1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандидати за претседатели (избори 2019)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од WildMk, 25 јули 2018.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Некои сакаат овој "релевантен" политичар да биде кандидат за председател на Република Македонија?(facepalm)
    Дали сега се слуша што зборел?Продадени антимакедонски северни апаши.
    Слушајте го до крај. "Компромис кој не не обезличува како Македонци :puke:"
    Багра комунистичка!
    https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10215762087637907&id=1615246479
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    Според мене најсоодветен за претседател е Ѓорѓе Филипов поранешен дипломат, има сериозно искуство не е тесно поврзан со Сдсм а така треба по правило никој да небиде тесно поврзан со двете најголеми партии туку некој понеутрален.
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толку хејтање на Сиљановска од сите страни. Настрана политиката, ама жената навистина вреди и како човек и како професор. Начитана, умерена. Ми беше професорка на факултет, многу позитивно мислење имам. Од што сум ја гледала во дебатни емисии години наназад, исто така позитивен впечаток ми оставила. Навреда е за жена со квалитети како нејзините, да ја споредуваат со Иванов, Влатко Ѓорчев или пак не дај Боже со Филип Петровски. Зашто реално она е класи и класи над нив. Е сега не и го знам политичкиот бекраунд, ама сметам дека и како политичарка би била одлична. Не би потпаѓала под влијанија, нешто слично како покојниот Трајковски.
    Мислам дека е паметен потег на ДПМНЕ да оди на избори со Сиљановска и со вакви избори мислам дека има надеж да се опраи и ДПМНЕ како партија. Зашто толку хејт, стварно не ми е јасно. Па и за физиономијата, а жената не изгледа воопшто лошо.
     
    На Shalitra, Stark, Stories и 2 други им се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    На ДПМНЕ им е ветено победа на претседателски, само со цел да излезе да даде легитимитет.
    Според мене борбата сега ќе биде помеѓу ДПМНЕ и БОЈКОТ.
    Затоа Мицкоски прифати претседателски без парламентарни. На СДС сега им треба легимитет на направеното до сега, повеќе него што им треба претседател.(може и албанец или не етнички чист македонец за кандидат да изберат,само да не ги гласаат)
    Следи период каде што СДС+албанците потајно ќе навиваат за Силјановска.
    Борбата е помеѓу ДПМНЕ и Бојкот
     
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Не знам колку е точен извадокот од Минарепорт,но убаво е да се прочита и анализира дали е така:
    Превземено:
    МINAREPORT:

    Фклучен е текст од Минарепорт на Англиски јазик објавен на 6/2/19 за избраниот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

    За оние кој не го разбервате Англискиот јазик, следува превод од избран скратен цитат.

    Изборот на ЦИА (за претседател) е Силјановска.....
    Се објавува дека на 2/2/19 во Скопје беше одржан состанок меѓу ДПНЕ, СДС, ДУИ... и ЦИА, за да се обезбеди секој да биде на истата страна за претстојните претседателски избори

    Планот на ЦИА:

    - ДПНЕ, СДС и ДУИ ќе соработуваат ... за Силјановска да победи на изборите.

    - Заев да даде ... конкретни законски изборни концесии .... за да му даде на ДПНЕ членска "надеж" и "сигурна победа" за да излезат на гласање и да го поддржат кандидатот на СДС (Сорос) облечен во шапка на ДПНЕ.

    - претседателска победа во исто време, обезбедувајќи непречна поведба за СДС да ја ограби земјата до 2020 година, каде што ДПНЕ ќе победи на следните парламентарни избори и ќе се врати на власт.

    Силјановска беше специјално избрана за "работа". Таа е имплант на СДС (како и повеќето ДПНЕ денес), е поврзана со Мицкоски, е блиска со невладината организација на Сорос и ќе привлече гласачи од двете страни.....

    Големиот одѕив и поддршка ќе биде искористена од Силјановска за да се потпише за "Северна" и да го внесе новото име во ООН.

    Ова е планот во еден партиски длабоко државен политички систем.

    Единственото нешто што ЦИА не го контролира се гласачите.

    ВМРО-ДПМНЕ лојално и достоинствено изврши и уште една наредба на САД и ЕУ.

    Проф. Силјановска е најпосакуван кандидат на САД и ЕУ не само затоа што е високо образована дама и ќе ја промовираат темата за еднакви можности, проф. Силјановска е најпосакуваниот кандидат на САД и ЕУ затоа што точно таа е личност кој нив најповеќе им одговара за да ја доврши нивната валкана работа за доуништување на Македонија и све што е Македонско.

    Проф. Силјановска моногу пати има истакнато дека Македоскиот народ од сегашно време нема ништо слично со Македонците од Античка Македонија. Нема потреба да се кажува повејќе.

    Не ќе бидам изневерен ако САД и ЕУ вејќе ја имаат дресирано проф. Силјановска за претседателската должност и потребата за довршување на нивната валкана работа за доуништување на Македонија и све што е Македонско.
    По мое мислење, проф. Силјановска ќе биде само уште една слуга на САД и ЕУ за штета на Македонија и Македонскиот народ.

    Од самиот почеток за све што се случуваше за уништувањето на Македонија, има доволно факти и докази дека, како СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се играчи на све што се однесува со промената на Македонското име и идентитет.

