1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Мене ми се допаѓа кампањата од аспект дека барем на тој начин, во терминот за реклами, додека народов чека да му почне турска серија, да се здобие со некое друго корисно знаење. Па сега, понатаму дај Боже и да делува по истото.

    Страшно и жално е да поголем дел од генерацијата на нашите родители, помлади и постари, живеат во заблуди и незнаење. Лично ми имаат нудено сок од боровница како добар за крвта и здрав, а тоа да ти било сируп за правење сок и тоа од некој жњ производител, ама демек од боровинки бил.

    Има удел и сиромаштијата во држава, па за да имаат сок ќе купат некоја боја, демек сируп од боровинки, јаболко или било што друго, ама за жал е фактот дека дури и да имаат и кога имаат тие ќе купат тетра-пак сок убедени дека е тоа нешто подобро. А не дека е поскапо да се направи домашен сок, ама ете.
    Ова не е едно семејство во прашање, туку многу голем процент од просечните семејства за жал.

    Треба едукација итекако.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Неделно 200 евра во маркет?! Месечно 800 евра само за јадење?! Јас не се сеќавам во животот, било кога, некогаш, да сум потрошила вкупно 100 евра во маркет во едно купување, а за подолг период купувам. Освен еднаш, со другарките кога куппувавме за нова година :) Ама не знаев дека некој може да потроши наеднаш во маркет 12 000 денари! Освен, можда 12 вискија ако не купи...
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    50 Ev. Meso i riba. 50 ev. za ovosje, zelencuk, i 50 za ostanati prehrambeni produkti ili pijaloci (bezalhoholni). Ima meso od 5 evra, ima i od 20. Cetiri cleno kade deli 250 grama, ili sekoj po 250 gr. Nekoj Ednas nedelno, nekoj sekoj den...nekoe koj sekoj den Kupuva kg. Protokali za ceden sok, nekoj Pie Voda od cesma. Da ne redam. Bozik moze i sekoj den da bide.
     
    На Mama25, Doozy, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Денес е скапо да се храните нездраво а здрава прехрана ви е уште поскапа.И тие трошоци се секојдневни.Ако денес за ручек ,внимавајте само за ручек купам пастрмка која ќе ме чини 400 ден за 4 парчиња,ставете прилог од брокула (која патем е 120 ден една китка и на нас ни е малку,морков кој е доста поефтин,грашок и тој е некаде 30 ден во сезона вон сезона е 80 ден за 300 гр) плус салата,плус по една лимонада да испиеме инаку лимонот до пред некој ден беше 170 ден.кг,со вода од чешма,),мене ручек квалитетен нема да ми помине без 600 ден.И оди преживи ако можеш.30*500 ден за ручек одоколу проценка,мене ми излегуваат 15000 ден.Зборувам за здрав ручек.А доручек здрав, а вечера?
    Маж ми зема 20000 .Крај на приказната.
    Буквално некогаш се смеам и се прашувам како ли преживуваме.
     
    На НаталиЛили, Mama25, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  5. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    205
    хахаха, Е добро на што личи оваа кампања безвезално трошење пари на кампање. И добро се сменивте, јадете нешто друго, ги приготвувате „рецептите“ од рекламите на телевизија? Кај мене се е исто јас мислам дека потрошените пари за оваа кампања можеше да се потрошат за нешто друго кое повеќе ќе ни помогне, а со ова нашата држава оди само во пропаст. Во нашиот град нема никакви промени.
    П.С- не зборувам политички, и не сум девојка која се расправа со политика тука само каѓувам свое мислење. Но, се согласувам со вашите размислувања
     
    На elka.timova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Оние кои зборуваат дека здравата исхрана е евтина, или појма немаат што значи здрава исхрана или се Рокфелер.
    Тараната која им ја давам на децата за доручек не ја сметам за здрава, иако е домашна. Ни оние 100кг ајвар кои ги имам во подрум не се ич здрави. Ни манџите за ручек не ги сметам за здрави бидејќи имаат запршка и јадеме едно кило леб со нив. Ни колбасите, ни евтините пилешки батаци кои се пумпани со хормони, не се ни малку здрави. Не значи дека ако се јаде готвено домашно, дека е здраво. Само ладното цедено маслиново масло колку чини????????
     
