1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камчиња во жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Alondra, 17 март 2011.

  1. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Би сакала да знам дали некој правел операција за отсранување на жолчката, каде и кој хирург и после тоа како се чувствува? Дали лапараскопски или класично?
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мајка ми правеше лани лапараскопски, 6 месеци не требаше да јаде јајца и такви ствари, шо е нормално, а кој лекар шо неам поим. :)
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
  4. emekreme

    emekreme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    206

    а каде се правеше мајка ти операција, во која болница и колку кошташе операцијата?
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Беше у приватна, Ре медика мислам дека беше. :?: И беше мн задоволна, она беше у четвртокот, петокот, и операцијата и ја закажаа у понеделникот, не чекаше мн. :) Мислам дека беше околу иљада евра. :/.
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мислам дека лапараскопски у некои од државниве, или воена болница, јас како што слушнав беше 2 илјади, али не сум мн сигурна, али некако у приватно беше по сигурно, па сега нз. :/
     
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Мене ми рекоа дека во Војна болница е најубаво и најстручни биле. Но, мене ме интересира дали некој има некакво искуство. Сега сите ги оперисуваат лапараскопски.
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има исто една пријателка, шо се оперираше пред нејзе,у воена болница.. И она добро помина. :) Нз точно за неа, али мајка ми ич не ја болеше само 2 ден али мннн малце. :)
     
  9. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Јас не знам што да правам. Треба да одам на операција ама се мислам каде и кај кој. Ми е страв па... ама морам да одам. Фала Еленнаа!
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Што направи? :)
    малце касно али..
     
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    A nekoj da koristel apcinja za topenje na kamenjata?
     
  12. peperutka85

    peperutka85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Имам 25 години, пред 9 месеци се направив лапараскопска операција на жолчката, и не беше ништо страшно како што мислев. Болките и проблемите ги трпев скоро 2 години, пиев наразлични бабини лекови, чаеви, и што уште не пробав. Дури бев и до едно Прилепско село кај една жена што демек давала лек за исфрлање на камења во жолчката... може на некој помогнала ама на мене не, па отидов и кај друга жена во Ѓорче и таму пиев некоја течност што беше гадна.... Со надеж ај да пробам и тоа да не ми помогне но освен што потрошив илјадници денари за се што се напив и пробав немаше никаков ефект пак повторно јас секоја втора вечер одев на дежурен на инекција. Се додека не собрав храброст и отидов по старо во воена болница или по ново гратска болница кај доктор што извршува операции за жолчки, му кажав што проблем имам, и што се не сум се напила и кај сум била, освен што ми се изнамеа отпосле ми објасни се, што е жолчка, што функција има, и колкви се каналите од жолчката до другите органи. Сватив дека нема шанси од тие канили камен да помине, освен да дојде до каналот и да го затвори и да предизвика многу поголем проблем. Ми закажаа термин отидов во четврток одма другиот ден во петок сабајле ме направија операција и после 4 дена ме пуштија дома.... Повеќе немам проблеми, среќна сум повеќе не се плашам ако каснам чоколадо дека ќе добијам напад од болка, нема повеќе инекции и посети на дежурен лекар.. освен што сега се пазам на исхраната ама од друга страна е добро зошто водам здрав начин на исхрана, нема веќе мрсни меса, хамбургери, и нездрава храна што порано ја конзумирав. СОВЕТ до сите што имаат ваков проблем, не одете на места слични или пак исти кај што бев јас, не трошете пари за најразлични чаеви нема од тоа НИКАКОВ ама баш НИКАКОВ ефект, само операција и уживајте во понатамошниот живот :) :) :inlove:
     
    На ЕмајотаП, Meckicja, ana-banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    a после операција исто не смееш да јадеш како и пред тоа? мислам на јајца, чоколадо, грав ...
     
  14. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Бидејки и јас ја извадив жолчката и фала му на бог се излезе ок. Првите 3 месеци имаш диета пропишана храна што ти ја даваат од болница и после тие три месеци можеш се да почнеш да јадеш (грав, луто, грашок буквално се). Се друго што ве интересира тука сум :)
     
    На Meckicja и dromka им се допаѓа ова.
  15. peperutka85

    peperutka85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    одговор за didisi....
    после операција точно дека ти даваат пропишана храна, но листата што е препишана според мене е некомплетна, имаше нешто наброено но се не беше. Јас лично читав на нет разгледував страни и дознав дека после операција од жолчка не е препорачано да се конзумира на пример брокула, домат и др.
    Лично јас после 6 месеци почнав пополека да се враќам во нормала, малку по малку почнував да јадам како претходно, освен мрсна храна и свинско месо. А за прашањето од јајцата ја јадам само белката, чоколадо и тоа како си јадам и тоа највкусни ми се чоколадните торти :) :) е сега за грав и за зелка и покрај многу време поминато пробав малку и мене лично ми прават проблем, затоа се решив дека треба да помине уште време па да пробам пак повторно.
    А за тоа што го напишала Alondra дека после 3 месеци можеш се да јадеш, да можеш се да јадеш ако не ти прави проблем, но јас си се придржував кон начинот на исхрана од една причина дека сум прилично млада личност и не сакам да си направам проблеми и компликации.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srna1234

    srna1234 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    2
    а што симптоми имаше за да знајш дека имаш проблеми со жолчката
     
  17. elimila

    elimila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    и јас сум оперирана од жолчка пред 5 год.и симптоми ми беа мислам се ме болесе бубрези желудник и стомак а највеќе боли грбот како дупка да имас отворено и оди сто побрзо на доктор не си играј тоа не е за игра тој е мој совет
     
    На Ana Marija 1 и dromka им се допаѓа ова.
  18. Lady07

    Lady07 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    мозе ли некој да ми казе после операција на золцка има температура до 37 со 2 со 5 и кога ке ја каци максималната после му се симнува а веке се поминати 6 дена од операцијата што мислите што би можело да биде и дали на некој му се десило вакво нешто
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Ја видов сликава и сакав само пример да дадам како можи да изгледаат камчињата.Очигледно оваа 60 годишна жена трпела со години,а потоа лапароскопски е отстранета.Сум видела и друг вид камчиња,тркалезни и помали,ама ова е неверојатно.

    [​IMG]
     
  20. TIvona

    TIvona Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам камен на жолчка, а сум бремена. Крвната група ми е нулта позитив. Дали може да ми помогните да ми дадете некоја листа за исхрана, односно да ми кажете што смеам да конзумирам. Ве молам помогнете ми.