1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Cka, ti gledash toa shto sakash da vidish. I so drugarki razgovorot ti padnal na tie 12000 nedelno za hrana od primerot na danichap. Od narod shto si videla pred sendvichara i ti se grozi. Gi farbash site so ista chetka. Neka e 12 000 za cel mesec za hrana, eve, so minimalno meso kolku da zamirisa na meso jadenjeto. Nekoj ni tolku ne zema mesecot, a kade se struja, voda, drva za ogrev, komunalii. Higiena i alishta naknadno.
    Lesno ni e na nas shto imame od pile mleko da si kupime oti e zdravo ili oti ni e strven gazot, ama ako sakame da se lazheme ok, strizhena e livadata.
     
    На MacenceEna, Doozy, Edie.S и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.912
    Има народни кујни.
    Штета што го нема онлајн јеловникот да го прочитате колку е здрав.
    А тоа дека им даваат стар леб по цела векна на луѓето да не правам муабет.
    Иронија... ќе не голтне.
     
    На MacenceEna, BloodElf, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    На оваа капмања најмногу внимание треба да обрнат родителите и да им дадат здрави навики на нивните деца. Јас како мала за појадок имав нон стоп паштети МИК Свети Николе, и само тоа јадев за појадок. Сегами се гади веќе од тие паштети. И мајка ми нон стоп ми пржеше копанчиња. Којзнае колку концетрат има во нив и со што се хранети кокошките и сега имам хормонски проблеми и се е тоа од таа нездрава храна.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    288.719
    Цените кои ги кажав се за мене реални и стварно е жално што делува нереално дека за разновидна здрава храна месечно одат 600-800 евра. Зеленчунот и овошјето се нешто поскапи, но за сметка на тоа се друго е поефтино, поради тоа ги земав и цените како еден просек без разлика каде се наоѓа домаќинството. Само примањата се подруги, но не и претставата и дневната потреба на разновидна и здрава исхрана.

    Листата која ја постави Маросса е пример за тоа колку е една кошница со основните намирници. Не видов ни риба, ни телешко, ни мисиркино, ни кашкавал, ни малини, маслинки, јагоди, бадеми....ај да не редам.
    А поквалитетната храна од најразлични производители често е со дупли или тродупли цени од тие што беа наведени.

    Сеуште стојам на ставот дека просечно македонско семество може да си дозволи само во некои мерки балансирана здрава храна и тука би помогнало едуцирање.

    Денот има 3 главни оброци, и барем 1 ужина.
    Со јадење јаболка секој ден или бркање на мевцето во тенџерето 1-2 пати неделно ни од далеку не се задоволени реалните дневни потреби.
    Луѓето се соочуваат со основниот егзистенцијален проблем и гледаат денот да мине.
     
    На Doozy, imelda, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Мал апдејт во однос на зеленчукот и овошјето. Имено, 120 денари ме фати следното:

    800 грама портокали - 59 денари (7 портокали),
    500 грама патилиџан - 35 денари (5 патлиџани),
    Две краставици - 32 денари.

    Намирнициве се во времетраење од два дена, лично за мене.
    Главното мени во следните два дена се состои од:
    - 500 гр. грав - 70 денари,
    - 500 гр. црн леб - 35 денари,
    - Јогурт баланс - 60 денари,
    - Овесни снегулки - 40 денари,
    - 6 јајца - 45 денари.
    - Кисело млеко - 20 денари.

    Значи во дводневна исхрана за еден човек со целосен внес на овошје, зеленчук и здрави намирници кои може да се најдат во град (ја немаме сите привилегија на село да живееме) е вкупно 400 денари од човек под услов да се јаде во два дена грав за ручек од 200 гр. Другото комбинирајте.

    Доколку сме двајца тогаш износот ќе биде еднаков на 800 денари, па ќе речете скромно нели? И пред да ме нападнете за трите јајца и за пола кг јогурт дневно, не заборавајте дека е белката е всушност изворот на протеини, јогуртот е здрав, а патлиџанот е дефинитивно морален барем во манџа да се стави ако нема мевце.

