1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Δ
    Cka, ti i ja presmeta koshnickata na danichap. Ako cenite na zelencukot im se kako kaj nas, lesno se troshi nedelno 50 evr koga edna piperka e edno evro. Zelencukot i ovosjeto na strana cim e po povolna cena ama mesoto ne e mnogu poevtino i vo mk, i neka e 300 evra mesecot za hrana, ako platata e 200....ke pozolteat od morkovi rapanje lugeto. Eve primerot na marossa, nedelno 200 grama meso od pile, 120 od tele po covek.Toa e kako prinudenoo vegetarijanstvo be covek. Greota e.
     
    На Doozy и danichap им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.480
    Пол:
    Женски
    Ако добро сум ги видела рекламите, мислам дека покажуваат во кој крај на Македонија што корисно има од производите и како можат да се искористат во полза на човекот.
    Конкретно за маџунот, бидејќи влечам корени од Кавадарци, таму се користи постојано. Барем во моето селце, на есен кога грозјето е зрело, се прави маџун. Не верувам дека има семејство кое дома нема. Јас не го сакам многу, но го правиме и имаме дома. Порано го купувавме од жените во село бидејќи као тежок бил за правање ама еднаш кога пробаа моиве сега сами си прават.
    Внук ми лани цела зима не се разболе, маџун си тепаше малиот.

    Конкретно за здравава храна, не мислам дека е до толку да не потикнуваат да купуваме, колку што мислам дека е да произведуваме.
    Реално ништо што ќе купиме, не може да се мери со она што дома ќе си произведеме.

    Ние дома мислам дека се храниме прилично здраво, мислам не купуваме месо од месара, не јадеме паштети, кобасици, не сме често на прженици, ретко купуваме и овошје и зеленчук, најчесто тоа што имаме во бавча, двор се јаде.
    Зеленчук, овошје имаме во бавча, имаме во село.
    Месо јадеме најмногу свинско ама си одиме во село си купуваме свиња, сега сме на размислување во село и кокошка некоја да свртиме.
    Всушност речиси се што можеме да направиме, правиме. Тоа што не можеме или реално не се исплати го купуваме,
    Живееме од пензија и реално да нема во село да се набере бадем, орев, не верувам дека би можела да си дозволам да каснам. Можеби повремено да се почастам ама сигурно не да ми биде дел од дневна ужина.

    И да секој може да води сметка за себе, но реално не може да се води сметка семејство.
    Еве вујко ми работи тешка физичка работа, извинете ама него салата ама ништо не му значи, освен ако е пред ручек или уз ручек.
    Да му дадам јаболко за ужина, ахам! Него ужина може да му се 5,6 јаболка ама каде се другите од семејството?
    Некој погоре пишал само за себе 5 јајца и тоа ако не се лажам белки беа, па во тоа минимум 2,3 ќе се најадат.
    А и ние по дома си сакаме мевце. Повеќе од пола кило за ручек ни е, кај ни е крајот ако го зимаме од месара?

    Ако гледаме смоки и јаболка, да подобро е јаболка, сите ќе каснат.
    Ама ако гледаме дека кило месо е 200 ден, извинете за ценава не сум купила од месара одамна, ондак ќе си купи кобасици и поефтино ќе помине.
    Маслиново масло? Искрено ние не го користиме, скапо ни е, дури и со маст понекогаш готвиме.

    Сум видела и како пет души делат една паштета, да паштета! И тоа луѓе во село на кои искрено им беше тешко да го кренат газот и да си садат нешто.


    Едно е човек да нема, друго е да има пари, а да не внимава.
     
    На НаталиЛили, Annath, Mama25 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Што сте запнале за ајварот дека бил ефтина храна?
    Да, можеби минатите години кога пиперот беше 20 ден. / кг, ама годинава правевме ајвар и малиџано со пипер од 40 ден. / кг:)
     
    На daylight и Marossa им се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Во кој свет мајка ми дома секој ден наместо да ми вари манџи, ми бута лесковачки?
    Не генерализирајте.
    Кои се бе тие што се во минус, а постојано јадат од кај Вили, нарачуваат пици, буреци, сендвичи, милки?
    Во кој свет и мене ми даваат секој ден 100 денари за во школо и јас јадам хамбургери, наместо чоколатца од 30 денари за да ме заситат, не знам.
    И не ми зборете за мандарини, вие да ги лупите (исто како и јаболките) и да ги фаќате со раце, кога сте се држеле во автобус и да не набројувам понатаму. Нема нешто што ќе ме натера јаболкото немиено да го јадам.

