1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Минатата година, за време на постите, шеикот од Дубаи го наградуваше со еден златник секој верник за секој изгубен килограм. Имаше услови над колку килограми треба да биде и тие работи, ама битно го наградуваше - не го удараше по џеб и тапкаше по рамо.
    Во некои училишта во САД има казни ако родителите му спакуваат нездрав оброк на детето за училиште. Имаше еден случај за некое што го беа суспендирале заради горенаведената причина. Ама далеку е САД од нас.
    Сите европски држави имаат кампањи за здрава исхрана, ама во основните училишта и градинките, преку разговори со децата, па ќе им однесат по едно пакетче со здрави производи, или ќе им подготват нешто - за да ги придобијат и да може да се каже дека кампањата навистина фатила 500000 евра (толку беше или грешам?). Или пак ќе се организираат мензи за децата со здрава храна.
    Ама тоа само во европските земји, не можат тие со нас да се мерат.
    Нас во основно не хранеа со компир манџа со мелено месо, што јас толку многу ужасно ја мразев. Кога имаше сендвичи со кашкавал и салама ни беше празник за стомакот. Зденки, виршли, паштети и такви чуда, за менза за која плаќавме секој месец. Не се ни сеќавам веќе што имаше, ама буквално го мразев секое можно јадење.
    Еве му предлог на министерот, на премиерот, од каде да почне кампањата.
     
    На Hipster и Marossa им се допаѓа ова.
  2. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Кампања ко кампања.Како и секаде во светот така и кај нас сите кампањи бар според мене се лицемерни. Во ова време на глобализација и ние како и секаде во светот си имаме кампањи. :)
    Денес е многу дискутабилно прашањето дали ние воопшто имаме пристап до здрава храна, ај да не кажам дали воопшто има здрава храна. Дали доматите со вкус на банана се здрави, дали се здрави свежите зеленчуци кои ги конзумираме во зима(кои по законите на природата не би требало да ги има), дали може да е овошјето здраво кога се знае на каква почва расте, колку пестициди содржи во себе и сл. Дали болестите кои се повеќе ги има се последица само на исхраната или на стресот на кој не се имуни ни богатите ни сиромашните, на немањето време за физичка активност, на постојаната трка да се ,,преживее“.
    Проблеот со дебелината, со болестите не е проблем само на нас како народ, тоа е глобален проблем кој не може да се реши со пиење планински чај и јадење јаболко на гладно. Проблемот е многу посуштински и е создаден и управуван од оние кои владеат со светот и со сите нас.
    Прво во храната ќе ни стават адитиви и подобрувачи на вкус со кои ќе не подујат, па потоа ќе ни продаваат апчиња за слабеење. Не затворија по канцеларии, не отуѓија едни од други, не залепија за компјутерите, па потоа ни ги дадоа фитнесот и салите во кои се плаќа за децата да играат фудбал, кошарка и сл. пошто игралиштата ги направивме паркинзи и згради.
    Ги уништија природнит витамини за да ни продаваат ,,апченца“ и ред други работи.
     
    На Mama25 и kolovoz им се допаѓа ова.
  3. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Имелда, што сакаше да кажеш?
    Драга колешке, јас внесувам околу 300 грама јагленохидрати дневно и околу 100 грама масти:P

    И, не сум бодибилдер или нутриционист. Реков 200 пати до сега, но промената си ја правам ЈАС лично да се чувствувам подобро и се чувствувам. Во јогуртот, урдата, јајцата има и јагленохидрати и масти, а не само протеини. Внесувам и сол, сенф, зачини, затоа што ми е убава храната така.
     
  4. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.544
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толкава фама се крева околу некои работи, само кампања е не ни застанаа со пиштоли да јадиме здрава храна едноставно е подобро за нас. Кај нас не е нешто да се направи, одма критиките, одма статусите на фб, страшно! За воведувањето на екстерно во факултетиве е за тоа треба се дејствува
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Kako shto? Jadi si semki drugar. De Nile, reka vo Egipet i takvi muabeti, OK e.
     