    Наздравје евтиноќа, нема што.
     
    На Hipster, imelda и makedonkamak им се допаѓа ова.
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ама добро, сега сфатив, ти сакаш да кажеш за цело семејство, ти барав наназад низ мислењата на темава, цело време се чинеше како да збориш само за себе, зашто само за тебе 700 евра за храна, треба да значи дека секој ручек ти е бифтек, данско сирење и шампањ.

    Имаш 396 денари, односно 5940 денари месечно за храна. Да речеме дека ќе појачаш, зашо ќе експлодираш од гравот, сестро... ќе качиш докај 120 евра месечно. Тоа е многу далеку од 700-те на danichap.
    Инаку, мора да е Баланс заради варењето? Сериозно? Имаш јогурт под 50 денари и леб за 22 денари, од сусам. Еве на сликичките. Така есапот за цел месец е 5595 денари. Сигурен сум дека и за другите производи може да се скрати по 5 денари од секое и да се дојде до 1000че во џеб од оваа сума. Поентата ми е дека ако човек гледа дека нема, се труди прво да го најде најдоброто решение, не вика немам, ама ми е гајле, ја ќе си терам по свое.
    jogurt-zbregov.jpg
    leb-susam.jpg
    Им се смееме на пензинерите што бараат денар поевтино млеко, ама пензионерите живееле во времиња кога биле војни, кога биле вистински гладови и кога се немало и знаат како да штедат. Ние сме деца на родители кои во социјализмот имаа сè и кога треба да се стегне гзот и да се гризне во коска, не знаеме што треба да правиме. Ние, ем сме голтари (ко што повеќето напишаа за Македонците и со што морам да се сложам) ем сакаме да живееме како нас ни е мерак. Не може така.

    Сега ќе речете 150 евра по човек се 600 евра за цело семејство, а платите знаеме какви се. Да, во право сте, ама тука има варијации на тема колку сакате и како што рече Реин, не може да генерализираме дека сите два милиони луѓе земаат помалку од оваа сума. Некои не земаат воопшто, некои влегуваат во генерализацијата, а некои земаат далеку повеќе. И видете чудо, така е во целиот свет. Има сиромашни и богати. Повеќето се сиромашни. Ние сме меѓу нив.

    Ама иако сме сиромашни, а тие богати, луѓето во високо развиените земји ретко имаат можност да јадат свеж патлиџан и пиперки. Прашајте кого сакате по америките, ќе ви кажат пиперката и патлиџанот имаат ист вкус. Ние ја имаме таа можност, а сепак, луѓето ни се заглавени во сендвичари. И немојте со тие смешки како инцидентни се одењата во сендвичара. :headbang: Нема период од денот во Седмица да не се чека ред, без разлика во која од трите во Скопје. Вили има 15 локали низ Скопје. Околу секое основно и средно училиште има најмалку две сендвичари. Сетете се каде учевте и сетете се дали имавте сендвичара, ако одговорот е не, тогаш не сте учеле во Скопје.
    Ако вие за вашите најмили готвите дома, не значи дека сите готват оривче и супа. Македонците се навлечени на нездрав живот и тоа е факт.

    Исто така е факт дека стандардот ни е низок, но уште пониска ни е свесноста за тоа како живееме. Ако владата имате желба да ја нападнете дека не работи добро, be my guest, ќе ве поддржам. Ама да ми кажете дека е погрешен повикот на првиот и највлијателен човек за илјадници луѓе да се хранат здраво и тоа заради причина „стандардот ни е низок“, го сметам за ненадминлива себичност. Светот не се врти само околу нас. Макар биле глупи, прости, идиоти, морони и монголоидни серковци со потпросечен коефициент на интелигенција... сепак се луѓе оние за кои е наменета кампањата. И ако некој на тие некои луѓе може да им помогне со обичен повик на телевизија, да купуваат повеќе патлиџани место смоки, тогаш оставете да го направи тоа.