    Искрено ќе кажам, вечна борба водам со килограмите. А сендвич од 7ца, со очи не сум видела. Купечки бурек не сум јадела можеби година дена. Кока кола па да не зборам.
    Ако сум купила сендвич од некоја сендвичара, не мора да значи дека секој ден сум прва во редицата.
    Пред едно година дена, знаете што пиевме сите дома? Газиран сок од 2 литри, за 15 денари. И што мислите, здрав е? Е па не е. Ама кога те заситува, ќе пиеш. Знам ќе речете - вода. Ама не ти се пие секогаш вода. Не ти се јаде секој ден патлиџан и не те наситува само една банана за појадок (тоа 5те белки што ги спомнаа погоре, подобро ич да не ги коментарам). Пред некој ден, моите купиле 4 опаковки шпагети за 80 денари. И нормално дека ќе купат тоа, неколку дена можеш да истераш, него ли да земеш краставици за тие пари. Кога ти се јаде благо, ќе јадеш наполитанки, што имаат хидрогенизирани масти.

    Како што кажаа, + проблемот е во нас, што имаме многу мала физичка активност. Јас се поправив во 7-8 одделение, кога почна „ерата со интернетот“ и кога прекинав секој ден пред зграда да играм жмурки, ластици и други игри. Пред тоа немав апсолутно никакви проблеми со тежината. Во последно време повторно пробувам некако да водам здрава исхрана, наместо чоколатца пијам добра вода во школо или кафе без шеќер од кафемат. И знаете со што резултира тоа? Прегладнетост и после дома гнети ајвар со леб.

    Да, вистина е дека ако јас сакам, можам да си ја променам исхраната. Ама сигурно тоа нема да успее кај моите. Вие да му дадете едно јаболко на еден возрасен маж за доручек, па да видиме што поглед ќе ви фрли. Или пак салата со една краставица и патлиџан за вечера.

    И прочитав дека било поздраво пиперки да купиш и да ги јадеш свежи, отколку препржени (ајвар/жива туршија). Како да ви објаснам дека зимоска е многу полесно да извадиш едно тегличе ајвар и да го намачкаш на лепче и туршија, отколку секој ден да купуваш свеж зеленчук? Во тој случај нема воопшто ни да купуваме. Зимно време, кога сметката за струја иде 5-6000, попрво ќе купиш тестенини со никаков квалитет (битно да те заситат), ќе земеш некое цревче салама и кечап (за да си направиш тост). Ни на крај памет нема да ти дојдат пиперките.
     
    На Hipster, Annath, Mama25 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против постот, се е уредно напишано, само да се надоврзам.

    Пред здравјето е профитот.
    Во која држава во светот еден индустриски капацитет може спокојно да работи без да ги филтрира издувните гасови?

    На шега е добро, расолот без цвекло станува црвен, од бело грозје почна да се добива црвено вино . А како црвениот прав се однесува во човечкиот организам..
    Поради загаденоста на луѓето ништо не им успева во бавчите.

    Во непосредна близина на комбинатот се одгледуваат јагоди, спанаќ, грозје, пиперки , домати и сл... Колку се тие здрави за исхрана? Зарем наталожениот никел нема да се внеси во организмот.
    Винарските визби и грозјето веќе не го сакаат од тој регион, бидејќи содржи железо.

    Да не споменувам дека сакаа да отворат и Цинкара vo с. Возарци, веднаш до фени! не Успеаја, па ајде во Неготино. народот се крена.

    и после слушам и читам Кампања на владата за здрава исхрана, здрав живот. Ха!