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Каква здрава исхрана? Кој к****? Овие нашиве ептен се уфилмаа. А бре Македонија е ова... Не е само Скопјево во нашава земја. Дали премиерот наш знае дека има еден куп деца кои за доручек секој ден јадат ајвар и половина леб а за ручек сиромашна компир манџа и уште половина леб. Лебот, нормално, да го држи подолго сито. Има луѓе кои месат леб од немаштија и јадат само грав и водичка без капка мевце.
    Ццццццц катастрофа е ова
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    еве ти еден од плановите за протеинска диета. Кај тебе е многу по ригорозна Нелиии???
    Но важно состојките се тие ...И во протеинската диета има јагленохидрати, никој не рекол дека нема.
    Plan #1Breakfast
    2 eggs (scrambled or boiled with low-fat margarine)
    2 pieces of sliced toast
    1 sausage link
    ½ sliced grapefruit or orange, or 3 slices of tomatoes
    ½ cup low-fat milkLunch
    2 slices of whole wheat bread
    3 oz. chicken salad (3 oz. chicken with ½ tsp light mayonnaise and 4 grape halves)
    1 cup sliced vegetables
    8 oz. water, unsweetened tea or coffeeEvening Snacks
    ½ cup cottage cheese with peaches or pineapples
    2 tsp peanut butter with celery
    1 oz. peanuts or mixed nutsDinner
    1 cup of green beans, carrots or broccoli
    4 oz. lean chicken, beef, pork or fish (cooked or pan fried)
    Plan #2Breakfast
    2 slices of bread
    50 g ricotta
    1 glass of low-fat milk with honey and cinnamonLunch
    100 grams grilled chicken
    Salad greens with tahiniEvening Snacks
    1 apple
    GrapesDinner
    1 whole meal pita with 150 grams chopped, grilled chicken and spinach
    Cucumber and yogurt salad
    Plan #3Breakfast
    2 hard-boiled eggs
    2 slices of whole wheat bread with cheese spread
    1 glass of low-fat milkLunch
    Brown rice
    Grilled chicken with scallion-ginger sauce
    Steamed broccoli
    A glass of water or fresh juice without any added sugarEvening Snacks
    Sprout salad or salmon sandwich made with whole grain breadDinner
    Steamed chicken with hummus (made from chickpeas, hummus is an excellent high-protein dip)
    2 whole grain flour tortillas
    A glass of juice (apple or kale)
    Plan #4Breakfast
    1 cup yogurt with 10 grams flax seeds
    1 cup muesli with 1/2 cup berries
    1 passion fruitLunch
    1 cup brown rice
    Lentil soup (boiled lentils mixed with 1 clove garlic, 1 medium chopped onion, 1 chopped carrot, 1 small, diced tomato, shredded spinach and 500 ml water)Evening Snacks
    1 banana
    7-8 cashewsDinner
    1 cup steamed squash, eggplant, and mushrooms
    ½ cup cooked brown rice
    Plan #5Breakfast
    Steak and egg, either boiled or scrambled
    One cup of tea or coffee without milkLunch
    Pita pocket loaded with tuna salad
    Almonds (small serving size)Evening Snacks
    Peanut butter smoothieDinner
    A mixture of cauliflower and broccoli with broiled salmon
    Пак ќе нагласам здрав начин на прехрана не значи да бидеш на диета....

    нема потреба да се цитираме повеќе и онака ова е надвор од темата
     
  8. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Настрана од дискусијата дали можеме да си дозволиме да јадиме здрава храна, има ли некој информација колку не чинеше оваа неверојатно корисна и поучна рекламна кампања!?

    Инаку баш фино од владата што помеѓу пофалбите за тоа како сме високо образавана нација, со неверојатно висок процент на академски граѓани, оддвојува време и за да ни овозможи сликовит приказ за разликата помеѓу јаболко и хамбургер.
    Сега сликата комплетна.

    Ахх, мојата чудесна земја ...
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    7.727
    Пол:
    Женски
    Ај доста се карате ]:)
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Nausicaa, Paradox и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Здравате храна била поефтина???
    Ај вака, издржувате четиричлено семејство, имате на располагање 3000 денари за храна за месецот, што ќе купите за тие пари? Сите ги знаете цените во маркетите и по пазарите затоа ајде, чекам одговор зошто нели поефтина е здравата храна. Што ќе купите за тие пари за да имате за цел месец? Овесни снегулки?
     