    А види интересно, сите се замислија како се хранат во текот на денот, сите направија по една анализа, барем на темава. И најинтересно, сите ќе извлечат некаков заклучок од неа. 8-|
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На Cka, do-re-mi, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Детс мај поинт! Ама нам ни е најлесно да речеме, а да, скапо е да се храниме здраво, и да си отидеме до првото маалско продавниче и купиме паштета! Се е до свеста на народот, најлесно е да се обвини системот и владите(кои и те како се за побуна, далеку сме ние од високоразвиените земји) кои ни најмалце не делуваат на нашата одлука дали јас денес ќе јадам печена пиперка и парче сирење или ќе си купам некое такозвано мевце за истите пари. И да, факт е како што кажа членот погоре, за разна сума на пари, има разни видови, па мое дали ќе бирам да јадам црн леб од 25 денари(кој патем го јадам со месеци) или ќе купувам од 45 денари за да бидам фаца. Е тоа е за онаа свест која ја спомнуваме.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.975
    За да одлучиш што е најдобро за себе треба прво да имаш избор. Сега наеднаш да ги покачат платите мислете веднаш луѓето ќе почнат здраво да се хранат? Прво ќе бутаат во колички се што ќе им дојде при рака, здраво, нездраво не е важно. И нормална реакција е, тој што бил претежно на манџи цел живот ќе сака и чоколади од сите видови да проба, и нутела, и кока кола, разни сувомеснати производи, се што дотогаш на некој начин луксуз му било а сега може постојано во фрижидер да има. После одредено време кога ќе се засити од се и сешто, сам може да увиди што му годи на организамот па и да читне нешто на нет или еве да види на тв преку кампања, и дури тогаш да направи избор. А кога со години јадеш една иста храна и некој да дојде да те убедува пиперки да засадиш, мислам не зезај, ние што бевме во помали градови секако си садевме и летно време јадењето беше пиперки со јајца,пиперки со урда, летна манџа, пиперки полнети со ориз, па ќе сопреш дете во сендвичара да оди. Таму замисли во хамбургерот ставаат цела плескавица наместо двете минијатурни мевца во манџата на мајка им.
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На MacenceEna, danichap, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    За мене храната е начин на исхрана кој се учи од мали нозе.Точно дека парата ни детерминира што и колку ке јадеме,ама како што кажаа, многумина имат нездрав начин на исхрана кој влече корени од дамнешно време. Ке го земам за пример моето домакинство. Мајонез во уста немам ставено со години ниту моите некој пат купиле.Едноставно имаат аверзија кон истиот и кај мене тоа не се купува. Кечап исто во живот не е купен,наместо тоа си правиме домашен од салца кој ми е 100 пати повкусен од купечкиот.Еурокрем мајка ми ми купува еднаш во 2-3 месеци колку да ме подлажне ама затоа мед редовно зима а цената му е тука негде со еурокремот. Наместо мајонез се купува павлака која цената е тука негде со мајонезот а сеа новина наместо павлака со помалце маснотии купувааме фрозен јогурт цела канта од Веро која трае најмалку 3 недели. Лебот ни трае 3 дена,дури ме чуди коа некој ке каже дека векна леб им иде на едно седнување на маса.Кај нас освен татко ми кој уште од дете е научен да јаде леб со секаква манџа освен со макарони,ја и мајка ми може само една кришна на ручек да изедеме. Купуваме најчесто црн со сончогед семки во него или ржан кој ја мн мн не го сакам во споредба со црниот.Цената е 5-10 денари разлика од обичниот. Путер и маргарин ни трае месец дена, е сеа разликата е тоа што путерот е 100 ден маргарин кристал 25 ден ама со оглед на тоа дека трае се исплати и едното и другото. Месо купуваат еднаш месечно свинско,пилешко и го делат во кесиња за секој ручек. Пошто сме тројца го делиме на 3 стека во еден ручек,3 шницли,3 вешалици и искрено воопшто скапо не е .Често на ручек татко ми знае да каже е денес ручеков не кошташе 150-200 ден. Риба обавезно се јаде еднаш во неделата и без тоа не поминува. Пошто јадам само ослич најчесто таа ја купуваат кило е 200 ден мада знаат да земат и лосос кој повторно не е многу скап. Грав во петок е неизбежен. Кило грав 250 ден трае месец дена и јаче. Паштети и такви чудесии повторно ке кажам заменети се со павлака, путер и сл намази. Ама тоа е навика од мали нозе.Моите никад не ми дале паштета и никад не сум ни пројавила желба за истата. Ако едно паштетче од најмалите што чисто сумљам дека некој би се најал од таа една мала павлака е од 20-25 ден па во секој случај поисплатлива и поздрава ми е павлаката намачкана на леб отколку 2 паштети од 10 ден. Чипсови не јадам ама затоа смоки си поштувам . Но тоа не значи дека секој ден гнетам смоки,ама затоа зрна пуканки во секое време иам дома . Секој втор ден јадам пуканки особено навечер коа нејкам да вечерам па тие ми се замена за вечера а супер ме заситуаваат.Сите знаеме колку се поздрави пуканките од било кој чипс или смоки. Пуканките се 500 грама 60 ден. Еднаш неделно најмалце си купувам индиски ореви 200 грама околу 80 ден. Кога би бирала дали да си земам чипс за тие пари и индиски ореви секогаш бирам ореви . И да заситуваат ако се 200 грама. Газирани сокови никад не се купува кај мене ама затоа Цедевита големо пакување еднаш месечно се зима и трае до наредна плата. Кога ке ја напраиш математиката колку се дава за кока кола на секои 3-4 дена и еднаш што ке ги дадеш за цедевита 300 ден испаѓа поисплатлива цедевитата отколку купечките сокови. На пазар се иде секоја сабота.Овошје и зеленчук се купува тогаш и трае до наредна сабота.Јаболки,лимони,пипер патлиџан на пазар ефтино е и со 1000ка пун шпајз овошје имаме. Сендвичара немам видено со око со години,повторно затоа што моите од мали нозе имаат некој страв дека ке фатам тровање од тамошните сендвичи и никад не ме поттикнувале да гнетам хамбургери и тостови. Купуваме и маслиново масло (180 ден во Кам) и обичен зејтин. За јајца пржење нормално зејтин обичен за салати и манџи маслиново кое повторно споро се троши. Табла јајца 200 ден трае цел месец некој пат и повеке. Во секоја манџа што се готви има месо ,пошто за татко ми ручек без месо не е ручек.