    После ова, сувишно е да продолжам со коментар за другата страна на кампањата .(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На Annath, Mama25 и mims-89 им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    На тие од владата да им ги дадеме просечните месечни примања кој претежно ги имат семејствата во МК ќе видиме колку и како ќе ја спроведат оваа кампања кај нив дома, инаку попувањето за здравата храна не велам дека е лошо само малку отповеќе смешно ми е....
    ДА не должам се хранам здраво колку што можам да ја одржам лнијата на телото секогаш сум пазела на тоа житариците се редовен оброк кај мене дома и овошјето,благо воопшто и не јадам не сум љубител мн ретко и мрсно не јадам од месо секогаш ми е на прво место пилешкото во комбинација со добра салата па драги мои ова е мојата кампања за исхрана :$
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Кога станнува збор за здрава храна не е проблемот само во парите. Не е проблемот ни во лебот како леб кој од секогаш бил основна намирница на овие простори , ниту пак во ајварот и пиперките со кои израснавме. Проблемот е во нивниот квалитет, во тоа што се помалку и се понеквалитетна пченица се произведува и се увезуваат секакви брашна со никаков квалитет. Она што ми е многу интересно е што баш лебот кој е основата на македонската кујна треба да се исфрли(ане адитивите во него). Не јас мислам дека треба да се исфрлат субвенциите за земјоделците кои во трката да произведат што поголема количина воопшто не водат сметка за квалитетот. Сметам дека оваа кампања, која патем според мене не е лоша, можеби концептот е малку утнат, би требало да биде кампања за производство на здрава храна и субвенциите да не зависат од количините на производство туку од квалитетот.
     
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Некој спомна бел леб 1кг? Тешко дека ќе најдете таков, тие се по 600 гр. и тоа тешко и тоа да е точно пошто се полни со воздух. И ај ќе те најади, ама колку ќе те здебели? А да касниш без леб, демек за поздраво, после ќе ти се јади за 1-2 часа пак. Сите знаеме што е здраво, ама цениве во маркетите се до небеса, и ко ќе напишат демек намалено, напишале предходно огромна цена, па демек намалено, остај тоа што ја скратија грамажата на сите производи па за помалку грама плаќаме иста цена ко предходно, т.е. иди поскапо.
     
    На Hipster, Mama25 и Doozy им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    морам да ти реплицирам...
    Не за друго но мене навистина ми смета кога некој го куди-негира квалитетот на нашите производи (т.е плодови). Зар навистина мислиш дека во случајот грозјето произведено во светот е поквалитетно од нашето?..
    Јас мислам дека се лажеш. Тргнувајќи од фактот дека имаме загадувачи на воздухот кои можеме да ги наброиме само на едната рака. Во однос на развиеноста во светот такви загадувачи во еден град има најмалку 10 а не пак во цела држава. Ако мислиш дека имаат незнам какви филтри се лажеш.
    Ајде да ги ставиме настрана фабриките односно едната фабрика која ти ја потенцираше. Ваква плодна земја и клима каква што има во Македонија нема на друго место. Дали знаеш што се тие и ставаат на плочвата за да биде плодна и обработлива?...И дали знаеш дека во светот создаваат вештачка клима(околина) па нивните плодови можам со сигурност да ти кажам дека не виделе сонце а созреале?... Дали си свесна за препаратите кои тие ги користат за да може тој плод да стои во таа состојба подолго време? ...
    Претпоставувам дека не си ни свесна...
    Но знаеш како велат окото не лаже . Не мора да бидеш стручњак за да ти каже кое е вештачко а кое е природно. Само купи еден грозд од нашите пазари и купи еден грозд од страна и се ќе ти стане јасно.
    И биди среќна што растеш во Македонија во која земјоделците сеуште немаат доволно средства за такви препарати и не се едуцирани, па си работат сеуште на стариот добар традиционален начин.
    Ако едно нешто најмногу ценам во мојата земја тоа е зеленчукот и овошјето кое го произведуваме. Никој неможе да ми потврди спротивното.
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Не знаев дека Даницап е во странство. Оти кај нас нема една пиперка за 60 денари. Ај ем сори.
    А баш за постов зборував со другарките денеска на кафе. Сите рекоа дека е чудно за една недела 12 000 денари да се потроши само за јадење. Не знам, можда јас се дружам само со сиромаштија и не знаеме дека има луѓе што трошат толку само за јадење.

