Кампања на владата за здрава исхрана

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 30 октомври 2014.

  1. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Изнесени се релеватни податоци од завод за статистика на Р. Македонија, цените на продуктите се тие, а до задутре можеме да расправаме зошто Баланс е 60 денари, а на Битолска млекара е 55. Многу е ирелеватно и глупаво да се дебатира за тоа, па и за вегетата што никаде не беше наведена.

    :x

    Поентата е дека за човек, во градски услови за да се храни правилно и здраво се потребни минимум 120 евра во месецот. А минималецот е 9500 денари.

     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Имам еден комшија кој за своето дете купува само ,,квалитетна и брендирана храна" ми вика откако се роди синчето незнае што е вода( се мисли дека пие само Кока Кола и скапи густи сокови) а детенцето ко балонче, не го оставаат подолго од два часа без јадење, а на менито главен продукт секогаш е Нутела. Човекот е убеден дека му прави се најдобро на синот, а несвесно му нанесува штета.
     
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Вегетата ја наведе ти, како неизоставен дел од јадењето:^)
    Малце си измешала работа, податоците кои Заводот за статистика мене најмалце ме интересираат зашто се однесуваат на цените а не нутритивните вредности на продуктите кои ти ги наведуваш. Не знам што ве тера да мислите дека Баланс е здрав, а обичен јогурт нездрав за консумирање:^) Пак се сведувате на истото, мачкање очи и гледање на работите од висока нога|( И колку за да не ми е атер, ако земиш така најздраво е да консумираш кисело млеко:angel: А тоа е 35 денари канче:)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    288.719
    Една чаша млеко со 3.5 % содржи 24 мг холестерин. Може не делува на прв поглед многу, но бидејќи дневната доза не треба да ја пречекори границата од 300 мг, не гледам штета да се пази каде се може.


    Има причина зошто голем процент од генерацијата на нашите родители се со шеќер, холестерол, срцеви заболувања. Делумно со беспарицата и стресот....но голем дел и поради комбинации во исхраната за кои не ни биле свесни дека не се најдобар избор.
     
    Последна измена: 3 ноември 2014
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Вие мн ги измешавте брзините....нема да коментирам многу, само би кажала дека скоро сите зеленчуци и овошја се прскани и не знам какви, вие мислите ако купите од пазар или од некој познат поарн ке е ? најарно е дома да си садите АКО веќе тоооолку многу пазите да е здраво, да е вакво такво онакво...па мед земвале само од не знам каде па месо само домашно, синкир вие знајте домашните со што ги ранат...не можите да знајте се додека не имате вие, така да ако толку многу мислите дека мн добра е кампањата да земиме дома се да чуваме, ќе посадиме, ќе гледаме животни и така ќе знајме дека зеленчукот не е прскан а дека месото не е со хормони!!
     
    На nena2010 и Bridget им се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Кога веќе се спомена холестеролот и во темава, да го кажам и мојот став.

    Последниве децении во популарната медицина, холестеролот* е толку сатанизиран што луѓе бегаат од него без да знаат зошто (зборувам генерално, не се однесува на danichap). И јас ја правев истата грешка, сè додека (пред години) не си навлеков сериозно хормонално нарушување. Тука беше пресвртниот момент во мојата исхрана. Денес не ми е страв од парче полномасно домашно сирење или чинија полномасно домашно, овчо кисело млеко. Секако не се на трпеза секој ден, но кога ги има, не ги заобиколувам:tmi:. Сè e во мерката.

    *Холестеролот е дел од клеточната мембрана на секоја клетка во телото, учествува во синтезата на стероидните и половите хормони, важен е и за трансферот на липосолубилните витамини итн.


    Затоа велам, не се плашете од мастите (особено не од несатурираните), но внимавајте на скриените шеќери и сол во light верзиите на млечните производи.

    Побарав видеа од кампањата на YouTube, изгледав 4 и сметам дека (независно колку е банален целиот проект и која е вистинска позадина и примарна цел на истиот), ако барем десетина луѓе се замислат и решат да променат само дел од својата исхрана на подобро, (парите испрани или не) не би биле фрлени во ветер.