    Нејсе да не должам до недоглед,се зависи од тоа како сме научени дома да јадеме.Има домакинства кои не седнуваат на ручек без векна леб и обилен оброк во тањир ама има домакинства кои се научени да јадат помалце количниски. Има домакинсва кои не седнуваат на маса без месо ама има домакинства кои во денешниот ручек го замениле месото со соја шницли кои се далеку поефтини од месото.

    Поддржувам кампањи за здрава исхрана затоа што се повеке и повеке гледам дебели луѓе кои повеке личат на бишиња а не на човек,а тоа сигурно не е од немаштија туку од погрешен начин на исхрана. Не мора да се јаде кавијар секој ден ама може некои намирници кои повекето ги конзумираат да се заменат со некои други поздрави.
     
    На Daydream, danichap и Dr.Strangelove им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    101.106
    Пол:
    Женски
    Super girl 24не знам зошто сметаш дека павлаката е поздрава од паштета.Знаеш како се добива павлака?Во овој случај подобар би бил кајмакот како намаз отколку сите други такозвани намази.
    Маргаринот има само една молекула разлика од пластиката,така беше чинам,па сега види.
    Путер почитувам иако кај нас нема да си купиш природен.
    Осличот гледаш од кој сектор на светот е ?Оној демек поздравиот треба да е од Фао21.Другите необележани можеби дирекно од Јапонија ни ги пласираат.
    Пуканките ако ги правиш на обичен начин се ок,но во микро се многу штетни.А се сомневам дека овие што се продаваат во кеси некој ги пука вртејки газ околу шпорет.
    Човек кој работел во Цедевита ми има кажано се се само Цедевита не.Значи...
    Сојата едно време беше храна на иднината сега бегаат од неа како ѓавол од крст.
    За другото во постот се сложувам.
    Инаку,се изгуби смислата на темата а таа е здрава прехрана а ова горе напоменето е како да поминеме поефтино.
     