    А за тоа дека имаме нездраво овошје и зеленчук... Затоа купувам од пазарче. Оти има избор, и ги бирам оние кои се грди на изглед, знам дека не се прскани. Не од маркет, каде се е убаво на око и дрво во внатршноста. Моите роднини од странство викаат дека одвај чекаат да дојдат тука за да јадат зеленчук со вкус. Оти се е ГМО.
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    По моја проценка за храна просечно 4-члено семејство со мали деца би трошело околу 12-15000, без многу штедење, со големи деца нешто повеќе. Е сега, проблем е што платите се такви што за многу луѓе толку пари за храна се луксуз, бидејќи треба да се платат и комуналии, средства за хигиена, превоз, гардероба... и тогаш се крати насекаде, за жал веднаш и на изборот на храна.
    Овошјето и зеленчукот сеуште ни се релативно здрави, секако оние сезонските. Доматите во декември или краставиците во јануари никој не треба да очекува дека се природни.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Зошто кога веќе решиле да фрлат толку пари на кампања, не направија нешто ко јавни кујни по градовите, со здрава храна, ем да се нахрани народот, ем да се објасни нешто, не, земи фрли пари само во ветер на реклами и чао пријатно. Да отидат во нечие џепче.
    Смешни се дури сите расправии тука, не знаеме ние каде живееме, па ќе сметаме сега кошничката колку ни чинела и на храна колку трошиме.|(
    Влегувам дома кај моите, татко ми и вика на мајки ми, дај ми го кусурот од пазарењето лекови да си купам. А, па не ми остана ништо, докупив овошје и зеленчук, што не кажа, немаше да купувам.
    И здрава храна после, колку здравството бесплатно што ни е, за лекови што не можат пари да се одвојат.(facepalm)
     
    На Hipster, Annath, Mama25 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Има јавни кујни во скоро секој град, и има луѓе што без динар пара да побараат, готват за оние што немаат. И тоа им готват здрава храна. Тие се за социјални случаи.
     
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Во Македонија има сиромаштија, да, тоа никој не го оспорува. Не можат сите да си дозволат да јадат секој ден лосос и кавијар. Но јас би се свртела малку од друга страна. Можеби некој ќе ме сфати погрешно ама ако убаво прочитате што сакам да кажам нема да има недоразбирања.

    Неминовно е да се спомене дека во Македонија општо за се' па и конкретно за оваа тема свеста на луѓето е на премногу ниско ниво. Не дека лебот е навистина задолжително нешто на трпезата секој ден, туку лебот е навика и повеќето не ни сакаат да го исфрлат од исхраната и во тоа никој не може да ме преубеди. Верувале или не, мајка ми веќе пет месеци не конзумира леб, а не мисли ни да го конзумира понатака. Ни трошка. Се' јаде без леб. Што и да имаме дома за ручек. А одма да ви кажам дека спаѓаме и ние во просечно семејство со просечни примања и секако мајка ми има постојана работа од скоро 9 саати, станува сабајле во 5 ипол, и има само еден ден слободен во неделата. Ова колку само да знаете дека се работи за просечна, средовечна жена, а не за богата фуфица која и' текнално да не јаде леб само зашто и' се може и зашто јаде секој ден морски плодови. Се случувало дома да имаме и само пржени пиперки со јајца, па мајка ми ни тогаш не јаде леб. И видно е ослабена, тоа морам да го напоменам. И вели дека многу поубаво се чувствува и не се прејадува.
    Зошто повеќето пијат газирани или било какви други сокови? Не мора да биде тоа кока-кола, ете кока-колата да претпоставиме дека ја пијат секојдневно тие што имаат повеќе пари, ами овие кои немаат пари зошто пијат сок од 20 денари? Значи не е до парите, туку до свесноста. Колку и да имаме или да немаме, мора газиран сок да има на маса, а сите знаеме дека е повеќе од штетен. Јас лично една година се немам напиено газиран сок. Ни на слава, ни на гости, а најмалку дома. Пијам само вода, летово си правев некој домашен овошен сок кога се наоѓало дома некое овошје, сега си пијам чаеви, а ми се случува да се напијам и една чаша вино со дечко ми, толку од течности внесувам. И не мора да биде чај од 150 денари увезен од Англија. Може да си отидете на пазар и имате избор колку сакате од природни, сушени чаеви. А уште подобро, можете да отидете во некоја околна планина па да си наберете, лесно се препознаваат и лесно ќе научите.

    И не само за лебот или соковите, има многу вакви примери. Сите ќе купат алкохолен оцет наместо јаболков. Пред да кажете дека јаболковиот е поскап одма да ви кажам дека има луѓе кои прават домашен и е доста ефтин. Ние користиме таков. Мене салата не ми поминува без јаболков оцет. Е сега во многу семејства не дека немаат пари за јаболков туку немаат навика да го купуваат тој или пак едноставно не им бил вкусен. Мајка ми купува црвен пипер домашно правен од сигурни луѓе. Значи чиста пиперка мелена е тоа. Запршка само со тој. Може не е 100% здрав, ама е поздрав од купечкиот. Колку-толку барем малку од малку ќе се обидеш да избегнеш нешто. А ич да не почнам да зборам за цигарите. Познавам најмалку 10 семејства во кои родителите пушат по две кутии цигари дневно, и месечно им се фаќа најмалку 100 евра за цигари, а да им речеш да купат овошје или зеленчук очи ќе ти извадат, скапо било, скап бил животот, а за цигари мора да се има.