    Целна група на кампањава не се само градежни работници и земјоделци, поверојатно дека тоа сме останатите, со позаседнат начин на живот. Добар дел од нас поминуваат 8-10 часа пред компјутер.

    Смешно е да се очекува дека сега цела нација ќе шета и ќе грицка морков или целер и дека секој од дома ќе пакува салата за голем одмор на своето дете или за паузата за ручек, но тажно е кога гледаш дека има луѓе што можат да си дозволат, а се крајно игнорантни и тераат на автопилот (според усвоениот модел од родителите) и така продолжува домино ефектот. Ако не за себе, барем за своите деца да внимаваат повеќе.
     
    Последна измена: 4 ноември 2014
    На Serafima, Daydream, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    И оној што си сади во бавча треба да фрли ѓубриво, пред да сади и во тек на процесот. Или ќе фрла тирана, уреа, 3Х15 или толку ќе набере, прво за него а после за на друг да даде или продаде.
    Компирот ако го фати компирова бубалачка има две опции. Првата е да ги напраши. Втората е да ги остави да се расипат и ништо да не извади. Патлиџанот ако го фати мушица, ќе се скапат патлиџаните уште пред да узреат, или ќе ги напрска, нема да бере некој ден додека е свежо прскано, ама ќе има што да набере.

    Што ќе им прави? Ќе им пее како Радован на пеперутките да се тргнат од зелките и да дојдат на магарешкото трнче, мота мота мота, дојдете пеперутки на магарешкото трнче ќе имате убави гасеници мота мота мота:P

    Друга работа што ми текна од сабајле...дали се свесни што пропагираат? Ќе се храни народ здраво. Ќе живее подолго. Пензиско и здравствено ќе се истошти. Пензионери по автобуси дупло. Жалете се после, а со свој камен по глава :rofl:. Четири генерации дома. Замислете проблемите со снаа и свекрва :!: замислете две снаи и две свекрви, ова комбинација со најстарата главна свекрва, со две снаи од кои и едната е свекрва, кои сега се ретки а ќе станат секојдневие, сирота најмала снаа. Извини да и кажете кога ќе дојде на фемина по совет :drunk:
     
    На softy1, Emy867, nena2010 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    288.719
    Целосно се сложувам до-ре-ми, посебно за делот со скриените шеќери и непотребното лишување од продукти кои секако од време на време се присутни на трпезата.
    Потеклото и составот се најбитни.
    Го наведов примерот со млечните производи со масленост 3.5 како еден општ пример за продукт кој секојдневно можеби е присутен на менито, и тоа цел живот.
    Со исклучок на намаленото присуство на витамин а, млечните производи со масленост 1.5 содржат иста количина на калциум, витамини и минерали како и 3.5 а далеку пониска вредност на холестерин.

    Слично како и маслото за готвење кое се користи секојдневно, вакви мали совети има безброј, според мене би биле добредојдени за производите кои секојдневно се користат и наместо да се подаде рака кон еден, во кошницата да го ставиме другиот производ.
    Бидејќи после секојдневна употреба со децении сигурно таа мала одлука може само од плус да ни биде.
    Едуцирањето е неопходно, а посебно за производите кои секојдневно ги користиме и на долга стаза и те како прават разлика.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ane.a

    Ane.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Баш зборев на оваа тема со еден човек, ми вика лага е дека здравата храна е поскапа од "нездравата"
    денес ретко кој јаде дома и има време да зготви па се оди на фаст фуд а да направиш дома ручек пример имаш боранија, леќа, грашак, супа со зеленчук и пилешко,грав ,ориз ,компир манџа, било кое од овие јадења чини мaксимум 200ден а ќе јаде 4 -члено семејсто а еден хамбургер е 150 ден ,па напрајте пресметка.
     
  10. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Содржината на ваквите кампањи е сосема ирелевантна, може да биде и кампања за виткање на фекалии во целофан - тоа не значи ништо.
    Она што е важно е што ваквите кампањи служат за трансфер на јавните средства во џебовите на политичарите и ``подобните`` квази-приватни фирми. Така што не разбирам зошто воопшто се дискутира за самата соджина која е тривијална и беспотребна, по мерка на оние кои треба да ги грабнат вашите пари.
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.
  11. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Убава им е идејата,уште платите да беа едно 200 евра по високи и ќе ги применивме нивните совети и во праксата..
     