    На imelda, Giovanna, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Кампањава е убава за тие што се вклучени во неа, за тие што работат на маркетингот, ќе се омрси и по некој од нутриционистите...Гледам и неможам да се изначудам како владава се грижи за нашето здравје. Југохром сепак продолжува со работа, Цементара гори гуми од памтивек, Макстил топи радиоактивно железо-пред некоја година случајно нели, и проектил излета, Водно се наѕира низ жута измаглица, а се било до исхраната ама ние не сме знаеле, не сме знаеле!!! Фрчат рецептури со маџуни, бадеми, ореви...што да се каже. Која пара се пере, изгледа од цела работа само парите се најчисти, без трунка прашинка.
     
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Луничка ако така гледаме убаво кажаа освен дома добиток да чуваш и нива да имаш да си садиш се друго испага дека е нездраво и не квалитететно. И не можам да се сложам дека една конзерва паштета е поздрава од една кутија павлака која ако ништо друго е млечен производ за разлика од паштетата која сите знаеме од што се прави. Се сложувам за кајмакот ,одамна му барам на татко ми ама немаме најдено убав освен оние во веро што се продаваат а тие не ми се допагаат. За пуканките не знам другите како ги прават,ама јас немам микро печка така да ги вртам на шпорет во тенџере и за воља на вистината не одземаат многу време за 5 мин се готови а како што кажа и ти поздрави се од тие во микро.

    Не сум во можност рибник да имам во зградава исто како што не сум во можност сред центар да одгледувам овошје и зеленчук,па затоа се ослонувам на тоа што ке го најдам на пазар и во продавница. Муабетот за рибите ми беше дека не е голем луксуз еднаш во неделата човек риба да касне без оглед дали е ослич,лосос,пастрмка или што ти ја знам. Јас јадам ослич пошто само таа ми се свига и други не сакам а не ради некои посебни хранливи карактеристики што ги има.

    За сојата многумина имаат поделени мислења, мене лично ми се допага и ја конзумирам иако не сум вегетаријанец.Често повеке претпочитам соја наместо парче месо,ама оди докажи им особено на постарите генерации дека и сојата знае да биде вкусна ако ја спремиш убаво не мора месо да се гнете секој ден. Фала богу до сеа од соја ништо не ми било.

    Цедевитата ја дадов како пример.Секад ке има некој што ке каже лош збор за некој производ и некој што ке каже добар збор и ке го испофали. Да, најдобро е секој ден по чаша цеден сок од портокал или лимон или смути некое наместо цедевита и сок,ама некој пат те мрзи да делкаш над блендерот па ке се напиеш една чаша цедевита која исто како и за павлатаката сметам дека е подобра од било која кока кола или било кој газиран сок од 20 ден на кој што му го осекаш шекерот додека го пиеш и те прави пожеден него што си бил.

    На крај муабетот ми беше дека сами си ја правиме потрошувачката кошничка и сами бираме што ке јадеме и пиеме. Поентата беше дека некои намирници можат да се заменат со други кои барем за мала нијанса се поздрави од предходните а немаат голема разлика во цената.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Абе брат есапот пак не ти излегува зашто упорно сте се фатиле за кампања “здрава исхрана“ а тука ми прокламирате јогурт со 3,2 масленост. Балансот е за 5 денари поскап и воедно ПОЗДРАВ од останатите. Бидејќи зборуваме за здрава исхрана, неговото место во списокот е сосем на место.
    Значи кога го ставаме домаќинлукот на маса за здрава исхрана, да го ставиме до крај.
    Погорните намирници се основни, ама се далеку од разновидна здрава исхрана.