    И морам да се сложам со Cka за малите деца. На било кое игралиште да застанете каде има лулашки за мали деца ќе ги видите сите мајки со смоки, кроасани, лижавчиња, чоколади во рацете и одат по децата и им даваат. Секој може да си дозволи едни смоки од 10 денари, ама прашањето е зошто ги купуваат. Свесноста е ниска, ете тоа е. Наместо на тоа дете да му даде да изеде едно јаболко, морков, портокал, таа со смоките по него. И тоа е заради немаштија? Не мора да го пратиш да тренира тенис каде е сигурно 1500 денари месечно, можеш да го пуштиш надвор со една топка и да трча цел ден. Нема да се здебели, наместо таблет, а уште не ни знае што е тоа.

    Значи за тоа се збори овде, за општите секојдневни навики кај луѓето во врска со исхраната кои нема ни 200 денари плус да не' чинат во текот на месецот, а многу ќе добиеме. Не збориме за секој ден да јадеш лешници и бадеми или пастрмка. Ретко, многу ретко кој може тоа да си го дозволи во Македонија. Ама барем тоа што можеш да го промениш, вреди да се обидеш, а луѓево овде ни тоа не сакаат. Не ги сфаќајте и вие па толку сериозно рекламите. Ставале лешници, а се 900 денари кило на пазар. Добро де, не мора ти дома баш тоа да го зготвиш, доволно е во главата да ти влезе малку од тоа што ќе ти го прикажат, малку од малку да се свестиш и да престанеш да купуваш сокови (макар бил и од 20 денари). Нема навика народов овде, не ни сака да се замара со тоа. Џабе е и кампањи и казни и чуда. Како и за многу други работи. Ставија подземни контејнери кај Градска, обележани се убаво со толкави букви кој е за хартија, кој е за пластика итн. Поминувам пред некој ден, се' измешано, пред првиот контејнер беше направено депонија, оставале кеси, кеси, кеси еден куп, кучињата скитници се' раскинале, растуриле. И? За тоа владата е крива? Што ние немаме култура? Или за тоа што сите претрчуваат на пешачки на црвено и го мрзи да застане и да почека да се упали зелено? Отидов оф топик ама мислам дека ми ја сфативте поентата.
     
    Последна измена: 2 ноември 2014
    На Annath, De-lovely, Mama25 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не мислев @Cka на такви кујни за социјални случаи. мислев оваа кампања што ја спровеле во теорија да ја спроведат во пракса.
    И не можам да ве разберам како ги судите луѓето што јаделе во сендвичара, демек секој ден таму се хранат, или отишле семејно во парк му дале смоки на детето. Голема работа еднаш ако му дале смоки, значи ли тоа дека секој ден така го хранат? Не, не значи. Може и по форумов да прочитате во исхрана за децата колку прашуваат сите мајки што е здраво за детето и се консултираат како да го хранат. Ама не, полесно е така да се судиме, еднаш сме виделе негде нешто и ќе направиме една огромна генерализација.
    Ќе кажуваме јавни кујни имало, целиот народ најаден е и други разноразни бајки.
     
    На Hipster, Annath, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    @RainBow ако живееш до Вили, ќе знаеш. Ќе гледаш и ке се чудиш како и јас, кога мајката СЕКОЈ ден му дава на детето сендвичи, а оно подебело од двете другарчиња заедно. Не е моја вина што наоколу имам и маркет и децата излегуваат со смоки. Сети се, колку деца во парк имаш видено со овошје, а колку со смоки? Колку родендени детски имаш видено со чипсови, а колку со зеленчук? Колку деца гледаш со шише вода, а колку со газирани сокови? Ме обвинуваш за генерализација, а ти сама генерализираш. Според тебе, луѓето еднаш им даваат смоки на децата, а сите во Скопје по еднаш биле во Вили, оти ти толку си видела.