    Имајќи ја во предвид корупцијата од двете Македонски партии и дипломатските манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се повлече од нивната дипломатска манипулација и ќе останат под наредба на САД и ЕУ за да ја довршат целата нивна валкана работа за уништување на Македонија.

    Не ќе бидам изневерен ако на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ бидат соучесници во фалсификувањето на резултатите за да ги задоволат барањата на САД и ЕУ.

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СПАСЕНА САМО АКО НИЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СЕ СПЛОТИМЕ И СИТЕ ЗАЕДНО ГО ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРИОТ НАЧИН ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА.

    НАЈСИГУРНАТА АКЦИЈА ЗА ДА НЕ КАПИТУЛИРАМЕ Е:

    БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ
    ИЗБОРИ
    ЗОШТО?
    - да не се легитимизира името “Северна Македоија”,
    - да не се легитимизира дека сме “граѓани на Северна Македонија”,
    - да не се исполне минималниот број на гласови,
    - да се спроведат предвремени парламентарни избори заедно со претседателдките.

    Џафери е нелегално избран за претседател на собранието и неговите потписи за верификација на уставните измени и све друго ќе бидат нелегални и неважечки.

    Макар и масовно да се излезе на гласање, Марионетската нелегална влада и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги наместат претседателските избори и ќе се избере Претседател за да ги заврше сите барања точно како што му е наредено од САД и ЕУ.

    ЗА НАРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, ДА СЕ ФОРМИРА “КОАЛИЦИЈА ОД САМО ДВЕ-ТРИ ”ДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВО КОЈ КАНДИДАТИ ЌЕ БИДАТ ПРИФАТЕНИ САМО ЛИЦА КОЈ СЕ ЛОЈАЛНИ И ДОСТОИНСТВЕНИ МАКЕДОНЦИ И ДА СЕ ОРГАНИЗИРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА МАСОВНО ГЛАСАЊЕ ЗА ДА СЕ ИЗБЕРЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ВЛАДА КОЈ СИГУРНО ЌЕ БИДАТ ЛОЈАЛНИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА МАКЕДОНИЈА И КОЈ ЌЕ СЕ ЗАЛАГААТ ДА СИ ЈА ПОВРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА И СВЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО.

    МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА ОПСТАНОК НА МАКЕДОНИЈА И СВЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО ПРОДОЛЖУВА.
     
  6. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    34.110
    Пол:
    Женски
    Се воде бојкотот за референдум па и уште за изброри? Да ние народот одлучуваме но не вака сами си во собрание си одлучуваа 120 избраници за се... па и за претседател да им оставиме ? Кој и да биде ние сигг нема да одлучиме ...
     
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Прво, бојкотот на референдум успеа,а владава што не почитува никакви закони,и се што им е противуставно е друга работа.

    Второ, моментално(според новиов устав) сите официјални писма и меморандуми кој ќе ги прима и испраќа председателот на државата како во Македонија така и во странство ќе бидат со печат Северна.
    Дали тоа значи дека кој и да биде претсесател со тоа веќе ја легализира Северна?

    Владата и Собранието сега за сите комуникации во Мк и надвор (меморандуми и писма) користи печати на Северна .
    Моментално само институцијата претседател нема печати на Северна односно ја нема легализирано Северна што секако ќе трае до изборот за претседател ако се постигне цензус.
    Тоа значи дека со избраниот претседател на државата де факто се легализира цел проект Северна? Да, нели?
    Институцијата претседател е последниот бедем кој сакаат да го срушат со постигнување цензус на претседателските избори и избор на претседател.
    Со излегување на гласање сите ние свен што правиме цензус, ја легализираме и Северна.
    Значи ако се избере претседател проектот Северна е 100% завршен.
    И да сменат устав да го изгласаат во собрание тој претседател пак нема да го има легитиметот ( Таљо е нелегитимен а тој свикува седница за промена на устав и седница за избор на претседател) од Македонскиот народ што ќе биде мотив за уште поголем отпор.

    Јасно како ден е,кој сака да разбере и свати.
     
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    А ако се бута главата во песок автоматски ќе исчезне она "Северна"? (facepalm)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Не,ама има доволно факти и аргументи, т.е. сите договори склучени од страна на владава се спротивни по устав и незаконски.
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Отиден е веќе процесот, без разлика на личните чувства. Не верувам дека цела меѓународна заедница, со Обединетите Нации на чело, би ретерирале по ова прашање.
     
  11. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ќе видиме,како викаат :"има дана за мегдана"
    Долг ќе биде процесот,(ако биде) но крајот(дали за 1,5,10..год) го краси делото.
     
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Оливер Спасовски еден од фаворитите за кандидат за претседател.
    Зини земјо голтни ме.
    Дно.
     
    На Someonespecial и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.863
    Пол:
    Машки
    Каква смејурија од земја сме Амди е идеален профил за президенте од сите остали у оптек
     
    На Someonespecial, Peperutce1115 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам стварно.
    За ропакот поготово, пошто го знаеме.
    Пред да се инфилтрира во политиката, крадеше метални конструкции од улични шахти. И министер му е преголема титула, а камоли претседател.
    Срамота.
     
    На Someonespecial, Peperutce1115 и John Snow им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    И ај сеа биди мудар и одлучи за кој да гласаш :yawn:
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    биди мудар и не излегувај.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Веч видено. |-)
     
  18. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    и тоа другото е видено.
     
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    све је исто само њега нема :D
     
  20. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    За добар бравар, не постои лоша врата. :D