    Каде ти е:
    - Сирење (не оние со солена вода, туку тие со помала масленост и воедно поскапи, нели?)
    - Маслинки,
    - Шампињони,
    - Месо (пилешко, телешко, СТЕК е именка за одредени луѓе).
    - Ориз
    - Леќа,
    - Грашок
    - Морков


    Потребни ствари како додатоци во исхраната:
    - Чубрика,
    - Магдонос,
    - Вегета,
    - Црвен пипер,
    - Маслинов зејтин,
    - Црн пипер,

    И да не набројувам натаму. Есапот е далеку од 120 евра месечно за здрава исхрана по едно лице. Дури и да го земам како релевантен податок за преживување ова твоево од 7200 денари од лице, тогаш за две лица колку ќе биде? 240 евра? за четворица 480 евра? Што и не е така далеку од потрошучката кошница за четиричлено семејство.
    А минимално утвредена плата е 9500 денари и според официјалната статистика најголем дел од вработените земаат од 12 - 15 000 денари. Над 30 000 денари плата земаат само 2% од вкупното вработено население. Прочитај, просветли се па дрви како се штеди за нешто што не ти ни стига. Бројките секогаш потврдуваат или негираат една фактичка состојба. А нашата во Македонија е ова погоре.

    Не си правите бајрам на памет дека е евтино, зашто на грав не се живее секој ден, ме разбираш?
    Без чудење и паѓање во трансови зошто народов јаде паштети и леб секој ден.
    Лично мене ќе ми биде многу помило доколку основната цел на кампањата беше со кратки рецепти изводливи за нормалното население како да заштеди и воедно да се храни здраво. И бидејќи увидоа дека не се нормални со цените, дека неможе да се живее со плати како нашите, лупнаа зобање на фстаци и бадеми, небаре половина од луѓето се вработени со високи примања.
    Прво е потребно истражување и обликување на достапните намирници за исхрана според најголем дел на финансиските средства на граѓаните, ама мрзата и перењето пари е примарна цел, затоа им се одвратни на луѓето. Не ради друго.
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На Lilit, sonce555, Edie.S и 7 други им се допаѓа ова.
  14. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Мислам дека кампањата е за ,,здрава храна“ а ние тука на форумов си правиме муабет за правилна исхрана и за сиромаштијата во Македонија.
    Треба да разграничиме дека здрава храна и правилна исхрана се целосно различни поими. И патем во Македонија ,,подебели“ се богатите од сиромшните.
     
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Искрено јас незнам за правилно, а нездраво хранење. Тоа како му доаѓа, јадам правилно хамбургер, односно почнувам од пржените компири? Да, тоа изгледа правилно.
    Правилната и балансирана храна е здрава исхрана.
    Правилната исхрана е предуслов за здрав живот, ако на тоа мислеше.

    А храната се купува со пари, што значи дека е тесно поврзана со социо - економскиот живот на одреден граѓанин.
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На imelda, Marossa и danichap им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Кај мене во маало интензивно се гради последниве година две, па се случува секој втор ден да ги начекам градежните работници во маркет кога си купуваат јадење за да го поминат денот. Погодувате што купуваат?
    Сите си купуваат по еден леб, кој нормално дека го јадат цел во текот на денот или само на еден ручек, незнам, физичка работа работат, исцрпени се и тоа им е малку. Со лебчето оди секако паштета или некоја салама, јас друго не сум видела да купат. Немам сендвичари ни пекари во маало, а и да има не верувам дека ќе купуваат од таму бидејќи ќе ги фати поскапо. Дневницата незнам колку им е, ама сигурно не се во состојба да дадат повеќе од 50-60 денари за ручек, што здраво можат да купат за тие пари што ќе ги држи сити до крајот на работниот ден кој е исполнет со физичка работа? Кило домати и две јаболка? Јогурт кој чини 50-60 денари и друго што со него?

