Здраво Нова сум овде на форумов и да ви кажам дека имам кандидијаза бев на гинеколог и ми рече дека ми се појавила заради користење на антибиотици. Ми препиша маст за надв.употреба вагиналети и една таблета-само една беше не ми текнува како се вика. Проблемот е шо не сум користела вагиналети и незнам како да ги користам, дали ептен длабоко да ги ставам или на влезот. Ако имате искуства кажете
Па ако се работи за кандидијаза, нема да биде само мирисот симптом. Ќе има и чешање, црвенило и изразен исцедок. А мирисот одвај се забележува, не е непријатен, како кај повеќето инфекции, туку е некако слаткаст. Самото бело прање во нормални услови има специфичен мирис, кој е карактеристичен за секоја жена.
Оффффффф сега ме стави во мисла...Можеш ли да ми кажеш после колку време се појавија првите симптоми дека он е заразен со кандида ??? Фала ти
Девојки купив Бетадин вагиналети денес,е сега ме интересира употребата,пишува дека треба да се натопи пред да се стави.Да ја натопам во вода за убаво да упие од водата или како ај ќе ве молам за одговор сакам од вечерва да ги користам.
нема потреба да ги натопиш јас не сум ги топела, само да знаеш сабајле многу ќе ти истече и не се паничи црвено ке биде јас многу се сецнав(е еден памет де )
Фала да знам,а значи без разлика дали ќе ги натопам ќе си се стопи нормално?Зошто така пишуваше па си викам да прашам
Јас имам некое габично заболување, немав бел исцедок и неподнослив мирис, само ужасно чешање, што ми рекоа дека се појавило од лековите (пиев 3-4 различни апчиња) докторката ми препорача дека при секое пиење на лекови да се пие и Б-комплекс и многу јогурт. Сега моментално користам една недела КАНЕСТЕН за надворешна употреба, и ЕКАЛИН вагитории (2 до сега). Но уште не гледам некои многу големи проблеми уште ме чеша. Дали некој знае нешто друго што би ми помогнало? Бај д веј се мијам со и СОДА БИКАРБОНА велат убава била за дезинфекција...
Кон сите совети кои се ефикасни ќе додадам дека може и измивање со ладен чај од камилица и кантарион на секојдневна влошка.
Ги прочитав сите искуства мене докторот во ординација хистера ми пронајде кандида а мене не ме болеше не ме чешаше не ме печеше ништо не ми беше бев заради тоа што редно време беше и ми пронајде кандида и ништо не ми кажа како да ја лечам ми направи уште еден тест и толку го снема докторот ме остави со сестрата таа ми наплати и толку. Па ме интересира дали може да е стварно кандида иако нисто немам од горе наведеното? Фала ви.
јас веќе кандидата си ја лечам сама. ако осетам голема количина на бело прање ете периодов пиев лекарства пошто бев болна и веднаш си земам канестен 3 и си ставам и сум раат. значи ако на пап-тестот си имала кандида требал да ти даде вагиналети или апчиња. поливагинакс, канестен такви некој. или било што за се имаш терапии и апчиња не се секирај само прашај си го ако не ти дал. инаку немора да имаш некој симтоми. може да ја имас во многу мали количини. па и нормално е во мали количини да ја има секоја жена.
Јас имам проблем со бело прање..Во ред ке беше да беше умерено али јас имам постојано и во огромно количество .Има баш непријатна миризба, неможам да дефинирам на што мириса али да е гадно гадно е.А ниту ме чеша, ниту пече Имам закажано на гинеколог за четврток, више ова не се трпи !
Ми се појавува кандида од време на време кога ќе ми падне имунитетот и од антибиотици.Сполај им на вагиналетите со кантарион,со 3-4 и тамам сум,сите 7 долго време после ја нема,ама ептен долго.Е сега тој период нема некои активности и плус,не се мијам со никакво интимо средство доле,туку само со чај од кантарион и камилица,ама не од кесичка,туку си го купувам од билна и се си е тамам.А и забележав откако користам влошки обложени со поголем процент на памук,него ли синтетика,уште поретко се случува да се појавува. Да не се подречам само,ама успева и добро е.
Со кантарион до сега не сум ставала. Овие кансен ми се најгрди, за ништо не помагаат. Да си земам со кантарион, м? Колку се?
Последно јас кога земав,ме фати 180 канастенот(тоа не за кандида,ми се појавија бели флеки по кожата од базен) и вагиналетите од кантарион.Што значи околу 80 би требало да бидат,7 има внатре. Иако таа аптекарката ме намоли да земам едни тврди таблети,вагиналети што и да е,нистатин,па друг ден од шубе ги земав,уште не знам како се употребуваат,па ги чувам по дома.
Е па ќе си земам такви тогаш, не за џабе да ставам од овие кога нема ефект. И уште ми вика аптекарката па исти се кансенот и канестенот И ми даде една капсула флуконазол, ко ако имаш подолго време кандида помагала. Искуство некој?
Реинбоу јас користев вагиналети од кантарион , се викаат Плантагин и коштаа околу 150 денари. Нив може секоја и превентивно да ги користи. Али мене ми рече гинекологот да ги ставам секој втор ден, пошо се мрсни.