    На Mama25, Doozy, Bridget и 9 други им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071

    Каде го виде одговорот и одржаната лекција тука? :^)
    Јас прашав со 3000 денари што се може да купите во маркет или на пазар што ќе ви трае за цел месец да прехраните 4 члено семејство, не ги ни спомнав оние кои јадат во сендвичари, знаеш зошто? Затоа што тие што можат да си дозволат да се хранат често во сендвичари имаат да одвојат и повеќе од 3000 денари за да го прехранат семејството, ти зборувам за просечното семејство, за луѓето кои можеби никогаш не ни јаделе во сендвичара, чии деца неможат да си дозволат да јадат во сендвичара на голем одмор туку носат сендвич од дома со ајвар, маргарин итн... Е оди на тие објасни им да се хранат здраво!
    Сендвичарите се скапи, скапи се сендвичите во Вили и 7ца, е тие луѓе што јадат таму многу лесно и со помалку пари можат да се префрлат на здрава исхрана, доволно се возрасни и паметни да знаат што прават, и штом имаат пари на располагање лесно е да се одлучат на што ќе ги потрошат, што правиме со социјално ранливите категории, ќе му објасниш ли на тој човек дека е подобро да јаде црн леб наместо бел? Тоа ми е мене прашањето, објаснете ми го тоа мене, како ќе го убедиш што да купи со тие 3000 денари во месецот? Дали мислиш дека тој може да размислува што е здраво, а што не, додека мисли само што повеќе храна да купи за тие пари за да го истурка месецот?
     
    На Hipster, Annath, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  8. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Кампањата храни се здраво е само перење и крадење на државните-народните пари, нешо во стилот со спотовите стоп на насилството.
     
    На Mama25 и anina им се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Мимс 89 ниту одговор, ниту лекција не гледам. Ама очигледно на форумов има премногу личности кои сакаат да се улижуваат за добивање на уште едно „ми се допаѓа“ од навистина истакнати членови
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Како надополнување на @mims-89
    Еве една груба проценка колку чини исхраната за просечно петчлено семејство во Македонија,за една недела.
    Не ме фаќајте за збор за цените,се е отприлика.
    5кг домати-200 денари
    1 марула-20 денари
    1кг краставици-60 денари
    1кг пилешко-350 денари
    1 макарони-50 денари
    1 шпагети-55 денари
    1 кг грав-140 денари
    1 конзерва грашок-65 денари
    1 млеко тетрапак-55 денари
    1 јогурт-60 денари
    1 зејтин-90 денари
    1 кг сирење(3 крепи по 300 грама) -280 денари
    1 маргарин-80 денари
    5 кг компир-5х25 денари=125 ден
    1 кг јаболки-40 денари

    7 дена во неделата,по 4 леба на ден,7х90 денари=630 ден,
    Вкупно....................................2300 денари.

    Ова најминимално,за ручек да се направи.
    Ни основните намирници не ги бројам,кафе и шеќер,ни чаеви,ни слатки.
    Порано и јас се чудев кога мајка ми потрошуваше толку во маркет,сега кога си водам сметка сама,се ми е јасно.
    Живеачката,посебно храната е значително скапа за нашето поднебје.
    Башка нема ниту житарици,ниту риба,ниту премногу млечни продукти,ниту пак интегрален леб.
     
    На Doozy, Divinebutterfly, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Не е битно дали народот е гладен,..
    битно е здраво да се храни... нели... :)
     
    На Mama25, anuskaNESTLE и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    @Marossa 1kg pileshko meso na 5 dushi za cela nedela? :worried:
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @imelda Сум го заборавила телешкото -600 денари килограм :)
    Инаку ова беше само груба проценка,ајвар,мармалад и триста други намирници нема пишано.

    Ако пресметаме солидно,200-300 евра на месец за храна даваме.
     
