не се дебелееле...

    И нека е тоа што е, проблемот со сиромаштијата е хроничен и од други аспекти, што да, е делумна вина и на самиот народ. Ако се враќаме на корените, седат без работа еден куп, а толку ниви ненасадени... Сиромаштијата е резултат и на психичката неподготвеност од прелазот од еден систем кон друг.

    Колку е виновна државата, толку се виновни и луѓето. Што се однесува до кампањава, во моментов е непотребна и смешна, пред се неумесна.
     
    На Hipster, SnowWhite8, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  4. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    168
    Нема да се согласам дека сме дебела нација, сум имала можност покрај другите да ги посетам и Англија, САД и Австралија каде навистина сум видела дебела нација (токму поради тоа и ги издвојувам) и тоа добри 60 % од тамошното население имаат проблем со вишокот на килограми а тие не јадат бел леб, а 'ржаниот го јадат во минимални количини.

    Ако ги набројуваме и не така хранливите јадења, ајде да ги наброиме и хранливие на пример: грав (бел, без запршка), леќа, боранија, спанаќ со ориз и јајце (ние никогаш не сме го правеле со месо), мешана салата, пита со праз, зеље и сл., коприва со ориз, грашок, посна тава (компир, пиперка, морков, домат, брокула, тиквица и сл.), многу, многу комбинации на салати кои се јадат сирови, истото важи и за овошјето (е сега некој ако сака да го прави мармалад или џем тоа е ствар на избор :)) и сл.

    Но,сепак постојат разлики од семејство до семејство (не секаде исто се готви) токму поради тоа се и различните мислења, но јас од моето лично искуство имам мислење дека во Македонија преовладуваат здрави и исклучително вкусни производи кои се приготвуваат на здрав начин (нормално од ова има исклучоци :))
     
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Здрава храна и правилна исхрана се два различни поима кои треба да бидат во склад за да бидеме здрави, нешто што повеќето го мешаат а не е исто. Финансиите во секој случај играат многу важна улога за правилната и здрава исхрана, тој што едвај сврзува крај со крај во месецот ни на крај памет нема да му падне здраво да се храни, ќе купува најевтино и нај што заситува а тоа секако не е здравата храна туку напротив баш најгнасната и најштетната.

    Традиционалната македонска исхрана не е баш здрава но пред 100 години со работа на нива од сабајле до вечер и да си сакел не си можел да имаш вишок килограми но денес со истата калорична исхрана скоро секој над 50 има 20 кг повеќе од потребното, ни се дебелее народот и тоа не од вчера.

    Секоја кампања која има за цел подигнување на свеста на населението за подобрување на здравјето е позитивна но мора да биде проследена и со практични чекори за да не остане само како убаво замислена идеја тешко спроведлива во пракса.

    На децата многу им фали физичка активност, често губат часови по физичко (или им се само формалност) а седењето со часови пред компјутер или играње на таблет само уште повеќе ги прави дебели и неактивни.

    Приметувам дека има тенденција да се употребува српскиот збор „сирова“ за сметка на македонскиот збор „сурова“ исхрана за што нема никаква потреба.
     
    На anuskaNESTLE, sweet-cherry, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    А повратна карта до Вевчани каде? :hai: Абе не знаат веќе од која дупка да ископаат пари.Мислам сериозно, застанала расна тетка од 95 килца жива мера , ќе ми збори за здрава исхрана?
    Па што не го стават Тупурковски, Андов,ама и Грујо машала стомак си има.
    Здрава исхрана... Па чекај малце, која здрава исхрана кога Маслиновото масло ти кошта некои 200 денари, доматите, пиперките, а да не збориме за лимони и цитрони.. Па на едно просечно Македонско семејство приоритет му е да СЕ НАХРАНИ, а не да Вегетира. Затоа место кило цитрони и лимони ќе купи Макарони и 300грама мелено месо и ќе помине еден скромен ручек.
    Во принцип посиромашните луѓе се подебели за разлика од Богатите.
    Зашто е тоа така- Сиромашните гледаат да се најадат, заситат а тоа им го овозможуваат храните богати со Јаглехидрати како леб, макарони, тесто итн кои во принцип се многу поефтини за разлика од Ракчиња, Риба,Пилешко мевце итн кое што за богатите не представува проблем да си го дозволат секој ден неколку пати на маса. Епа ќе си земе леб и паштета за 40 денари ќе се најаде.
    Леб и маргарин, поефтината варијанта на печено пиле со Маслиново масло.
    Нека симнат цени па после ќе бидеме здрави,живи ќе пукаме 60-90-60 ако треба, Модели, најсексипилна нација на цел свет.
    Па се чудат уште зашто децата биле гојазни. Па нормално ќе бидат, на секој чекор има сендвичари.
    Ама ако нека има, КЕЧАПМАЈОНЕЗ на никој не му е на одмет, не во оваа ПРОПАЛИЈА.
    Ама моментот КУПУВАЈТЕ ПРОИЗВОДИ ОД МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО.