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Добро девојче и понатаму не ја гледаш шумата од дрвото.
    Станува збор за пристојно гледиште на нештата во градски услови. Во центар на Скопје, на тераса од 2 квадрати, сигурно нема да насадам нива со потребни прехрабрени продукти. Реално изводливи концепции не се на одмет кога треба да се размислат и применат на дело, а не само како папагали - садете дома, садете дома.

    И стварно ми е криво што треба многу пати да повторам дека голема е сумата за здрава исхрана во ГРАДСКИ УСЛОВИ наспроти сиромашните примања, односно просечните од 200 евра на граѓаните, кога за храна ти се потребни 120 евра. Затоа и ти е дадена на увид статистиката. Имбецилно и крајно невкусно е да солиш што треба, отколку да помогнеш каде што треба. Преименување на кампањата од типот:
    - Варете го или печете го месето, не правете запршка на манџата, итн е повеќе делотворна отколку зобајте фстаци од 700 денари кг.

    Чисто информаривно, вегетата од кога стана луксуз? Нели треба човек во месецот да си дозволи сол, кафеав шеќер, млеко со ниска масленост или кафе?
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Добро ДЕВОЈЧЕ, кај прочита ти дека зборувам да си насадиш зеленчук и овошје? Убаво кажав ЗА ОНИЕ КОИ ИМААТ УСЛОВИ. Сите останати имаат избор на пазар или во месарница. Во маркет на одделот сувомеснато или млечни производи. Избор! Сигурно не се сади јогурт! А ти ми кажуваш дека Баланс е здрава а обичен јогрурт нездрава храна. Дај не ми ги извртувај работите. Ти беше таа која упорно тврди колку пари треба да се потрошат за да јадеш храна која ТИ сметаш дека е здрава за тебе, а не воопшто здрава. А добро знаеме дека најголем дел од продуктите кои ја сочинуваат здравата храна се ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ. Ти очигледно не сфаќаш или не сакаш, или не знаеш да одговориш што за тебе спаѓа во здрава храна!? Па после ќе извадиме пресметките и ќе видиме кој за што троши. Споредбата помеѓу кафеав шеќер и обичен шеќер не е иста како испоредбата за третокласни салами и домашно зготвена чорба. Што всушност и беше тема на дискусија. Ама ти ја направи работата да замине во друг правец, а колку за информација, има здраво,поздраво и најздраво, па секој има право за своите услови да одбере што највеќе му одговара. А штом станува збор за избор, не е на одмет и малце повеќе да се потчукне свеста.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.673
    Допаѓања:
    161.912
    Да ви кажам колку е загадено и земјиштето во скопската котлина и дека не постои никаква шанса да се произведе зеленчук без да биде прскан, а да не зборувам за киселите дождови кои го уништуваат родот во последниве години... Не се лажете дека ако купувате од проверени места дека навистина се сигурни производите.
    Да ги видите анализите од почвата во државава, како и од водата што паѓа, ќе се запрепастите.
    Оваа година паднаа дождови кои буквално ги изгореа ливчињата на билките.

    Ана Каренина, не се согласувам дека домашното кравјо млеко е здрав избор. Ќе ти кажам зошто и прилично сум информирана за овие работи заради х причини. Кравите примаат хормони за да може да продуцираат постојано млеко (па и во поголеми количини уште), особено во денешно време. Ги оплодуваат и по вештачки пат. А од друга страна, млекото како такво не е здрава храна затоа што на возрасен човек не му е потребно воошто, не апсорбира ништо корисно од него, туку му создава оток во телото, кај жените го зголемува ризикот од рак на дојка.
    Исто така и традиционалното снабдување со месо за цела година. По 3 месеци мраз ги губи своите нутритивни вредности и почнува да мириса чудно, колку и да е добро спакувано. За да биде проверено добро тоа мевце прасињата бараат многу поинаква нега и чување без стрес. Кај нас ветеринарите ги клукаат со глупости и е неизбежно, Не можеш да купиш прасе те месо ако не е ветеринарно испитано за доброто на сите, ниту пак месо од невакцинирано и прочистено прасе... така што... не верувам дека само им земаат крв и ги испитуваат и го чекаат да се загои само од себе ете така здраво. Превентивно ги стегаат со триста глупости.
    И рибата од рибник е најлошата риба. Буквално ги сеат во рибниците и не го имаат истиот квалитет како риба уловена која слободно се хранела и растела во чисти езерски или речни води. Особено за ова читав и пред една недела, важеше за сите риби, ама лососот е најлош од рибник, храна која и би требало да се забрани.