    Несакам да се спомнувам сама во случајов и исхраната на моето семејство затоа што имаме избор, и покрај тоа си садиме сами зеленчук, а имаме и овошни дрвца во дворот. Цело лето имавме преубави домати, тиквици, краставици и билки, кајсии, праски, вишни, цреши, а сега и мали јаболчиња. Насадивмеи тикви и спанаќ. Сами произведуваме и мед од оваа година. Сето ова не е ни малку лесно, прво треба да имаш слободно време за да се погрижиш за градината, треба да вложиш и некој денар, да направиш фолии за да не се уништи родот, да купиш ѓубриво, нешто да прочиташ и да дознаеш како се прави тоа, не е толку лесно само ископај дупче и фрли семе и толку ќе чекам да ми порасне. Треба да имаш и простор, неможеш во саксиите на тераса да насадиш, затоа не е толку лесно и едноставно да се каже „па насади си„.
    Иако можеме да си дозволиме скоро никогаш не јадеме по ресторани, како фамилија зборувам затоа што јас лично знам да отидам неколку пати во текот на месецот. Поентата ми е дека ние како семејство иако можеме да си дозволиме повеќе работи сепак сме се одлучиле да си садиме по нешто, наместо да јадеме по сендвичари или да ја полниме количката во маркет со паштети, колбаси, конзерви итн... Ама зошто, затоа што имаме избор, не секој има избор. Дали градежниот работник што го спомнав погоре има избор? Можеби цело семејство зависи од неговата плата, а тој гледа само да го помине денот што поефтино, а да не му кркори стомакот.
    Сега кажете ми вие дали капмањата ќе смени нешто во неговиот живот? Дали тој човек после гледањето на рекламата утре за ручек ќе си купи некој домат, пиперка и морковче и притоа може да се онесвести од глад и да падне од скеле... Колку вакви луѓе гледате секојдневно? Поминете низ центар колку градежни работници гледате дневно? Да се само градежните работници ќе беше добро...
     
    На Doozy, anuskaNESTLE, Sunshine.Sunshine и 9 други им се допаѓа ова.
  17. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Јас пак знам за правилно, а нездраво хранење и обратно. Поентата на муабетот ми е дека ти можеш правилно да се храниш да внесуваш и овошје и зеленчук, но ако е полно со пестициди или генетски модифицирано, може да конзумираш ,,посно“ пилешко месо, но ако е полно со хормони, може наместо месо да конзумираш соја(која кај нас е без исклучок ГМО), може да користиш маслиново масло, но ако е со сомнително потекло и далеку поевтино од квалитетното,и ред други примери; тоа значи дека ти правилно, но нездраво се храниш. Муабетот ми е дека храната која ја конзумираме е со сомнителен квалитет и потекло, па џабе се комбинациите за правилна исхрана.
     
  18. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Кампањава треба да им удри на свест на родители со мали деца. Пред некој ден останав вџашена кога на улица сретнав мајка со дете. Не станува збор тука за килажата но неизбежна е да ја споменам. Жената беше со мало дете да речам околу 5 години. Девојчето за годините беше предебело, воопшто и за здравје на толку мали деца не личи толку голема килажа. И оддеднаш девојчево почна да и вика на мајка и дека е гладно и мајката со сиот здрав памет извади кесе чипс од оние големите и го даде на девојчето.
    Јас ваква :o
    За такви случаи и те како ја подржувам кампањата за здрава исхрана.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Една мисла на која наидов пред некое време вели вака: Сакаш да се храниш здраво? Јади сé што нема етикета.
    И во голем дел од случаите е точно.

    Дома се храниме релативно здраво, барем споредбено со повеќето семејства. На есен домашните трошоци ни се најголеми, бидејќи се снабдуваме со месо за преку целата година. Свинско и телешко не купуваме од месарници, туку исклучиво од луѓе кои чуваат стока и знаеме како е чуван добитокот. А од рибник е снабдуваме со речна пастрмка.

    Сирење веќе купивме, една канта од кај чичко Јусуф кој живее во планинско село :)

    Млеко исклучиво домашно, што после дома го вариме. Многу ретко купуваме тетрапак, ептен ако не сме во можност да земеме домашно. Ама избегнувам да го пијам, затоа што знам дека е полно со прашаци.