    На Hipster, Mama25, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Кај мене не е поригорозно, туку е само приспособено на македонски стандарт и можности. Тоа е, а инаку јас јадам повеќе јагленохидрати отколку протеини на дневна база. Кога вежбаш мораш да внесуваш дневна потреба на протеини за опоравување на мускулите. Јас сум далеку од некој кој е преокупиран со вежбање и да вежбам секој ден, но за нормално функционирање на телото треба и протеини, јагленохидрати и масти. Инаку не гладувам, на моја висина и тежина внесувам околу 3.000 калории. Тоа е баш прилично многу храна. Едноставно го имам навикнато мојот организам на помалку храна што е и супер. Не се прејадувам и знам кога е доста. Значи повторувам уште еднаш дека јас не се хранам фанатично да сум опседнат со сурова храна, се да ми е варено, без сол и зачини што јас лично го сметам за глупост, но ете гледам да е што поздраво не дека сега сите се во некој филм со здрава храна и ставање слики на инстаграм од теретана, туку дека поубаво се чувствувам. Порано се прејадував, не водев ред, па цела вечер пиев вода како луд, ми беше мачнина со варењето, надуван стомак и слично. Маката ме натера да променам исхрана.
     
    Последна измена: 1 ноември 2014
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.786
    Скапо било здраво да се храни семејството, сиромаштија голема, од депресија по пари гледам во Вили (а точно спроти едно од тие живеам) како цели фамилии само од таму купуваат. 150 денари еден хамбургер, а они сиромашките четворица, и еден ручек им е 600 денари. Грав манџичка не е ни 30 денари (никој не вари кило грав на едно јадење). Гледам 300 денари пица е многу ефтина, ама компир манџа е скапа. Грашокот исто прескап е, а уште поскапо да измеси домаќинката сама леб. Најскапо е тавче ориз, па затоа се порачува пирошки од Седмица, леќа децата не јаделе оти е многу скапа, не навикнале на неа. Пире од варен компир е ужасно скапо, ама голем помфрит за 70 се кечапмајонез, е супер.
    Милка е 55 денари, ама тоа е ефтино. Оти да купиш мандарини за тие пари, кога можеш повеќе од кило да земеш, ама многу е скапо бе.
    Некој спомна образована нација...Знаела се. Значи, сите образовани знаат што е здрава храна? Покрај економски факултет гратис имаат факултет за нутриционисти? Не, не знаат сите што треба да се јаде, а што не. Да знеја, немаше да купуваат една лесковачка со поише кечап и мајонец, сите сосови и дупли помфрит. И за син и исто, само мала лесковачка за него.
    Познавам мајка, која знае со 250 грама месо 2 оброка да направи за петчлено семејство, а децата никогаш да не се разболат. Никој немаше бактерии у нос, грло, вирус, грип никој никогаш (уште не знам што е грип, ме чувал Господ), слаб имунитет, железо... Денеска пола градинка е празна, оти едно дете кивнува, сите болни се 2 недели. Имунитет никаков.
    Појадокот на ученик,може да биде едно јаболко или една мандарина и банана, или ептен во краен случај, геврече со јогурт. Тоа се 20-30 денари. А денеска 50 денари или 100 им давате за појадок? А за 20 денари има една мандарина и едно јаболко. Ама детето треба тост да јаде. После се дебели, па држат диети и во период на пубертет, организмот слабее и имаат милион компликации. Оти? Оти мајка им им давала нездрава храна и ги направила ќофтиња, не внеле витамин во нив, оти поефтино и било да му купи тост место овошје.
    Не ми е толку за кампањава, ама темава си ја употребив по не знам кој пат да потенцирам дека имаме ужасни родители. Родители кои ги гледам преку прозор, како им бутаат сендвичи во устите на децата, како децата им се дебели на седум годишна возраст, оти знаат што е здрава храна. Ама мама ке гледа турски серии, оти е побитно дали Хајрието ке се омажи со брат и, отколку да стои во кујна и да меси леб.

    Нема потреба да се јаде оесни снегулки или трици, или сушена папаја, или крвав бифтек. Доста е да се тргне брзата храна од устите на децата. Оти тоа мрсното не се лепи само на газот, прво се лепи на крвните садови.
     