    Да не ме сфатиш погрешно, не мислам да се мешам во ничија кујна, само сакам да посочам да не постојат заблуди, а верувај ми прилично добри ми се изворите и запознаеноста и ти го кажувам со добра намера,искрено,а не да паметувам. Зошто? Затоа што полека дознавам дека постојат прилично многу профитери кои ќаруваат пари на сметка на здравје и лажење.
    Од друга страна и ние како семејството на Мимс садиме домати, тиквички, краставички, модри патлиџани, па и произведуваме мед (кој бај д уеј е најблагородното нешто и сум заљубена во ова хоби-бизнис) кој не може да се нарече органски само затоа што немаме доволно еколошка средина дури и во Папрадиште - Велешко и при тоа од билките она кое не беше заштитено со колку толку безбедни хемии тотално се уништи. И не ми е информацијата само од свое искуство, туку и од искуство на големи производители на зелечнчук. Погубно е во државава последниве години да се произведува нешто нормално и здраво, особено ако ти е бизнис за прехрана на семејство, па земјоделците немаат избор и пак едвај крпат крај со пракј.

    И за крај, место да си купите лајт маргаринче, сто пати поздраво е да намачката свинска маст која и всушност не била толку страшна ако се конзумира наместо сите други билни масти. И не предизвикувала холестероли. Прогуглајте околу оваа наша заблуда. За мене е гадна помислата, ама ете...така си било.

    И ова беше пост тотално надвор од темата, ама да, потрошувачката кошничка е празна и непостоечка ако се водиме според препораките на рекламите!!!

    И сасвим неповрзано, се ежам од изразот не ја гледаш шумата од дрвото, мисла особено раширена од Менаџмент на Бобек Шуклев. Да не беше човеков ќе бевме понеписмени за една реченица, ето ти... #хехе
     
    На Hipster, softy1, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    За мене е бесмислена било каква кампања за здрава храна се додека околу секое основно и средно училиште има барем 2-3 сендвичари, кои истата влада која проповеда за здравата храна им дала дозвола за работа.
    Во Скопје во основните училишта ужината која чини 600 денари месечно за деца се состои од:
    Понеделник-1/8 бурек со месо
    Вторник-Блага кифла и смоки
    Среда-Пица
    Четврток-Кифла со јогурт
    Петок-Баничка со сирење и банана.
    Ова информација од внукот од братучед што има 7 години,како сега дома да го убедат дека смоките се нездрави како и остатокот од тоа што го јаде кога на училиште тоа му го даваат, а нели ги учиме децата дека училиштето е место каде треба да научат што е правилно а што не, мислам дека треба владава да се позанамава со оваа проблематика а не што вика Лилит да гради куќа од покрив.

    Пишував чинам во темата за здрава исхрана на децата дека кај мене сендвичари немало ни кога јас сум одела на училишта а камоли сега, сега поради проблемот со се поголемата дебелина на нацијата има список на дозволени производи со кои можат да се хранат децата на училиште и во мое време си носевме од дома јадење и сега е исто.
    Можеби тие деца дома повторно ќе ги хранат со Мкдоналдс итн ама еден оброк барем во денот ќе јадат здрав, ќе јадат барем еден вид на овошје и ќе пијат вода.

    Јас се трудам да ги хранам децата со здрава храна, моето дете кога ќе му дадеш избор меѓу хамбургер и авокадо ќе одбере авокадо, од хамбургерот го плука месото, не е научен да јаде такви процесуирани срања, ово кога не викаат на роденден во Мкдоналдс, Хангри Џекс итн.
    На децата барем двапати во денот им давам порција со овошје, сиров зеленчук онака низ игра се ќе си изедат, 90% од се што јадат дома им приготвуваме.

