Јас пак со моето селце ама во контекст на муабетов со млеково. Баба ми чуваше коза, и чим си ја чуваше за неа нормално и дека се грижела се да биде како што треба. Има и други луѓе кои си чуваат овци, крави, кози... и освен млекото си прават и сирење. Кога ќе отидевме во село нормално беше кој ќе дојде да донесе нешто Еве имам 25 год. мене мајка ми никогаш не ми дозволила да се напијам пресно млеко и да јадам домашно сирење, урда. Вика можда и тоа што го купуваме не е добро ни млекото, ни сирењето ама барем поминало низ машини.
Дали ќе го замрзнеш месото сам или од месарница не знам баш дали е исто, бидејќи тие нутритивни вредности кои спомна дека се губат, се губат баш при одмрзнувањето (нели тече сок од месото кога го одмрзнуваш, во тој сок се тие хранливи вредности). Работата е тоа што ти дома еднаш го замрзнуваш месото и после си го вадиш од замрзнувач за ручек. А месото купено од месарница прво не знаеш колку пати е одмрзнувано-замрзнувано, второ не му го знаеш потеклото. И баш правев муабет со татко ми на оваа тема (кој патем има друга титула, не е доктор ). Јас не реков дека прасињата, или било кој друг добиток не е вакциниран, затоа се тие обетки на ушите што ги носат. Ама тоа се редовни вакцини, какви што добива и кучето мое. А во големите фарми добитокот превентивно го клукаат со секакви антибиотици, зашто една крава не смее ниту настинка да фати. Отиде цела фарма после тоа. Добро, како и да е, дискусијава може до недоглед да тера и да се убедуваме. На крајот на денот, секој ќе јаде она што сака и мисли дека е здраво.
Идејата сама по себе не е лоша. Ми се допадна во кампањава што барем во некои од рекламите акцентирани беа јадењата без месо. Реалните темели на здрава исхрана не смеат да содржат риба и месо (вклучувајќи го и она божем органско-еколошкото месо). Не ми се допаѓа начинот на кој што сето тоа се изведува, бидејќи звучи како потсмевање со народот. Не секој има бавча, многумина одвај имаат за бел леб, камо ли за тнр. здрава храна. Наместо ваква кампања, мислам ќе беше сепак покорисно да се спроведеше кампања против ГМО и кампања за поефтина органска храна, брокула на пр. Како тоа брокулата 100-150 ден./кг кога тоа е зеленчук кој се размножува со брзина на плевел??? И зошто ладно цеденото сончогледово масло, интегралниот ориз, темниот шеќер и сл. да бидат поскапи од обичните, кога не поминуваат процес на избелување и термичка обработка? Добивањето на тие интегрални работи е далеку поефтин - соодветна треба да биде и цената! Тогаш народот речиси автоматски ќе се храни поздраво.
Крај на дискусија http://proverkanafakti.mk/recenzija-1800-denari-za-eden-zdrav-ruchek-po-recept-na-vladata/
Една моја баба еднаш ми рече: "Порано јадевме црн леб затоа што немавме пари, сега го плаќаме 2 пати повеќе од белиот."
Интересно ова: Волку, Волку вели да јадеме ТРАДИЦИОНАЛНА здрава македонска храна, а у секој рецепт користи ладно цедено МАСЛИНОВО масло! Колку што знам, овде нема маслинки...
Има во Македонија, додуша Егејска Македонија, ама па нели тоа си е наше... Додуша за волја на вистината има маслинки и во Дојран - ако сте влегле низ Кам Маркетите можете да најдете Дојранска маслинка но немам слушнато дека прават ладно цедено маслиново масло.
Само мене кампањата за здрава храна ми отвара апетит за нездрава??? ... пржени лепчиња...од дете немам јадено. Вчера ја гледав епизодата... и утрово и се наканив на мајками на пржено лепче и сирење. Женава ми вели кај ти текна...Е кај ми текна де?
Јас многу добро знам како и што да јадам,рецепти имам на нет,а владата може само со пари да не појача и нема д аима проблеми
Многу нереални реклами. Никој нема стандард да готви и да купува ладно цедено маслиново масло. Маслото е добро зошто го намалува ризикот од срцеви заболувања, тоа е точно но е премногу скапо за да се користи секој ден. Не познавам никој што готви секој ден со маслиново масло. Ако јадеме месо два пати месечно цел метаболизам ќе си го пореметиме. Мора да се внесуваат и протеини и јаглехидрати и масти. Не може цело време салата да јадеш и да сркаш супа. Рекламите се катастрофа, а мислам дека и не треба да се пропагираат такви бесмислени работи.