    На Dust, Heidi, Mama25 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    За брзата храна се согласувам дека треба секако да се избегнува, посебно нема зошто на деца да се дава, и таа воопшто не е поефтина од здравата. И не ми е јасно купувањето хамбургер на мало дете (па и на големо).
    Не се согласувам дека здравата храна е поефтина, ако човек влезе во супермаркет и реши тоа да купува. Црниот леб е двојно поскап од белиот, рибата е скапа за просечна македонска плата (под риба пангата не ја подразбирам, бидејќи понездраво е човек да ја јаде одошто не), телешкото месо е поскапо од останатите, кило свеж зеленчук сега во зима знаеме колку чини... - и ако тоа се спореди со апсолутно нездравите работи како што се виршли, паштета, мајонез, ќе се дојде до повисока цена на потрошувачката кошница.

    Кампања не е на одмет да има, но повеќе би ми се допаднала некоја која ќе промовира како традиционалната македонска кујна да се направи поздрава (во смисла како да се задржи вкусот на манџата со помалце запршка, брашно и сл, колку приборот за готвење значи во готвењето, како од она што е моментално сезонско овошје и зеленчук да се добие нешто вкусно, брзо и ефтино), а не да се воведуваат продукти кои се далеку од нашиот менталитет и џеб. И секако, 450000 евра за кампања е смешна цена, кога бар пола од тие пари можат да помогнат да се тргнат ред нездрави работи од мензите во градинките и училиштата и толку од таму да се почне со едукација.

    И да, ако се продолжи со енормното загадување на воздухот и почвата, факт е дека баш ништо и од она што е растено дома, нема да биде здраво.
     
    На Sky-butterfly и Cka им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Точно дека и навиките играат голема улога, ама што ви е финтата со тие сендвичи не знам. Демек ако видиш едно семејство како јаде во сендвичара, секојден таква им е исхраната. И тие што можат да си дозволат редовно по сендвичари да јадат не се баш тема на разговор тука, збориме за едно просечно Мк семејство. Тоа што два или трипати во месецот седнал на пица или хамбургер нема некоја голема штета ако дома добро се храни.
    Кога зборам за здрава храна, пред се мислам на разновидна па после другото. Поинаку не би ни можеле да збориме со стандард каков што е. 300 грама гравче и цело тенџере вода со запршка е убав оброк кој ќе те држи сит? Да ако со тоа мавнеш и пола леб. Исто и со леќата и со компир манџата. Колку леб со нив треба да изедеш за да држи? Еден портокал или јаболко за појадок ниту за дете мало не е доволно не пак за возрасен човек. 250 грама месо за 2 оброци за 5 члено семејство? Се зезаш? Па таму месото е ставено колку мирис да фати, другиот дел од јадењето што е? Макарони, пак компир, ориз. Значи се вртиме во круг со манџи, запршки, леб, тестенини и сл. Подобро е можеби од џанк фуд ама е далеку од здрава и избалансирана исхрана.
     
    На Doozy, ceca-1, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    Морам да коментирам за постот на Чка.Точно е дека денеска можеш за доручек да јадеш само банана ,прашање е колку може таа да те држи со енергија и да не почувствуваш глад.
    Значи луѓе кај нас е проблемот што ние немаме определени оброци.Не ни се знае што е доручек,ручек,вечера.Сменет ни е метаболизмот и начинот на исхрана.Порано децата доручкуваа дома и тоа добро,за на одмор поминат со јаболко или мандарина,банана.Еве моиве не ги држи едно парче овошје,Признавам дека и јас не станувам во 5 да им спремам доручек за во 6.Зошто?Едноставно не се гладни.Проблемот многу повеќе е што децата не знаат да се хранат разнообразно.Навикнале на сендвичи и тостови.Се спомнува компир манџа.Моиве на глава ќе ми ја расипат.Просто си принуден ти да се прилагодиш на нив а не тие на тебе.
    Значи јас сум за доручек ,ручек и вечера дома.За ужина може да се помине со овошје.Е сега кој има време особено вработениве мајки да изгине покрај шпорет.Замислете колку е напорно а понекогаш и неблагодарно.
    Точно е дека повеќе пари се трошат кога се купува готова храна.А мајка која работи 10 часа тешко дека ќе го помине остатокот од денот покрај шпоретот.
    Порано се знаеше работно време 8 часа,викенди слободни,празници исто така,мајката е дома во 15 и 30 или најкасно во 16,има време да зготви 10 јадења за цела недела.А сега:?Не изеде животот и обврските сакале ние да признаеме или не.
    Вратете го нормалното работно време,поголема плата ќе видите како народот сам ќе се заврти кон подоброто и поздравото.Вака само си млатиме празна слама.
     
