Ќе направиш поголема беља ако чекаш. Оди на лекар, јас одев на инфузии некогаш по 2 пати, не помагаа сами болки се смируваа, мендиаксон, нолпаза пиев и џабе почнав и нив за 2 минути да ги повраќам одкако ќе ги испијам. Треба многу да внимаваш на храна, само варено и печено. Кај мене дојде до паѓање кај папокот, затоа ти викам оди, упут под рака ќе речеш кај кој др сакаш и директно, ќе ти каже што понатака.
Јас немам искуство со државна ама многу ми кажале дека и итни пациенти со панкреатит ги оставале да чекаат со месеци. Знам близок случај од човек со пукната жолчка што му давале само инфузија за болки и исто му рекле - ќе си чекаш термин, па среќа неговите го носат навреме во 8ми Септември. И матичната ми имаше кажано дека во дигестивна тешко доаѓаш до термин. Во градска јас ко шо реков брзо ме оперираа и други што чекаа со мене знам си завршија брзо. Како и да е, неќам никого да насочам погрешно ама сепак распрашајте се за хирург и каде кој најбрзо се оперирал. Јас последните месеци немав напади ама од све живо ми се лошеше и повраќаше, заби не можев да измијам без да добијам гадење. А и општо од ден на ден ми беше сѐ полошо. За ова година не треба да чекаш
Проблемот е што бев ми рекоа морало да се чека државно ама приватно секогаш можело одма работава е итна значи џабе е што уплаќаме во фонд кога мора приватно.
Здраво..и мене ми најдоа ситни камчиња во жолчката. На 20 треба да одам на контрола пред операција. Ке се оперирам во 8 ми септември. Сега си стварам паника да не може да пукне до тогаш. Мислења ве молам…
Па реално со жолчка не се знае, може да не прави проблем со години, кај друг да пукне или напад од нигде никаде. Ама што е до тебе, можеш да се придржуваш до диета, да избегнуваш интензивна физичка активност и ако добиеш јаки болки, одма да идеш на ургентен. Со лесно.
Фала ти. Немам болки. Диетата ја практикувам, здравје за 2 до 3 недели ке се оперирам. Ништо немаше место порано од тоа.
Реално ако за толку ти закажале, супер. Јас исто за месец се оперирав, а пред некој ден членка кажа во државна ѝ барале пари, само ако ја фатат болки, тогаш. Така да немаш гајле.
Дознав дека имам каменчиња во жолчката, мирни се и не ми прават некои провлеми. Е сеа, ве читам и не ми е јасно, па имам (може глупо) прашање: при оперативен зафат ја вадат жолчката, или само каменчињата?
@Munchmallow20 фала, така и мислев. А во Битола се оперирал некој? И која е диетата, што треба да избегнувам од храна/пијалоци? Плус, вежбање/трчање не треба да практикувам, или само тешки физички напори? Дур видам интерниот за совет, вие сте прво информ биро
Од храна избегнувај сѐ што има многу масти - свинско месо, пржена храна, јајца, сирење и кашкавал, благи работи, исто и мешунки и зелка и карфиол може да ти прават тегоби. Значи можеш пилешко - печено или варено, попосни риби, други зеленчуци варени или сирови, овошје, ориз, компир, од млечно урда и јогурт освен ако нешто плус ти ствара проблеми. Исто практикувај и помали оброци, почесто, без прејадување. За физичка активност од свое искуство би те советувала да не вежбаш напорно, многу кревање тешко, особено кардио избегнувај. Мене барем освен пилатес и истегање, све друго ми правеше болки и гадење, дури и од долго пешачење ми беше лошо. Така и ми почнаа симптомите, приметив дека при одење/вежбање ми се гади.