    ВРТИ СУЧИ ТОА Е, ГО ЗДОБОЛЕ ГРУЈО СТОЈКО ЗА МОЕТО И ТВОЕТО ЗДРАВЈЕ.
    :lol::lol:
    Со овој стресен Македонски живот, килограмите од нервоза се топат.
     
    На Hipster, MacenceEna, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Кампањава повеќе ја гледам како подигнување на свеста на луѓето, не осиромашување и плачење како немале пари за варени јајца, оти ајфонот на рати го плаќале.
    Тажно е што кампањата во која треба да се поучат децата, а најмногу родителите за нездравите навики што тие им ги даваат на децата, е сметана за штетна, токму од нив. Јас немам видено мајка да му дава на детето да грицка морков, ама смоки сите им бутаат у уста. Ретко да дадат јаболко, ама за кроасана се први. Ако кило моркови е 30 денари, а смоките се 10 денари 45 грама, што е поефтино и што е поздраво? Ако кило јабокла е 50 денари, а кроасаната е 35 денари 100 грама, што е подобро?
    Никоја мајка не станува да направи сендвич за децата со зелечнук за на училипте - колку ја кошта две лепчиња со краставица, и сирење, а колку тост со растителен кашкавал, салама, 3 кила мрснотии и кечап и мајонез? И десерт мандарина (кило вчера купив за 30 денари) наместо чоколатце од 10 денари?
    Гледам како мајки им бутаат пржени компири во уста на децата купени од Вили, со кечап и мајонез, оти се сиромашни? А истите компири, да ги испржи дома се многу поздрави од оние во ист зејтин пржени во Вили кој го менуваат на еден месец. Тое прегорени масти по 100 пати се најканцерогените, од кои се добива рак на дебелото црево.
    Им мачкаат ајвар на децата, без никаква нутриционистичка вредност, од печени па пржени пиперки, па замрзнати па пак топлени, ама многу е скапо тие истите пиперки да се испечат и замрзнат за цела зима да имаат печена пиперка со лукче? Исти пари се. Ама мора да се стави 8 шишиња зејтин и да се пржи за да нема викаква вредност повеќе пиперката.
    Мислам дека многу пати пишував за нездравите навики на јадење кои родителите им ги прават на децата, и ова ми е уште еден повод да кажам дека децата треба да ги хранат ко што треба, а не - сине, мама смоки и чоколатце ке ти купи и неам пари за банани, скапи се, ама мамичка циграчиња ке си пуфка, убав на мајка, си оцрнел од димот, кашлај си, загаден е воздухот, нема веза што мама и тато и нашите пријателчиња цела вечер пушеа у собата кај што си играш, државата е крива.

    А возрасните, нека јадат што сакаат. Сами се одговорни за себе.
     
    На ArmaniCode, anuskaNESTLE, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Свест подигање. Мај ас! Не знаат на што да се наденат! Муабетот со порано немало дебели деца, или едно во клас, тогаш немој ние не јадевме еурокрем на леб, маргарин на леб со вегета, чварки, свинска маст на леб, шеќер на леб со водичка, паштета на леб, мармалад на леб. Секоја куќа со ѕидана фурна во двор и 3-4 вреќи бело брашно на таван. Да, морски плодови сме јаделе на времето ние, или попрво сме мислеле бананата во крембананка е овошје! (facepalm)

    Кога се дели совет за доручек. Јас од јајца само ги фрлам лушпите :D

    Мојот доручек:
    Две свински колбаси на скара
    Две свински резанки на скара
    Еден патлиџан на скара
    Две парчиња бел леб двопек со путер
    Едно јајце пржено на око
    Пола конзерва гравче во сос од домати
    Чаша чај/кафе со лажичка шечер и млеко
    Чаша цеден сок

    Калории, поима немам. Жива мера 45кг, тежина константна, идеална крвна слика. Да спомнам и дека пијам по чаша вино со вечера и дека сум пушач додека се брукам. :smoke: Нека се подига свест, да, ама да е свесен народ дека се дебелее оти не го дига доволно задникот од столчето.
     