    На Mama25, Doozy, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.786
    Така е Луничке. Во Италија работат во 2 смени - од 9 до 13 часот, па одат дома, јадат и од 16 пак почнуваат и завршуваат до кај 19. За да појадат дома, да ручаат дома и да вечераат дома. Ние немаме таква култура.
    Факт е дека ни е тешко наутро да станеме, а викаме дека во Америка дури и трчале наутро пред да одат на работа. И од 10 да почнуваме на работа, до 9 и 25 ке спиеме.
    И јас сум за работно време од 6, најкасно 7 саат.
     
    На Daydream и lunicka им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Cka, браво и даде одговор на прашањето на mims-89, а воедно одржа лекција на сите. После ова мислам дека не треба да се дискутира. :*
     
  18. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Сето е тоа во ред, прави како мислиш дека за тебе е добро. Тоа право го има секој. Само немој да промовираш Диета во тема за здрава исхрана. Затоа што, тој твој начин на исхрана е штетен и неможе да го поднесе секој организам. Пр. Ако имам проблеми со бубрезите а сум на протеинска диета, за две години ќе завршам на клиника и ќе имам потреба од нов бубрег. Затоа што протеините што ти ги внесуваш на дневна база се премногу за еден бубрег кој не е во добра функција.
    Мислам дека ја немаш сфатено поентата на кампањата на владата. Тие потенцираат како да се заменат некои (штетни) продукти, а не да го стават народот на диета. Тоа е сосема погрешен поглед на кампањата. Значи ти велат наместо да купиш кечап - свари ги доматите, наместо шеќер-употребувај мед или маџун. Ти можеш да имаш идеална тежина, па и да си слаб, но да имаш лоша крвна слика, односно покачен холестерол. Затоа е кампања за здрава исхрана а не некаква диета за народот. Затоа ти потенцирам постојано во темата да не ја потенцираш диетата, имаме посебни теми за тоа - Не овде.
    Е сега да не излезе дека ја правдам кампањата а претходно ја негирав, да не бидам сфатена погрешно јас сум за здрав начин на исхрана ама кампањата ја сметам за непотребна. Затоа што во МК има огромен број на невработени, а невработеноста = Стрес = е еден од главните причинители за дебелина.
    Значи прво ти треба да го намалиш стресот односно невработеноста па да промовираш здрава храна. Затоа кампањата е одлична во економски добро развиените земји но не и кај нас. Ние имаме други проблеми. Подобро ќе беше наместо кампањата да им се дели бесплатно овошје по школите на учениците и да им се обезбедат бесплатни тренизи на неделно ниво надвор од школите.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Целосно се сложувам. Континуирано конзумирање на разновидна здрава храна е скапо и на жалост и од финансиски и од временски аспект не секогаш изводливо. Под 150-200 евра неделно пазарлукот во супермаркет или продавниците за здрава храна не е.
    За едно нормално македонско семејство пореално би било промена на навиките и едуцирање на оваа тема, па со помалите финансии кои се располага да се обиде да се постигне побалансирана исхрана. Кај што се може да се влијае малку од малку.

    А на жалост оние кои живеат со 100 евра во месецот се борат со егзистенцијалниот проблем и се обидуваат да преживеат.
     
    На Doozy и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Cka никаде не реков дека народот е писмен, туку дека владата постојано потенцира како сме високо образована нација (зошто е тоа така е друга тема, не би коментирала тука), но кампањава очигледно не му е воопшто контрадикторна на она што постојано го потенцираат.

    А и сеедно, за она што го кажа, јас би ти рекла дека ниту 3 минутно видео со ликот со српоп од цртаните филмови не е еднаков на факултет за нутриционизам(па дури и да го споредуваш со факултетот во Македонија), а и колку и да сме неписмени, фала богу сите ја знаеме разликаа меѓу јаболко и торта.

    А и еве, да речеме и дека сме изолирани од се освен од рекламите на Груевски, дека ни тоа не го знаеме, една комична реклама нема на никого да му ја смени навиката.

    Од рекламава "Смрт за смртта" може само спротивен ефект да се постигне "Јади нездрава храна, побрзо ќе умрeш, нема веќе да живееш во траги-комичната ни држава".
     
    На veren и kolovoz им се допаѓа ова.