1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кандида

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од malaaa, 22 декември 2009.

  1. unknown

    unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    eli12 дали само три тампони стави?
    сакам да ве прашам колку треба да има размак од една до друга употреба на канестен?користев 2 нед.како што пишува во упатството,ама помина 1 месец одтогаш а кандида пак си имам.смеам да се мачкам пак?
     
  2. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам значи пред една недела ми се појави чешање на вагината а поише на срамните усни и некако ги гледам како црвени ми се неам пецкање само ме чеша,незнам дали е кандида а сеа во среда ке одам на гинеколог,пред 14 дена испив Норлево па може ли кандида да ми се појави од тоа а пред 1 месец скоро пиев амоксиклав,а исто пред 3 дена правев крвна слика и шекерот ми е 5,2 може се ова да има врска со кандида?Страв ми е да не е нешто сериозно :worried:
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.424
    Допаѓања:
    200.989
    Пол:
    Женски
    Може да ти е кандидијаза, како последица на тоа што си примала антибиотици, а исто така и високите нивоа на гликоза во крвта може да придонесат за појава на истото. Тебе ти е покачена малку иако во нормалните граници, сепак, да не си јадела нешто благо вечерта пред да правиш крвна слика? Обично се препорачува после 18:00 да не се јаде ништо се до земањето крв, за да се утврди точната вредност на гликозата во крвта. Инаку, од Норлево не верувам дека ти се активирала кандидијазата, само од антибиотикот.
     
  4. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски

    Да накај 20и30 јадев чоколадо, закажав во среда на гинеколог па ке видиме, фала пуно ;)
     
  5. samojed

    samojed Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    12
    Јас веке долго време имам проблеми со кандида и ми даваат вагинални таблети мукорил и после повторно ми се појавувааат исти симптоми само сега имам и друг проблем на срамницата мисе има појавено како гнојаница собира гној кога ке го притиснам тече како бело незнам од што така а и често имам бело прање и како жолтеникава боја на гаките незнам од што мие ве молам за совет
     
  6. angelat

    angelat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    денес бев на гинеколог и ми кажаа дека имам кандида...прв пат ми се појавува па не сум баш упатена во се..претпоставувам дека не смеам да имам односи но дали ќе смеам веднаш од кога ќе се излекувам или треба да помине некој период. Сакам да знам дали може да се појави нешто и кај партнерот но немам односи од кога имам кандида а и тој нема никаков проблем засега поззз
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Можеш да имаш односи зошто да не. Меѓутоа додека ставаш вагиналети, не смееш. И користете кондом барем некое време.
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 - 90% од случаите), Candida glabrat се наоѓа во 5 - 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.

    Родот Candida е многу хетероген и постојат околу 200 различни видови.Candida albicans е дел од нормалната (физиолошка) флора на човекот, односно микроорганизмот е нормално присутен во здравиот организам. Обично кандидата не е штетна за организмот и живее на слузниците. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35% од здравите жени, на слузницата на горните дишни патишта кај 77% од здравите лица, како и на слузницата на системот за варење кај 85% од луѓето. Киселоста на вагината и присуството на други, нормално присутни микроорганизми, го одржува бројот на кандидата на слузницата на женските полови органи на многу мали вредности. Извор на инфекцијата најчесто се сопствените кандиди, кои нормално се присутни на слузницата на вагината.

    Иако инфекцијата со Candida не се смета за полово пренослива болест, сепак причинителот може да се пренесе преку полов контакт со инфицирано лице.

    12-15% мажи, по сексуален однос со инфицирана жена, ќе развијат симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип на пенисот. Кај мажите, кандидата предизвикува: баланит, постит или баланопоститит. Баланит (balanitis) е воспаление на главата (glans) на пенисот, а постит (postitis) е воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium), кој ја штити главата на пенисот. Често, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).
    Промената на киселоста на вагината, како и намалувањето на бројот на непатогени микроорганизми на вагиналната слузница може да доведат до појава на воспаление. Одредени состојби и заболувања може да доведат до пореметување на киселата средина на вагината. Најчести состојби и заболувања, кои може да доведат до развој на кандидијаза, се: менструација, некои болести (најчесто шеќерната болест), бременост, менопауза, некои антибиотици и хормонските контрацептивни средства со естрогени и стероиди. Влагата и иритацијата на вагината, исто така, го стимулира растот на кандидата.

    Здравите жени ретко заболуваат од болести предизвикани од Candida. Кај лицата кои веќе имаат некое заболување, или се изложени на некои лекови или зафати, кандидите се јавуваат како причинители на инфекција и способни се да предизвикаат тешки заболувања. Сериозноста и проширеноста на инфекцијата, предизвикана под овие услови, расте со бројот и тежината на пореметувањата на болниот.