    На Hipster, MacenceEna, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Имелда, мешаш брзини. Тоа што не се дебелееш е поради тоа што си ектоморф, т.е. се што јадеш не ти се фаќа, но тој што е ендоморф треба да пази и те како, затоа што се што јаде му се фаќа. Кај тебе генетиката е среќна страна, но не можеш на некој што се му се фаќа да му кажеш да јаде што сака. Ќе биде слон за пар години.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ^
    А види, може и ги горам тие калории :o Имам еден стомак и две нозе како и секој, каде оди тоа гориво што го внесувам а не ми се фаќа? Низ ушите ми испарува изгледа. :D

    Генетиката и брзиот метаболизам, кој се закачува како велкро на секој што не гладува а не е дебел се користи како изговор, кога факт е дека, при одмор, колку е човек поголем толку повисок метаболизам игра улога за да врши едноставна биолошка работа како пумпање крв по телото, па после и за движења како pодигање на потешката рака да го земе далечинското. За споредба, не може мојата мала кола да троши исто толку гориво како џипот на комшијата. Едноставен закон во физика, ама не сум паметна да знам кој. Бегав од часови.

    Не е научна фантастика, магија, еднорог, работа на среќа(не ми се паѓа среќа), генетика(друг ми е крив), име на облик на тело(таков ме створила природата).
     
  11. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама не си во право. :!: Реков и во првиот пост, а гледам дека ме прозиваш индиректно :lol: па морам да одговорам.
    Ние јадевме еурокрем на леб и сите убави и неубави работи погодни за дебелеење, ама знаеш колку работи се сменети од тогаш до сега? МиЉон. :drunk: Децата у денешно време се опседнати со хамбургери, помфрит, бурек, чипсови, тостови и храна која е преполна со адитиви што убиваат, буквално. Најдобро Лилит ќе објасни за нив, гледам дека одлично ги разбира нештата кои се продаваат по рафтовите на маркетите.
    Во наше време, смоки беше празник, не секојдневие, а бурек не беше за деца, тоа беше за возрасни. Првата сендвичара на која се сеќавам беше Неста, во Центар карши Градска, ако убаво се сеќавам и тоа кога јас веќе бев у пубертет некаде, а после него почна да продава на големо и бутката на Метропол позади Градска, до Национал ресторанот.

    Плус, многу е важен тој дел што и сама го напиша, а тоа е дека треба некој да го крене гзот од столче. Ама денешното време е такво што немаш потреба да го кренеш гзот од столче ни како возрасен ни како дете. Денешните деца не креваат ни енциклопедија од рафт за да потрошат енергија, а камо ли да одат до библиотека. Исто така некогашните маалски спортови што за нас беа живот после школо, денес практично се мртви. Реков не ме интересира политика и жими све не сум партиски мотивиран, ама токму спортот е едно од работите кои исто така беа како кампања минатите години и многу мразам кога ќе видам како некој од илјаааадници работи за кои може да се критикува, се фаќаат да критикуваат спорт, култура и образование, како што тоа е во моментов, зашто ова е еден вид образование за обичниот не многу високо интелигентен човек.

    И да (за политички мотивираните коментатори) секогаш може да кажеме „Е до ова ли ни дојде“, зашто стандардот ни е ужасно низок, ама нели исто така ќе кажевме и „Добро, ако не можат да ја опраат државава, може барем да излезат на телевизија да кажат нешто друго ако не можат да ја оправат државата“. Ако бевме Данска и имавме многу пари, ќе се боревме со некои „сериозни“ проблеми ала геј права, број на сончеви денови и цената на делишесот во северните краишта на полустровот, ама јебига не сме, но тоа пак, не значи дека треба да се бориме со единствената работа која нè измачува со децении наназад, немањето пари.