  14. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    Жолчките што останале у торта употреби ги 8)
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Абе дел од тие што се изјаснивте тука да се чуди човек каде живеете кога некој ќе ве чита. Сите јаделе во сендвичари. Од каде знаете дека тие се баш тие едните те исти што одат таму секој ден и се ранат во Вили и на нив сличните? Јас не познавам многу такви луѓе од моја околина, ниту се хранат секој ден по сендвичари ниту по ресторани, а тие што го прават тоа секојдневно се доста ретки и не спаѓаат во онаа група на население со просечни или минимални примања, така што не се воопшто репер во дискусијава каде што се збори за најголемиот број на граѓани во државава којшто вие сакале да признаете или не ама врзуваат крај со крај секој месец...и тоа не поради разните луксузи што си ги дозволуваат туку поради тоа што не се постига да се покријат сите месечни трошоци макар и со животарење.
    И не го гледајте само Скопје туку видете малку што се случува и по другите градови и села па да видите во каква беда се живее. Овде не е толку очигледно можеби затоа што динамичниот живот знае некогаш да ги замаскира тие проблеми, но сепак далеку од тоа дека ги нема.
    Само нека ви текне какви жртви се правеле за да бидете школувани или за да се обезбеди кровот над глава каде што живеете. Не ми кажувајте дека со овие плати и работни места може да се сонува за здрава исхрана. И одете да му кажете на некој што цел ден трча како коњ за да заработи некој денар или на некој што работи физичка работа дека доста ќе му биде една банана и едно јаболко за да го преживее денот без да колабира. Нормално дека ќе се посегне по бурек, по пола леб со паштета или не знам било какво друго пециво или некој евтин додаток со еден куп адитиви. Или кажете дека со работно место што секој ден има различно работно време според дневните потреби, дека може да се води сметка за рамномерни и балансирани оброци во текот на денот или дека после 10 саати психичка, физичка или комбинирана работа дека некој ќе дојде дома да меси леб или да копа во бавчата за да не јаде храна со конзерванси и пестициди.

    Значи на хартија се може да изгледа многу фино и розево, ама ако вистински се земе проблемот во раце да се разгледува од сите агли, тогаш ќе се види дека не е баш толку наивно и дека ако навистина се сака да се постигне нешто дека е потребен поспецифичен пристап и пред се потемелен. Срамота е на овој народ во ваква држава каде владее сиромаштија да се проповедаат вакви кампањи. Срамота е и владата што дозволи увоз на гмо семиња да јаде вафли за здрав живот, кога бевме една од ретките држави каде што можеше секој да си дозволи здрава и убава салата, нешто на коешто многу странци се воодушевуваа. Срамота е на таа минимална плата и на таа стапка на невработеност да се трие сол над глава како требало. Сите знаеме како треба и со петни жили се обидуваме да го извлечеме максимумот ама не секогаш бива.
    Убаво рече и Лилит, не заборавајте само колку од вас(нас) се емоционални јадачи и се обидуваат тагата и депресијата што ја носи живеачкава овде, да ја ублажат со разна храна, најчесто нездрава. Тоа не е некој мит, научно докажано е, но кај нас темата психолошко здравје е една голема табу тема и се' уште е срамота да се зборува за тие проблеми и се мисли дека тоа е болест на модерното време, некаде на западот, по Америките...ние како и за се сме имуни, ниту рецесија не мавнало ниту депресија не дрма.

    Сите тие примери што ги давате ова место она, звучат само како некој извадок од некој правилник, што и како треба да се конзумира, а не што вистински се може. Сум имала периоди дома кога ниту милка ниту мандарини имало, кога фрижидерот зјаел со неколку основни продукти што лесно заситуваат, кога риба на трпеза било празник. Знам како било пред да почнам сама да си го заработувам лебот, додека студирав и живеев на грбот на моите. Можам само да претпоставам колкав број од населението ја гледа истата слика дома, секој ден.

    Знате здраво е и да се диши чист воздух, ама тоа не му текнуваше на никој додека неуморно се бушеше цело Скопје. Или не беше тоа битно ни кога повторно сакаа да ја активираат топилницата во Велес.

