Таблети за кандида се пијат само ако е многу повторувана инфекцијата. Гледајте да немате незаштитен однос дури не се излечите убаво и двајцата. Така само ќе си ја префрлате инфекцијата еден на друг.
Јас му дадов на сопругот да се мачка со Канестен, ама по неколку дена употреба мму се појави црвенило, чешање и како лушпи кожа Да знае некој од кои причини. Престана засега да употребува да видиме дали ќе се смири црвенилото.
Истиот проблем го имавме и ние Dаrla тој се мачкаше кансен првите денови ама немаше подобрување отидов повторно на гиниколог ми препишаа Флажил ги пиевме во исто време и двајцата,трипати на ден,а јас ставав шест дена вагинални сега во моментот неможам да се сетам како се викаа ама ако те интересира ке ја најдам кутиичката.Кај него има подобрување му помина црвенилото.Ова ке заборавев да ти го кажам дури тој се жалеше и на солен,метален вкус во устата.Незнам колку е исправно да ги земеш Флажилот и на своја рака ги дават и без рецепт 98ден се.Допитај се и со другите феминки.Поздравче
Можеби се појавила алергиска реакција, земете некој друг маст.Дечко ми се мачкаше со канестен, го смени со нистатин бидејќи докторот ми кажа дека исто треба да користиме и му се појави така, пак се врати на Канестен и му помина. На мене пак обратно, Канестен вагиналетите не ми помагаат, Нистатин ми помагаат. Ако купуваш апчиња ефикасно е flukonazole, 1 капсула од 150mg, до кај 50ден е.
Може ли да поставам глупаво прашање и да добијам брз одговор од некој што се разбира. Дали само како последица на кандида кој ми е чест проблем, сопругот за време на односот да чувствува пецкање па дури и печење, ама ако веднаш после тоа се измие тој нема никаков проблем , а ако не исто го чеша и пече. Или пак може ова да е последица на друго. Пред извесно време тој пиеше многу дискретно таблетки, кои така ги носеше дома пресечени по една таблетка за да не може да им се прочита името. На водно ги пиел за смирување бидејќи беше под поголем стрес. но се сомневам дека беше поради тоа бидејќи најверојатно се работи за Flagyl од 400мг. Да нагласам и тоа дека немавме односи 5-6 месеци, и веднаш после првиот однос по 5-6 м. тој ми посочи да сум одела на гинеколог бидејќи овој проблем со мене при однос тој го имал уште од кога сум се породила со моето второ детенце пред 5 год. Би сакала брзо мислење, и ако нема некој на овој Форум да ми одговори, дали знае некој др. форум каде некое постручно лице би можело да ми даде одговор. На гинеколог имам закажано дури на 15-ти , а имам пмногу прашања во главава што ме спобудалуваат, и не би сакала да чекам.
Симптоматично ми е што тој дури по 5 год тој ми го кажува ова, а само до пред 10-15 дена ги пиеШе овие таблети. Пред 6 месеци имавме чести односи а не се пожали на ништо, дури и се миеше утрото, а не веднаш по односот. А до сега јас со кандидата имам навистина проблем но само неколку дена пред менструација ,а потоа не. А еве сега само после еден однос после толку време имам пеЧење и чешање. Можно ли е тој мене да ми пренесол некоја бактериска инфекција ?
за ангелица дали тој ти пренел или не некоја бактерија е само ти си знаеш. но чешање и пецкање на машкиот полов орган се јавува од големо количество на кандида или некоја бактерија која може да ја имаш и ти во тебе а да не се осеќаш. пред се ако некој се лечел треба да се лечел целосно затоа што при незаштитен однос двајцата си ги префрлаат бактериите еден на друг. може би да навистина твојот партнер се пожалил дека го чеша, и мојот знае да се пожали и дури да му излагаат ситни брунчиња но тоа е знак бар кај мене на кандида, јас бар ретко кога ја немам затоа отидете си веќе ако сте и повозрасни а гледам и во брак заедно на лекар и проверете си се. може да ако пиел да пиел флажил на нас ни ги препорацале да ги пиеме двајцата(може му ги кажал некој пријател) тие се лекарства што се земаат и без рецепта. меѓутоа пак ќе ви кажам а и најверојатно си знаете за секоја бактерија треба обострано лечење
Ти благодарам Карак на одговорот, уште да го натерам да дојде со мене да гинеколог, а на уролог сигурно ќе го натерам да оди.
девојки и јас сум многу исплашена, веке една недела чуствувам болки при мокрењето мн се нервирам ме пече
Не сакам да сум некултурна, ама мислам дека твојот сопруг има односи со друга.Не може после толку време да се жали од тебе, кога претходно се било во ред, и не е убаво од негова страна скришно да пие таблети, ако е од тебе инфекцијата, требало да ти каже и заедно да одите на лекар. Од каде пак тој знае какви таблети треба да пие, обично машките баш и не се многу упатени, ако женско не му кажало. Тоа што тебе те обвинува, е знак дека сака да прикрие нешто, за ти да се чувствуваш виновна. Не е лошо да си ја испиташ ситуацијата подетално. Пиши што си направила.
Ciribiribela, јас сум 99% сигурна дека тој имал односи су друга, и премногу ме повредува тоа, но заради тој 1% несигурност ???? Морам полека и тактички да го испитам тоа, а тој си имаше СМС контакти со една да не бидам јас некултурна к.... А ти воопшто не си некултурна. Ти благодарам
Јас друго освен кандида теШко дека Би имала затоа Што освен мојот сопруг не сум имала друг партнер. На предходните тестови и ПАп и др. освен кандида др не сум имала.Ако сега имам др. што за кратко време ќе откријам, тоа е знаЧи од неговиот грев. Затоа премногу се сомневам во ова. А тој наводно со неа имал само кафе пиење, а друг грев не.
Леле најискрено ми е жал за твојата ситуација,ама штом е таква работата немој да имаш односи со него иако ти е сопруг, заради твоето здравје. Којзнае каква е таа, штом велиш к...., може се да закачи од неа. Не знам каква слобода имаш при изразувањето со сопругот, ама ова не треба и не смееш да му го премолчиш. Не знам како си дозволува секс со друга , освен со сопругата и тоа без заштита Ти посакувам среќа, да се реши се како што треба, ако можеш побарај и помош од некои блиски ако имаш, да го разоткриете.
Здраво девојки !!! Јас сум нова на форумов како што може да видите. Пред 2 недели бев на гинеколог( за прв пат) и правев ПАП тест. Денес се јавив за резултатите и ми кажаа дека имам кандида Ми рече не е страшно, ќе земеш канестен и ќе помине, нормално било скоро секоја втора жена го имала( што приметив и од претходните ваши постови) Имав дечко со кој раскинав пред 1 месец и со него имавме незаштитен секусален однос. Он тогаш немаше никакви симптоми дека има било каква инфекција. Дали е можно јас да го имам зарезено со кандида, а тој да нема симпотоми. Дали мислите дека треба да го известам за ова, да оди да се провери...сепак ми значи
Не би требало да е заразен, бидејќи велиш дека сте раскинале пред 1 месец, а ти тек сега дознаваш дека имаш кандида. Башка, кандидата не спаѓа во сексуално преносливи болести, иако се пренесува, најчесто настанува поради пореметување на киселоста на вагината, а не од сексуален однос. Дури и да си му ја пренела, постои голема шанса да му помине без било какви лекарства. Нема потреба од грижи.
И јас го мислев истото, но сепак мислев дека можеби треба да знае, за секој случај да се провери. Како и да е сега ми е полесно, затоа што и јас сметам дека не му е пренесено. фала ти