Наредната година не чекаат претседателски избори. Немам уште никаква претстава, ниту идеа, кои луѓе, од која партија би биле кандидирани, но ме интересира што мислите вие? Кои луѓе би можело 'да се во игра'; поради кои квалитети/причини; од која партија би биле кандидирани? Доколку темава не е како што треба, избришете ја.
Стево Пендаровски дефинитивно Друг никој не ми е представителен како него од ниедна друга партија. Го знам и човекот
Не постои доволно добар човек кој може да ја извади Македонија од ова лудило и да ја запре оваа лакрдија. После Борис Трајковски сите беа пиони и тутурутки. Единствен човек кој заслужи огромна почит, затоа и политичките партии не го сакаа оти гледаше за доброто на Македонија а не за нивните џебови.
И од други слушам пофални зборови за Пендаровски. Само да имаме во предвид, дека да бидеш претседател, значи последен чекор во политичка кариера.
Aбе нерекол никој. Ама ако си председателски кандидат после тоа неможе да се занимаваш со политика Каде е Бранко Црвенковски.
Тоа реков и јас.. Претседател е последен чекор во една политичка кариера.. Практично, работа пред пензија.
Стево Пендаровски и мене ми паѓа на памет. Ако ја изберат Шеќеринска мислам дека гадна грешка ќе направат. Опозициската партија немам на памет кого би можела да избере, се надевам и тие нема да направат катастрофален избор.
Шеќеринска влечи стари корени во политиката во Македониа, има афери околу нејзе, и многумина од народот не ја сакаат. Треба да се повлече во позадина.. барем јас мислам. Ама тешко дека туку-така ќе се откаже, а и има многу во партијата кои се 'нејзино крило'. Се' си мислам дека опозицијата е можно да излезе со некој како Ѓорѓе Иванов. Така.. понепознат во политичките води.
Како и да е, кај нас 80% од гласачките тела гласот го даваат за партијата, а не за кандидатот. Но, не се за потценување тие 20% кои можат да го направат пресвртот. Сметам дека е потребна добро осмислена стратегија и селекција при избор на кандидатите. Не се баш за потценување и претседателските избори.
Можен кандидат од редовите на СДСМ покрај Шеќеринска или Пендаровски е уште и Никола Димитров. Од страна на ВМРО се споменува Трајко Славески, Иванка Василевска и најчудно Тања Каракамишева
Грешка ќе направат ако го стават Димитров. Јас да сум, не би го менувала од позицијата. Таман направи контакти, врски, се запозна со проблемите од надворешна политика и со круцијалните луѓе од таа сфера, и да го смениш... голема грешка мислам дека би било. Едно е да продолжи соработката со грците (пример) со истиот човек, друго е да му акнеш некој нов. Нека ја кандидираат Каракамишева, слободно. Така 100% ќе си загарантираат загуба на изборите.
Таа Каракамишева одвратна ми е.. и како човек и како професионалец во областа Не знам кој би ја гласал..
кој и да стане претседател ЦРНО И СЕ ПИШУВА НА МАКЕДОНИЈА !!! по мене скоро и небитно е кој ќе е следен кога млад свет се одселува наталитетот ни е катастрофа институциите не функционираат. ама ај да дадам прогноза СДС стево пендаровски и ќе добие ќе го гласаат албанците исто како бранко и борис. ДПМНЕ каракамишева.
Мадам Пирана Не, сериозно, Каракамишева е антипатична, исто како и Шеќеринска. Иванка Василевска-анонимус без капацитет кој просперирал благодарение на "оралните" способности и швалерон Борис Дамовски. Да, ќе остане запаметена како идеотворец на она дебилното ставање презимиња Македонски/Македонска низ Фејсбук. Мислам, уствари се кладам дека Ванковска се мести за кандидат од опозицијата За другите, мислам Стево Пендаровски би бил најдобар избор.
Иванка Василевска не може да биде кандидат за претседател поради старосната бариера, на денот на изборите ќе нема 40 години. Самата ги демантира гласините. '81-ва е родена мислам.