    Многу позната поговорка е дека куќата не се гради од кровот. Епа така и за ова. Јас сум апсолутно за вакви кампањи, но кога ќе дојде време и од некој кој има образ да ги дроби. Се до тогаш ова за мене ќе биде апсурдно и за жал уште еден начин да се испере голема количина на пари којашто може да се пренасочи за вистинско решавање на некои проблеми од коишто се сите засегнати, а не за празно попување како требало, демек видете се грижиме за вас.
     
    На НаталиЛили, Annath, RedWine и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Нешто не сфаќам, најверојатно.
    Следниве работи ми се нелогични - 800 евра за четиричлено семејство за јадење, но тоа веќе го искоментирав. Иако уште сум зачудена што во една недела двајца возрасни и две деца можат да изедат овошје и зеленук за 3000 денари, и месо за 3000 денари (што би дошло 6 кила месо неделно). Ама ете, можеби сметате дека е пожелно да се јаде месо за сите оброци во денот...
    И чудно ми е како по еден леб во ден јадете? Едно дете еден леб цел јаде на ден!? Или само дуеме податоци тука?
    Можеби и јас не сум во ред, ама ајде нека биде.
    Живеам самостојно од мои 18 години, и сама водам грижа за јадењето и трошењето.
    Сега живееме двајца.
    Еден леб јадеме 3 дена. Кило месо јадеме неделно (најчесто пилешко, ретко свинско). Уште не се случило да појадуваме бифтек. Јадеме 6 јајца неделно. Јадеме 2 пати макарони со сирење и зачини. Појадуваме овошје или туна. Вечераме зеленчук - салати секакви. Ручаме ориз, пире, посна манџа, боранија, грашок.
    И бидејќи собирам фискачни за наградна игра - имам точно увид во трошењето на парите за секое одење во маркет- освен за пазар. Бидејќи поздраво е овошјето и зеленчукот од пазар, а освен тоа и поефтино. Леб не фрлам никогаш, ако е ладен, го сечам на коцкички и го ставам во салата. Знам да си испечам тиква и тоа да вечерам. Или едно кисело млеко. Во маркет еднаш неделно одам, и тоа заедно со трошоците за хигиена (средства за чистење, перење, сапуни, дезодоранси) ,и иде 1200 денари неделно. Можеби јас особено пазам на промоции, попусти, можда никогаш не фрлам храна, никогаш не давам пари за непотребни работи. Милка, Кока кола, плазма, Нутела, чипосви од 90 денари и друго работи не купувам. Оти не се здрави. Сите гледам нутели сликаат, никој три кила патлиџани.

    За маслиново масло...додека сте во Грчка, земете си, и наместо коктели на плажа, земете си 5 кила маслиново. Дека сиромаштија. Оти цело лето немаше некоја на ФБ да не е со коктел во раката и напрчени муцки.

    Инаку... не мислите дека е поефтино да се жиивее здраво и да се даде плус пари за тоа, отколку после за лекови?

    А за емоционалното јадење оти немале работа, и имале стрес...ај ви се молам. Вработените немаат стрес на работа? Немаат проблеми? Пензионерите немаат стресови? Децата имаат стресови. Студентите имаат стресови. Сите имаат. Некој се бори со гладување, некој со прејадување. Или ако се вработи нема проблеми? Ако си вработен, мајка ти нема рак на дојка, татко ти нема дијабет и притисок, другарка ти нема опасен вирус, а не се потресуеш дека си имал 2 спонтани, а маж ти нема сообраќајка. Стрес секогаш има.

    И не, кампањата не е за богатите. Кампањата е за оние кои им бутаат пржени компири на децата во уста, место варени. Што им бутаат пржено месо, место варено. Што даваат смоки и чипс место моркови. Што за нив салата е само ако има преливи од сенф и мајонез, а никако рендан морков и цвекло и зелка. Мали промени да направат, подобро ке биде. Никој нема да ги храни трици децата заради кампањата, ама барем да не им затнуваат артерии од мали.

