девојки бев на гинеколог и немам уште резулатати ама малку ме исплаши колпоскопијата.Докториката ми рече дека гледала некои бели и црвени точки како мембрани нешто ама неможела ништо да каже без резулататите.Знае ли некој нешто околу ова ??? Преплашена сум, неможам да чекам уште недела дена вака . Инаку на ехо-то се беше ок како што ми кажа .Ве молам ако знае нешто околу тоа со колпоскопот нека пише
Бело вино против кандида. Секое сабајле на гладно по една мала чаша бело вино, јас пробав и ми ми помогна. Исто така може и кантарион да ставите на памук и да го ставите подлабоко памукот во вагиналниот предел обично пред спиење, па кога ќе станете ќе забележите дека на памукот има бела лигава течност што кантарионот ја повлекол од вас. Понекогаш некоја болест можеме да ја излечиме и на природен начин, а не веднаш да користиме вагиналети како на прмикорил, гинодактирин итн.) Инаку секоја втора жена има кандида која може да пречи, а и немора да пречи. Пречи во оној момент кога имаме чешање или бел исцедок кој може да има мирис или не. Кандидата може да се појави и од користење на антибиотици.
Викторија вагиналетите се ставаат што пдлабоко или ако не можеш прво намокри ги со вода па пробај да ги ставиш, тоа најдобро прави го пред спиење.
морам да те поправам сите вагиналети не се мократ со вода. зависно кој. неможеш да ставис канестен вагиналети ако ги намокриш ке ти се растопат за секунда. а мислам дека треба да се потрудите да се ставаат така како што се даваат, што подлабоко или тие што се со апликатор апликаторот го носиме до крај.
Јас ставав канестен 3, али језиво ми беше до крај да отидам со апликаторот, па не ги ставав баш длабоко.
Јас пиев 3 дена апчиња Дифлуконазол, бидејќи имам кандидијаза, ми ги препиша гинекологот. Ги испив и ми останаа уште вагиналетите Микорил, ама некако се плашам да ги ставам. Има и апликатор со нив, така како шприц е на крајот да се турне вагиналетата навнатре. Прв пат ми е ова и не знам како правилно да ги ставам. Треба само да го притиснам крајот и сама ќе влезе вагиналетата или треба и тоа како цевчест дел што е, да го ставам внатре во мене, па да притиснам на крајот од апликаторот тогаш? п.с. Можеби е смешно, ама стварно не знам како се ставаат.
И цевчестиот дел треба внатре да го ставиш, не се плаши, секако не е поголемо од нешто друго. Нема шанси да те боли, освен ако не ти е ептен воспалено
девојкии бев на гинеколог и докторката ми рече дека се е ок.На испитувањата ми се покажаа само некој кокаидни бактерии ама докторкава ми вика ништо страшно, не се секирај ама не ми ни кажа што се тоа.Онака мн набрзина ме откачи некако.Знае некој да ми каже што се, дали се опасни итн ???
Ваљда мислела на коки. Така ти рече кокаидни? Не би требало ништо страшно да е. Не ти даде ништо да пиеш?
ми даде на пијам флуконазол и багиналети полигинакс ( мислам беа) ама тоа беше за бело прање дека имав уште пред резултатите.И сеа после резултатите вика ок е тоа што ти го дадов, со право сум ти го дала Ама ништо посебно не ми кажа за тие кокоидни ли какви и да се Ако знае некој нешто нека пише
Јас си се напив две флуконазол и 3 вагиналети канестен. Додека ги употребував вагиналетите бев океј, а веќе 5тиот ден (после првата вагиналета) пак си имав бело прање.
Извини што ке те цитирам но јас едно време си имав мака со кадидата, и му ја пренесов на дечкоми несакајки после одреден период пенисот му се вцрве и имаше дури и некоја жолтеникава нијанса. По одреден период почна да му се лупи главичкатаи слузокожата околу главичката ( му се излупи како змија ) и потоа долг период си имаше проблем со насобирање бело околу венецот на главчето,коешто ужасно мирисаше. Затоа подобро нека му каже бар на време човекот да си знае
Вчера бев на преглед и докторката ми кажа дека имам Кандида, ми препорача да се мијам навечер со јаболков оцет 2-3 лажички растворени во 1 литар вода. Сакав да прашам дали некој до сега го има пробано ова и дали помага? Ви благодарам
Mалце ми е чудно со јаболков оцет, па оцетот има кисело pH . Колку што знам кандидата ја пореметува рН во вагината (ја праи покисела од што е), па затоа треба со нешто побазно да се одмиваш, како сода бикарбона, калиум перманганат... Со оцетот кисел уште толку ќе се размножи мислам. Ме збуни ептен сега Сигурно има некое дејство чим така ти рекла, ама (како медицинско лице во прогрес ) премногу ми е чудно стварно.
Не знам по кој пат ќе повторам: НОРМАЛНО е да имате бело прање. Само треба да ги следите промените на истото кои укажуваат на можни инфекции.
И мене ми е чудно, затоа прашувам дали имал некој такво искуство, не знам што да правам. А ова со содава, по колку лажички се доволни ви литар вода? Ако знаеш те молам пиши, сакам да пробам
Не мора во цел литар. Може и во пола колку да се преплакнеш само и колку ќе се раствори сеедно, јас така си турам од кесичката одприлика, околу една лажичка на една чашка Со калиум перманганат повеќе помага, го има по аптеките, не знам колку е зошто не го купувам го имам по дома, ама не е скапо 100%