    Во двор имам еден куп овошни дрва (смокви, мандарини, круша, сливи, јаболка, манго,пашионфруит) садам и секакви зачини, чили пиперчиња, моркови, чери домати, цвекло, тиквички, краставици, ги ѓубрам со домашно ѓубриво од компост бин, ставам во него отпадоци од храната и си прави ѓубриво.
    Месо, млеко, јајца дел купувам од органски фарми, дел свекорот ме снабдува бидејќи се бави веќе подолго време со органско производство на зеленчук и овошје.

    За мене здрава храна претставува домашно приготвена храна, што помалку обработена толку подобра, се трудам да не им давам на децата храна што е полна со емулгатори, конзерванси итн и не, не им никнале рогови затоа што не јадат смоки, паштети, виршли.
     
    На Dust, artemidis, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.533
    Допаѓања:
    139.549
    Семејството е основната клетка на оштеството. Децата прво се хранат и воспитуваат во семејството, а после во градинките. Бурек со месо ако е за појадок, мајката може дома да му даде нешто поздраво за јадење, ама подобро е да кажеме дека државата не чини, отколку само да се погледнеме и да кажеме дека нездраво си ги храниме децата?
    Инаку, се сложувам дека треба и градинките да се освестат, и не им треба влада или кој и да е за да почнат здраво да ги хранат. Програмите им ги носат општините, а они сами ги изготвуваат. Така што, ако родителите побараат кај директорот, ке добијат.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.497
    Допаѓања:
    13.754
    Смешна е кампањата и не верувам дека ќе има некои ефекти. Во државата има многу покрупни проблеми од нездрава храна.
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Ама чекај сега...од една страна велиш дека на родителите што им даваат бурек за доручек на децата им треба оваа кампања за да се освестат, а на градинките, ДРЖАВНИ институции за згрижување на токму ТИЕ деца - не, тие можеле и сами да го направат тоа??
    На мене лично, како родител и поборник за здрава храна, не ми требаше кампањава ама ич, јас одамна сум разграничила со себе како мојата фамилија ќе се храни согласно нашите финансии. Мене најголем проблем ми беше и се' уште ми е околината и градинката (државна нели)! Јас како родител не давам месо, а тие 5 дена во неделата им блендираат во секое јадење месо од сомнително потекло, на тендер најверојатно најефтиното. Им тураат сок од тетрапак, Цедевита, кроасани и разни други ''пакувани'' храни. Јас дома здраво ја хранам, државата ми го уништува детето. Нели е малце иронична кампањава??
    Нека најде некој колку чинела кампањава, ако има воопшто таква можност, да видиме колку со тие пари ќе можеше да се промени исхраната во градинките. Да одземиме од тоа и 2-3 споменика, не мора повеќе, и ОП - имаме здрава исхрана на најмалите!
    Секоја навика која се мачев (заради околината) да и' ја всадам на ќерка ми, падна во вода со градинката. Што мислите, деца кои јадат овошје, зеленчук, мешунки, посурова храна, а никаква купечка и обработена, дома кога ќе дојдат ќе бараат бурек? Не драги мои, тие цело работно време поминуваат таму и 100% сум сигурна дека после тоа ќе можат дури и да им посочуваат на родителите што чини, а што не.
    Наместо да кажува рецепти, нека информираат накратко (флаери, улични предавања) за нутритивните вредности на секој производ, здрави комбинации, здрави напитоци. Нека ги забранат рекламите за вештачки сокови, Нутела, виршли и паштети. Нека ги забранат рекламите за ''витамини и минерали во апче'', магични оздравувачи, и нека објаснат како храната може да те лечи.
    Не ни требаат повеќе амбуланти за депресивните, ни треба државата да престане да мава четки и конечно да се зафати со КОРЕНОТ на проблемите, не со последиците.
     