    Затоа бидете паметни, не бидете само спротивен политички кадар па да пцуете по сè што ќе дојде на телевизија, кога има основа кажете така е, поддржувам, ај сега средете со париве, ги немаме...
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На Marossa, Cka, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Утрово идејќи на работа стојам на пешачки на Партизанска и гледам нема коли на улицата, погледнувам лево ниту една не се гледа како доаѓа а еден куп луѓе чекаат да светне зелено па да поминат. Не минуваат дури свети црвено иако нема коли ни на 300 метри во близина. Е тоа е тоа, како се влијае на свеста. Тоа Порано викаа како не, ќе чекам зелено а сега викаат како не не планирам да плаќам казна или да ме лупне некој залетан. Како и да е некако мораше да се поработи на свеста. И тоа доведе до резултат. Кампањата за сообраќајот.
    И со оваа кампања за храната е исто, кампањата е супер, еве мене ми влијае некако, јас во принцип и внимавам на храната ама никогаш во животот не јадев црн леб, ете од кога слушнав дека е подобар почнав само црн да купувам, и не само тоа туку имам и повеќе примери со луѓето околу мене како цела кампања ја сваќаат на смеа а во принцип им влијае и тоа како. Не зборуваме сега за стандард и тоа дека немаме пари сите здраво да се храниме туку еве зборуваме за тоа да внимаваме што јадеме од тоа што го имаме за јадење и тоа што можеме да си го дозволиме. Едно чоколадо можеме со килограм банани да го замениме и слично.
    Порано имаше една капмања за чиста средина да не се фрлаат отпадоци, и нели имаше 50 евра за фрлена хартија 50 за мастика 50 за пикавец. И што прво сите се бунеа ама подоцна почнаа да барат корпи каде да го фрлат отпадокот. Јас лично порано знаев чат пат да си фрлам по нешто на земја ама веќе не. Како и да е кампањите не се од зијан никогаш.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На Sky-butterfly и tessie им се допаѓа ова.
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Злато ти си на протеинска диета но не и на правилна здрава исхрана. Во светот позната како стероидна, зошто моментално ја држат само билдерите за да ги надујат-потенцираат мускулчињата . Се држи на кратки стази но не и на долги затоа што е штетна . А зошто, батко Гугал ќе ти објасни. Јас само ќе ти напоменам дека кога ќе престаниш да ја држиш мускулите ќе ти се издушат како балон.
    Во однос на урдата -знаеш како се прави? (една од главните компоненти за да ја добие таа форма т.е. да се сврзи е солта) Па провери колку сол има.... Во однос на нискомаслениот млеко-јогурт (и во светски рамки е многу тешко да се најде добар не па во МК) за да може да се одржи затоа што нема масленост му ставаат шеќер. Sorry
     
    На Hipster, Doozy, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Капетан. Па јас целев, сакав да ја доловам мрзата на денешницата, и изговорите. Ќе се лажеме себе си. Потребата за физичка активност си останува како главен фактор, како основен фактор за нечие здравје, физичко и ментално. Цел ден нека џвака некој семки од што ти знам здраво јадење, на здравје му здравјето ако не може да се искачи по степеници во зграда со расипан лифт без да се свие отчетири и да одмара на пола пат. Најмногу се вадам од такт на изјави како You are so lucky а јас ништо не јадам, само го погледнам јадењето и ми се качува на кукови. Магија ви викам. Ако јас соберам над 2000 калории од било каде, протеини, јаглехидрати, природни или вештачки шеќери, треба да можам да ги согорам истиот ден, за да не ми станат како резервна гума па дебелата мајка ми е крива(која патем во мојот случај е обис дебела, среќната моја генетика), белиот леб или несреќната ми ѕвезда.

    Сме јаделе и здраво и нездраво, и директно од бавча скинато овошје и зеленчук, и со маст пржено, и сув леб, сме чекале сезонска храна што значи свеж зеленчук и овошје зиме ти е нечуено нешто. Витамин Це од расолница надополнет :D. Сме јаделе свежо, посно, мрсно и благо. Ама се тоа сме го гореле. Друг е муабетот за што се канцерогено убива а се става во прехранбените продукти денес, но зборот е колку одредена врста јадење дебелеела тогаш, толку дебелее и денес. Топла вода ќе измислуваме.

    Денес, кога има на секој ќош сали за спорт и тренинг, ридиштата се бесплатни ако не друго.

    Ајде да вежбаме! Само не како овие :rofl:
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ама кога на крајот на секој прилог ќе каже да се јаде здрава храна од македонската кујна, повише ми звучи како да треба уствари да купуваме производи со македонцко сонценценценценце
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    Јас се стремам кон здрава и домашно приготвена храна.