    Не ги гледам ЕДНАШ работиве, ги гледам секој ден. Гледам како излегуваат од Вили со полни кеси сендвичи, тостови, помфрити... Да не беше така, немаше до секое школо да има сендвичара, немаше Вили да отвори 10 сендвичари, немаше да ги има сите оние сендвичари со лоша храна. Да јадеа сите по ЕДНАШ. Ама се товат секој ден. Секој ден лепат масти по вените и артериите, уништуваат црн дроб и жолчка...
    Ама затоа, ресторани со здрава храна, можеме на една рака да ги избориме во целата република.

    @Daydream тоа сакав и јас да го кажам. Одлична ти е поентата, ама кој да сфати. Убедени се дека поевтино е децата да им јадат чипс отколку моркови, оти е поевтин. Сиромаштијата им е крива оти кроасаните се поевтини од едно јаболко.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    ^Добро ајде, ги гледаш во една сендвичара некои луѓе што доаѓаат неколку пати, сигурно не им ги броиш, ама ајде, правиш генерализација на ниво на цела држава, во сите помали и поголеми градови.
    Јас кога одам да си купам овошје знам колку трошам, знам дека давам по 200 денари за овошје, за мене само, а да не кажам ако цедам сок колку ми одат..
    А да не зборам за 4ри члено семејство. Целава тема мачкање очи е само, заедно со кампањава. Да не одвлече од огромните сметки за струја што ќе ги плаќаме.
     
    На Hipster, Annath и makedonkamak им се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Да, ама до лани не прашувавте колку кошта да се произведе килограм здрава капија, а пак ги слушав истите муабети, како е скап за правење ајварот, како не ви се исплати, па маслото беше скапо, па не беше здрав за јадење, што ти не! Лесно е да се зборува, оди насади си, што вика Марама, па ќе нема за што да се бунат. Значи зборувам општо, не строго за тебе, и секако за тие што имаат услови да вденат едно коренче пипер и два патлиџани наместо скапи елки и палми.

    Е сега конкретно за капмањава, јас не ја сфаќам толку буквално, отприлика ми доаѓа логично да ја сфатам како побуна за она што повеќето го напишавте, дури да јадам хормоснак виршла ќе одам ќе си се најадам полна чинија салата, или ќе изедам грст ореви. Здравата храна е нешто што со години се зборува, се држат предавања, се прават кампањи насекаде низ светот, ама ние дури сега се побунивме пошто нели на Грујо му текна да дава по телевизии совети(додуша мене смешно ми падна, ко диетата на Боркица да ја читапе пред некој ден со тоа тефтереот:rofl:) и одма извадивме дигитроните на маса и ај ќе пресметуваме. Според мене не е здрава храна само инидиски опреви, граноли од Виталија, не е ниту маслоново масло, ниту мусли, ништо слично, здрава храна е се она што го дава нашава плодна почва, дури и месото произведено дома. За повеќето мајки што ги познавам имам мислење дека се тешки мрзи и себични кучки, кога наместо проста манџа со боранија и куп зеленчук, на две или тригодишно дете му даваат тост за доручек, или му пржат салама во микробранова(да, да, и ова го гледам речиси секојден). Дури да купам денес една салама која не е под 100 денари, а во неа има се освен хранливост, ќе одам ќе купам килограм компири(20 ден), пола кило пиперки(исто 20 ден), два-три домати, една главица кромид и ќе направам огромна тава со посна манџа и ќе си ја најадам цела фамилија.Инемојте со тоа дека манџа е нездрава храна, зашто не ви држи вода, сигурно е поздраво од еден куп глупави додатоци што ги има дури и во продукти од видот на мусли. Крај краева, ела живејте цел ден со мусли, па кажете дали е здраво или не.Едно е да се каже да избегаваме препржени компирчиња, по еден леб полн со адитиви на јадење по човек, а друго е да се убедуваме дека не е здраво да се јаде манџа. Или супа. Или домашно лебче со ајвар. Многу е побитно да се стави акцент на прекумерното јадење, и тоа што на секој чекор никнуваат сендичари и нестросани локачиња во кои се готват секакви хормонски гадотии, отколку на тоа да пребројуваме кој колку троши на јадење месечно. Ако се сака, се се може, ама башка муебт е што децата половина не знаат ни морков како изгледа, а знаат да спијат литар сок од Вива на пример, во кој што има 0,0000001 посто морков:^) Јас се тоа припишувам на родители, и пак ќе речам, за мене се мрзливи оние кои им пикаат со сила во уста чипси а не им печат компирче или ги колкаат со вештачки каши и сокови, а освен миењето блендер, друга тешкотија за да се направат дома истите нема.