    Многу болести го потпомагаат развојот на кандидијазата, како што се на пример: шеќерната болест, хипотироидизмот, хипопаратироидизмот, хипоадренокортицизмот, грануломатозните заболувања, сидата, цистичната фиброза, хипогамаглобулинимијата, сите видови на рак, а посебно малигните заболувања на крвта.

    Антибиотската терапија (посебно терапијата со тетрациклини) предизвикува промена на нормалната флора кај човекот, која пак од своја страна доведува до зголемување на бројот на кандидата и до појава на инфекција.

    Претерано консумирање на алкохол, носење на тесна облека, носење на најлонски чорапи и синтетски долен веш и нанесување на парфеми и парфимирани козметички препарати на половите органи, ја пореметуваат нормалната рамнотежа на флората и потпомагаат во настанувањето на кандидијазата.
    Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.
    Лекувањето на кандидијазата се спроведува со примена на антимикотици, лекови против габи. Во третманот на габичните инфекции на женските полови органи се применуваат антимикотици-деривати на имидазолот: clotrimazol (Canesten, Plimycol) и полиенски антибиотици како што се nistatin (Nystatin, Moronal), amfotericin (Ampho-Moronal) i natamicin (Pimafucin) во форма на вагинални таблети, креми или масти. Терапијата може да трае од 1-7 дена.

    Кај честите, повторувани габични инфекции неопходно е да се спроведе терапија со антимикотици во вид на орални таблети или капсули: flukonazol (Diflucan) или itrakonazol (Orungal).

    За време на присутните симптоми, како и за време на терапијата се препорачува избегнување на сексуални односи, иако на овој начин инфекцијата се пренесува само во 10-15% од случаите.

    Со комбинирано давање на антибиотици и антимикотици се лекува мешаната инфекција со габи и бактерии. Таква комбинација е oksitetraciklin + nistatin (Geonistin).

    Првата инфекција треба да се лекува според советите на матичниот лекар или гинекологот, а кај повторуваните инфекции, ако со сигурност се знае дека се работи за оваа инфекција, жената може сама да си купи локални антимикотици во аптека. Ако седмодневната терапија не даде резултати, жената треба да се јави на лекар, за да се открие причината, како и за да се открие евентуално постоење на други состојби или заболувања.

    Честите, поновувани габични инфекции можат да бидат показател за постоење на одредени заболувања, па затоа е потребно да се отиде на лекар и да се направат дополнителни испитувања. Прусуство на знаци на воспаление по завршувањето на терапијата, или слаб одговор на терапијата можат да бидат први знаци за ХИВ-инфекција.

    Кај бремените жени, антимикотиците се даваат со посебно внимание, ако воопшто и се дадат. Локалното лекување кај трудниците се спроведува подолго време и тие почесто се контролират од страна на гинекологот.

    Исхрана: зголемено консумирање на растителна храна (свежо овошје и зеленчук), пиење на јогурт во големи количини, избегнување на јагленохидрати во исхраната.

    Воспоставување на нормална вагинална флора: по завршувањето на терапијата со антимикотици, во вагината може да се стават посебни тампони и средства со кои се обновува популацијата на нормално присутните бактерии, Lactobacillus, и со што се спречува повторната инфекција со кандидата.

    Превенција

    За спречување на инфекција со кандида важно е да се следат следниве упатства:

    * да се избегнува носење на тесна облека,
    * да се избегнува носење на синтетски долен веш,
    * да се носи памучен долен веш,
    * да на танга гакички,
    * да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
    * да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
    * да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
    * редовно да се менува долниот веш,
    * после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
    * да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
    * да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
    * да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
    * кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.
     
  9. samojed

    samojed Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    12
    Ве молам за совет јас имам кандида ама деновиве имав односи без кондом ми дадоа терапија мукорил и за времена терапијата имав однос без кондом и вчера вечерта ме болеше долниот дел на стомакот а рано е за менструација имав многу силни болки на стомакот слични на симптомите кога ми иде менструација. Денес кога станав од спиење многу ме печеше после мокрењето и цел ден ме пече внатрешно дали е можно од вагиналните таблети мукорил вчера ставив вагинална таблета. И денес бев на лекар ама само дежурни работеа во брза помош и ми пуштија инекција гарамицин за воспалението и ми препишаа апциња ама сеуште ме пече многу незнам што да правам ве молам за совет.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не си требала да имаш однос без кондом,зашто кандидата се пренесува и кај партнерот, па ќе мора заедно и да се лекувате.Ставај вагиналети и миј се со камилица, а по празникот веднаш на лекар и тој ќе ти каже најубаво што да правиш и нареден пат секс со кондом ;)
     