    Појадок ми е свежо цеден портокал или грејпфрут со мусли и млеко (со малку природен мед од селана по планинине од пчели одгледувани без антибиотици и сл.). Понекогаш, 2-3 пари месечно, омлет со домати, паприка, сирење.
    Потоа си правам лате со млеко со масленост 0.5 и една третина експресо од шолчето(колку за вкус, ептен да не е само млеко) и повторно малку мед наместо шеќер.

    Ручек секогаш парче риба, телешко или мисиркино со гарнир спанаќ, брокули, ориз, компир, цвекло...
    Супи секогаш спремам сама, брокули, цучини крем супи или класиката со зеленчук и пилешко.

    Кола кола само кога со притисокот големи маки си имам.
    Леб еднаш неделно, некогаш ниту еднаш. Најчесто сама го правам.
    Вафли, палачинки...еднаш месечно, но никогаш за вечера.

    Потоа правам смути со различни овошки (јагоди, банани, праски, кајсии, малини, цреши...секогаш различно) или парче папаја, манго, смокви...
    Вечера кога и имам најголем глад салата, многу салата. Истотака се стремам кон разновидност.

    Потоа навечер овошен чај кој го купувам од посебни био продавници за чаеви, не од кесички.

    Дури и вода и други пијалоци исклучиво од стаклено шише, еден вид на маслинево уље за салати, друг за пржење,

    Се е до само свеста и вистинска математика. Тажно но вистинито е дека вистински здравата храна е луксуз во едно просечно македонско семејство. Но може со богата, но и со поскромна трпеза да се постигне урамнотежена исхрана.

    Жалосно е кога ќе видам колку мали деца се згоени поради нездравата и полуготова храна подготвена од родителите. Или фамилии кои се редовни посетители на локации од стилот на Мк Доналдс...

    Лошите навики родителот од мрза и несвест му ги пренесува и на детето.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE и Sfera им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Мене ми пречи дволичноста во рекламите.Салата со маслинов зејтин?Колку семејства има во Мк кои никогаш не купиле таков зејтин.И од каде тој во нашата традиционална кујна,кога нашиве знаеле само за свинска,овча маст и евентуално зејтин од сончоглед.
    Рузмарин?Тешко дека баба ми го користела.
    Заледена лубеница?Може, ако висела во кофа во некој бунар.
    Лешници и бадеми?Кој имал имал,кој немал само за оревче знаел.
    Маџунот и медот?Секако дека сите „можеме“ да го купиме.Особено ако маџунот е чинам 250 ден.половина кг,чистиот мед отиде во 500 денари.
    Леб со семиња?Баба ми правеше леб само со домашен скиснат квасец.Секако дека не требела сончоглед и семки од тиква.
    Не е народов мутав,знам дека 1 кг месо е подобро од црево шунка,само кој може и колку пати да си го дозволи.
    Од една страна традиционалноста во нашата кујна од друга скапотијата на животов.
    И лесно е секој за себе да води ред за исхраната,ама оди нахрани 4-члено семејство .Можеш и тоа ама под услов да не купуваш облека и да плаќаш сметки.
     
    На RedWine, Doozy, EMoonlight и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Мислам дека не е дебелина толку проблемот, колку нездрава храна. Не значи дека ако си слаб си здрав. Може да не јадеш ич и да си слаб, ама крвта ти е исто така слаба. Камањата е за јадење здраво, не да се биде слаб. Од диети се онесвестуваат, не од јадење патлиџани, кратсавици, јаболка, марул, кромид, лук, варен компир, леча и грав.
    Мајонезот и кечапот не даваат енергија и здравје, и наместо тоа, доволно е еден лимон или една пиперка за внесување витамини и пак да се има доволно енергија.
    Многумина не знаат дека пиперките и зелката имаат повеќе витамин ц отколку лимонот. И јас не знаев дека има толку шеќер во јогуртот.
    Да не беше кампањава, немаше ни да дискутираме за здрава храна сега.

    Инаку, во врска со муабетов, еве идеја за родителите, кои можат ова и дома да го употребат, и место газирани сокови за родендените на своите деца, торта и смоки и чипсови, можат да направат нешто вакво:
    http://www.plusinfo.mk/vest/1469/foto-nema-povekje-cokoladna-torta-za-decinjata-vo-veles
    Овошна торта наместо шлаг, чоколада, тесто... Цеден сок место Кока кола и Фанта.
    Мислам дека во некои градинки од лани децата почнаа заедно со воспитувачките да садат зеленчук и истиот да го јадат, без да го ѓубрат вештачки. И децата наместо да јадат колачи, излегуваат во двор и берат јагоди, домати и ги ги јадат.
    Треба уште повеќе да се напне со кампањава, и во училиштата да се вработи по еден нутриционист.