    Последна измена: 5 ноември 2014
    На Hipster, imelda, BloodElf и 10 други им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Мислам дека малку избегавме од контекстот на темата, само да ти одговорам

    Вака Лилит, на големи фарми како што се Трубарево да речеме, верувам дека постои сето тоа што го наброја. На Запад особено. Америка има цел систем разработен за такво масивно производство на млеко, кај што ги клукаат кравите со сé и сешто. Превентивно ги вакцинираат со секакви глупости, ако си гледала документарни емисии од памет ќе се извадиш. Ама затоа реков домашното кравјо млеко. Селанецот што чува по 2-3-5 крави во штала, те уверувам дека не користи никакви хормони. Прво затоа што се скапи. Ако се разболе кравата, се вика ветеринар, тој ѝ дава лекарства и кажува после дали веднаш измолзеното млеко смее да се пие. Затоа некогаш татко ми ќе се врати со празна торба – нема млеко. И тогаш пиеме тетрапак (за кое не можеш да ми кажеш дека е подобра опција). А за отоците и ракот на дојка баш ме заинтригира да истражувам, за тоа прв пат слушам. Не знам зошто возрасен човек не би апсорбирал ништо корисно од млекото кога содржи во него и масти и белковини и калциум. Мајка ми кога скрши рака пред пола година, погоди што ѝ препорачаа – млеко и млечни производи. Јас исто така имам ниско ниво на калциум, пијам и апчиња, ама и млеко (до душа во последниве години само за кафе и десерти го користам, ретко чисто млеко во шолја).

    За свинското и телешкото тоа една година не беше во буквална смисла , тоа ти е исто како и зимницата :lol: Се јаде во наредните 5-6 месеци. После во летниот период и самите си ја менуваме исхраната и не јадеме толку месо. Прасињата што ние ги купуваме не се клукани со ништо за наеднаш да пораснат, тоа го има на фармите. И на телињата таму им шибаат анаболици за брзо да постигнат мускулна маса и да бидат поголеми. А овие прасиња што ги чуваат по селата, се хранети со жито, јачмен, трици. За таквите вештачки средства селанецот ниту знае, а и ако знае – скапи ќе му бидат. Тоа чини пари. Оди од месарница купи, па дојди кај мене на ручек и ќе видиш разлика во месото. Луѓе што работат во месарници не купуваат од таму месо, или ептен прибираат, затоа што тие залепени декларации којзнае колку се точни. И којзнае од каде е довлечкано месото, дали е од Полска, дали е од Бразил, колку пати е замрзнувано, колку пати е одмрзнувано. И сега која е подобра опција според тебе?

    За рибата – ако онаа од рибник е најштетна, која ми ја предлагаш ти? Знам јас дека таа што е слободно пуштена во речни и езерски води е подобра (ама и тука има многу исклучоци, особено како што ни се загадени водите). Ама да пуштам трската секогаш кога сакам да имам риба дома на трпеза – не бива. Башка речната пастрмка е многу претпазлива, неа можат да ја уловат само искусни рибари :wasntme: Ние купуваме од рибник кој се наоѓа на планинска река и потазе риба од тоа не можеш да најдеш. Еднаш купивме запакована од Фриком и никогаш повеќе. Едната риба беше тазе, другата беше пожолтена и мирисаше. Оние од Метро па не се ништо поарни. Од каде да знаеш од кај е таа риба? Може баш од рибник ти ја донеле тука. И од кај знаеш колку време стоела таму? Вака се качуваш во кола, одиш на излет на планина и си купуваш тазе риба.

    За кокошките и јајцата да не правам маубет. Еве татко ми доаѓа денес, ми вика: Баба ти Велика рече немало јајца, ладно било времето :D На многу ладно или многу топло време, домашните кокошки не даваат јајца. Ама не се чувани во онакви кафези како што ги има по фармите, не им вбризгуваат хормони, па не даваат јајца константно. Оди на пазар и види ги цените. Домашните јајца се скоро двојно помали и чинат 10 денари. Фармерските се како од гуска големи и чинат 8 денари. Ама да ти е страв од нив во уста да ставиш.

    Сума сумарум каков заклучок ќе изведеме? Ништо да не јадеме. Или сами да си направиме домашна фарма, бавча, па да јадеме тоа што ќе одгледуваме.
     
    На simoncelicius, Edie.S, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    288.719
    Барем од примериве кои ги наведуваме се надевам стана појасно дека не е бес или чепатење кога некој преферира млечен производ со помала масленост, селско јајце и сл.
    Едно е поефтино да се мине, ама тоа не е тема на дискусијава, туку поздраво.