Јас готвам секој ден со маслиново, за салати. Буквално секој ден јадам салата. За маслото... да прашам. Колку масло трошите неделно? Месечно? Се пржите по дома и трошите многу? Епа прекинете да пржите. Не е здраво. Јас купувам 10 кила маслиново и ми трае една година. 1500 денари е тоа отприлика, го купувам од Грција и ми трае една година. Јадам зеленчук и овошје без да ги пржам, а во тестенини ставам мнооогу малку масло. Знам куќи каде трошат по 5 кила зејтин месечно!!! Во тие семејства месото е пржено, зеленчукот е пржен, јајцата се пржени, тавчетео од шпорет не се трга. Епа за нив скап е зејтинот. Не мислам дека е глупа кампањата, мислам дека луѓето јадат прженици.
Маслиновото масло е одлично за салати, меѓутоа јас колку што знам, не се препорачува за термичка обработка на храната. Еднаш мислам водевме таква дискусија, па Моира ако не се лажам или Анат објаснија нешто повеќе околу тоа. Кај нас ретко се пржи, никој по дома не е љубител на пржена храна, па многу ретко јадеме таква. Ама затоа пак речиси секој ден се пече домашен леб, секакви месени работи и се готват манџи. Дури и она кое обично се пржи, ние го печеме, повкусно ни е така. Факт е дека глупава им е интерпретацијата, кампањата е сосема во ред, ама како и обично, реализацијата е слаба.
Благодарени на кампањава за здрава исхрана, цената на сите апетисани порасна магично преку ноќ. Не очекував да се намали, ама па не и да се зголеми. 800 денари кило фстаци. 650 бадеми, 700 лешници. Горе доле во просек толку се на пазар зелен на мерење, каде се поевтини него по маркетиве. Супер што ни кажа примиерот што да јадеме а што не, само за економијава да поводеше есап поише немаше да биде лошо. Сепак по професија не е нутриционист, туку економист, нели?
http://www.srekja.mk/faten-na-delo/ ми текна на темава кога ја видов сликава Иначе многу глупава реклама,сите ние знаеме што е здраво и природно,само уште и цените да ги намалеа,па да почнеме здраво да се храниме,а не денес на пазар гледам пиперот 160денари,а за оние бадеми,фстаци и слично да не зборам..торта со бисквити ке си правиш,или фстаци од кам и тие едно пакетче ке го штедиш за цела торта,зашто одвај 10тина има,а да не зборам ако така ти се пријаде...само да те настрват.. Сите ние сакаме да јадеме разновидно овошје и зеленчук ама со нашиов стандард и цените ќе си купуваме само јаболки,мандарини портокали...
Овие како почнаа у живот да ни се мешаат со пропаганди и глупости, уште у WC не ни рекламираа кога да одиме и како тоа да го правиме.
Леле цениве, еднa дневницa дa дaдеш зa пoлa килoгрaм бaдем или лешник. Уствaри цените се кaкo и секaде, плaтите зa никaде. Пa уште имaaт лице и вaкви кaмпaњи дa прaвaт.
Ајде што трубеа цело време со рекламиве да се избегнувало тоа пусто мрсно, па и вчера, прв ден Велигден, излегува доктор на телевизија и вели полека со мрсното и алкохолот денес. Абре аман, луѓе постеа 7 недели, нека си каснат без да слушаат попувања на телевизија! Ко да не знаеме ние дека со мрсно не треба да се претерува
Знае докторот што зборува. 7 недели пост и после јадење мрсно и месо, резултира со пукање на жолчката, прејадувањето со куп воспаленија.Шок е тоа за организмот. Ако ти знаеш дека по послт не смееш да јадеш мрсно, има некои што не наат. Луѓе умираат од јадење на Велигден, среќа ги спасуваат со операција, им вадат жолчка навреме. Кога им прскаат жолчките, плачат од јадење по 5 јајца на ден, оти се нафукале свинско. Процедурата од оние што се прејадуваат за Велигден, а уште не се воспалила жолчката е гадна По 7 недели пост, според мојот доктор, доволно е да каснам пола јајце вечерта, утредента малку месо, 3 залака и толку. А не да се истовам Не е негово месото па да вика да јадам помалку