    Уште ова, за месото, со пола кило месо се прави исто вкусна манџа од која можат да јадат четворица, а со пола кило пржени колбаси се сомневам дека ќе се најадат истите освен акои не изедат два леба, макајќи од мрсното. Значи не е со во бројки, калории, нутритивна вредност и препорачана доза, туку е во тоа да се избегнат вештачки работи полни со хормони и отрови.
     
    На Annath, Mama25, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Kate21, разбирам дека констатацијата "цената на тоа и тоа овошје/зеленчук е превисока" им трн во око на производителите на овошје и зеленчук, тоа е така отсекогаш, така е било во минато, така е сега, така ќе биде во иднина. За производителите секогаш цената не е висока, а за купувачите висока. Затоа и не ти замерувам што толку остро изреагира во однос на мојот коментар. Меѓутоа, поентата во никој случај не ми беше дека ајварот е дупло поскап оваа година заради производителите на пипер! Ние правевме ајвар и малиџано 2 пати, скап не скап, се исплати не се исплати, и 100 денари да е килограм пипер, па ќе си направиме, само помала количина, затоа што сакаме да имаме барем да пробаме. И да, воопшто не сум од оние кои наместо коренче пипер и два патлиџани садат скапи елки и палми. Си садиме и ние по нешто (во минатото повеќе, оттука и моето разбирање за производителите низ што се минуваат додека го пласираат крајниот производ на пазар!), а она другото си го купуваме од пазар и воопшто не сме од оние кои мрчат на пазар дека цената е превисока и се ценкаат за денар.

    Да не бидам пак офф-топик...
    "Kaмпањата за здрава храна" во нашето семејство не е на дневен ред само неколку месеци додека трае кампањата на Владата, па ајде сега ќе јадеме краставици, домати, јаболки, житарици, ореви, бадеми..., а потоа ќе кркаме месишта, хамбургери и бурек. Отсекогаш внимаваме да консумираме (колку-толку) здрава, избалансирана исхрана.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Во ред, затоа и пишав дека не е стрикно за тебе мислењево, напротив, туку ми се споија твоето и мислењето на Марама, и затоа изреагирав, затоа што знам дека постојат и такви, се ценакаат за килограм пиперки, се жалат на вискоата цена, и наместо да ги платат тие 40 денари, и да јадат четворица, ќе се скараат на пазар и ќе отидат во најблиската продавница и ќе купат 4 паштети од по десет денари. Дури и ми се случило на пазар да слушнам муабет „ еее не сум му давала на селанине четири банки за пиперки, ќе му порачам на мажот ми нешто, за три стотки ни ќе готвам, ни ќе мијам, и пиперка ќе ми стават во додаток“:puke: Тоа ми беше поентата, дека здравата храна не зависи само од трошоците за истата, туку и менталитетот има удел. Јас се повеќе среќавам баби на своите внучиња да им пикаат в раце разноразно скапи колачи или грицки, само за да се направат пред другите демек еве кој сме ние, се на купено можеме да си дозволиме. Болно.
    А и како да се завртиш, констатацијата ти е точна, и пак викаш правите ајвар. Штетен или не, зеленчук е. Ама што правиш со оние кои вртат глава штом им спомнеш кромид, или зелка, или марула, а не ни пробале зашто им е под ниво? А од друга страна во хамбургер и комарец да им ставиш, битно од сендвичара е купено?! Јас имам братучеда, која не јаде манџа зашто и било името ептен селско, манџа?! Човече!:tmi:

    Така да, ќе повторам, оф топик ми беше првиот коментар за цената, ама она што се однесува на темава, премногу сме буквалисти, штом сметаме дека здрава храна е само јаткасти плодови купени од продавница за здрава храна, или рецептите кои ни се прикажани на рекламите:?: Свеста на луѓето кај нас за жал станува се поневидлива, зашто и проклетиов менталитет не уназадува, ем голи ем золи работава, сакпо било да се храниш здраво, па ај удри секој ден на виршли и салами, за кои патем и дупло ќе платиш.
     
    На Annath и Mama25 им се допаѓа ова.