    На La_Lu му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angelat

    angelat Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    1
    јас мислам дека се излечив од кандидата затоа што не ме чеша повеќе и немам бело прање но со дечко ми имавме односи со кондом секако затоа што немав никакви симптоми на заболување и за време на односот цело време ме печеше многу внатрешно и ми лутеше...после тоа по 5 мин. повторно беше се во ред....инаку ја поминав терапијата со вагиналети од три дена и се миев со камилица но не знам зошто се јави тоа печење....инаку од кога ми се појави кандида помнаа околу 12 дена ...дали сеуште не сум доизлечена? дали е рано за односи? доколку знаете нешто или ви се има случено истото ве молам кажете ми позззз
     
  12. samojed

    samojed Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    12
    Ве молам за совет јас бев на гинеколог за кандидата и ми дадоа вагинални таблети ројазол внатре се 7 таблети до сега ставив 4 вагинални таблети ама вцера вецерта кога ја ставав 5 вагиналета поцна да ми тече крв ама не многу по малку само а рано мие за менструација да ми дојде треба на 8 мај да ми дојде. Ве молам кажете ми од што може дае таа крв еве уште ми тече ама по малку незнам што да правам. А менструацијата секогаш ми иде навреме .
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    јави се на гинекологот мозе ќе ти казе да ги прекинеш.
     
  14. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Еве ја пак :( Вчера се појави и чеша ли чеша... Малку пецка, белото прање е катастрофа.
    Земав вагиналети од кантарион, ставив пред 4 часа и ништо, не осетив никакво подобрување ниту намалување на чешањето. Зошто???
    Сега и со сода бикарбона ке се измијам. А за јогурт на влошка да пробам??
    Инаку да ова ми е од влошките, од ништо друго, 100 % сум сигурна. Користам Always- синтетика жива!
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И на братучетка ми и се појавуваше од влошки, дека мушамени никакви. |(
    И сега користи од тие најобичните дебели, памучни што се. Бони со крилца :D
    И не и се има пак појавено.
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.429
    Допаѓања:
    5.389
    како првин од една вагиналета не очекувај подобрување треба да ставиш неколку, и земи канестен првин па после ако сакаш стави ги тие на база на кантарион, значи едно по едно за еден ден нема да исчезне чешањето. и да во право сте има влошки кој прават иритација и мене од always многу ме чешало после 2-3 користена. Така да не ги менувајте влошките многу ако сте навикнати на една марка користете ја таа
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Откако добив за прв пат ги користам нив, ама ете се деси и од тоа. Немав секојдневна ставив обична, се спурив со неа на топлото и си осетив сама дека е од неа.
    Инаку ми се смири чешање и пецкање од вагиналетата и содата. Денес купив бекутан шампонче со камилица.
    Само се зафркнав прееска, не размислив и изедов цела кесичка ресани. Леле кога почна да ме чеша ке се изедев жива, ми потече цела ва*ина. Ама еден туш, вагиналета и помина.
    Се надевам дека ке исчезне. Утре ке земам канестен ке се мачкам и со него. Аман нека ја снема побрзо!!!
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Се надевам ке помогнам на некого :)
    Купив Бекутан шампон со камилица, со него се мијам, а на крај со сода бикарбона растворена во малку вода, потоа веднаш ставам вагиналета од кантарион пред спиење и си легнувам.
    Преку ден неколку пати на памук обичен ставам масло кантарион и го ставам како влошка само 15 минути потоа го вадам - премногу помага.
    Не јадам воопшто благо.
    Чешањето и пецкањето помина, само уште црвенилото да го снема :)
    Можам слободно да кажам дека и белото прање многу ми се намали, а и веќе нема бели грутчиња.
    Ви Благодарам на сите за советите!!! :*
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Што ли ми би мене???

    Ставам веќе осми ден вагиналети гинекс форте за ЦИН-от, ама од завчера почна ептен да ме чеша доле. За промена од порано кога сум имала чешање заедно со бело прање, сега само чешањето се појавува. (Да напоменам, ова ми се случило само 2 пати претходно во животов :wasntme: )

    Може ли да е кандида и евентуално чаре некое...?!
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    100.021
    Пол:
    Женски
    Мене една работа не ми е јасна!!!!Зошто мојот гинеколог кога ми дава лекови за лечење на кандидата не ми дава ништо и за сопругот.На мое прашање зошто негов одговор е дека кандидата не преживувала на пенисот.Или пак има различни типови на кандида???Инаку кандидата е давеж жив.Нема оттарасување од неа :(