    Се сеќавате на кампањата на Џејми Оливер? Најнеуспешната кампања поради која се повлече. Сакаше да ги научи децата да се хранат здраво. Во среде Англија, сите деца му кажаа дека сакаат хамбургери, помфрит и прженици, а повраќаа од зеленчук. Кога ги праша што јадат дома, рекоа - исто, прженици и леб. Не успеа заради тоа што родителите, откако децата се враќаа дома гладни, им купуваа хот дог и плескавици, оти ги изгладнувале на школо. А да им го дадат истото дома, нема каде- ке мора да јадат.

    Супер е да се научи што е здраво, што не. Кој не сака, нека не прифати, негов живот. Ама не сите имаме време, начин и можност да чуеме што е здраво. Ако некој не знаел, ќе чуе дека подобро е да јаде јаболко, отколку џимиринки.
     
    На sweet-cherry, tessie и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Спореди:
    Појадок: Смоки и јогурт за појадок дали ќе те чини поевтино од 2 јаболка?
    Ручек: Хамбургер или еден килограм компири кои можеш да си ги свариш?
    Ужина: Сладолед 1кг за 200 ден дали е поевтин од непечени бадемчиња да си земеш за грицкање?
    Вечера: Наместо да нарачуваш пица, земи испукај си пукани без сол.
    ОД КОГА ПОЧНАВ ЗДРАВО ДА СЕ ХРАНАМ, ПАРИЧНИКОТ СИ КРЦКА, ПАРИТЕ СУМ ГИ ДАВАЛА ПО СЛАДОЛЕДИ, БРЗА ХРАНА, ЧОКОЛАДИ, МЕСИШТА, СЕКАКВИМЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ МАЈОНЕЗИ, ПАШТЕТИ, МАРГАРИНИ, ВИРШЛИ, ГАЗИРАНИ И ГУСТИ СОКОВИ, ЛЕБОВИ, БУРЕЦИ И КИФЛИ...
    Бенефит...видно ослабена :):angel:(hollest)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Ми ја погодивте темава, исхрана :P Значи вака, исхраната е премногу битна, како за се она што го гледаме, така и за се она што не го гледаме. Тргнувајќи од физички изглед, кожа, коски, вид, ментално здравје, поголемо памтење, поголема смиреност, поголема самоконтрола, сексуална енергија итн.
    Владата не ја милувам многу, но за ова се согласувам, зошто храната е превенција на сите болести, а нели, најдобро е да се спречи, не да се лечи. И оваа иницијатива ја пофалувам пред се од големата неукост на луѓето, значи тргнувајќи од дома и од се тоа што ми збореле ко помал, па се до околинава, почнува да ме нервира како се што знаат си знаат и го прифаќаат без да се запрашаат зошто е тоа така што го знам и зошто не си ги преиспитаат знаењата, кои доста често им се погрешни.
    Како што знаеме навиките се создаваат и се губат, но за да не дојде до потреба да се оттргне некоја навика, подобро е уште децата додека се мали да се навикнат на нешто што е добро и да не чувствуваат потреба од јадења глупости.
    Храната е нешто многу повеќе од оброк, затоа докажете си пред се себеси дека можете да го јадете тоа што е здраво, без разлика дали е вкусно или невкусно, битно е да има долгорочни ефекти на вашето здравје, лесно ми е и мене и на сите вас да се најадеме пица, но после пола саат од пицата ќе остане само се она што ќе му наштети на организмот, меѓутоа луѓето секогаш гледаат на она што сега им се нуди, а тоа е задоволството да се наполни стомакот со пица, а оние кои имаат цел и карактер ќе размислат и за "утре".
    Затоа вие одбирате дали ќе бидете слаби на карактер или слаби на изглед :)

    Пс. Не се согласувам дека здравата исхрана е поскапа, ако купите овесни снегулки, јајца, риба, зеленчуци и стек, се тоа ќе ве кошта помалку отколку чајна, салами, кечапи, мајонези, мелени меса и слично. Кога се сака, се бара решение, кога се неќе, се бара изговор :)
     
    На Adina и Captain-Omni им се допаѓа ова.