    Кој е трошокот истиот компир да се вари, место пржи?
    Кој е трошокот истото месо да се пече,место пржи?
    Кој е трошокот да се прави макарони со зеленчук, место со хопла?
    Кој е трошокот место смоки, да му се купи на детето морков?

    За тоа е кампањата, не да јадеме месо од ајкула и папаја.
     
    На bittersweet, kate21, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Тие се власта, ја држат економијата, го држат земјоделието, те прислушкуваат додека користиш телефон, ти го условуваат здравството, се мешаат во образованието-воведуваат екстерни тестови за да можат утре своеволно да селектираат кој ќе заврши и какво образование ќе заврши, за да можат да си ги провлечат нивните, планираат и да се вмешаат во полагање за возачка, ќе снимале, за да можат и тука да се подмитуваат-тие ќе кажат кој ќе вози кој не, и ред други работи. Како врв на се, сега ќе му солат памет на народот што треба да јаде, демек народот нафта пие, не знае што треба. Наместо да го вработат народот и да му дадат плата за да си го прехрани семејството. Залудно потрошени пари исто како и саемот за вработување, уште маски им фалеа на тие зад штандовите.
    Не знам дали се сеќавате, на почетокот на кампањата за здрава храна,на мрт прикажаа анкета со млади кои чекаат ред да купат сендвич, ги прашуваа дали мислат дека тоа е нездрава храна и едниот одговори дека не мисли така а другиот и го плесна дека ќе го изеде сендвичот па ќе трча. Многу се глупави, си ја погазија кампањата од старт, наместо да наместат некој партиски член кој ќе ги испофали тие предизвикаа контра ефект, кој беше многу реален.
    А ако мислите дека прсканото овошје и зеленчук, нездравите производи од виталиа и слични, млекото во тетрапак и јогуртот кои се растворено млеко во прав, дека се здрави, тогаш и еден хамбургер е толку здрав.
    Денес и да имаш пари и да сакаш да се храниш здраво-нема да успееш, освен ако не се насочиш кон домашно производство на здрава храна за домашни потреби.
    А мислам, како што се повеќе не знаеме што јадеме, ќе почнеме сами да го решаваме тој проблем на споменатиот начин.

    p.s. мислам дека власта веќе нема идеја што да прави, се изморија од изјави за намалување на невработеноста па ај ќе не дрибла со смешни кампањи. Па нели треба да се вртат парички во центрифуга
    (wtf)
     
    На НаталиЛили, Annath, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    So 3000 den. Moze i riba za eden obrok ili parce meso sto e mnogu poveke od 600den.
    Dokolku razlikata pomegu kvantitet i kvalitet i raznovidnata i vistinski zdrava hrana od onaa so hormoni, antibiotici...ne e ocigledna diskusijava ne e ni logicna.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.278
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    Како прво овошјето и зеленчукот ни растат на почва отруена со хемикалии и расте под фолии. Со години немам каснато домат како некогаш, се е како пластика. Која здрава храна кои бакрачи. Дебелеењето е резултат на тоа што народот е до толку утепан што гледа како први со први да скрпи а не да дава пари за здрава храна. Нека подобрат стандард секое просечно семејство да може да си дозволи викенд на планина, децата да трчаат на воздух место да седат дома пред компјутер па дсли тогаш ќе има дебели деца, и нездрав народ.
     
    На Annath, Doozy, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Со Чка се согласувам во делот дека се даваат пржени компири место варени или смоки место морков.
    Е сега да коментирам околу количината на храната.Знаете има едноставно луѓе кои не се како да кажам по јадењето.И за нив еден леб е доволен за цел ден.Син ми на пример може цел да го оплеска и да не му трепне око.Друго што ми е мака не успеав да бидам повлијателна околу месото.Сите тројца сметаа дека ако нема месо,не е ручек.Јадат бре .Што јадат јадат ама што не сакаат не го ни помирисуваат -како компир чорба на пример :D Во состојба се да изедат и кеса смоки или чипс и Милка и 3 јаболка и 5-6 моркова да изгрицкаат.Маф прават.
    Така да...само да сме живи и здрави.
     
    На Annath, Doozy, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.