    Јајца – исто. Моите дома никогаш не ми дале фармерско јајце, дури и за Велигден мајка ми чува посебна кошничка за мене и сестра ми. Домашните јајца се скоро двојно помали од купечките, ама барем знаеш дека не се полни со хормони.

    Зеленчук – исто. Купуваме од блиски луѓе кои си имаат бавчи и произведуваат доволно за нешто да продадат. Знаеме дека не се воопшто прскани. Е сега, патлиџаните не изгледаат фенси, сите се со различна форма и големина, ама се ептен вкусни.

    Мед дома секогаш имаме, ама и за тоа внимаваме каков купуваме. Чичко ми го произведува и знаеме како е произведен и каде се чувани пчелите. Маслиновото масло моите го користат, јас еве искрено си кажувам дека не ми е многу вкусно, но се трудам да го внесам во исхраната. Оцет купуваме јаболков, домашно произведен од овоштарник во Варвара.

    Кечап секогаш домашен, мене купечкиот не ни ми е вкусен. Сокови не ни пиеме, мене не ми гасат жед, туку уште толку прават да ми се пие вода, зашто се полни со шеќери. Најчесто пиеме чај, што сами си го береме од планина.

    Зборот ми беше – немојте да мислите дека ако сте купиле зеленчук, кој патем е полн со живи отрови, многу добар избор сте направиле. Или ако сте купиле пилешко, за кое знаете дека му шибале хормони. Или ако сте купиле јогурт или млеко кои се полни со прашоци.

    Во денешно време, здравата храна е многу повеќе од она еве денес јадев брокула и морков за ужинка. Треба да се внимава од каде таа брокула и морков се купува. И на пазар почнаа живи отрови да продаваат, не се залетувајте дека е здраво ако е од пазар купено. Пријател на татко ми не му дал краставици затоа што претходниот ден ги прскал. А на пазар ги продава.

    Моите дома отсекогаш внимавале што купуваат. Порано на улица додека игравме жмурка, децата јадеа сендвичи со салама посебна, а јас и сестра ми никогаш во животот немавме пробано таква. И еднаш кога сестра ми отишла во продавница и купила за да проба, на мајка ми коса ѝ се крена!

    Сето тоа што го набројав прво е тешко да се најде, а второ чини пари. Убаво кажа Луничка – да се храниш нездраво е скапо, а да се храниш здраво е уште поскапо.
     
    На Mishela, bittersweet, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Па вака по твое испаѓа дека јогуртот е нездрава храна пошто не е Баланс:^) А тоагш логично следи дека ни млекото не е здраво зашто има висока масленост. А недај Боже па домашно, кога ќе фати една коричка горе,може и маснотии да ти покачи:^)Мислам логикава која ви е, браво, здрава храна е ако е вештачка, нели вештачки произведено млеко со таму колку беше најниска масленост, Баланс, кој патем можда не ви кажале дека е произведен од прашок(facepalm) или индиски ореви зашто во МК нема обични најобични ореви?! Мене малце ми личите ко во заблуда, едно се зборува друго се тврди, трето се прави:) А, и има уште, вегетата е штетна зашто содржи сол и шеќер и уште куп конзерванси во големи количини. И не знам за вас што е ефтино ако не се 30 денари за килограм морков, или 50 денари за црвена пипер која ќе ја користиш ете не месец дена ама две недели сигурно, колку се става се знае бре, не јадеме црвена пипер во каша со вода:?: Јас не знам како правите ваква математика, можда не сум баш во ситуација да погаѓам зашто во изобилие имаме храна од секаков вид зашто сами си ја произведуваме, ама сепак, вакви математики сепак не ми се совпаѓаат :?: Крај краева, срамота е да се прокламира како скап зеленчукот, а да се купува сирење со ниска масленост кое е и поскапо нели? Здрава храна, а не храна препишана од нутриционисти кои го завладеаја светот со нивните теории за макробиотски вакви онакви диети:!: Се мешаат баби и жаби и на крај ќе се сведиме на големи поштувачи на модерната исхрана, а не на здравата:^)