Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Камчиња во жолчка

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Alondra, 17 март 2011.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.369
    Допаѓања:
    20.479
    Ај не се заебавајте со некакви си природни лекови, жити све.
    Камења се толчат (и тоа со лекови) кога ептен ама ептен се мали, на почеток и се мал број.
    Ако прави напади и ви рекле дека треба операција, значи треба операција.
    И тоа дури мислам само холестеролски може да се растворат со лекови, не и билорубински.
    Па дури и да ги стопите сега, жолчка што еднаш прави камења, ќе прави и даље, па кога тогаш ќе се извади.
     
  2. sugarmama_

    sugarmama_ Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со каменчиња во жолчка во 23 недела од бременост? :)
     
  3. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Бремена Сум 30 недела, имам многу камчиња во жолчка, размислував што ако добијам воспаление, па болките се неподносливи,...
    И што ако дојди итно потреба за операција пример заглавување во канал. :whew::whew::whew:
     
  4. misli_si

    misli_si Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2020
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Не размислувај многу, внимавај на исхраната, јади полесна храна, гледај да биде мирна таа, не ја провоцирај, консултирај си се со гинекологот што би било кога би било и гледај да ја издржиш бременоста. После ќе правиш што ќе правиш. Мисли на најдоброто. Имаш уште малку
     
    На CarrieBradshow и sugarmama_ им се допаѓа ова.
  5. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Имам член на фамилија што има генетско нарушување во метаболизмот на билирубин но не му ствара никакви тегоби нити пак има потреба од терапија само што на 18 години има полна жолчка со камења. Операцијата е утре во 8ми септември и ќе видиме како ќе пројде, уназад 1 година имаше веќе 4-5 напади до сега со силни болки и на ургентен центар завршуваше скоро секогаш.

    Многу болна работа е но за жал еднаш создадени камења нема како да се стопат.
     
  6. liska

    liska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Дали некоја од членките има информација дали се следува паричен надоместок за изведената жолчка и која е постапката?
     
  7. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Каков паричен надоместок ? :o
     
  8. liska

    liska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Паричен надоместок за изваден орган
     
  9. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Не постои такво нешто , прв пат слушам. Ако било така секој ќе земал таков надоместок, да не мислиш на некаква компликација при друга операција па е извадена жолчката?
     
  10. liska

    liska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Да, постои таков надоместок само дали се следува и за жолчка, (за бубрег, матка, црн дроб има, дојка има таков додаток)додатокот е преку фондот за пензиско и инвалидско осигурување
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.369
    Допаѓања:
    20.479
    Нема за жолчка, барем не би требало.
    Прво е многу честа операција, второ не е толку потребен орган како другиве
     
  12. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Дали некоја се соочила со откривање на камења во жолчка пост породилно, дали ви дале некаква терапија за топење на каменчињата или мора да се оди само на операција и дали знаете кај нас каде може ласерски да се кршат?
     
  13. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    736
    Јас имав камења во жолчка по пораѓај ама имав напади на болка и морав да ја извадам. Ласерски не постои, мора да се извади жолчката со камењата лапараскопски.
     
    На Ellyy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.369
    Допаѓања:
    20.479
    Жолчни камења може да се стопат со лекови ама тоа само ако се ептен мали и 2-3 на број и тоа само ако се холестеролски, билирубински не. А за повеќе и поголеми и да постои ефикасен лек за топење/кршење, не е никако препорачливо оти ако некое мало се заглави кај панкреас, може да настане панкреатит што е опасна компликација.
     
    На theowndemon, Ellyy и strelec231992 им се допаѓа ова.
  15. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Колку време чекавте за операција? Мене денеска ми рекоа на клиника се чека по една година, да си барам чаре во гратска или воена ако имало шанси за побрзо а може и приватно ама ќе ме коштало околу 48000.
     
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.369
    Допаѓања:
    20.479
    Во градска лани за еден месец после термин со хирург ме оперираа.
     
    На Ellyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    736
    Најдов контакт од докторот што ме оперираше и за 10 дена после преглед ме оперираа.
     
  18. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    8.915
    @Ellyy поарно да не чекаш, болките се неподносливи, градска болница др Шенол Тахир само он
     
  19. Ellyy

    Ellyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    374
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да чекам, последно во саботата имав изгубено свест од болката моите викнаа брза помош но викаат дека тоа не било поврзано со болката од жолчката затоа што ми излегувала пена од уста па викаат дека било епилепсија. Јас имам секој втор ден болка веќе психички не можам да издржам.
     
  20. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    736
    Во градска болница го фалат тој докторот, ако може матичен да ти даде некој приоритетен упат за некаде оди што поскоро. Знам какви се болките неподносливи, на никој не му ги посакувам да ги осети.. Ако имаш мн често болки може да ти е воспалена и да треба да примаш терапија за да се смири и да те оперираат. Како и да е барај чаре, не чекај